Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ незнаејќи како да се извади од скандалот со Еразмус+ и вмровските шеми тешки милиони евра се дозакопа уште подлабоко. Лицето што денеска на прес конференција ВМРО-ДПМНЕ го спомена, разрешениот судија Лазар Нанев, токму Тошковски го вработи во МВР пред еден месец, како инспектор во Кавадарци. И покрај тоа што се води кривична постапка против разрешниот Лазар Нанев. Значи Валентин Манасиевски требало да го праша ...
На Листата на должници бр.08/2025 објавени се 2051 должници – правни лица (повеќе за 46 од претходната листа) и 3992 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа), информира УЈП. Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.08/2025 изнесува 12.728.077.665 денари, (повеќе за 38.111.524 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.566.974.850 денари, (повеќе за 77.001.971 од претходната листа), додека долгот за ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите граѓани кои ги исполнуваат условите дека рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија истекува на 31 август 2025 година. Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија. Право на аплицирање имаат домаќинства: со едно ...
Прес-конференција, Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ: По огормниот скандал Владата на Христијан Мицкоски мора веднаш да ја разреши в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов. Тоа е основен услов за целосно и непристрасно процесирање на предметот од Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами. Како што јавно објавивме, ОЛАФ наведува ...
Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Карпош и на Општина Сарај ќе се одржи на 15 август 2025 (петок) во салата на Советот на Град Скопје (барака ...
Членовите на Собранието и на Управниот одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, на средба со гувернерот д-р Трајко Славески, ги поздравија мерките на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги, кои веќе ги даваат првите резултати, и иницијативата на Народната банка за обезбедување поповолни услови за користење на платежните услуги за фирмите. Гувернерот Славески нагласи дека со овие мерки ...
Реакција на СДСМ: Скандалот со вмровските шеми во Еразмус+ вреден милиони евра мора целосно да биде расчистен од страна на Обвинителството и да следи одговорност. Владата назначи лице под активна истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за в.д. директор на Националната агенција. Тоа јасно ја покажува намерата на власта да ги штити партиските и бизнис интереси по секоја цена, да се обиде да влијае на случајот којшто е во ...
Соопштение на ДУИ: Демократската унија за интеграција изразува длабока индигнација и силно противење на новиот состав на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, каде што Албанците се речиси целосно исклучени од раководните и одлучувачките структури. Од вкупно 117 членови, само 4 се Албанци, шокантен показател за дискриминаторски пристап што е неприфатлив за една мултиетничка и европска држава. Уште поалармантна е целосната отсутност на ...
Соопштение на Уставниот Суд: Уставниот суд во текот на месец јули 2025 година оформи 26 нови предмети. Оформени се десет предмети во кои се бара оценување на уставност на закони и подзаконски акти, дванаесет предмети се формирани по поднесување на иницијативи за оценување на уставност и законитост на прописи, формирани се четири предмети за заштита на слободите и правата на граѓани. 1. У.бр.86/2025 Оспорен акт: Член 218 од Законот за извршување ...
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е ...
Вчера, околу триесет деца, придружени од нивните родители, учествуваа на спортската дружба со македонскиот атлетичар Кокан Ајановски. На настанот, дел од проектот „На одмор сум, во Центар сум“, децата од Центар имаа шанса да учат за атлетиката како спортска дисциплина, да трчаат и да се забавуваат покрај Кејот на Вардар. Родителите ја поздравија активноста што ја организираше Општина Центар, која ги поттикнува центарските деца да бидат активни ...
Фејсбук статус на Андреј Жерновски: Не е мал бројот на оние кои се зачудени од “кампањата пред кампања” која деновиве ја води премиерот Мицкоски. Не толку од самиот технички момент, бидејќи кај нас веќе од поодамна се дозволува предизборната кампања да започне далеку пред законски пропишаните рокови. Зачудени се од паничниот аудио и видео сигнал кој го емитира Мицкоски. Целиот во грч, со избезумен лик и пискав глас, почна да нуди и ветува се’ и ...
Поради поголем интерес на јавноста информираме дека е формиран предметот УЗ.44/2025 во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија, соопштија од Уставниот Суд. Во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука. Подносител на иницијативата: Лилјана Поповска Од наводите во иницијативата: ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска во изјава за медиуми го најави започнувањето на полагањето за стручни испити за добивање лиценци за работа во детските установи, процес кој беше во застој од 2023 година. Во своето обраќање пред медиумите тој истакна дека лиценцата за работа за воспитувачи, негувателки, стручни работници, соработници и директори е задолжителен предуслов за вработување во градинките. ...
На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во ...
Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со замена на дотраените пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри. На локациите каде што досега се употребуваа стари и дотраени садови, се поставуваат сосема нови садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Досега се заменети контејнерите на 20 локации во следните скопски општини: Ѓорче Петров – на улиците Васил Чакаларов, Ѓорче Петров и Никола Пушкаров; Карпош – ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во текот на месец јули 2025 година започна со исплата на финансиската поддршка за добитниците од претходната програма за субвенции. Средствата се исплатени на 311 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост и на 94 згрижувачки семејства. Исплатата е извршена за месеците март, април, мај, јуни и јули. Наеднаш се префрлени средствата за месеците март, април, мај и јуни. Доколку ...
Четврта година по ред, Телеком го организира онлајн гејминг турнирот T-esports Championship (TEC), кој ги обединува врвните гејмери низ Европа, вклучувајќи ги и гејмерите од Македонија, Хрватска, Унгарија, Полска и Црна Гора. Турнирот ќе започне на 8 септември, а финалето ќе се одигра на 15 и 16 ноември во Hungexpo во Будимшпешта. Најдобрите играчи од Европа ќе може да се натпреваруваат во 4 игри: Counter-Strike 2, League of Legends, Brawl ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 23-годишник, во автомобил “Опел корса” неовластено држел 57 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од околу 72 грама, наменети за натамошна продажба. ...
СВР Тетово и Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал до Основното јавно обвинителство Тетово поднесоа кривична пријава против четири лица во врска со вооружената престрелка и убиството што се случи на 10.08.2025 во Тетово. Против Р.Т. (37) од Тетово, кој беше повреден во престрелката и сместен во медицинска установа во Скопје за укажување на помош, и против 15-годишник од с. Гајре, тетовско, кој беше лишен од ...
Владата усвои нова методологија за пресметка и распределба на средства со кои општините го организираат основното и средното образование, чија примена започнува од 1 јануари 2026 година. Методологијата ја изработи Министерството за образование и наука со поддршка на УНИЦЕФ, Светска банка, Швајцарската амбасада, здружението ЗМАИ, ЗЕЛС и локалните самоуправи, а очекувањата се дека промената ќе стимулира поквалитетен воспитно – образовен процес. ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Модернизацијата и развојот на македонското здравство останува главен фокус на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел од Буџетот се одвојуваат рекордни средства кои се претвораат во вистински дела и проекти. Целосно е реновирано болничкото одделение во Клиниката за урологија со вкупна инвестиција од 300 илјади евра. Ова реконструкција е дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и ...
Интегрален текст од денешната прес-конференција на Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ: Почитувани, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фатена во голем скандал. Лице под активна истрага на ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами, Владата ja назначи за прв човек на Националната агенција која располага со парите од Еразмус +. Ова е голем пораз и за образовенниот систем затоа што целосно ја урива довербата на ...
-Ми претставува задоволство да ја отворам Свечената седница по повод одбележувањето на 24-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. Денес, 24 години по потпишувањето на Рамковниот договор, стоиме овде не само да се потсетиме на еден историски датум, туку да се потсетиме на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, изјави Христијан Мицкоски премиер на Македонија за време на свечената седница на ...
Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски ја продолжуваат грижата за учениците, обезбедувајќи им најдобри и најсовремени услови за учење и престој. Учениците во сите општински основни училишта на територија на Центар, учебната 2025-2026 година ќе ја почнат во училишни униформи коишто за првпат се воведуваат, а сите запишани првачиња ќе добијат и ранчиња со училишен прибор. „Приближно 4.700 ученици, од прво до деветто одделение од ...
– Владата молчи и никако не одговара на прашањата поврзани со скандалот со назначувањето на в.д. директорка на Националната агенција за европски образовни програми, институција која располага со милионски фондови од Европската унија преку Еразмус+. Зошто Ана Михајлов, која е под истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, е назначена за в.д. директорка на Агенцијата?, се вели во соопштението на СДСМ. – Дали ова назначување ...
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила но на граничните премини од македонска страна нема ...
По повод Светски ден на органодонорство – 13 август, Министерството за здравство информира дека на 9. август беше извршена уште една трансплантација на органи од починат донор, информира Министерството за здравство. – Голема благодарност кон семејството кое во најтешките моменти одлучи да ги донира органите. Во процесот на трансплантација беа вклучени повеќе екипи од хируршки и интерни клиники од клинички блок „Мајка Тереза“. Им благодариме за ...
Денеска (13.08.2025) во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица лишиле од слобода лице (51) од Македонска Каменица. Тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото. Малолетничката се здобила со тешки ...
Соопштение на ДУИ: Граѓаните на Чаир добро знаат кој е Изет Меџити и неговиот послушник Висар Ганиу. Знаат дека за време на нивните мандати, општината стана синоним за криминал, корупција и целосен хаос. Знаат дека наместо да живее меѓу луѓето за кои наводно се грижи, тој удобно живее во Бутел, а Чаир го гледа само како поле за лични бизниси и брзи пари. Меџити треба да одговори колку милиони евра влегле во нивните џебови од оваа корупција со ...