Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, ги повика граѓаните да останат смирени и да ја почитуваат привремената забрана за користење на водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна, нагласувајќи дека мерката е донесена како превенција и за заштита на здравјето на населението. Во објава до јавноста, Лимани посочи дека според редовните анализи на ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажувале дека параметрите на водата ...
Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава ...
Иран се закани дека ќе започне сеопшта офанзива доколку американските напади врз земјата продолжат уште неколку дена, додека САД седма ноќ по ред изведуваат воздушни удари. Воен советник на иранскиот врховен лидер, Мохсен Резаи, изјави дека Техеран ќе премине во фаза на сеопшта офанзива ако американските напади продолжат уште два до три дена. „Иран повеќе нема да се задоволи само со возвраќање на ударите и ниту една граница нема да биде ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио и српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ во Вашингтон го предводеа првиот стратешки дијалог меѓу САД и Србија, со кој, според заедничкото соопштение, започнува нова фаза во партнерството меѓу двете земји. Во рамки на дијалогот, САД и Србија потпишаа Меморандум за разбирање за енергетската инфраструктура и регионалната енергетска безбедност. Вашингтон ја поздрави и одлуката Србија да ...
Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп во ударниот термин во четвртокот, што го натера американскиот претседател да каже дека биле вклучени во заговор и дека треба да им бидат одземени лиценците. „Каналите за лажни вести NBC и ABC рекоа дека нема да го пренесуваат мојот говор. Ваквата измама треба да значи одземање на нивните лиценци“, рече Трамп, според Ројтерс. ...
Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но засега нема извештаи за жртви или исчезнати лица, соопштија спасувачките служби. Според извештаите, напорите за гаснење на пожарот беа попречени од силни ветрови, објави Ројтерс. Густ црн чад ја покри областа околу 50 километри западно од Осло, а пожарот зафати населба со голем број поврзани куќи. Текстот Повеќе од 50 куќи уништени во ...
Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како Алис, починало синоќа на интензивната нега во педијатриската болница Гаслини во Џенова, два дена по несреќата. Обвинителството отвори истрага за убиство од небрежност, објавија италијанските медиуми. Несреќата се случила во вторникот попладне на плажата Сегеста на шеталиштето Дескалцо. Девојчето, од ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се спротивстават на силната економска конкуренција од Кина, која, според нив, врши голем притисок врз Европа поради прекумерното производство и потценетата валута. Мерц и Макрон се состанаа како дел од редовните заеднички седници на владите на двете земји, обидувајќи се да ги надминат тензиите што се ...
Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација во најавата на овој проект информираше дека е изработена физибилити студија која ја потврдува техничката и финансиската изводливост на проектот. Но, притоа никаде во најавата не се споменуваат еколошките стандарди и влијанието врз животната средина при потенцијалната реализација на таквата ...
Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтеровата скала го погоди денес Пуерто Мадеро, на југот на Мексико, по што беше издадено предупредување за цунами во регионот, објави Американскиот геолошки завод (USGS). Meksika’nın Puerto Madero kentinde 7.4 büyüklüğünde deprem oldu.pic.twitter.com/ABCR07BskX — Popüler Gazete (@populergazete) July 17, 2026 Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти USGS. BREAKING: Powerful 7.4 ...
ВМРО-ОКГ повторно зборува за „празен лист“ и „виктимизација“ на опозицијата околу Изборниот законик. Нема крај на нивните лаги. Нивниот „празен лист“ воопшто не е празен. На него веќе се заокружени броеви и имиња. Тоа не е понуда за консензус, туку обид да се наметне модел кој ќе овозможи контрола и кражба на гласовите од дијаспората, истакнуваат од СДСМ. „Препораките на ОБСЕ и ОДИХР СДСМ ги прифаќа. Она што не се прифаќа се предлозите на ...
Денеска на Попова Шапка се измерени 22 степени, 26 во Крушево, 28 на Маврови Анови, 30 во Претор, 31 степен се измерени воОхрид, 32 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Берово, 35 во Тетово, Виница, 36во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, а 38 степени се измерени во Велес, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Попладнево ќе биде сончево со локална појава на облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори. Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Потврда за ова, според нив е и последниот случај од ...
Европската комисија денес презентираше акционен план за електрификација со цел да се зголеми уделот на електричната енергија во вкупната потрошувачка на енергија на 46 проценти од сегашните 23 проценти до 2040 година. Иако 70 проценти од електричната енергија во ЕУ се произведува од домашни чисти извори, обновливи извори и нуклеарни централи, нејзиниот удел во финалната потрошувачка стагнира со децении на околу 23 проценти, бидејќи е ...
„Прегревањето“ на работа беше најчестата дијагноза за боледување за вработените во европската дипломатска служба во периодот помеѓу април минатата година и март оваа година, и беше користено во 28 проценти од случаите, според бриселски „Политико“. Според податоците добиени врз основа на барањето за пристап до документи, во набљудуваниот период, во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се регистрирани 1.751 медицински потврди за ...
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на критиките на дел од јавноста и политичарите во Албанија за тоа што не проговорил јавно по изјавите на министерката за државна администрација и локална самоуправа Снежана Пауновиќ, која рече дека во 1998 година, доколку имала можност, етнички ќе го исчистела Косово. Рама напиша на социјалната мрежа Икс дека Албанија одговорила преку институциите како што е пропишано. „Идејата дека секој човек што има ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел не била заинтересирана за победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави во 2020 година, според декласифицираниот извештај на Националниот разузнавачки совет на САД објавен на веб-страницата на Белата куќа. Во документот се наведува дека Меркел „преферирала победа на друг кандидат“, првенствено поради лични несогласувања со Трамп, но и поради верувањето ...
Ким Кардашијан се најде на удар на критики откако објави фотографии од бикини на Инстаграм само неколку часа по веста за смртта на нејзината баба Мери Џо „МЈ“ Кембел. Меѓу објавените фотографии беше и една на која таа пие текила, што некои следбеници ја сметаа за несоодветна поради времето на содржината. Кардашијан подоцна објасни дека објавите не биле поврзани со актуелни настани, туку биле однапред испланирани и подготвени неколку дена ...
Поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) и пензиониран генерал со четири ѕвездички, Дејвид Петреус, неодамна ја истакна драматичната технолошка супериорност на Украина во производството и употребата на беспилотни летала. Петреус, кој командуваше со меѓународните коалициски сили во Ирак и Авганистан за време на неговата славна воена кариера и се смета за еден од најистакнатите американски воени стратези на 21 ...
Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2“ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка, вели поранешната обвинителка, Ленче Ристоска. Таа појаснува дека како обвинител за врски, согласно член 5 од Правилникот за предлагање и упатување на јавен обвинител за врски на Република Северна Македонија во Европравда, по правило можела да постапува по предмети регистрирани и во надлежност на ...
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за спречување службено лице во вршење службено дејствие. На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност. Тој фрлал со камења кон ...
Поилицијата уапси 23-годишен велешанец затоа што возел мотоцикл на игралиште во Велес. Според информациите на МВР, синоќа во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, уапсен е С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки. По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. „По добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување на вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, Општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој ...
Образованието повторно е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По години на хаос, доцнења и неизвесност, денес системот функционира навремено и во интерес на учениците и наставниците, изјави Емилија Ангелова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Втора година по ред, учебниците за сите одделенија ги дочекаа учениците уште на првиот училишен ден. За разлика од претходните седум години, кога имаше учебни години без отпечатени учебници, денес над ...
Со Мицкоски и ВМРО за две години животниот стандард на граѓаните е целосно урнисан. Платите се најниски во Европа – граѓаните осиромашуваат, народот живее многу полошо од пред 2 години, изјави Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Како што рече, податоците на УЈП за 2025 година покажуваат дека дури 73% од граѓаните имаат плата под месечниот просек, односно под просечната плата во земјата. Дури половина, рече Цветановски, 50% ...
Стотици граѓани во Гостивар, меѓу кои и деца, со гадење, повраќање и дијареа, побарале лекарска помош во изминативе денови. Постојат сомневања дека водата од Вруток е загадена со отпадни води. Во расветлување на случајот се вклучи и обвинителството. „По наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење“, соопштија кусо од обвинителството. Полицијата, исто така, презема итни мерки ...
Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. „Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни ...
Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на ...
Промените во бизнисот често доаѓаат кога најмалку ги очекуваме. Според астролошките толкувања, пред два хороскопски знака се отвора период во кој би можеле да добијат интересна понуда за работа, да одлучат да ја сменат работата или да направат важен чекор во кариерата. Иако успехот сепак ќе зависи од нивните одлуки и околности, според астрологијата, ѕвездите им даваат дополнителен ветер на грб. Јарец Јарците се познати по својата упорност, ...
„Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби, а секојдневното коалицирање со негирачи на независноста на Косово, негирачи на геноцидот во Сребреница и релативизатори на Охридскиот рамковен договор да го претставуваат како нормалност“, реагира потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи на соопштението на Влен. „Според оваа ...