Дона Вест, долгогодишна демократска активистка, не само што ги организира гласачите за потпретседателката Камала Харис од нејзината гаража во Лас Вегас, Невада, туку таа вели дека исто така помага демократската сенаторка Џеки Розен да го задржи нејзиното место во Сенатот на САД. „Колку повеќе можеме да излеземе и да разговараме со гласачите, толку повеќе сум уверена дека ќе ја вратиме Џеки во Сенатот и ќе освоиме мнозинство“, вели Вест. Невада е ...

„Постојани и одлучни чекори се неопходни за забрзување на спроведувањето на реформите и напредок во пристапувањето кон Европската Унија“ – Брисел ја испрати пораката до Скопје во извештајот за Северна Македонија, документ кој Европската комисија го изготвува секоја година за секоја од земјите-кандидатки при што не беше пропуштено да се повтори дека во оваа геополитичка ситуација „во интерес на Европа е да продолжи да се проширува“. Embed share ...

Доматите, кромидот и дињите штотуку се собрани од деокупираната територија на регионот Харков, вели волонтерката Мерјам Јол. Јол, некогашна продуцентка за на реклами, родена е и израсната овде. Од руската инвазија во 2022 година, таа го посвети целото свое време и енергија на волонтерската работа, најпрво приклучувајќи се на регионалната добротворна организација наречена Волонтерска. Потоа, во пролетта, таа заедно со пријателка започнале ...

Новинарката од Хонг Конг, Ширли Леунг се сеќава на денот кога хонгконгскиот весник Епл Дејли беше принуден да се затвори во 2021 година. „Затворањето на Епл Дејли за мене и за некои мои колеги беше многу трауматично”, вели Леунг. Леунг беше репортерка во Епл Дејли. По затворањето на весникот, таа кратко работеше како фриленсерка во Хонг Конг. Во 2023 година, таа се пресели во Тајван за да основа нов медиум наречен Фотон Медиа, кој обезбедува ...

Најмалку 51 лице загина во поплавите што во вторникот го зафатија источниот шпански регион Валенсија, откако дождот ги остави патиштата и градовите под вода, соопштија во средата локалните власти. Спасувачите успеаја да спасат неколку луѓе, а итните служби се обидуваат да стигнат до најтешко погодените области. Карлос Мазон, регионален лидер на Валенсија, рече дека некои луѓе останале изолирани на недостапни локации. „Ако (услугите за итни ...

Американската потпретседателка Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп денеска на политичката сцена беа во потрага по која било предност што би можеле да ја најдат шест дена пред претседателските избори кои можеби се најнепредвидливите во последните децении. Харис, како демократска кандидатка и Трамп, нејзиниот републикански противкандидат, и двајцата беа во Северна Каролина пред да се упатат кон Висконсин, а Харис исто така водеше ...

Американски посредници работат на предлог за ставање крај на непријателствата меѓу израелската војска и либанската вооружена група Хезболах, кој вклучува 60-дневен прекин на огнот, изјавија во средата за Ројтерс два извори запознаени со разговорите. Изворите - лице запознаено со разговорите и висок дипломат кој работи во Либан - изјавија дека двомесечниот период ќе биде искористен за финализирање на целосната имплементација на Резолуцијата 1701 ...

Во индустријата во која често доминираат студија со огромни буџети во Холивуд, влегува мало македонско студио за анимација со амбициозна агенда. Посветен тим на уметници, сценаристи и аниматори, во студио со седиште во Дебар Маало во Скопје „V House Animation“ создаваат анимирани серии за светскиот пазар. Извршниот директор на компанијата, Дамјан Митревски, за Гласот на Америка на македонски го опишува процесот: Embed share Анимирани ...

Американската потпретседателка Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп ги прават последните напори да освојат гласови, една недела пред изборите. Харис, кандидатка на Демократската партија, ги даде своите таканаречени „завршни зборови“ во говорот во вторникот вечерта во близина на Белата куќа, додека Трамп одржуваше предизборен митинг во Пенсилванија, една од седумте држави кои веројатно ќе бидат клучни во одредувањето на победникот ...

Израелската војска во средата издаде нови предупредувања за евакуација на луѓето во делови од долината Бека во источен Либан, предупредувајќи на воени операции против цели на Хезболах во областа. Портпаролот на израелските одбранбени сили рече дека луѓето во Баалбек, Аин Бурдеј и Дорис треба да ги напуштат своите домови. Израелските сили често ги следеа ваквите предупредувања со воздушни напади додека ја спроведуваат кампањата што израелските ...

Палестинецот Фахри Абу Диаб е роден пред 62 години во оваа куќа во областа Силван во Источен Ерусалим, во населбата наречена Бустан. Но, на почетокот на оваа година, израелските власти ја урнаа неговата куќа, велејќи дека е надградена без дозвола. „Сега моите деца и внуци изнајмуваат куќи, а јас правам тука една соба со ходник и бања. Сега ми кажуваат дека целосно ќе ја рушат. Каде да одам? Немам каде да одам, ќе станам бездомник”, вели Диаб. ...

СКОПЈЕ – Државата наредната година ќе собере 13 отсто повеќе пари но истовремено ќе потроши и 10 отсто повеќе. Предлог буџетот за 2025 година помина на денешната владина седница и изнесува рекордни 6,5 милијарди евра. Приходите се проектираат на 5,8 милијарди евра. Во Буџетот, според министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска се обезбедени пари за повисоки пензии и плати, како и пари за општините и поголеми дотации. „За плати ќе има ...

Германија го отповика својот амбасадор во Иран поради пријавената егзекуција на германско-иранскиот државјанин Џамшид Шармахд и го повика иранскиот вршител на должноста да го изрази протестот на Берлин против убиството, соопшти во вторникот германското Министерство за надворешни работи. „Го испративме нашиот најсилен протест против дејствијата на иранскиот режим и го задржуваме правото да преземеме понатамошни дејствија“, се вели во објавата на ...

Али Ахмети му напиша, а Христијан Мицкоски сѐ уште не го прочитал писмото - комуникацијата меѓу лидерот на ДУИ и премиерот преминува од јавни изјави во официјални дописи. Првиот човек на „интегративците“ реши писмото во кое на Мицкоски му укажува на, како што ги нарекува, одредени лоши трендови во државата да го обелодени пред граѓаните. Писмото, според Ахмети, е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Северна Македонија во ...

Саудиска Арабија е „посветена“ на одржување на капацитетот на сурова нафта на 12,3 милиони барели дневно, изјави во вторникот министерот за енергетика, принцот Абулазиз бин Салман. Говорејќи на конференцијата Иницијатива за идни инвестиции во Ријад, тој рече дека најголемиот светски извозник на нафта ќе ги задржи своите цели на сурова нафта, а истовремено ќе ги следи и своите климатски цели. „Ќе ја заработиме секоја молекула енергија што ја има ...

Кинескиот претседател Шји Џинпинг побарал од американскиот претседател Џо Бајден минатата година да го смени јазикот што САД го користат кога разговараат за нивната позиција за независноста на Тајван, според двајца американски претставници запознаени со приватниот разговор. За време на состанокот Бајден-Шји минатиот ноември во близина на Сан Франциско, Шји и неговите соработници побараа од Бајден и неговиот тим да го изменат јазикот во ...

На Германија и требаат и структурни реформи и повеќе инвестиции во јавната инфраструктура за да се надмине рецесијата, изјави европскиот шеф на Меѓународниот монетарен фонд во интервју за Зидојче Цајтунг. „Без функционална инфраструктура, не може да има продуктивна економија“, рече Алфред Камер за весникот во интервју објавено во вторникот. Со цел да се мобилизираат повеќе пари, исто така би имало смисла да се ревидираат сегашните правила за ...

Додека Израел ја продолжува својата офанзива во Либан, се` повеќе бегалци бегаат од конфликтот во соседна Сирија. Обединетите нации велат дека над четврт милион избегале, многумина Сиријци кои бараа засолниште во Либан од граѓанската војна во Сирија. Се предупредува дека бројките би можеле да се зголемат доколку продолжат борбите, преоптоварувајќи ја Сирија и испраќајќи повеќе бегалци во Турција, создавајќи хуманитарна криза. „Не зборуваме само ...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол изјави дека воената соработка меѓу Северна Кореја и Русија „претставува значајна безбедносна закана за меѓународната заедница“. Коментарите на состанокот на кабинетот во Сеул уследија по изјавата на Јун во понеделникот дека распоредувањето на севернокорејските трупи на бојното поле во Украина може да се случи „побрзо отколку што се очекуваше“, според проценките на јужнокорејското разузнавање. ...

Во една деловна зграда во Рослин, Вирџинија, овие новинари се подготвуваат да ги следат изборите во САД. Но, нивната обука не е поврзана со клучните сојузни држави или за анкети. Наместо тоа, таа е фокусирана на безбедноста: физички, дигитално и емоционално. Работилниците се дел од иницијативата на Меѓународната женска медиумска фондација. Обучувачите велат дека идејата е да се подготват новинарите. Тие ги учат новинарите како да избегнат да ...

Палестинските здравствени власти соопштија дека израелски воздушен напад во вторникот погодил петкатна станбена зграда во северниот дел на Газа, при што загинале најмалку 60 луѓе. Нападот се случи во Беит Лахија, каде што официјалните лица соопштија дека 17 други лица се исчезнати по нападот. Засега нема коментар од израелската војска. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го критикуваше законот усвоен од израелскиот парламент со кој се ...

ТБЛИСИ – Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во Грузија, откако и честиташе на владејачката партија за победата на изборите за кои опозицијата вели дека биле нарушени со прекршување на гласањето. Изборна комисија на Грузија соопшти дека „Грузиски сон“ победи на изборите во саботата со речиси 54 отсто од гласовите, но опозициските партии ги оспорија резултатите и повикаа на протести. Изборните резултати се удар за прозападните ...

Државите тешко погодени од ураганот Хелен кон крајот на септември и ураганот Милтон на почетокот на овој месец се обидуваат да се вратат во нормала, со повторно снабдување со електрична енергија и отстранување на отпадот. Претседателот Џо Бајден ги посети погодените области во Флорида претходно оваа недела. „Не како демократи или републиканци, туку како Американци, Американци на кои им треба помош и Американци кои би ви помогнале доколку сте во ...

Претседателот на САД Џо Бајден денеска го оствари своето право на предвремено гласање на општите избори 2024 година во Одделот за избори во сојузната држава Делавер, недалеку од неговиот дом надвор од Вилмингтон, Делавер на место за предвремено гласање, каде гласачите беа наредени по улицата за да гласаат. Бајден разговараше со гласачите додека чекаше на ред да го даде својот глас и помогна да турне постара жена во инвалидска количка која беше ...

Од коригирање на погрешни и дезинформации за имигрантите до објаснување како и каде да гласаат, на латиноамериканските медиумски куќи во САД им е отежната работата. „Ние сме во изборна година. Луѓето бараат повеќе информации и поставуваат повеќе прашања. Кога објавуваме сторија, секогаш добиваме прашања за неа“, вели Клаудија Хинестра од „Ел Темпо Латино“. Embed share Теории на заговори и лажни информации се шират низ латино заедницата во САД ...

ВИЛИНУС – Опозициските социјалдемократи победија на парламентарните избори во Литванија во неделата, на кои доминираше фрустрацијата од трошоците за живот и загриженоста поради потенцијалните закани од соседна Русија. Левоориентираната групација вети дека ќе ја одржи големата програма за трошоци за одбрана на балтичката држава, истовремено критикувајќи ја коалициската влада на десниот центар на премиерката Ингрида Симоните поради зголемувањето ...

Грузиската опозиција најави голем митинг за понеделник, повикувајќи ги следбениците да излезат на улиците за да се спротивстават на, како што ги нарекуваат, фалсификуваните избори кои и донесоа победа на владејачката партија „Грузиски сон“. Зборувајќи заедно со лидерите на опозицијата во претседателската палата, претседателката на Грузија Саломе Зурабичвили го нарече гласањето „целосно фалсификувано“. Прелиминарните резултати, со пријавување на ...

Стоби не е само тоа што сега го гледате. Тоа е површина од 27 хектари под чија земја сè уште стојат одговори за еден цивилизациски напредок. Така објаснува директорот на Археолошкиот локалитет „Стоби“, Спасе Перовски. „Јас во една прилика кажав дека Стоби е златната белегзија на Македонија. Тоа и навистина е така. Ние имаме површина од 27 хектари затворена со жица, а во чијашто земја лежи неверојатно богатство“, вели Перовски. Embed share Можат ...

Украинската војска денеска соопшти дека руските сили во текот на ноќта нападнале со 100 беспилотни летала насочени кон области низ целата земја. Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 66 од беспилотните летала, а повеќето од пресретнувањата се извршени над регионите Черкаси, Хмелницки и Киев. Украинската воздушна одбрана исто така собори беспилотни летала над Чернихив, Дњепропетровск, Харков, Кировохрад, Миколаев, Полтава, Ривне, ...

Критичарите велат дека образовниот систем е една од примарните цели на руската милитаристичка пропаганда од почетокот на целосната инвазија на Москва на Украина пред две години. Фокусот е на најмладите, вели протераната руска професорка по антропологија Александра Аркипова. „Училиштата се под многу поголем притисок, особено јуниорските училишта. Децата постојано се учат да се навикнуваат на идејата дека „војна – ова е добро, милитаризација и ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
34%
1010
weather icon

Белград

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
43%
1010
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
3.09
43%
1010
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
33%
1011
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.32
37%
1011
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.45
44%
1010
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.6
47%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
46%
1010
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
46%
1010
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
39%
1011
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
45%
1010
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
59%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52