Премиерот, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици. Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски ...

Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крстот што денеска, на празникот Богојавление Водици, беше положен во осветените води на Охридското Езеро. На церемонијата присуствуваше и заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој му честита на Мартин и се фотографираше со него. „Би сакал да го честитам големиот христијански празник, Богојавление – Водици, за Охрид најголем празник. Драго ми е што имаме еден ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените камери за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани ...

Во страшната железничка несреќа што се случи вчера попладне во близина на Адамуз во Кордоба загинаа најмалку 39 лица. Петмина се во критична состојба, а 24 лица се сериозно повредени. Според информациите од Цивилната гарда и владата на Андалузија, сведоштвата на преживеаните зборуваат за хаос, заробени патници и згмечени и превртени вагони, објавува „Ел Паис“. Сините светла на амбулантните возила постојано ја осветлуваат општинската сала во ...

Постојат луѓе кои успеваат да останат смирени дури и во најнапнатите ситуации, но има и такви за кои еден погрешен коментар е доволен за импулсивно да реагираат. Според астролозите, некои хороскопски знаци се познати по тоа што не ги задржуваат своите емоции и се разгоруваат во секој момент. Еве ги знаците за кои зборуваме. Овен Овните се познати по нивната изразена импулсивност. Ретко размислуваат пред да реагираат, особено во ситуации каде ...

Силвестер Сталоне објави ретко видео од теретаната во неговата вила во Палм Бич, вредна 35,3 милиони долари, покажувајќи ги своите тетовирани бицепси. Познатиот актер, кој го слави својот 80-ти роденден на 6 јули, призна во видеото дека му е сè потешко да остане во форма како што старее. „Секоја година станува сè потешко и потешко, но мора да се туркате. Крв, пот и солзи“, напиша тој на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во кое го информира дека „не се чувствува обврзан да работи исклучиво на мирот“, со оглед на тоа што „неговата земја одлучи да не му ја додели Нобеловата награда за мир“. „Драг Јонас, бидејќи вашата земја одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир, иако спречив најмалку осум војни, повеќе не ...

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини ...

Утрото ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени, информира УХМР. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени. ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод празникот Водици. „Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, Ви упатувам честитки по повод празникот Водици. Овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нѐ на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава. На православните верници им посакувам овој ден да донесе внатрешен мир, а ...

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје поради празникот Водици. Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки. Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети ...

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска држава, а јавното обвинителство и институциите молчеле и им биле во служба, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. „Во времето на СДС, институциите на државата не служеа на граѓаните, туку на задоволување на бизнис апетитите на Зоран Заев и Венко Филипче. Заев и Филипче, ја користеле целата политичка и институционална моќ, за да вршат ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници. „Почитуван г. г. Стефан, Чест и задоволство ми е Вам, лично, и на членовите на Светиот ...

Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици. Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ...

Ирачката влада вчера објави дека американските сили завршиле со „целосно повлекување“ од воените инсталации на федералната територија на земјата, што не го вклучува полуавтономниот регион Курдистан, каде што сè уште се наоѓаат американските сили, пишува CNN. Според соопштението на ирачкото Министерство за одбрана, последниот контингент американски советници ја напуштил воздухопловната база Ал-Асад во покраината Анбар во западен Ирак, која е ...

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 се повредени. Трагичната несреќа се случила кога еден од возовите излетал од шините и преминал на соседната пруга. Несреќата се случила вчера околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот Ирјо, кој превезувал 317 патници на линијата Малага-Мадрид, излетале од шините на влезот во Адамуз. Вагоните преминале на соседната ...

Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“. Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината. Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита. Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно ...

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземаат дејствија што резултираа со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој ...

Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд. Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза. И покрај заканите од ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто. „Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. ...

Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој. Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана. Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово. Текстот Германските војници го напуштија Гренланд е превземен од МАКФАКС. ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев сакале да му ја преземат приватната клиника. Мицкоски оцени дека таквите „мафијашки упади“ се случувале токму во периодот на вонредната состојба и побара Обвинителството да постапи по допрен глас. „Не сум изненаден, знаевме какви мафијашки упади се случуваа, особено ...

Општина Аеродром денеска го пушти во употреба новоизградениот дел од ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин. На свеченоста присуствуваа градоначалникот Дејан Митески, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. По 70 години, училиштето доби современ лик и услови за квалитетно образование. Новите училници, кабинети и заеднички простории обезбедуваат простор за развој на учениците и подобри услови за ...

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и законитоста на одлуките за вонредна состојба што беа донесени во времето на пандемијата. „Навистина мислев да не му давам значење на господинот Мицкоски, затоа што ја разбирам неговата потреба катастрофалните резултати од своето досегашно владеење да ги покрива со коментари за работи кои не ги ...

Системот „Безбеден град“, кој официјално треба да профункционира од 1 февруари, веќе дава резултати во тест-периодот, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Бројот на сообраќајни прекршоци и незгоди е значително намален, а со тоа и бројот на повредени и загинати лица во сообраќајот. „Во јануари имаме уште поохрабрувачки бројки од декември – тоа значи повеќе спасени животи, помалку сообраќајни незгоди, и побезбеден сообраќај“, рече Мицкоски. ...

Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи. Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека ...

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска во врска со Гренланд, во неделата со заедничка изјава предупредија дека таквите мерки носат ризик. „Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и носат ризик од опасна надолна спирала. Ќе останеме обединети и координирани во нашиот одговор. Посветени сме на заштитата на нашиот суверенитет“, се ...

Во голем пожар што зафати трговски центар во центарот на Карачи, најголемиот град во Пакистан, загинаа шест лица, а 11 се повредени, објави „Ројтерс“. Пожарот избувнал во саботата навечер во трговскиот центар „Гул Плаза“, по што брзо се проширил од приземјето кон горните катови и ја зафатил речиси целата зграда. Противпожарните екипи интервенирале во текот на ноќта за да го спречат ширењето на огнот во густо населената деловна зона. Во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1010
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
4.12
69%
1008
weather icon

Загреб

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
82%
1006
weather icon

Софија

6ᴼ / 0ᴼ
2.57
93%
1010
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.68
93%
1013
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.12
97%
1007
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
1.34
65%
1009
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
81%
1007
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
81%
1008
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
86%
1012
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
4.12
64%
1010
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
70%
1009
Currency

61.64

Currency

53.7425

Currency

71.2387

Currency

37.5607

Currency

38.9143

Currency

68.2617

Currency

7.79261

Currency

0.67256

Currency

0.33643

Currency

0.52523

Currency

1.21686

Currency

0.58075

Кобалт

3.86

Родиум

369733.59

Бакар

11.40

Сребро

2590.59

Платина

65169.56

Злато

161442.17

Рутениум

54591.97

Цинк

0.00

Иридиум

259874.72

Алуминиум

3.42

Калај

48.18

Паладиум

49383.55