Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на членовите на новата влада, а во недела на 16 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седници на Извршниот и на Централниот комитет на кои ќе биде утврден списокот на новите членови на владата од Коалицијата „Твоја Македонија“, информира денеска мандатарот Христијан Мицкоски. -Овој викенд во недела ќе биде одржана седница на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кои ќе ...

Македонско еколошко друштво јавува дека по 15 години, конечно успеале да потврдат балкански рис на Илинска-Плакенска Планина. „По 15 години работа на Илинска-Плакенска Планина, конечно успеавме да потврдиме балкански рис. Со ова се докажува значењето на овој биокоридор кој ги поврзува заштитените подрачја во Западна Македонија. Сесијата на фото-замки се оствари со помош на соработката со планинарското друштво „Бигла“ од Демир Хисар“, велат од ...

OВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека е неопходно да ги почекате и другите соработници. Вишокот слободно време може да го насочите кон саканата личност, приоритет нека ви биде негувањето на постоечките партнерски релации. Немате здравствени проблеми. БИК Вториот работен ден во неделата за Биковите нооси помали застои во реализацијата на договорените работи, пре сѐ поради ...

Обвинителството мината недела донесе одлука да се повлече од двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“. OJO со овој чин ги потврди сите аргументи кои Панделевски ги објаснуваше пред јавноста и судот односно дека не постои никаква злоупотреба на службена должност, дека не постои дело перење пари, исто така дека не постојат оштетени акционери и дека воопшто нема направена штета на држава по ниту еден основ. Од првиот момент на ...

Четириесет и седумгодишен кумановец бил приведен по претходна пријава дека под закана со остар предмет ја силувал поранешната вонбрачна сопруга. – На 10.06.2024 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.А.(47) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека со закана со остар предмет извршил обљуба врз неговата поранешна вонбрачна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи. Како што додаваат од ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) превентивно потсетува дека при прошетки во природа граѓаните може да се сретнат со змии кои, како што наведуваат, најчесто бегаат од луѓето. Ако змиите бидат вознемирувани намерно или ако случајно бидат нагазени или наседнати, иако во ретки случаи, граѓаните можат да бидат гризнати од влекачите. - Во таков случај и по прва самопомош е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната ...

Синоќа се случи тeшка сообраќајна незгода во скопската населба Кисела Вода, во непосредна близина на стадионот „Цементарница“. Според првичните информации возило марка „БМВ“ кое се движело со неприлагодена брзина изгубило контрола и се забило во метален столб. Екипи на противпожарната бригада во координација со службата на итна медицинска помош интервенираа за спасување на возачот кој беше заглавен во возилото. Повеќе информации од полицијата ...

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва во скопската населба Кисела Вода, во непосредна близина на стадионот „Цементарница“. Според првичните информации возило марка „БМВ“ кое се движело со неприлагодена брзина изгубило контрола и се забило во метален столб. Екипи на противпожарната бригада во координација со службата на итна медицинска помош во моментов интервенираат за спасување на возачот кој е заглавен во возилото. Повеќе информации од ...

Инстаграм тестира „рекламна пауза“ што ве принудува да паузирате и да гледате реклама некое време пред да продолжите да се движите низ вашиот “feed”. Откако самите корисници на социјалната мрежа забележаа дека во апликацијата Инстаграм почнаа да се појавуваат реклами што не може да се прескокнат, платформата официјално потврди дека ја тестира функцијата наречена „рекламна пауза“. Новиот тип на рекламирање прикажува тајмер над рекламата, кој, ...

Претседателот на Демократското движење, кое е дел од Коалицијата „Вреди“, Изет Меџети денеска потврди дека новата влада ќе се формира по празникот Бајрам, односно на 19 или 20 јуни. Меџити во изјава за Телевизија Алсат соопшти и дека тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, додека градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари министер за здравство. -Јас и Таравари по секоја веројатност ќе бидеме дел од извршната власт - јас на ...

Неврохирургот д-р Бетси Гранч тврди некои видови овошје го штитат мозокот и дека тоа се должи на фактот што изобилуваат со антиоксиданси. „Овошјето богато со антиоксиданси може да биде добро за мозокот. Јадењето на овие плодови ги намалува слободните радикали и оксидативниот стрес на невронското ткиво, што може да ја подобри когнитивната функција“, вели таа. Со неа се согласи и неврологот д-р Мил Етјен, кој истакна дека „овошјето може да ...

Во современото земјоделство, употребата на пестициди е честа практика која овозможува поголеми приноси и заштита на културите од штетници и болести. Сепак, оваа практика не е без ризик. Пестицидите кои се користат за заштита на овошјето и зеленчукот можат да останат на нивната површина и потенцијално да влијаат на здравјето на луѓето кои ги консумираат овие производи. Иако регулаторните тела поставуваат строги лимити за остатоците од ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) 70,5 денари ...

Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела. Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци. -Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови (180) ...

Државната изборна комисија (ДИК), за спроведување на последните претседателски и парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 213. 625. 656 денари односно 3.473.588 милиони евра, заклучно со 20 мај 2024 година. Тендерите на ДИК за заедничките претседателски и парламентарни избори годинава чинеле 767 илјади евра повеќе отколку збирот на тендерите за овие избори кога се спровеле поединечно во 2019 и 2020 ...

Денеска (09.06.2024) во 00.20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода З.К.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 08.06.2024 околу 23.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнала малолетник од Скопје и му одзела пари, соопшти МВР. Со неа бил извршен разговор во полициска станица и кај неа биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. ...

Македонија во големото финале на Ѕвездите на Гранд ја претставуваа Андријана Петрушовска од Скопје, Мелиса Зијадиќ од Лажани и Мики Секуловски од Велес. Сите тројца истуркаа цели 13 круга борба и успеаја да се издвојат меѓу најдобрите. Сите тројца ја претставија Македонија во најдобро светло, а за тоа е и доказ пласманот на второто и третото место на двајца од нашите натпреварувачи. Мики го освои второто со 102.103 гласа, а Андријана третото ...

На 08.06.2024 околу 12.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во близина на крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ во Скопје моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.С.(26) од Скопје удрил во пешакот А.И.(74) од Скопје, соопшти МВР. Како што информира МВР, од здобиените повреди на местото на несреќата починала А.И., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, додека пак ...

Хрватските избирачи денеска по четврти пат гласаат на европските избори. Во Хрватска во 7 часот беа отворени 6.651 избирачко место, а гласањето ќе трае до 19 часот, до кога е во сила дводневен изборен молк. Првите резултати ќе бидат објавени во 23 часот, а резултатите од излезните анкети во 19 часот. Нешто повеќе од 3,7 милиони гласачи ќе одлучат кои 12 хрватски претставници ќе ги претставуваат во Европскиот парламент во следните пет години. ...

ОВЕН Не се откажувате од своите идеи лесно. Иако околностите се комплицирани, упорни сте да остварите деловен успех. Не ви е лесно да се смирите со личноста која ви се допаѓа. Вежбајте редовно. БИК Со доволно креативност, лесно може да ги остварите плановите кои ги имате. Ве очекува поволен период. На љубовно поле следи период во кој ќе имате некои компликации. Не се форсирајте премногу. БЛИЗНАЦИ Немате доволно трпение и лесно влегувате во ...

Две пријави за семејно насилство во еден ден. - На 07.06.2024 година Е.Р. (46) во ПО Шуто Оризари пријавил дека на 05.06.2024 година бил повикан во Полициското одделение од страна на полициски службеник по претходна пријава од неговата невенчана сопруга поради меѓусебна вербална расправија која се случила во населба Шуто Оризари, во која Е.Р. физички ја нападнал, соопшти МВР. Во друг случај, на 07.06.2024 во 11.15 часот во СВР Скопје, 41 ...

На 07.06.2024 година во 20.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро во близина на месноста „Баден“ во близина на охридското село Љубаништа, удавен пронајден е Л.М.(54) од Неготино. -По наредба на јавен обвинител увид на местото на настанот, извршија полициски екипи а смрт, без видливи траги на насилство, констатира лекар од Итната медицинска помош, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Телото е ...

Пожар избувна денеска во импровизиран автосервис - гаража во Ново Лисиче. Интервенирано е со две противпожарни возила и седум пожарникари. Повредени нема, причинета е материјална штета. - Пожарот е изгаснат, екипите се повлечени. Имаше опожарени едно патничко возило, дрва и некои други материјали. За среќа, нема повредени. Тоа се првичните информации, изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна бригада Звонко Томески. Материјалната ...

Емилија Мизо Димков е номинирана за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација. Од Јавното обвинителство денеска информираа дека одлуката за номинација е донесена врз основа на заклучоците од средбата одржана на 20 мај годинава со претставници од невладиниот сектор. - Номинирањето на јавната обвинителка Емилија Мизо Димков е на првична иницијатива од КВИР Центар ...

Матурантите денеска ќе го полагаат вториот, изборен екстерен испит од државната матура. Најмногу кандидати (13 198) се пријавени за тестот по Англиски јазик. Испит по Математика ќе полагаат 1356, за Германски јазик се пријавени 114, 37 за Француски јазик, 84 за Естетика и по еден кандидат за Руски јазик и за Филозофија. Минатата сабота матурантите го полагаа првиот, задолжителен екстерен испит – Мајчин јазик (Македонски/Албански/Турски) и ...

ОВЕН Обидете се да ги контролирате своите емоции, особено ако веќе не сте сигурни како се чувствувате за поединци. Штом покажете некаква слабост, ќе ја изгубите предноста која ви е потребна за да стигнете до целта во преговорите. Флексибилноста ќе ве доведе до напредок. Не дозволувајте обврските да ве оддалечат од задоволствата. БИК Токму кога мислите дека имате се под контрола, некој ќе ви ги наруши плановите. Не плашете се од патувања или ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а ...

Објаснување наместо извинување. Претседателот на Собранието бил погрешно разбран, а неговата изјава била искривена од медиумите за да привлечеле внимание. По вчерашната прозивка од мандатарот Мицкоски, и барањето да им се извини на граѓаните сега ја смени татковината. -Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а ...

Вчера во 18.10 часот во Полициската станица за граничен надзор Михајлово било пријавено дека во тунелот на „Јаворица“, во правец од Гевгелија кон Скопје, било забележано возило кое превезува мигранти, извести МВР. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово излегле на местото и затекнале патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки и при преглед во него биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија, ...

Нови 38 случаи на пертусис, народски кажано голема кашлица, се регистрирани во државава од 31 мај до 6 јуни. Од новозаболените, хоспитализирани се шест лица. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје - 26, а пријавени се и четири случаи од Битола, три од Тетово и по еден од Пробиштип, Прилеп, Куманово, Гевгелија и од Кавадарци, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
76%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1013
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.55
78%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
89%
1013
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.79
71%
1010
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1011
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
75%
1011
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
0.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52