
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



СЕУЛ, 23 октомври (Ројтерс) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги посети ракетните бази за да ја испита нивната подготвеност да преземат акции за „стратешко одвраќање“, истовремено нарекувајќи ги нуклеарните капацитети на САД се поголема закана за земјата, објавија во средата државните медиуми. Стратешкиот нуклеарен арсенал на САД претставува „сè поголема закана“ за безбедносната средина на Северна Кореја, која бара од Пјонгјанг да одржи ...
Британскиот премиер Кир Стармер во средата ги отфрли наводите на тимот на претседателскиот кандидат на Републиканската партија Доналд Трамп за „еклатантно странско мешање“ на неговата Лабуристичка партија во изборите во САД, велејќи дека е нормално нејзините волонтери да учествуваат во кампања. Стармер, исто така, инсистираше на тоа дека одржува „добри односи“ со Трамп, откако се сретна со него на разговори минатиот месец. Адвокатскиот тим на ...
Американскиот државен секретар Антони Блинкен во средата изјави дека убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар претставува „вистинска можност“ да се постигне договор за ослободување на преостанатите заложници кои се уште ги држи милитантната група во Појасот Газа. Зборувајќи со новинарите во Тел Авив пред да полета за Саудиска Арабија, Блинкен рече дека Израел постигнал голем број успеси во војната против Хамас, вклучително и деградирање на ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан е гласен критичар на политиките на Европската Унија. Орбан го одложи членството на Шведска во НАТО, стави вето на помошта за Киев и, откако го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ во јули, покрена неовластена мировна иницијатива за руската војна во Украина. Најновиот повик на Орбан за прекин на огнот во Украина предизвика брз одговор од претседателката на Европската комисија. „Светот беше сведок на ...
Јужна Кореја ја обновува својата закана дека ќе испрати оружје во Украина, неколку дена по објавувањето на разузнавачки информации во кои се тврди дека Северна Кореја планира да распореди голем број војници за поддршка на руската инвазија. Јужна Кореја ќе ја разгледа можноста за испраќање на Украина „оружје за одбрана и напад“, според новинската агенција Јонхап, која цитираше неименуван висок претседателски функционер во вторникот. Агенцијата, ...
Претседателот Џо Бајден во вторникот го пречека словенечкиот премиер Роберт Голоб во Белата куќа, каде што зборуваше за важноста на европското единство и ја препозна големата улога на малата централноевропска нација во најголемата размена на затвореници меѓу САД и Русија во последните децении. Бајден ја истакна клучната улога на Љубљана во размената во август, во која беа ослободени 24 лица, вклучително и тројца Американци од висок профил во ...
Со цел подигање на свеста за болеста на 21-оти век „рак на дојка“, стотина жени од целата држава, викендов учествуваа на планинарскиот марш насловен како „Титов врв со панделка“, при тоа искачувајќи се на највисокиот врв на Шар планина, Титов врв. Маршот беше организиран од страна на жени планинарски водичи, а потпомогнат од Федерацијата на планинарски спортови, со цел да се слушне гласот и пренесе пораката за навремена превенција од оваа ...
Државниот секретар Ентони Блинкен денес се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во првиот голем притисок на САД за прекин на огнот на Блискиот Исток откако Израел го уби лидерот на Хамас минатата недела, и последниот обид пред претседателските избори што може да ја нарушат политиката на САД. Блинкен ги започна своите состаноци во Израел кога Хезболах лансираше ракети кон Тел Авив и Хаифа, а израелските воздушни напади потресоа делови ...
Додека Бугарија се подготвува да ги одржи седмите парламентарни избори во последните три години оваа недела, истражувањата на „Галуп“ покажуваат дека само 10 отсто од Бугарите веруваат во интегритетот на нивните избори. Северна Македонија е рангирана на четврто место во свет во 2023 година според најголема недоверба во изборите, според „Галуп“. Малку подобар резултат има Босна и Херцеговина, која е на петто место од десет најлошо рангирани земји ...
Населението на Украина е намалено за 10 милиони или околу една четвртина од почетокот на целосната инвазија на Русија, како резултат на заминувањето на бегалците, падот на плодноста и смртните случаи во војна, соопштија денес Обединетите нации. Говорејќи на прес-конференција во Женева, Флоренс Бауер, шеф за Источна Европа во Фондот за население на ОН, рече дека инвазијата во февруари 2022 година ја претворил и онака тешката демографска ситуација ...
Рос Греј бара џип на гас кој одговара за неговото семејство и работа која се наоѓа на градилиштата. „Причината зошто гледам кинеско возило е пред сè поради цената која е многу пониска од големите марки“, вели Греј. Просечен кинески џип вреди околу половина од вредноста на некои од попознатите брендови чие производство е во други земји. Ралф Хибнер, регионален менаџер за продажба, вели дека цените за кинеските автомобили на гас ги привлекуваат ...
Сезоната на урагани во 2024 година донесе уште една моќна бура на американскиот југоисток, принудувајќи милиони луѓе да избегаат од ураганот Милтон. Гласот на Америка разговараше со Аунг Мјат Ту пред бурата да дојде до копно. „Слушнавме дека ураганот Милтон ќе го погоди регионот на заливот Тампа и бранот на бура може да достигне околу 4 метри. Така, жителите кои живеат во крајбрежните и ниските области немаат избор, освен да одат во засолниште ...
Мнозинството од 50,17 отсто гласаше „за“ на клучниот референдум во Молдавија за пристапување во Европската Унија, покажаа речиси конечните резултати денес, откако претседателката Маја Санду рече дека гласањето во неделата било нарушено со „невидено“ надворешно мешање. Тесниот финиш - со помалку од 1,5% од гласачките ливчиња што допрва треба да се пребројат - е далеку од убедливо одобрување на про-ЕУ патот, што Санду го следеше во текот на четири ...
Гласачите во Невада не одлучуваат само меѓу Доналд Трамп и Камала Харис за претседател. Тие гласаат и за прашањето 6. Лора Кембел оди од врата до врата, кажувајќи им на луѓето зошто мисли дека гласањето за заштита на абортусот е многу важно. „Пристапот до абортус всушност ми го спаси животот повеќе од еднаш, и мислам дека е важно откако „Роу против Вејд“ беше укинат, државата да не` заштити“, вели Кембел од Националната организација на жените од ...
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави 400 милиони долари во ново оружје за Украина, денес за време на посетата на Киев само две недели пред претседателските избори во САД кои предизвикуваат неизвесност за иднината на поддршката на Западот. Патувањето на Остин, неговата четврта и веројатна последна посета како шеф на Пентагон, беше со цел да се истакнат напорите на САД да му помогнат на Киев да ја зајакне својата одбрана додека ...
Северна Македонија ја доби својата „заштитена соба“, специјална просторија обезбедена од надворешни упади и обиди за прислушување, како и од можност за протекување на доверливи информации. По 7 години од иницијалниот договор дека има потреба од ваква соба, таа конечно беше финиширана и пуштена во употреба. Станува збор за просторија, во склопот на зградата на Собранието, градена по посебни стандарди и безбедносни протоколи. Владејачкото ...
Претседателската кампања во САД кулминира со последната тура собири до официјалниот ден на изборите на 5 ноември, при што демократската потпретседател Камала Харис и нејзиниот републикански противник, поранешниот претседател Доналд Трамп, се фокусираат речиси исклучиво на седум одлучувачки сојузни држави кои најверојатно ќе го одредат исходот. Повеќе од 14 милиони луѓе веќе гласале предвреме, според Изборната лабораторија на Универзитетот на ...
СКОПЈЕ – Скопската Зоолошка градина утрово беше евакуирана а откако е потврдено присуството на високо заразниот вирус „птичји грип Х5Н1“ ќе биде затворена во наредните 21 ден. Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопштија дека анализите го потврдиле присуството на овој опасен вирус од кој може да се заразат луѓето односно посетителите. Се претпоставува дека носител е гуска кој долетала во Зоолошката градина пред неколку дена. „По ...
Ако Северна Кореја испрати војници во Украина за да се борат во име на Русија, тоа значително ќе доведе до ескалација конфликтот, изјави во денес шефот на НАТО Марк Руте на платформата на социјалните мрежи Икс. Руте, кој ја презеде функцијата во НАТО на почетокот на месецот, рече дека разговарал со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол за блиското партнерство на Алијансата со Сеул, фокусирајќи се на одбранбената индустриска соработка и ...
Израелската војска денес се извини за убиството на тројца либански војници во напад во јужен Либан, додека американски претставник пристигна во Бејрут на разговори со либански официјални лица за потенцијалните услови за прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хезболах, со седиште во Либан. Портпаролот на израелската војска рече дека нападот во неделата погодил возило во сопственост на либанската Армија и дека Израел не дејствува против ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес заминува за Блискиот Исток, соопшти Стејт департментот, додека Вашингтон се залага за започнување на преговорите за прекин на огнот за ставање крај на војната во Газа, по смртта на лидерот на Хамас Јахја Синвар. Патувањето на највисокиот американски дипломат во регионот, негово единаесетто по нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година од страна на палестинската милитантна група Хамас што ја ...
Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин денес беше во ненајавена посета на Украина во знак на поддршка за украинската војска, како и да се состане со украинските лидери. Пентагон во соопштението рече дека Остин, исто така, „ќе одржи говор кој ќе нагласи како Украина вешто возвратила против војната на Путин, посветеноста на САД да осигураат дека вооружените сили на Украина ги имаат потребните капацитети на бојното поле и зошто борбата на Украина ...
Ова не е прв пат кандидатката на Зелената партија Џил Стајн да се кандидира за претседател на САД. Во 2016 година, Стајн доби нешто повеќе од 1% од гласовите. Многу демократи веруваат дека тие гласови ја чинеле Хилари Клинтон претседателската функција. Во Мичиген, на пример, Доналд Трамп ја победи Хилари Клинтон со помалку од 11.000 гласови, додека Стајн доби над 51.000 гласови. Некои експерти велат дека не е јасно оти сите гласови за Стајн би ...
Во северозападна Сирија, на линијата на фронтот меѓу бунтовниците и силите на Дамаск, се наѕира нова опасност. Уште една жртва на самоубиствен напад со дрон е итно пренесена во болница. Овој човек ги следи нападите со беспилотни летала за бунтовничките сили и цивилите во северозападна Сирија. „Абу Амин“ е прекарот што го користи од безбедносни причини. Тој вели дека Дамаск и неговите руски поддржувачи распоредиле стотици мали, но смртоносни ...
Електронски пошти со закани за терористички напади предизвикаа евакуација на стотици бизниси, медиуми и странски амбасади во Украина оваа недела. Украинската национална полиција претреси десетици имоти кои беа цел на заканата, вклучително и канцеларијата на сестринската мрежа на Гласот на Америка во Киев, Радио Слободна Европа (РСЕ), според извештаите. Полицијата соопшти дека при претресите не биле пронајдени докази за експлозив. Министерството ...
Родителите на професорот по офталмологија и пластичен хирург Јуриј Билик се од Украина, но тој е роден во САД и има длабоки врски со родната земја на неговите родители. „Украинската заедница го знае мојот телефон, локалните организации исто така, и тие ми се јавуваат“, објаснува Билик. Го нарекуваат Билик затоа што работи во очната болница Вилс во Филаделфија, Пенсилванија, која има големо украинско население и затоа што е во необична позиција ...
Претседателските избори на 5 ноември предизвикуваат вознемиреност кај речиси три четвртини од граѓаните, според анкета на Американската асоцијација на психијатри. Некои психолози овој феномен го нарекуваат „изборно стресно пореметување“. „Политичката клима и дискусиите за изборите станаа многу интензивни и предизвикуваат многу повеќе поделби. И се прашувавме дали ова има влијание врз поединци. И, секако, самопријавеното искуство беше дека, ...
Невада — дом на 3,1 милиони луѓе — веројатно е најпозната по Лас Вегас — нејзиниот најпознат град, познат и како Град на гревот. „Тие се малку парадокс. Мислам, се гледаат како можеби либерална држава. Тоа беше првата сојузна држава што навистина го поттикна разводот без никој да е виновен. Во одредени окрузи има коцкање, се дозволува проституција, но има и присуство на конзервативност во некои аспекти“, вели Том Рејли од Државниот универзитет ...
СКОПЈЕ – Таткото Александар испратил порака со текст „Кажете само колку треба“ во вибер група на родители и експресно ја избришал но неколкумина ја виделе и успеале да ја зачуваат а два часа по грабнувањето се движел по истата рута како и киднаперите. Ова беше само дел од сведочењето на Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје на денешното рочиште на судскиот процес за двојното убиство на четиринаесетгодишната Вања ...
Зголемените докази за проширување на военото партнерство меѓу Северна Кореја и Русија предизвикуваат повторна загриженост во Вашингтон, каде што властите гледаат како Москва прави решителен, но очајнички притисок да напредува во војната против Украина. Зголеменото чувство на вознемиреност доаѓа по наводите на сојузникот на САД, Јужна Кореја, дека Северна Кореја испратила 1.500 војници од своите специјални сили во Владивосток, Русија, на ...