Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Соопштение на СДСМ: Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упатуваме искрени честитки до припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, до сите сегашни и поранешни воени лица, како и до нивните семејства, по повод 18 август – Денот на Армијата. Армијата претставува столб на сигурноста, одбраната и стабилноста на нашата држава. Со својата посветеност, дисциплина и професионалност, армиските припадници се грижат за ...
ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ Подгответе се за пороен дожд и грмежи, локално невреме. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утре се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со засилен ветер и изолирана појава ...
Соопштение на Левица: Вчера, точно пет месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога згаснаа 62 млади животи, полицијата под команда на министерот Тошковски и ДПМНЕ, наместо да обезбеди поддршка за семејствата кои секоја сабота маршираат барајќи правда за своите деца, се обиде да спречи граѓани од други општини да влезат во Кочани и за да им дадат поддршка. Овој скандал е срам за секоја земја што сака да се нарече демократска. Да ...
На 16.08.2025 во 16:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на локалниот пат с.Босилово-с.Радово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски таблици, управувано од С.Т.(18) од с.Радово, и патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(53) од с.Босилово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Ј., а со телесни повреди се здобил возачот С.Т., ...
Полицијата информира дека денес во 01:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Гостивар, во близина на угостителски објект, патничко моторно возило „мерцедес” со германски национални ознаки, управувано од лице(22) од с.Ростуше, излетало од патот. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар, соопшти ...
На 16/17.08.2025 во Полициската станица Бит Пазар биле лишени од слобода лице(50), лице(56), лице(19), лице(18), лице(21), лице(25), лице(18) и лице(31), сите од Скопје, по претходна пријава дека на 16.08.2025 околу 19:00 часот на ул.„Славеј планина“ меѓусебно физички се пресметувале, а користеле и разни тврди и остри предмети. Со тешки телесни повреди се здобиле лице(33) и лице(27), двајцата од Скопје, а уште неколку лица се здобиле со ...
На 16.08.2025 во 04:20 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на регионалниот пат од с.Подареш кон с.Ораовица, на место викано „Смрдлива дупка“, радовишко, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „опел“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) и запрежно возило, управувано од Ј.Т.(66), двајцата од с.Подареш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички од ...
На 16.08.2025 во 13:43 часот, во ОВР Струга е пријавено дека пред угостителски објект во Струга, две лица со остри предмети го нападнале Д.Н. од струшкото село Велешта, нанесувајќи му убодни рани по телото. Тој, веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга за укажување на медицинска помош. Увид на местото на извршиле јавен обвинител и полициски екипи и по целосно расчистување на настанот, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни ...
На 16.08.2025 во СВР Велес е пријавено дека во 13:00 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „бмв“ со велешки регистарски таблици, управувано од лице(24) од село Горно Оризари, велешко и мопед „јонвеј“ со велешки регистарски таблици, управуван од маж(54) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општа болница Велес. ...
На 15.08.2025 во 09:45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Ново Село, кај с.Секирник, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотокултиватор „окај“ без регистарски таблици, управуван од Д.М.(77) од с.Секирник и товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски таблици, управувано од А.Ј.(40) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.М., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. ...
Соопштение на СДСМ: Злоупотребите со милионите евра од европската програма Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Владата на Мицкоски назначи за в.д. директор на Националната агенција за европски образовни програми лице под активна истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами. Тоа е скандал без преседан што целосно ја урива довербата во институциите. И наместо да побара одговорност ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја заташка ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска пред зградата на општината ја артикулираше веројатно најчестата забелешка што ја слуша секој локален политичар во оваа средина: Неефикасноста и неработењето на општинските служби. Наместо општи ветувања, Османи излезе со пакет конкретни механизми како јавно табло со неделен план и статус на задачи, проект „Чаир 48“ за одговор/решение на пријави во рок од 48 часа, вторник како „отворен ...
Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на обраќањето пред младите социјалдемократи на традиционалниот младински камп „Трајче Нешковски“ во Охрид остро ја критикуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ за погрешните политики и уништувањето на перспективата на младите. „Партизацијата на институциите е груба и на секое ниво. Стручни и квалитетни млади кандидати се отфрлаат, местата се полнат со партиски кадри. Младите немаат шанса дома да ...
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ ПОРАДИ ПОЖАР: Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот кој беше во прекин поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Струмица с.Куклиш поточно на влезот во село Куклиш е нормализиран. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на ...
Соопштение на ДУИ: ВЛЕН излажа кога вети 2.500 вработувања. Реалноста е сосема поинаква: стотици Албанци беа отпуштени од работа, додека новите вработувања можат да се избројат на прсти – за по некој од тесното семејство на раководителите на ВРЕДИ. Нивните ветувања станаа предмет на потсмев, до тој степен што и министерот Минчев го нарече ова ветување на Изет Меџити „Алиса во земјата на чудата“, разобличувајќи ги во секоја лага и јавно ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 15 август, во домот на улицата “Борис Бојаџиски”, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница. Додека оштетената родена 1938 година одмарала ...
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека „платите растат по 11, 12, 13 проценти на месечно ниво“ се најголемо потценување и навреда за народот. Мицкоски ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Сака да им каже дека тие не знаат дека во изминати 6 месеци платите „божем“ им пораснале за 66% или 110% за последните десет месеци? Вакви фантазии не постојат во македонската ...
На 16.08.2025 во 12:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода лице(55) од Неготино, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „рено“ со неготински регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта. На 16.08.2025 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на ...
Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, денеска во своето обраќање на 18-тиот Летен камп на СДММ порача дека младите луѓе секогаш биле и ќе бидат приоритет на социјалдемократите. „Младите се двигател на промените. Со нивната енергија, идеи и активност можеме да ја придвижиме државата напред. Затоа СДСМ секогаш ќе им дава простор младите да бидат активно вклучени во политиката и во креирањето на ...
На 15.08.2025 во СВР Велес е пријавено дека околу 15:48 часот на регионалниот пат Велес– Градско, наспроти наплатна станица Стоби, мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(52) од Градско, удрил во патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, кое од страна на Ј.К.(37) од Градско било паркирано надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал Д.Н.. Лекар од Итната медицинска помош ...
Општина Центар информира дека мини депонијата во населбата Крњево е целосно исчистена од општинските служби. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека депонијата е отстранета веднаш по алармирањето од страна на граѓанин дека во близина на игралиштето во Крњево има „мини депонија“ на самиот влез во централното подрачје на главниот град. „Со вакви брзи и ефикасни акции ја потврдуваме нашата заложба Центар да биде чисто и безбедно место за ...
Лишени од слобода возачи во Кичево, Куманово и Битола, возеле под дејство на алкохол На 16.08.2025 во 02.30 часот, на улица „Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода лице (26) од кичевското село Зајас. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Кичево запреле патничко возило „бмв“, кое тој го управувал, и констатирале дека го ...
Соопштение на ДУИ: Каде остана големото пропагандно ветување на коалицијата ВРЕДИ за 10.000 евра за секој граѓанин на нашата држава? По една и пол година власт, во пресрет на локалните избори, граѓаните сè уште не видоа ниту еден цент од оваа гласна најава. Наместо резултати, секојдневно гледаме докази за внатрешни поделби и меѓусебни обвинувања за корупција меѓу раководството на оваа коалиција. Тоа јасно покажува дека ветувањата не беа дадени ...
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од Социјалдемократскиот сојуз, Каја Шукова, денеска го посети Дневниот центар за поддршка на деца и семејства во ризик „Гнездо“ во Скопје, каде што оствари средба со програмската директорка на невладината организација „Новинари за човекови права“, Наташа Доковска. Со претставниците на „Новинари за човекови права“, кои го спроведуваат проектот „Гнездо“, Шукова разговараше за потребите на најранливите ...
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против П.Г. (59) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 7 во врска со став 2 од Кривичниот ...
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ ПОРАДИ ПОЖАР: На 15.08.2025 г. од 22:00 часот рег. пат Тетово-Јажинце поточо од с.Старо Село кон Јажинце сообраќајот ќе биде во прекин во двата правца поради настанатиот пожар каде со работни машини багери ќе се работи на ископ за тампон зона со цел да биде онеспособен пожарот. Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. СОСТОЈБА: Сообраќајот ...
Лажна е дојавата за бомба на скопскиот аеродром, извршени се потребните проверки и аеродромот повторно функционира нормално. Денеска (16.08.2025) во 02:41 часот на телефонскиот број 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој од “Меѓународниот аеродром Скопје” требаше да полета кон Турција. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и ...
Соопштение на СДСМ: Филмските изјави на Мицкоски дека „платите растат 11, 12, 13 проценти на месечно ниво“ се најголемо потценување и навреда за народот. Каде тоа растат платите месечно по 11%, 12% или 13% месечно? Значи според Мицкоски во изминатите 6 месеци платите пораснале 66%? Или 110% во изминатите 10 месеци? Граѓаните знаат дека реалноста е сосема спротивна, понижувачка и болна. Се поскапува, цените растат а платите стагнираат. Граѓаните ...
На 15.08.2025 во 19:20 часот на автопатот „Пријателство“, кај клучката за с. Прдејци, полициски службеници од ПСГН „Богородица“ ја лишија од слобода М.П.(39) од Скопје, затоа што во патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски таблички, кое таа го управувала, биле пронајдени шест лица мигранти од Египет. Претходно полициските службеници во с. Богородица забележале дека во возилото влегуваат мигранти и по преземени мерки, ...
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува длабоко разочарување и осуда за најновите измени на Изборниот законик кои предизвикуваат системска блокада на независните кандидати за градоначалници и членови на општинските совети. Зелената партија ДОМ го кажува она што сите го знаат: зад овие технички измени стојат груби политички манипулации и партиски договори што ја кршат основата на демократското учество. Согласно неодамнешната одлука на ...