Магнетната бура на Земјата се приближи до нивото Г3, пишува ТАСС, повикувајќи се на податоци од Институтот за применета геофизика. Тоа значи дека планетата може да има проблеми со своите енергетски системи. Во моментов, степенот на пореметување на магнетното поле на Земјата е на ниво на Г3, што значи „силно“ на скала од пет индикатори, при што Г5 е „исклучително силен“, а Г1 е „слаб“, се наведува во извештајот. Можно е да има прекини во ...

Во ресторан во Цетиње денеска во попладневните часови А.М. со употреба на огнено оружје им ги одзеде животите на неколку лица, пренесува „Побједа“. Вооружен го напуштил објектот и побегнал. „Апелираме до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност со цел да ја стават ситуацијата под контрола и да ги гонат ...

Осомничениот за денешното повеќекратно убиство во Цетиње е Ацо Мартиновиќ (45) од тој град, кој се уште е во бегство. Како што објави порталот на Радиотелевизија на Црна Гора, тој убил најмалку седум лица, од кои две деца. Неколку лица се ранети. Според неофицијални информации тој убил и одредени членови од своето семејство, пренесуваат тамошните медиуми. Според информациите на порталот cdm.me кој ја објави неговата фотографија, Мартиновиќ по ...

За време на новогодишната ноќ, како и во сите делови на светот каде што се слави, низ Загреб одекнаа експлозии од разни видови петарди. Ова не е чудно за време на прославата на новогодишната ноќ, но во Загреб луѓето кои сакаа да ја дочекаат Новата година на овој начин демолираа училиште, пишуваат тамошните медиуми. Кон основно училиште во Загреб биле фрлени голем број на петарди а резултатот биле искршени стакла и целосно уништена влезна врата, ...

Сите барем еднаш сме сретнале луѓе кои шират негативна енергија и ги прават врските напнати или исцрпувачки. Таквите луѓе често не можат да избегаат од нивните модели на однесување, дури и кога се обидуваат. Но, според астрологијата, одредени луѓе се повеќе склони кон токсично однесување од другите. Еве ги знаците во кои се родени овие луѓе. Шкорпија Никој не знае како мајсторски да чува тајни, да заведува и во исто време да планира одмазда во ...

Петар Грашо откри дека 2024 година ќе ја памети по раѓањето на синот и раскажа како ги поминал празниците. Минатата година Петар и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дете, синот Тони. „Божиќ во семејството Грашо е секогаш убав и многу хаотичен. Така, јас како некоја пејачка ѕвезда треба да измислувам и да кажам дека сите се собираме околу масата, дека е тивко, дека свири музика. Во смеа вели: Хаос. Едно дете плаче, другото плаче, ...

На претставувањето на Серхио Консеисао како нов тренер на Милан, спортскиот директор на клубот Златан Ибрахимовиќ му се извини на претходниот тренер Пауло Фонсека, за она што клубот му го приреди на заминувањето. Фонсека забележа 12 победи, 6 нерешени и 6 порази во 24 натпревари во сите натпреварувања. И покрај тоа што веднаш по мечот со Рома (1:1) знаеја дека ќе го заменат, челниците на Милан му дозволија на Фонсека да се појави на ...

Британската полиција денеска соопшти дека пронашла жена која исчезнала од градот Ковентри пред 52 години. Шејла Фокс, која исчезна од Ковентри во 1972 година кога имала 16 години, е безбедна и живее во друг дел од земјата, соопшти полицијата на Вест Мидленд. Во декември, полицијата упати нов апел за помош во пронаоѓањето на Фокс и објави нејзина фотографија од времето на нејзиното исчезнување на нивната веб-страница и социјалните мрежи. Во рок ...

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска посочи дека со влезот во Шенген зоната земјата постигнала една од стратешките цели која е важна за граѓаните и развојот на бугарската економија. Бугарскиот премиер Димитар Главчев истакна дека ова е „историски момент“. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им честиташе на Бугарија и Романија што станаа полноправни членки на Шенген зоната за слободно патување на Европската ...

Папата Франциско ја започна 2025 година со обновување на својот повик до верниците да го отфрлат абортусот, повикувајќи на цврста посветеност за заштита и почитување на животот од зачнување до природна смрт. Во средата папата отслужи nовогодишна миса во базиликата Свети Петар, посветена на Богородица, пишува АП. Во својата проповед, тој се молеше сите да научат да се грижат за секое родено дете и да го чуваат скапоцениот дар на животот: животот ...

Три лица загинаа на новогодишната ноќ од експлозии на петарди и пиротехнички средства во Германија, јавија денеска медиумите. 24-годишен маж загина од експлозија на рачно изработена петарда со голема моќност во германската покраина Северна Рајна Вестфалија, објави весникот „Билд“. Вториот инцидент се случил во покраината Саксонија, кога 45-годишен маж активирал пиротехничка бомба од категоријата Ф4, која може да ја добијат само лица со ...

Претседателката и Врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Сиљановска-Давкова во оваа прилика им ги честита новогодишните празници на ангажираните припадници на Армијата, при што изврши обиколка на тактичко техничкиот збор каде беше изложена опремата и ...

Фантастични две серии понуди втората станица на 73.издание на Новогодишната турнеја. Во Гармиш-Партенкирхен, Мајкл Хајбек го надмина достигнувањето на Давид Кубацки и постави нов рекорд на скокалницата (145 метри), а Даниел Чофениг триумфираше и го презеде првото место во вкупниот пласман од Стефан Крафт, а исто така се искачи и на лидерската позиција во Светскиот куп. Чофенинг победи со скоковите од 141,5 и 143,5 метри и стигна до 298,8 поени. ...

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска посочи дека со влезот во Шенген зоната земјата постигнала една од стратешките цели која е важна за граѓаните и развојот на бугарската економија. Бугарскиот премиер Димитар Главчев истакна дека ова е „историски момент“. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им честиташе на Бугарија и Романија што станаа полноправни членки на Шенген зоната за слободно патување на Европската ...

Очевидци на нападот во Њу Орлеанс, кога маж со своето возило влетал во толпа луѓе, убивајќи најмалку 10 и повредувајќи најмалку 30 лица, за Си-Ен-Ен ја опишале паниката и ужасот што се појавиле на улиците на историскиот град во Луизијана. – Видов пикап како удира во сите на тротоарот на улицата Бурбон. Тело долета до мене – рекол 22-годишниот Кевин Гарсија, додавајќи дека слушнал истрели. BREAKING: Horror unfolds in the heart of the French ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на отворање на новиот ски центар „Михајлово“ близу Кавадарци. Тој поминатата новогодишна ноќ ја оцени како мирна и безбедна. „Што се однесува за изминатава вечер, на територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територија на целата држава за време на новогодишната ноќ беше стабилна. Уште еднаш сакам да изразам благодарност до ...

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ги посети мајката и првороденото бебе на ГАК во 2025 година во Скопје. Им однесе подароци и му посака успеси на семејството. „Првороденото бебе за 2025 година се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје. На мајката за која ова е прво дете и бебето Јаков во новата година им посакавме многу здравје и радости, со штедна книшка и пригодни подароци. Наша ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во новогодишната порака истакна дека новата година ја почнуваме со надежи, очекувања и верба дека ќе биде година за паметење по добро, исполнета со радост и убави случувања. „Градиме образование на можности, во кое секое дете може да ги реализира своите потенцијали, кое го цени и вреднува придонесот на секој наставник, образование кое сплотува. Во септември почнавме со учебници за сите ученици, ...

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска го посети Гинеколошкото одделение во Општата болница „Ферид Мурат“ во Гостивар за да изрази честитка за првото бебе кое се роди во 2025 година во Гостивар. Бебето, здраво девојче со тежина од 3,5 килограми, се роди во 12:40 часот и е во добра здравствена состојба. „Денес изразувам честитка за првото бебе родено во Гостивар со еден скромен гест, ваучер во вредност од 30.000 денари. ...

Секоја година за дочек на Нова година белградските плоштади се преполни со луѓе, но овојпат тоа не беше случај, според медиумите во регионот. Таму синоќа настапија Жељко Васиќ, Марина Вишковиќ и Харис Џиновиќ, но публика речиси и да немаше, според написите. Na Trgu Republike peva Haris Džinović, publike jako malo. Nije se obrukao Beograd. pic.twitter.com/XHweyPx7oI — Biljana Stepanovic (@BiljkaSt) December 31, 2024 Социјалните мрежи беа преполни ...

Големите проблеми на фудбалскиот клуб Барселона продолжуваат и во новата 2025 година. Барселона не го испочитува рокот 23:59 часот на 31 декември 2024 година, за исполнување на условите за регистрација на играчи, порафи што картичките со имињата Дани Олмо и Пау Виктор и броевите 20 и 18 повеќе не се на официјалната веб-страница на Ла Лига. Таму се вратени податоците на Андреас Кристенсен. Картичката му беше отстранета во август поради тешка ...

Хаотична и насилна новогодишна ноќ низ Холандија доведе до трагична смрт на 14-годишно момче и апсење на повеќе од 200 лица поради немири и напади врз полицајци, а има и повредени поради подметнување пожар и несреќи поврзани со пиротехника, пренесува „NL Times“. Локалните медиуми јавуваат дека употребата на пиротехнички средства довела до трагична смрт на 14-годишно момче во експлозија во Ротердам. Од употреба на пиротехнички средства тешко се ...

Оваа 2025 година по се изгледа ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца – првото момче на Клиниката за гинекологија, а второто девојче неколку секунди подоцна на Клиниката во Чаир, кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Тој заедно со неговата сопруга Нора, заменик-министерот Јовица Андовски, сопругата на премиерот Мицкоски, како и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко ...

„Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за овој прекрасен објект, оваа ски- стаза. Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но не само за кавадарчани туку од сите краеви на државата да дојдат да уживаат во овие прекрасни природни убавини, да се рекреираат и навистина би сакал ова да биде еден почеток, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и самиот регион затоа што навистина самата ...

Жена од Приштина пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била силувана од двајца непознати мажи, пишува „Газета експрес“. Како што пренесува овој медиум на албански јазик, за овој случај е известен и обвинителот. Во пријавата пишува дека на „31.12. жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била силувана од две непознати лица“. Истрагата за овој случај е во тек, според написот во медиумот. Текстот Мајка пријавила дека нејзината ...

„На прагот сме на новата година, време кога традиционално се осврнуваме на достигнувањата и предизвиците од изминатата година. Ова беше година на пресвртница за државата – година на промени кои донесоа значително подобрување на животот на граѓаните и успешно позиционирање на државата на меѓународната сцена“, истакнува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во новогодишната честитка додавајќи дека довербата од ...

18 пациенти биле примени на Клиниката за токсикологија во Скопје поради акутно труење од алкохол на новогодишната ноќ. Најмладиот има 14 години. Новогодишната ноќ поминала прилично мирно со помал обем на работа, оценуваат надлежните. Според Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев на клиниката биле прегледани вкупно 21 пациент од кои 18 како акутни труења со алкохол. Од тие 18 четири биле женски, а 14 машки. Кај женските најмладата ...

Според директорот Небојша Настов во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридкси“, на новогодишната ноќ имало вкупно 81 прегледан пациент, пет како последица на сообраќајни несреќи, тројца од физички пресметки и биле извршени три оперативни интервенции. „За среќа во текот на новогодишната ноќ немаше повреди од петарди и огнострелно оружје, тоа беше зачестено во период пред празниците. Во последниот месец имаше 50-ина претежно ...

Илјадници луѓе ја дочекаа Новата година на плоштадите во Њујорк и европските метрополи. Во Њујорк, точно на полноќ традиционално беше спуштена кристална топка на Тајмс Сквер, каде илјадници луѓе присуствуваа на дочекот, иако врнеше силен дожд, пренесе АП. Топка тешка речиси шест тони содржана од 2.688 кристални триаголници се спушти на столбот на Тајмс Сквер. На плоштадот настапија американската група TLC и поп-рок групата Jonas Brothers. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот, во своето новогодишно обраќање до нацијата, рече дека неговата земја ќе направи се за да ја прекине војната со Русија во 2025 година. „Нека 2025 ни биде годината на Украина. Знаеме дека мирот нема да ни биде подарок, но ќе направиме се за да ја запреме Русија и да ставиме крај на војната“, рече тој во својот говор објавен на социјалните мрежи. Our 2024. Every single day of it has been won ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
67%
1010
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1009
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
63%
1011
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.18
70%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.51
78%
1011
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
43%
1009
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
72%
1011
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1010
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
45%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
52%
1010
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
76%
1012
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57