
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



„Да ја знаевме проблематиката на детето со време, ќе реагиравме порано. Mатичниот лекар сосема случајно ѝ откри дека има проблем, мал проток на крв. Со понатамошни прегледи кај кардиолог и со магнетна резонанца, се виде што е проблемот и за еден месец се интервенираше“, вели Јелена Филиповска, мајка на дете со вродена срцева маана. Јелена Филиповска e мајка на дете со вродена срцева маана. Од хиперактивно дете без никакви симптоми, сосема ...
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го избра 39-годишниот сенатор од Охајо Џеј-Ди Венс за кандидат за потпретседател, на првиот ден од Републиканската национална конвенција во Милвоки. Во објавата на Truth Social, Трамп изјави дека Венс е личноста која е „најпогодна“ да ја преземе потпретседателската функција. Embed share Низ биографијата на Џеј Ди Венс, потпретседателски кандидат на Доналд Трамп Embed share The code has been ...
Фотографијата после пукањето врз републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, ја виде целиот свет. Направена од пензионираниот фоторепортер на Асошиетед прес, Еван Вучи, фотографијата гo доловува непосредниот момент по обидот за убиство на Трамп на предизборен митинг. „Тоа беше нормален митинг. Сум следел такви настани стотина пати. Но, тогаш преку моето лево рамо, слушнав неколку звуци и веднаш знаев дека е пукање”, раскажува Вучи. ...
Со оглед на тоа што големите донатори не сакаат да го задржат протокот на средствата за кампањата, а повеќе демократи јавно кажуваат дека неговите шанси за победа на изборите во ноември се намалуваат, американскиот претседател Џо Бајден, наводно, е се поблиску до откажување од трката. Денес немаше индикации од кампањата ниту од Белата куќа дека Бајден ќе се откаже. Но, ако го направи тоа, демократите мора да донесат брза одлука за тоа кој и како ...
СКОПЈЕ – Компјутерските системи во сите државни институции и критичната инфраструктура функционираат непречено откако глобалниот пад на системот на „Мајкрософт“ предизвика пречки и застои во ИТ секторот ширум светот. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потврди дека проблеми имало кај некои приватни компании и дека тие веќе се надминуваат. Според информациите на Гласот на Америка засегнати се компании од банкарскиот, ...
Кампањата на претседателот Џо Бајден одново инсистира дека тој не се повлекува, додека многу демократи на највисоко ниво сакаат тој да се повлече од изборите во 2024 година за да направи место за нов кандидат, и да се обиде да спречи партиски изборни загуби во ноември. Додека тој е изолиран поради ковид-19 во неговата куќа на плажа во Делавер, и онака тесниот круг на поддржувачи на Бајден пред неговата дебата уште повеќе се намали. ...
Рускиот суд денес го прогласи американскиот новинар Иван Гершкович за виновен за обвиненија за шпионажа и го осуди на 16 години, објавија руските новински агенции, во случајот што неговиот работодавец, „Вол Стрит Џурнал“, го нарече лажен. Судењето на Гершкович, 32-годишен Американец, кој рече дека обвинувањата против него се лажни, почна минатиот месец во градот Екатеринбург. Тој беше првиот американски новинар уапсен под обвинение за шпионирање ...
Беспилотно летало со долг дострел од иранско производство го погоди центарот на Тел Авив во раните утрински часови денес. Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути. Еден човек загинал, а полесно се ранети четворица, соопшти израелската војска и службите за итни случаи. Експлозијата, која не активирала аларми за воздушен напад, се случила неколку часа откако израелската војска потврди дека убила висок командант на Хезболах, кој ...
Избркани од татковината поради нефункционалноста на системот. Така велат дека се чувствуваат голем дел од македонските граѓани, кои заминале од државата. „Ни фалат другарите, ни фалат родителите. Но, не ни фали општеството. За да можеш да живееш мирен и нормален живот, мислам дека тоа Македонија веќе не го нуди. Не верувам дека ќе се смени во скоро време“, вели Емилија Маневска, која има 41 година. Маневска, со сопругот и тригодишното дете, ...
Глобален технолошки прекин доведе до откажување летови, погоди банки, болнички системи и медиуми денес, погодувајќи компании и услуги ширум светот, и истакнувајќи ја зависноста од софтверот на неколку провајдери. Компанијата за сајбербезбедност „Карудстрајк“ рече дека проблемот за кој се верува дека е причина за прекинот не е безбедносен инцидент или сајбернапад, и оти се работи на негова поправка. Компанијата соопшти дека проблемот настанал ...
Доналд Трамп ја прифати претседателската номинација вечерта во четвртокот на Републиканската национална конвенција. Тој на говорот опиша како се чувствувал за време на обид за атентат. „Не би требало да бидам овде вечерва“, рече Трамп во преполната конгресна сала додека илјадници луѓе внимателно слушаа. „Имаше крв насекаде, но на некој начин се чувствував многу безбедно бидејќи гопсод беше на моја страна“. 78-годишниот поранешен претседател, ...
Немирите против сириските бегалци низ неколку турски градови го поттикнаа повикот на претседателот Реџеп Таип Ердоган за дијалог со неговиот сириски колега Башар ал Асад. Ердоган сака да разговара за начин за враќање на сириските бегалци кои Турција ги прими од почетокот на сирискиот конфликт во 2011 година. „Во ова опкружување, Сиријците стануваат лесна мета, а на државата и е доста од нивното присуство, со право или не. И ова е многу силно ...
Безбедност, зајакнување на демократиите од надворешни влијанија, енергетско поврзување, справување со дезинформациите и манипулациите – ова се главните точки за кои денеска разговараше врвот на Европа кој се собра во Велика Британија на четвртиот самит на Европската политичка заедница. Клучното прашање за кое дебатираа лидерите на речиси 50 земји беше Украина. „Мора да продолжиме да ја поддржуваме Украина, сигурен сум дека лидерите за тоа ќе ...
ВАШИНГТОН (АП) - Федералниот апелационен суд го блокираше спроведувањето на планот за олеснување на студентскиот долг на администрацијата на Бајден, кој би ги намалил месечните исплати за милиони студенти. Во пресудата во четвртокот, 8-миот окружен апелационен суд го одобри барањето за административен прекин поднесен од група држави предводени од републиканците, кои бараат да се поништи целата програма на администрацијата за простување ...
Европските лидери се собраа на самит во Велика Британија, повикувајќи на единство во нивната поддршка за Украина во војната против Русија, додека претседателот на Украина го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан за неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на овој месец во Москва. Британскиот премиер Кир Стармер го отвори Самитот на Европската политичка заедница со повик до Европа да ја потврди својата поддршка за ...
Кандидатот за реизбор на претседателот Џо Бајден се наоѓа во нови превирања по извештаите дека врвните демократски лидери приватно го притиснале да ја прекине кампањата, додека Доналд Трамп треба да ја прифати републиканската претседателска номинација вечерва. Лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, лидерот на малцинството во Претставничкиот дом Хаким Џефрис и поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, изразија длабока ...
Израелскиот парламент гласаше да се спротивстави на палестинската држава како „егзистенцијална закана“, што предизвика палестински и меѓународни критики денес. 120-члениот Кнесет доцна вчера гласаше со 68 спрема 9 да се усвои резолуција, во која се вели дека палестинската држава на територија окупирана од Израел „ќе го продолжи израелско-палестинскиот конфликт и ќе го дестабилизира регионот“. Резолуцијата е симболична, но доаѓа само неколку дена ...
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, денес изјави дека новата команда на Алијансата за координација на воената помош и обука на војската на Украина ќе биде оперативна во септември. Командата ќе биде лоцирана во Германија, а генерал со три ѕвезди ќе предводи тим од 700 лица. Лидерите на НАТО се согласија на Самитот претходно овој месец да ги започнат напорите, со цел подобро да ги координираат напорите за помош на Украина и да ја ...
Американскиот новинар Иван Гершкович денес е пред рускиот суд на второто рочиште од неговото судење за шпионажа, обвинение што неговиот работодавец и Белата куќа го означија како лажно. 32-годишникот стана првиот новинар од Западот обвинет во Русија за шпионажа, откако беше приведен во март 2023 година. Тој помина речиси 16 месеци во руски притвор и се соочува со затворска казна до 20 години доколку биде прогласен за виновен. Судењето треба да ...
СКОПЈЕ – Повеќе приходи но и повеќе расходи во државната каса, со раст на јавниот долг и раст на дефицитот за над 180 милиони евра, пари за плати и пензии се обезбедени. Ребалансот на Буџетот помина кај Владата а денес одговори за прекројувањето на државната каса даваше министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Економскиот раст ќе биде намален од првичната процена, покачување на минималната плата останува неизвесно а вината ...
Претседателот Џо Бајден им рече на новинарите доцна вчера дека е добар, неколку часа откако беше тестиран позитивен на ковид-19. Белата куќа го објави ова, веднаш откако тој ненадејно го откажа говорот во Лас Вегас каде што планираше да им се обрати на латиноамериканските гласачи. 81-годишниот претседател беше позитивен на тестот по неговиот прв настан во Лас Вегас во средата и има „благи симптоми“, рече во соопштението портпаролката на Белата ...
Италијанскиот рибар Партенико Винченцо едно утро во 2022 година бил на море кога забележал брод со 24 мигранти од Африка кои се обидувале да преминат во Европа. Тој отпловил до бродот и тогаш мигрантите скокнале на неговиот чамец. Вели, не можел ништо друго да направи освен да им помогне. „Размислував за нивните семејства. Размислував многу за фактот дека ние сме само еднаш на оваа земја и мораме да си помагаме. Се обидов да направам сѐ што ...
Сенаторот Џеј-Ди Венс, изборот за потпретседател на поранешниот претседател Доналд Трамп, го зазеде централното место со главниот говор на Републиканската национална конвенција вчера вечерата, фокусирајќи се на темата за националната безбедност и надворешната политика. Со пофалби за Трамп, Венс официјално ја прифати номинацијата на неговата партија за потпретседателски кандидат. „Претседателот Трамп ја претставува последната најдобра надеж на ...
Доналд Трамп, во кампањата за претседател пред осум години, вети дека ќе ја моделира бирократијата на Вашингтон според неговата волја. „Ако бидам избран за претседател, ќе го исушиме мочуриштето во Вашингтон”, рече Трамп за време на тогашната кампања. Трамп продолжува тоа да го зборува, што значи дека сака да ги отстрани од владата оние кои наметнуваат политика, но не одговараат пред претседателот. Тоа сега е на писмено, во документ создаден со ...
Русија и Украина разменија по 95 воени заробеници денес во последната таква размена, откако Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) дејствуваа како посредник, соопштија руското Министерство за одбрана и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Руското министерство за одбрана, во изјава за апликацијата за пораки Телеграм, рече дека руските војници кои се враќаат ќе бидат пренесени во Москва на медицински прегледи и физичка и психолошка ...
Нови куќи никнуваат насекаде низ Супириор, Колорадо, каде што пред две години силните ветрови поттикнаа шумски пожари, во кои изгореа над 1.000 домови. За поголемиот дел за изградбата на нови домови се користи обичен, запалив материјал. Но, оваа нова куќа е направена од густи земјени блокови кои нема да изгорат. Ова е инженерката Лиса Мори. „Значи, клиентот ми се јави и рече дека бил поттикнат од звук на силни ветришта, и сакал дом кој е ...
Фотографија која се појави низ светот. Крвав Доналд Трамп, крената тупаница, додека агентите на Тајната служба го симнаа поранешниот претседател од бината. Направена од новинарот на Асошиетед прес Еван Вучи, сликата ги доловува непосредните последици од обидот за атентат на Трамп на предизборниот митинг во Пенсилванија во саботата. Некои американски медиуми ги опишаа сликите од тој ден како легендарни. Некои велат дека имаат потенцијал да го ...
Генералниот инспектор на Одделот за домашна безбедност денес отворил истрага за начинот на кој Тајната служба се справувала со безбедноста на поранешниот претседател Доналд Трамп на денот кога вооружен маж се обиде да го убие на собир во Пенсилванија. Во краткото известување објавено на веб-страницата на генералниот инспектор, агенцијата соопшти дека целта на истрагата е „да се оцени процесот на Тајната служба на САД (Тајната служба) за ...
СКОПЈЕ - Владата на Република Северна Македонија денес до Собранието ја достави листата со предлозите за заменици министри во владиниот кабинет на премиерот Христијан Мицкоски. За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили, дипломиран економист. Своето работно искуство го започнува во Фонд за магистрални и регионални патишта. Од 2006 до 2008 била директорка на ГЦПЦ Пошта Скопје 2, а од 2008 до 2019 била вработена во ...
Потпретседателката на САД Камала Харис, побара од изборот за потпретседател на поранешниот претседател Доналд Трамп Џеј-Ди Венс, да се приклучи на дебата на 13 август организирана од Си-Би-Ес, изјави вчера претставник од кампањата на Бајден-Харис. Харис прашала во говорна пошта до Венс откако беше избран за потпретседател од Трамп во понеделникот. Двајцата кандидати разговараа во вторникот, рече лицето, но нивните тимови сè уште не се согласија ...