Пукањето врз претпоставениот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп на митинг во саботата веднаш наиде на осуда од американските законодавци од двете партии. „Овој ужасен чин на политичко насилство на мирен предизборен митинг нема место во оваа земја и треба едногласно и биде осудено“, рече спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон. Само неколку минути откако Трамп беше извлечен од местото на настанот и одведен на безбедно во ...

БАТЛЕР, Пенсилванија – Доналд Трамп е добро, соопштија од неговата кампања, откако тој брзо беше отстранет од бината на митингот во Батлер, Пенсилванија, откако се слушнаа истрели од огнено оружје. „Претседателот Трамп им се заблагодарува на органите на прогонот и агентите за нивната брза акција за време на овој грозоморен чин“, рече Стивен Чеунг, портпарол на кампањата на Трамп. „Тој е добро и се наоѓа во локална медицинска установа. Ќе следат ...

БАТЛЕР, Пенсилванија – Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп за брзо беше отстранет од бината на митинг во Батлер, Пенсилванија откако се слушнаа истрели од огнено оружје. Во тие моменти Трамп говореше за имиграционата политика и покажуваше табела со броеви на гранични премини. По истрелите кои се слушнаа за време на митингот и на кои регираше насобраната толпа, Трамп посегна со десната рака кон вратот. Се забележа крв на неговото лице. ...

На неодамнешниот фестивал на марихуана во градот Њујорк, присутните отворено пушеле канабис во јавност, благодарение на неодамнешните закони на Њујорк кои им дозволуваат на граѓаните да пушат марихуана секаде каде што е дозволено пушењето тутун, вклучително и на градските улици. „Ослободувачки е на некој начин, се чувствувате толку стегнато во ова општество и во овој свет, но во градот Њујорк имаме можност да бидеме слободни во овој момент“, ...

Некои големи демократски донатори му рекоа на најголемиот про-Бајден супер ПАК, Фјучер Форвард (Future Forward), дека ветувањата за домации во вредност од околу 90 милиони долари сега се „замрзнати“ доколку претседателот Бајден остане на претседателскот ливче, според две лица кои биле информирани за разговорите, објави Њујорк Тајмс. Според Тајмс, замрзнатите придонеси вклучуваат повеќекратни обврски со осум цифри, според двете лица, кои зборуваа ...

СКОПЈЕ – Додека власта и опозицијата се препукуваат дали станува збор за поволен и неповолен кредит, јавноста и економските експерти бараат повеќе детали за кредитот од 500 милиони евра кој го најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој кажа дека овие пари ќе бидат наменети за општините и стопанството на два еднакви дела од по 250 милиони евра со истите услови, 3,25 проценти камата и грејс период од три години со рок на исплаќање од 12 години. Како ...

„Што всушност значи Сребеница? Сребреница е симбол на страдање. Сребреница е живот низ болка. Таа е симбол на преживување, симбoл на мајките од Сребреница, таа е симбол кој треба да воведе морална норма – да се биде на страната на вистината и на жртвите.“, изјави Џемил Бектовиќ. Во Собранието денеска, со ден задоцнување, беше одбележан 11 Јули - Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Пред 29 години, во период од десетина дена ...

Трката за претседател на САД останува статистички изедначена и покрај лошата дебата на претседателот Бајден пред две недели, покажа новата национална анкета на NPR/PBS NewsHour/Marist. Бајден всушност доби поен од минатомесечното истражување, кое беше направено пред дебатата. Во оваа анкета, спроведена во вторник и среда од оваа недела, тој води против Трамп со 50%-48% во меѓусебниот натпревар. Трамп има мала предност во друга анкета, 43%-42%. ...

Се прават последните подготовки на Античкиот театар, со кое ќе биде отворено уште едно издание на најпрестижната културна манифестација во Северна Македонија, фестивалот Охридско лето. 64-тото издание ќе биде отворено со палење на фестивалскиот оган и настапот на светскиот виртуоз на виолина од Литванија, Џулијан Рахлин. Тој ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, кои годинава одбележуваат осум децении од своето постоење. ...

„Надвор во Грција одевме, но сега не ми е омилена многу дестинација, поради ситуацијата. Дали се достапни дестинациите надвор од државата, па не би рекол. Зависи за кого. Кога беше Југославија одевме секаде и по десет дена“, велат граѓаните. Охрид и Грција ќе биде главен избор за одмор ова лето на македонските граѓани. Нискиот животен стандард и инфлацијата ги натера Македонците да не размислуваат многу за некои по далечни дестинации. Embed ...

Уште 32 лица загинаа во израелските напади во Појасот Газа, објави во четвртокот Министерството за здравство на палестинската територија со која управува Хамас, повеќе од девет месеци по воената операција на Хамас со Израел. Во кусото соопштение, Министерството за здравство во Газа објави дека „32 маченици, од кои повеќето деца и жени, во текот на ноќта се префрлени во болница поради континуираните масакри“ на израелските сили. Медиумите на ...

Американскиот претседател Џо Бајден се соочува со прашања од неговата партија оваа недела, додека законодавците се враќаат во Вашингтон и среде загриженоста дека лошиот настап во дебатата на Бајден ќе ги уништи неговите шанси да го победи Доналд Трамп на претседателските избори во ноември. „Тој треба да се повлече бидејќи не може да победи“, вели демократот Мајк Квигли. Конгресменот Мајк Квигли, еден од неколкуте демократи во Претставничкиот дом ...

(АФП) - Судот во украинската област Доњецк, под контрола на Русија, во петокот затвори член на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина за „шпионажа“ во пресуда што ја осуди Европската безбедносна организација. Врховниот суд на самопрогласената Народна Република Доњецк го прогласи Вадим Голда (56) за виновен и го осуди на 14 години затворска казна во казнена колонија со строг режим, се вели во соопштението на Канцеларијата на Генералното ...

Лидерите на НАТО ќе го завршат Самитот во Вашингтон денес со јасен фокус на поддршката на Украина и спротивставување на, како што велат сојузниците, растечката закана што Русија ја претставува за Европа, како што американскиот претседател Џо Бајден се соочува со зголемени повици од членовите на неговата Демократска партија да се откаже од неговата повторна изборна трка. Пред сесијата на Самитот посветена на Украина, 32-те земји од НАТО и ...

„Јас сум најквалификуван да бидам претседател, еднаш го победив Доналд Трамп и ќе го повторам тоа“, рече актуелниот американски претседател Џо Бајден за време на прес-конференција - настан под будното око на јавноста поради сомневањата за неговите психофизички способности. Бајден направи лапсус, на прашањето дали има загриженост за способноста на потпретседателката Камала Харис да го победи Доналд Трамп во случај таа да биде негов противник - ...

САД велат дека ќе работат со Северна Македонија и Грција да ги одржат придобивките од Договорот од Преспа, откако премиерот Христијан Мицкоски во јавните изјави за време на Самитот на НАТО во Вашингтон не го користеше уставното име на државата. Кога стана премиер, Мицкоски кажа дека дома ќе ја вика државата Македонија, а надвор, во официјален контекст – Северна Македонија. На прашањето на Гласот на Америка на македонски, дали САД ќе разговараат ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кажа дека премиерот Христијан Мицкоски зад затворени врати, на состанокот со сите лидери на НАТО, го користел уставното име на државата, за време на прес-конференција за грчки медиуми на Самитот на НАТО во Вашингтон. Мицотакис кажа и дека ги информирал колегите во НАТО оти Мицкоски не го спроведува клучниот член од Договорот од Преспа, а тоа е името Северна Македонија да го употребува ерга омнес, што значи ...

„Пред се, секоја земја да постигне два отсто од бруто-домашниот производ за одбраната, да се модернизираат армиите и да ѝ се помогне на Украина“ - ја пренесе пораката од средбата со секретарот за одбрана на САД Лојд Остин, Владо Мисајловски, новиот министер за одбрана на Северна Македонија. „Ние како земја - членка стасавме до 2% од буџетот за одвојување за одбраната, но мислам дека тоа не е доволно и треба да гледаме кон одделување што е можно ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски имаше средба со премиерот на Унгарија Виктор Орбан. Ја оцени како исклучителна, квалитетна и плодна средба. „Разговаравме за неколку теми меѓу кои и темата којашто можеби за македонските граѓани е најважна, а тоа е дека двете влади се договорија во иднина да воспостават специјална економска соработка, нешто што ќе значи сигурност и нешто што ќе значи финансиска стабилност за нашата македонска економија“, ...

Пред билатералната средба на самитот на НАТО во Вашингтон, претседателот на САД Џо Бајден му рече на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина. „Ќе останеме со вас, точка“, му кажал Бајден на Зеленски. Тој, исто така, кажал дека САД ќе објават ново оружје за Украина. Пред средбата со Бајден, Зеленски рече дека не може да предвиди што ќе направи Доналд Трамп доколку ја преземе претседателската ...

Камала Харис повторно се кандидира како потпретседателка на Џо Бајден во изборната трка, овојпат со повеќе од три години работно искуство во извршната власт. Но, додека таа презеде високи задачи како потпретседателка, таа исто така, се бореше да издејствува политички победи и да се поврзе со гласачите. Харис влезе во историјата на САД во 2020 година, кога стана првата жена што ја освои потпретседателската функција, како и првата црна и жена со ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган присуствува на тридневниот Самит на НАТО во Вашингтон, по години жестоки разлики со другите членки на западната воена алијанса. Аналитичарите велат дека Ердоган оди на состанокот во Вашингтон на добра основа, откако ги реши спорните прашања што ги оптоваруваа претходните самити на НАТО. „Во тоа време, проширувањето на НАТО со Шведска и Финска беше во тек, но тоа сега е завршено. Турција го поддржа и новиот ...

Лидеите на НАТО и Украина треба да се сретнат денес во Вашингтон, еден ден откако сојузниците на НАТО ја зајакнаа поддршката за Украина да се приклучи на Алијансата. Последниот ден на Самитот на НАТО, исто така, ќе вклучи разговори со лидерите од Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Европската Унија за решавање на безбедносните предизвици и соработка. Во коминикето на НАТО објавено од 32-члениот блок вчера, се вели дека патот на ...

Минатиот месец, Хосе Фернандез, претставник на американската влада во Партнерството за безбедност на минерали, сојуз на претежно западни земји формиран во 2022 година, рече дека кинеска рударска компанија користи „предаторски цени“ за да се намали цената на кобалтот извлечен од Демократска Република Конго. Бизнисите понекогаш ја користат тактиката, нелегална во некои земји, за да ја намалат конкуренцијата и да воспостават монопол. Во писмен ...

Шефовите на државите-членки на НАТО се собраа денес во Вашингтон на работна сесија на Самитот, додека се обидуваат да ја зајакнат поддршката на Алијансата за Украина и да ги подобрат сопствените напори за одбрана и одвраќање. Тие разговори се водат со месеци на пониски нивоа, вклучително и на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО претходно оваа година, но сега останува на лидерите да ги обезбедат нивните конечни договори. ...

Норвешка ќе донира шест борбени авиони Ф-16 на Украина за да ѝ помогне во одбранбените напори против руските воздушни напади, соопшти норвешката Влада во соопштението денес, додека лидерите на НАТО присуствуваат на Самитот во Вашингтон. Лидерите на земјите-членки на НАТО се подготвени да објават нова помош за Украина за да ѝ помогнат да се одбрани по руската инвазија во февруари 2022 година. Со надеж дека ќе го промени текот на војната, ...

Преговорите за прекин на огнот во Газа ќе продолжат денес. Највисоките разузнавачки претставници од Египет, Израел и од САД ќе се сретнат денес во Катар во најновите напори за обезбедување договор за прекин на огнот, според различни медиуми. Директорот на ЦИА Бил Барнс, ќе разговара со Абас Камаел, шеф на египетската Генерална разузнавачка служба и шефот на израелската тајна служба Дејвид Барнеа. Според портпаролот на Белата куќа за национална ...

Адвокатите на затворениот руски опозиционер Владимир Кара-Мурза во средата изјавија дека тој е во „релативно стабилна“ состојба откако успеале да го посетат во затворската болница шест дена по неговото примање. Кара-Мурза отслужува 25-годишна затворска казна. Тој беше однесен во болница минатата недела, а на неговите адвокати постојано им беше забранет пристапот до него, што ги зголеми стравувањата за здравјето на рускиот политичар. Кара-Мурза ...

Русија нема да присуствува на продолжението на самитот за мир во Украина минатиот месец, го цитира државната новинска агенција РИА денес заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин. Русија не беше поканета на првичниот самит во Швајцарија, на кој присуствуваа претставници на 92 земји и рече дека дискусијата за војната во нејзино отсуство е губење време. Украина рече дека сака да одржи уште еден таков самит подоцна оваа година, ...

На изградба на станбена зграда на влезот во Охрид од пред три месеци работат и неколкумина работници од Бангладеш. Сопствениците на градежната компанија биле принудени на овој чекор, поради сè помалиот број домашни работници, кои останале во земјата. „Минатата година имавме 15-20 работници кои со години работеа кај нас, но заминаа од државата и имаме недостаток на работници и моравме да побараме“, вели Шериф Кадриоски, сопственик на градежна ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
30%
1012
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
44%
1012
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
46%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
9.26
49%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.42
43%
1013
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
4.63
51%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
2.68
59%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
53%
1012
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
41%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
43%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
53%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
6.69
86%
1014
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52