Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Принцот Вилијам и принцезата Кетрин се огласија за случајот Џефри Епстин, изразувајќи длабока загриженост за неговите жртви. Тоа е најновиот потег на британската монархија да се дистанцира од скандалот околу поранешниот принц Ендру и неговите врски со осудениот сексуален престапник, објавува АП. Најпопуларните членови на британското кралско семејство изјавија дека се загрижени за содржината на повеќе од три милиони страници документи ...
Европа дојде до болно сознание дека мора да биде поактивна и воено независна од авторитарната американска администрација која повеќе не ја дели нејзината посветеност на либералните демократски норми и вредности. Тоа е главната порака на извештајот подготвен за Минхенската безбедносна конференција што започнува оваа недела, кој исто така ја признава потребата од поголема воена автономија, објавува „Гардијан“. Извештајот, според медиумот, ја ...
Кремљ објави дека ситуацијата со горивото во Куба е критична и дека американските обиди да ја „задушат“ економијата на островот предизвикуваат бројни тешкотии. Куба претходно презентираше план за рационализација на потрошувачката на гориво и заштита на клучните услуги за справување со продлабочената криза, пишува Ројтерс. Комунистичката влада на Куба во петокот детално ги изнесе плановите за надминување на кризата, пркосејќи им на напорите ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека американското судство треба да си ја врши работата во истрагата на аферата поврзана со американскиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин. За време на посетата на Саемот за вино во Париз, Макрон изјави дека случајот Епстин „првенствено ги засега Соединетите Американски Држави“, пренесува „Фигаро“. „Во тој случај, тамошното судство треба да си ја врши работата, и тоа е сè“, рече ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека во 1999 година, за време на неговиот прв мандат, поранешниот американски претседател Бил Клинтон побарал од Унгарија да ја нападне Србија по копно за да отвори втор фронт во екот на војната во Косово. Орбан го изнесе ова тврдење за време на викендот на состанокот на Дигиталните граѓански кругови на Фидес во Сомбатели, пишува Телекс. Според Орбан, Клинтон барал Унгарија да ја нападне Србија или ...
Меѓународните обвинители за воени злосторства денес изјавија дека поранешниот косовски претседател Хашим Тачи ги контролирал етничките албански герилци и дека треба да биде прогласен за виновен за воени злосторства и да биде осуден на 45 години затвор. Тачи и тројца други поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) се обвинети за прогон, убиства, тортура и присилни исчезнувања за време и кратко по востанието од 1998-1999 ...
Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.991 прекршок, од кои 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на Попова Шапка. Сите патни правци во државата се проодни, соопшти АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од ...
Владата на Мицкоски не сака да ја зголеми минималната плата на 600 евра и директно ги остави работниците сами во борбата за гол опстанок, велат од СДСМ. „По две години без реален раст на платите, над 200 илјади работници живеат сè потешко, додека вредноста на синдикалната кошница порасна на 66.000 денари. Животот поскапува, а платите стагнираат, тоа е суровата реалност на македонските работници. Наместо да го прифати предлог-законот на СДСМ ...
Општина Кисела Вода, преку Јавното комунално претпријатие „Кисела Вода 2022-Скопје“, започнува со самостојно и континуирано собирање на пријавен кабаст отпад на целата територија на општината. До сега, според општината, оваа услуга се реализираше неколку пати годишно, во соработка со службите на Град Скопје, но од сега услугата ќе биде достапна континуирано, секогаш кога граѓаните ќе имаат потреба. „Пријавувањето за подигнување на кабаст ...
СДСМ веќе со денови предупредува на последните настани поврзани со најголемата заплена на марихуана во регионот: 5 тони дрога во соседна Србија, која потекнува од Македонија. Ова е скандал од огромни размери кој го открива длабокиот криминал на актуелната власт предводена од ВМРО и Христијан Мицкоски, истакна на прес-конференција Александар Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. „Според неофицијални информации од медиумите во Србија, ...
Заев и Филипче нека бидат еднаш искрени, нека кажат како се поврзани со бизнисот со марихуана и со последниот случај, јавното обвинителство мора да ја испита нивната поврзаност, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. „И во случајот со околу 40 тони запленета марихуана вплеткани се Зоран Заев и секако неговиот другар, Венко Филипче. Вклученоста си ја потврди сам Заев, се јави бранејќи се, наместо да им се извини на граѓаните за сиот криминал ...
Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, обвинителството ја информира јавноста дека континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство. Постапувањето се одвива во ...
Делегација на Владата во состав: Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денес и утре престојува во дводневна работна посета ...
Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на протест за минимална плата 600 евра и 100 евра зголемување на сите останати, со блокада на Собранието. Работниците ќе ги блокираат булеварот 11 Октомври и улицата Даме Груев по кои пратениците можат со автомобил да дојдат до Собранието. Ќе бидат пропуштани само возилата на Итната медицинска помош, Противпожарната бригада и ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка и резиденцијална зона. „Станува збор за проект што се реализира на барање и по мерка на жителите. Ова е зафат што долго време беше најавуван и ветуван, но денес конечно се реализира на терен. Овој дел од Дебар Маало, добива нов лик, уреден, безбеден и функционален ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0 Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во ...
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од ...
„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина. Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Факт е дека токму владата предводена од Заев го постави темелот на бизнисот со марихуана во Македонија. Околу 70% од запленетата дрога ...
„После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата, а нема приведени, нема осомничени, нема информација кој се е замешан“, велат од СДСМ. „Како е можно од самиот центар на Скопје да ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 02.02 до 08.02.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и ...
Дали сакате предизвици? Прифатете го овој предизвик и доведете го вашето тело во врвна форма. Планкот е една од најефикасните вежби за тонирање на телото. Оваа вежба ќе ви помогне да ги стопите мастите и да ги зајакнете мускулите на грбот, стомакот, задникот, рацете и нозете. Планкот го препорачуваат многу тренери, но многу е важно да бидете упорни и дефинитивно ќе видите резултати за еден месец. Ако сакате да имате тело на супермодел, тогаш ...
Познатата актерка Мишел Фајфер (67), иако одамна е во седмата деценија од животот, воодушевува со својот изглед на секој чекор. На нејзиното последно појавување, таа шармираше со лежерно модно издание, меѓутоа, многу повеќе се зборуваше за нејзиното прекрасно лице. Познато е дека Мишел изгледа младешки, но со голо око не можете да видите никакви козметички процедури на нејзиното лице и речиси е невозможно да се утврди дали и што точно си ...
Холивудскиот пар Амал и Џорџ Клуни се појавуваат заедно на секој голем настан, па затоа не сакаа да ја пропуштат церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. View this post on Instagram A post shared by Amal Clooney (@amal.clooney.official) Италија е „центар на светот“ во изминатите неколку дена и ќе остане така до 22 февруари, а големи „виновници“ за ова се познатите ѕвезди кои привлекуваат внимание со својот ...
Иако веројатно едвај чекате да облечете ново парче облека штом ќе се вратите дома од продавница или кога вашиот пакет ќе пристигне на вашата врата, можеби се прашувате дали е паметно или безбедно. Малку работи се толку пријатни како чувството на носење сосема нова облека, и сите сме имале искуство да не можеме да се воздржиме додека не го облечеме тоа ново парче, но дали треба да се воздржиме? Текстилните експерти разложуваат дали новата ...
Бед Бани вети дека на неговиот настап на Супербоул „целиот свет ќе танцува“ – и го исполни тоа додека изведуваше микс од неговите песни со Лејди Гага и Рики Мартин пред повеќе од 100 милиони гледачи. Настапот беше проткаен со латиноамериканската традиција, а особено со неговиот роден Порторико, со раскошен сет кој го трансформираше просторот во порторикански „весиндад“, комплетен со берберница, „бодега“ и иконска „касита“, мала куќа (слична ...
Бед Бани вети дека на неговиот настап на Супербоул „целиот свет ќе танцува“ – и го исполни тоа додека изведуваше микс од неговите песни со Лејди Гага и Рики Мартин пред повеќе од 100 милиони гледачи. Настапот беше проткаен со латиноамериканската традиција, а особено со неговиот роден Порторико, со раскошен сет кој го трансформираше просторот во порторикански „весиндад“, комплетен со берберница, „бодега“ и иконска „касита“, мала куќа (слична ...
Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса, напад со беспилотно летало погоди станбена инфраструктура и загина најмалку едно лице, додека во Киев се слушнаа експлозии од она што изгледаше како напади со балистички ракети, објави „Киев Индепендент“. Јужниот град Одеса беше цел на тежок напад со беспилотни летала. Украинските воздухопловни сили објавија дека руски ...
Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, да плати повеќе од 5,5 милиони рубли, или околу 71.000 долари, за неплатени сметки за електрична енергија. Одлуката е донесена и покрај тоа што зградата на амбасадата е празна откако беа прекинати дипломатските односи, објави Украинска правда, повикувајќи се на руската новинска агенција ТАСС. Арбитражниот суд ...
Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина врз односите што тој ги изградил со влијателни поединци, вклучувајќи многумина во американската технолошка индустрија. Иако во последните недели јавноста беше насочена кон технолошкиот могул Илон Маск и коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кои негираа каква било поврзаност со злосторствата на Епстин, ...