
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



ВАШИНГТОН (AП) - Бајден и Харис ги посетија националните гробишта во Арлингтон во првото заедничко појавување по загубата на изборите. Претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис се појавуваат заедно за прв пат откако таа ги загуби претседателските избори од републиканецот Доналд Трамп. Бајден и Харис учествуваат на годишното одбележување на Денот на ветераните на националните гробишта Арлингтон во понеделникот. Тие положија венец ...
Том Хоман, поранешен в.д директорот на Службата за имиграција и царинско спроведување во последниот мандат на Трамп, ќе биде задолжен за ситуацијата на границата во новата администрација. „Задоволство ми е да објавам дека поранешниот директор на Службата за имиграција и царинско спроведување, Том Хоман, ќе биде дел од новата администрација на Трамп и ќе се занимава со државните граници“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“. Се ...
Конференцијата на Обединетите нации за климата КОП29 започна во Баку, главниот град на Азербејџан. На врвот на агендата годинава на годишната конференција е прашањето за финансирање на чисти алтернативи на фосилните горива кои предизвикуваат климатски промени. Самитот на ОН за климата се одржува со учество на земји кои се подготвуваат за тешки разговори за финансии и трговија, по една година природни катастрофи што ги поттикнаа земјите во развој ...
Американскиот претседател Џо Бајден ќе разговара за врвните домашни и надворешнополитички приоритети со новоизбраниот претседател Доналд Трамп кога двајцата ќе се сретнат во среда и ќе го повика да не ја напушта Украина, изјави во неделата советникот за национална безбедност Џејк Саливан. Трамп, републиканец, ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, откако ја победи потпретседателката Камала Харис на претседателските избори на 5 ноември. Бајден ...
Доналд Трамп ја избра републиканската претставничка Елиза Стефаник да служи како амбасадорка на САД во Обединетите нации, рече новоизбраниот претседател во изјава споделена со Ројтерс во понеделникот. „Чест ми е што ја номинирав претседавачката Елиза Стефаник да служи во мојот кабинет како амбасадорка на САД во Обединетите нации. Елиза е неверојатно силна, тврда и огромен броец на „Америка на прво место““, рече Трамп. Стефаник, претставничка на ...
Планинскиот коридор Вахан во провинцијата Бадахшан во североисточниот дел на Авганистан порано бил дел од историскиот Пат на свилата што ја поврзува Кина со Западот. Талибанците првпат објавија во јануари дека го завршиле патот направен со ситен кршен камен што го поврзува Авганистан со Кина. Сега останува негово свечено отворање. „Оваа рута од Патот на свилата е завршена и наскоро ќе биде пуштена од високи функционери на Исламскиот емират“, ...
На крајот, победата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на минатонеделните национални избори во 2024 година за нов четиригодишен претседателски мандат во Белата куќа беше убедлива. Пред изборите на 5 ноември, националните анкети покажаа дека потпретседателката Камала Харис има мала предност пред Трамп, можеби процентен или два, во зависност од истражувањето. Харис, демократска кандидатка и Трамп, републиканец, беа практично во ...
Со освојување на гласовите во сојузната држава Аризона, која важеше за една од неизвесните држави, Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД ја комплетира победата со освоени 312 електорски гласови, наспрема 226 електорски гласови за неговата противкандидатка, Камала Харис, проектираа американските медиуми. На изборите во 2020 година, токму гласовите од Аризона беа клучни за победата на демократот и актуелен претседател на САД, Џо Бајден. ...
Директорот на Битолскиот театар, Васко Мавровски, е горд на богатата роденденска програма: Embed share Битолскиот театар слави осум децении постоење Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:05:00 0:00 Direct link „Покрај премиерата која што ја подготвуваме во рамките на оваа праслава 80 години, до сега реализиравме, во месец и неколку ...
„Вакви наоди се откриваат еднаш во векот и ние ги нарекуваме епохални откритија. Ова одекна како археолошка бомба не само во Македонија, туку и во регионот. Ова е историја. Како што беше историја 1918 и 1932 година, откривањето на Требеништа, така е и историја 2024 година, откривањето кај Корошишта“, вели Перо Арџанлиев, археолог и раководител на проектот за истражување. Две гробници од архајскиот период од 6-ти век пред нашата ера, со 80-тина ...
За авионите кои летаат околу конфликтните зони, постојат очигледни опасности. Либанската компанија Middle East Airlines продолжи да лета од аеродромот во Бејрут во текот на тековниот конфликт на Хезболах и Израел. Но, далеку над борбите на теренот, постојат дополнителни опасности. Истражувачите велат дека регионот забележал голем пораст на електронското војување. Глобалниот систем за позиционирање на авионите или сателитските сигнали ГПС – ...
За Тре Милан Бјукенан, „уметноста“ е мода. Тој е дизајнерски чирак во СоХарлем, инкубатор за новите модни дизајнери и претприемачи во њујоршката населба Харлем. „Сакам да создавам облека каква што носите, но таа може да се обликува, па дури да се направи различен модел или различна ткаенина на нешто што може да ја направи уште подобра од тоа што е“, вели Милан. Но, во градската ултра-конкурентна модна индустрија, Бјукенан нема илузии за ...
За прв пат по четири години, републиканците ќе имаат мнозинство во Сенатот на САД. „Ова е секако радосен ден за републиканците“, изјави Мич Меконел, лидер на малцинството во Сенатот. Embed share Републиканците добија мнозинство во Сенатот првпат после четири години Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:01:59 0:00 Direct link ...
Кога беа пребројани гласачките ливчиња и беше прогласена победата на Доналд Трамп во претседателската трка во средата рано наутро, веднаш започна друга трка: 11-неделен спринт за екипирање на новата администрација која ќе треба да биде подготвена да ја преземе власта на 20 јануари. Администрацијата на претседателот вклучува илјадници именувани лица, но во првите недели по изборите, фокусот ќе биде ставен на идентификување на луѓето кои ќе го ...
Разновидна театарска група составена од актери од поранешните југословенски републики, од Охрид, каде деновиве ја играа детската театарска претстава „Цветот на вљубената пчела“, тргнаа во хумана мисија. Целта е собирање средства за помош на населението во регионот на Јабланица и Коњиц, кои претрпеа најмногу оштетувања во неодамнешните поплави во Босна и Херцеговина. Embed share Театарска хуманитарна мисија тргна од Охрид за поплавените во БиХ ...
РИО ГРАНД СИТИ, Тексас (АП) - Семејството на Хорхе Базан живее на границата меѓу САД и Мексико со генерации и гласало за демократите онолку долго колку што се сеќава. Тој оваа година ја прекрши семејната традиција и гласаше за Доналд Трамп бидејќи не верува во економската политика на Демократската партија. „Мислам дека заборавија на средната класа“, рече Базан, кој работи за комуналното претпријатие во Рио Гранде Сити, регион каде живее голема ...
(Ројтерс) - Русија започна канонада од беспилотни летала и проектили врз Украина во текот на ноќта, при што загина еден цивил и ранети се повеќе од 30 луѓе во центарот, југот и североисточна Украина, соопштија во петокот украинските власти. Руските сили лансираа 92 беспилотни летала и пет проектили во 12 украински региони, соопшти украинското воздухопловство. Соборени се шеесет и два беспилотни летала и четири проектили, се вели, а 26 беспилотни ...
Анкетите во пресрет на претседателските избори најавуваа тесна трка за водечката позиција во земјата. Но, Доналд Трамп доби голема поддршка и лесно ја победи потпретседателката Камала Харис на изборите на 5 ноември. „Дојдоа од сите страни, од синдикатите, не-синдиката, Афроамериканците, Хиспаноамериканците, азиските Американци, арапските Американци, Американците муслимани. Ги имавме сите“, истакна Трамп во говорот во ноќта на изборите. Трамп, и ...
Макс Креш е меѓу 300 илјади израелски армиски резервисти кои се јавија на должност по минатогодишниот напа на Израел на 7-ми октомври. Тој служел неколку месеци како борбено медицинско лице на границата со Либан. Но, кај него почнале да се развиваат дилеми. Кога неговата единица повторно била повикана пред неколку недели, на командантот му кажал дека нема да се појави. „Ако продолжам да служам тоа ѝ помага и ѝ дава легитимитет на оваа ужасна и ...
ЖЕНЕВА, 8 ноември (Ројтерс) - Канцеларијата за човекови права на ОН рече во петокот речиси 70 отсто од жртвите во војната во Газа се жени и деца, и го осуди она што го наречен систематско кршење на основните принципи на меѓународното хуманитарно право. Бројката на ОН ги опфаќа првите седум месеци од конфликтот меѓу Израел и Хамас во појасот Газа кој започна повеќе од една година. 8.119-те жртви кои што ги потврди Канцеларијата за права на ОН за ...
Голанска Висорамнина (АП) - Израелските жители на „Трамп Хајтс“ го поздравуваат изборот на нивниот истоименик, надевајќи се дека враќањето на Доналд Трамп на претседателството на САД ќе внесе нов живот во оваа мала, оддалечена населба во централната Голанска Висорамнина. За време на неговиот прв мандат, Трамп стана првиот и единствениот странски лидер што ја призна контролата на Израел врз Голан, кој го одзеде од Сирија во војната на Блискиот ...
Претседателот Џо Бајден на прес-конференцијата од Белата куќа изјави дека им наредил на своите вработени да се погрижат да нема застој во транзицијата кон втората администрација на Доналд Трамп. „Вчера разговарав со новоизбраниот претседател Трамп за да му честитам за победата и го уверив дека ја насочувам целата моја администрација да работи со неговиот тим за да обезбеди мирна и лесна транзиција. Тоа е она што американскиот народ го ...
СКОПЈЕ - Аналитичарите се децидни дека поддршката за Македонија нема да запре, а евроинтеграциите, трговијата и економијата ќе бидат приоритет. Сепак дали и кога фокусот ќе се сврти на регионот останува да се види. „Генералната политика на САД кон Балканот нема да се смени и ќе продолжи притисокот за забрзана евроинтеграција на Западен Балкан, но алатките како тоа ќе се случи и играчите преку кои тоа ќе се остварува може да се сменат. ...
(Ројтерс) - Германија уапси државјанин на САД, осомничен дека нудел разузнавачки информации за американската војска на Кина, кои ги стекнал додека работел за војниците стационирани во Германија, се вели во соопштението на федералното обвинителство во четвртокот. Човекот, идентификуван само како Мартин Д. според германскиот закон за приватност, е обвинет дека се изјаснил дека е подготвен да работи како агент за странска разузнавачка агенција, се ...
Пратеничката во Собранието на Северна Македонија и претседателка на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, за Гласот на Америка на македонски вели дека претседателските избори во САД поминале во фер, демократска и мирна атмосфера со висок степен на демократија. Embed share Моника Зајкова од Вашингтон: Изборите во САД беа одраз на високиот степен на демократија во државата Embed share The code has been copied to your clipboard. The ...
„Промена на Уставот, ништо повеќе, ништо помалку“ – тоа е позицијата на каднидатката за нов еврокомесар за проширување за иницијативата што ја турка новата Влада во Скопје за уставни измени со одложено дејство. Марта Кос, која ако биде потврдена од Европскиот парламент, ќе го преземе овој за Северна Македонија, клучен ресор во новата Европска комисија, денеска се соочи со низа прашања од европратениците за тоа како планира да го води ...
Во историски пресврт, гласачите-муслимани и арапските Американци ја прекинаа дводецениската лојалност на демократите, поделувајќи го најголемиот дел од своите гласови за новоизбраниот претседател Доналд Трамп и кандидатите од трета партија на претседателските избори во вторникот. Егзодусот на гласови, поттикнат од гневот поради справувањето со војната во Газа од страна на администрацијата на Бајден, му помогна на Трамп да ги освои клучните ...
Лидерите од Кина и Тајван му ја честитаа победата на Доналд Трамп на националните избори, и покрај зголемената неизвесност за тоа како неговиот втор претседателски мандат може да влијае на динамиката низ Тајванскиот теснец. Кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика Кина и Соединетите Држави да го најдат вистинскиот начин да се сложуваат во новата ера, за да имаат корист „и двете земји и поширокиот свет“. Тој се надева дека двете страни „ќе ги ...
За жал во нашата институција минатата година беше 22-годишно девојче, објаснува Тони Чифлигароски, лекар-радиолог во Општата болница во Охрид и укажува дека бројот на новозаболени жени од рак на дојка во земјата е сè поголем. Загрижувачки е фактот што се намалува и старосната граница. Со цел навремена превенција и охридската болница е дел од програмата на Министерството за здравство, за бесплатни скрининг прегледи за жени од 40 до 69 години. На ...
(Ројтерс) - Британската влада во четвртокот соопшти дека го вовела својот најголем пакет санкции во последните 18 месеци против Русија, насочени кон луѓето вклучени во војната во Украина, африканските платенички групи и нападот со нервен агенс на британска територија. Министерството за надворешни работи во Лондон соопшти дека санкционирало 56 субјекти и поединци, со цел да им наштети на воените напори на рускиот претседател Владимир Путин и на ...