
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Демократската унија за интеграција изразува загриженост и незадоволство од последните изјави на претседателката на Република Северна Македонија за време на приемот за дипломатскиот кор, каде, како што велат, непровоцираната и насилна руска агресија врз Украина беше опишана како „војна операција“. Ваквата реторика, за ДУИ, е неприфатлива и е во спротивност со ставовите на нашата држава како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската ...
Од коалицијата „Вреди“ оценуваат дека помина времето кога криминалците го имаа главниот збор во нашите градови, маали и улици. „Убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, сите овие макабри настани се минато. Граѓаните ја вратија надежта и довербата во државните институции, бидејќи владата воспостави ред и закон. Со ова се задоволува потребата граѓаните да бидат безбедни каде и да живеат и работат. ...
Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица од групата што ја предводел, по нивното апсење во акција на МВР. Определен е притвор и за двете лица кои се во бегство. „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за ...
Носењето чорапи во кревет ве одржува топло, ја зголемува циркулацијата на крвта, ја намалува телесната температура и му сигнализира на вашиот мозок дека е време за спиење. И кога циркулацијата се подобрува, тоа обезбедува добар проток на крв и кислород, така што нашето срце, бели дробови и мускули можат да работат со оптимален капацитет. Сепак, вашата навика да носите чорапи за спиење може негативно да влијае на состојбата на целото тело. 1. ...
Членовите на Хамас им дадоа „торби со подароци“ на заложниците кои беа ослободени вчера, се гледа во видеото објавено од палестинската милитантна група, пренесоа израелските медиуми. Во торбите што ги добиле трите жени ослободени од заробеништво имало нивни фотографии во заробеништво на Хамас и „сертификат“, пренесе „Тајмс оф Израел“. На видеото се гледаат поранешните заложници Роми Гонен, Емили Дамари и Дорон Штајнбречер како држат „торби со ...
Околу 70 милиони Американци долж источниот брег на САД се под предупредување за зимско невреме издадено од Националната метеоролошка служба, а прогнозата предвидува до 15 сантиметри снег на повеќето места. Нова Англија е под предупредување за навлегување на арктичкиот воздух, како и делови од Масачусетс, Њу Хемпшир, Мејн и Конектикат, каде се прогнозира дека снежната покривка ќе достигне 25 сантиметри, пренесе АП. Марк Ченард, метеоролог од ...
Руските сили ги претрпеа најтешките загуби во 2024 година од почетокот на војната. Вкупните воени загуби достигнаа 434.000 војници, вклучително и приближно 150.000 загинати во борбите во текот на изминатата година, изјави врховниот командант Олександр Сирски во вчерашното интервју за украинскиот медиум ТСН, пренесува Гардијан. „Путин загуби повеќе во 2024 година отколку во претходните две години војна заедно“, рече Сирски. До вчерашниот ден ...
Пет луѓе би можеле да достигнат богатство од најмалку 1 трилион долари во следната деценија доколку продолжат сегашните трендови, се вели во годишниот извештај за нееднаквост на Оксфам. Извршниот директор на Tesla и SpaceX, Илон Маск, моментално најбогатиот човек во светот со нето богатство од повеќе од 430 милијарди долари, треба да ја надмине таа граница за помалку од пет години. 2024 година беше исклучително профитабилна година за најбогатите ...
Осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утрово околу 4 часот и 30 минути избувна во дом за стари лица во Велики Борак, во белградската општина Бараево, објави РТС. Пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувале голем број пожарникари и противпожарни возила. Др. Виолета Николиќ од Итната медицинска помош за РТС изјави дека добиле повик од пожарникари за избувнување на пожар во дом за стари лица во Велики Борак. Таа наведе дека ...
Неделата што е пред нас, почнувајќи од 20 јануари, носи со себе различни предизвици. Иако многумина ќе имаат интересни интеракции и добри можности „на маса“, кога се во прашање финансиите, четири хороскопски знаци ќе имаат проблем „да ги држат парите во џебовите“. Овој пат ѕвездите ви подготвуваат период кој речиси ве примами и мами да потрошите пари, но погрижете се да ги штедите секогаш кога е можно, особено поради неочекуваните сметки кои ...
Александар Вучиќ привлече внимание при неговото гостување во емисија на Хепи ТВ. Važno da je skroman, pa nosi patike od samo 125.000,00 dinara, a profesorima i nastavnicima nudi povećanje od 5.000 dinara. Sirotinjo i Bogu si teška! pic.twitter.com/xia1gqrr1V — Nikola Lakic (@NikolaLaki3) January 18, 2025 Фотографиите на српскиот претседател брзо се раширија низ социјалните мрежи бидејќи многумина коментираа за патиките што ги носеше на шоуто. ...
Три израелски жени кои Хамас ги држеше како заложници во Газа се ослободени и вратени вчера во Израел, што го означи првиот чекор во договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Ослободените жени се дел од групата од 33 заложници планирани да бидат ослободени во текот на првата фаза од договорот. Нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година резултираше со киднапирање на вкупно 251 лице. Хамас моментално држи 91 затвореник, иако ...
Унгарија го освои првото место во Д групата на Светското првенство во ракомет. Унгарците во последниот меч во групата ја пбедија Холандија со 36:32. Во Вараждин, Унгрците во најголем дел од најтпреварот имаа предност, во финошот Холанѓаните внесоа драма, кога се доближија на гол негатива, но нивниот налет го одби голманот Плашиќ со две интервенции. Бока и Лекај со по шест гола ја предводеа Унгарија. Во втората фаза Унгарците носат три, ...
Љубовта е убава, но и сложена – понекогаш се чини дека ѕвездите имаат свои планови. Додека некои хороскопски парови се согласуваат како путер и мармалад, други се соочуваат со непремостливи разлики кои често завршуваат со развод. Ако некогаш сте се запрашале кои комбинации на знаци едноставно не успеваат да го издржат тестот на времето, ви пренесуваме три драматични двојки од Зодијакот кои почесто завршуваат со документи за развод отколку во ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел. Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари. „Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“. „Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде. Текстот Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома е превземен од МАКФАКС. ...
Фото/ facebook.com/rfmofficial Македонија не импресионира со играта но ја опрвада фавористската улога и ја совлада Гвинеја со 29:20 (14:10). Македонија избори пласман во главната фаза, во дуелите со Франција, Катар и Австрија ќе влезе со еден бод. Македонија се мачеше со објективно полабиот противник во првите 20 минути. Првиот гол Македонија го постигна во четвртата минута, до 20.минута момците на лазаров делуваа конфузно во нападот, лесно ...
Фудбалерите на Манчестер сити го совладаа Ипсвич со 6:0 на гости во 22. коло од Премиер лигата и се вратија меѓу првите четири екипи на табелата. Сити се враќа во препознатливата форма, мечот со Ипсвич беше јасен показател дека тимот на Гвардиола повторно личи на себе. Ипсвич денеска немаше ниту една шанса. Три асистенции подели Кевин Де Брујне, два гола постигна Фил Фоден, а блеска на теренот Матео Ковачиќ и Џереми Доку. Фоден е во добра серија ...
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот. Девојките се пренесени во Израел. Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF ️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC — Israel in Greece (@IsraelinGreece) January 19, 2025 Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана ...
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки. Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа. There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️ Welcome home Emily, Doron and Romi ️ ...
Манчестер јунајтед доживеа нов пораз на домашен терен во Премиер лигата. Попладнево на „Олд Трафорд“ Брајтон го победи Јунајтед со 3:1 „Црвените ѓаволи“ во 22.коло го забележаа десеттиот пораз во првенство. На последните четири натпревари, Манчестер јунајтед доживеа четири порази, три од нив на „Олд Трафорд“. Култниот стадион „Олд Трафорд“ некогаш беше неосвоива тврдина за противниците. Тоа беше во минатото, во ерата на сер Алекс фергусон. ...
Шпанецот Хулен Лопетеги е во преговори со Фудбалскиот сојуз на Белгија за селекторската функција, објавија во неделата белгиските медиуми. Тој е без работа откако го напушти Вест Хем на 8 јануари. Белгискиот фудбалски сојуз минатата недела го отпушти Доменико Тедеско по разочарувачките резултати во последните две сезони. Лопетеги (58) е едно од имињата кои најчесто се споменуваат како наследник на Тедеско, заедно со Французинот Тиери Анри. ...
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави дека утре, на неговиот прв ден на функцијата, ќе потпише извршна наредба со која ќе му се овозможи на „Тик-ток“ привремено да продолжи да работи во САД, истовремено сугерирајќи дека американската влада би можела да преземе делумна сопственост на социјалната мрежа. Во објава на „Трут соушал“, неговата сопствена социјална мрежа, Трамп рече дека „нема да дозволи ‘Тик-ток’ да остане во темнина“ откако ќе ...
Иако во Газа е постигнат договор за прекин на огнот, Блискиот Исток останува симбол на сложената историја исполнета со конфликти, краткотрајни мировни договори и прекршени договори. Секој нов договор доаѓа со товар на недоверба и гнев, зацврстувајќи ги позициите на екстремните фракции. Сегашниот договор, сепак, можеби е најкревкиот досега, со Газа во урнатини, а Израел сè уште се оптеретува од последиците од 7-ми октомври. Премиерот Бенјамин ...
Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони ќе му биде позајмен на Бетис. Шпанските медиуми пишуваат дека клубовите постигнале договор. „Мундо Депортиво“ тврди дека клубот од Севилја нема да има право да го откупи Бразилецот за кого клубот од „Олд Трафорд“ потроши повеќе од 90 милиони евра во 2022 година кога донесе од Ајакс. Виљареал, исто така, наводно бил заинтересиран за доведување на 24-годишниот фудбалер. Според ововј извор, „црвените ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска на својата социјална мрежа „Трут соушал“ изјави дека „Тик-ток“ треба да се спаси, откако платформата престана да работи во САД во саботата навечер. Трамп претходно рече дека најверојатно ќе ја одложи забраната за „Тик-ток“ за 90 дена, откако ќе ја преземе функцијата утре, на што компанијата се повика во известувањето објавено до корисниците на апликацијата. Платформата во сопственост на ...
На Американците од денеска им е забрането да користат „Тик-ток“, што претставува голем проблем за инфлуенсерите кои ја започнале својата кариера преку оваа апликација и кои заработиле најмногу приходи од објавување содржини на оваа социјална мрежа. Еден од најпопуларните американски тиктокерки се сестрите Чарли и Дикси Д’Амелио, а нивниот татко Марк зборуваше за затворањето на „Тик-ток“, осудувајќи го потегот на американската влада. „Толку е ...
Израел потврди дека Црвениот крст ги информирал дека трите девојки кои Хамас ги држеше во заложништво биле предадени на тимот на Црвениот крст, кој е на пат кон силите на израелската армија на границата со Газа. Претходно претставник на Хамас објави дека девојките се предадени. Хамас на првиот ден од примирјето ги ослободи Дорон Штајнбрехер, Емили Дамари и Роми Гонен кои беа грабнати на 7 октомври во 2023 година. Hamas has just handed over the ...
Илија Мелоски беше најсреќниот меѓу 50-те верници кои денес се обидоа да го фатат Светиот Крст во водите на базенот “Расадник”, кои претходно беа осветени. Од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тој доби икона и парична награда, а од повеќе општествено одговорни компании и повеќе други награди. Возобновената манифестација по повод празникот Богојавление- Водици од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, која од година во година станува се ...
Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, порача претседателот на опозициската партија, Венко Филипче. „Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош ,којшто денеска го фати крстот. Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по ...
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание. Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема. Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан. Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина. Од Бригадата за противпожарна ...