Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Соопштение на Влен: ДУИ ја доживува најголемата политичка ерозија од формирањето на т.н. „Европски фронт“. Две од најзначајните партии што на парламентарните избори беа дел од оваа коалиција, Демократската партија на Турците (ДПТ) и Демократската партија на Албанците (ДПА) веќе не се со ДУИ. На 14 август 2025, ДПТ официјално објави дека турската партија ја напушта коалицијата „Европски фронт“ и дека на локалните избори на 19 октомври нема да ...
Соопштение на Левица: Штрајкот на вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е аларм за целосен распад на јавното здравство. Болниците се во хаос, операциите доцнат, недостасува чиста облека, а пациентите се под ризик на зараза. На сето ова министерот за здравство, Азир Алиу, останува целосно пасивен и без конкретни одговори. Клучното прашање, кое останува неодговорено, е кој и како управува со пералната на Клиничкиот центар? ...
Тимовите на Државниот пазарен инспекторат од денес на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одредбите на владината одлука со која ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10% во трговија на големо и 15% во трговија на мало, а која ќе важи од денес 15.08.2025 година до 15.09.2025 година. Согласно одредбите на Одлуката, правните субјекти се должни покрај новата намалена цена на ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост за начинот на кој продолжува да се спроведува платеното политичко рекламирање (ППР) во онлајн медиумите. Во пресрет на локалните избори, ЗНМ повторно укажува на недостатокот на критериуми и регулација во овој сегмент, што овозможува „сомнителни“ портали без транспарентност да добиваат значителни буџетски средства. Ова создава простор за злоупотреби – дел од пријавените ...
Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период ...
Ако сте родени во знакот Вага, подгответе се – ѕвездите имаат подготвено пријатно финансиско изненадување до крајот на месецот. Планетарната поставеност, особено влијанието на Венера во хармоничен аспект со Јупитер, носи можности за дополнителен приход, покачување на плата или неочекуван бонус. Овој период е одличен за да ги наплатите старите долгови или да завршите проекти што ви ветуваат финансиска добивка. Можно е и да добиете понуда за нова ...
Соопштение за јавност на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се губи со катастрофални прес конференции и се подлабоко тоне во очајните обиди да се извади од скандалот со Еразмус+ и вмровските шеми тешки милиони евра. Познато е дека токму Тошковски го вработи разрешениот судија Лазар Нанев, во МВР пред еден месец, како инспектор во Кавадарци.И покрај тоа што се води кривична постапка против разрешниот Нанев. ВМРО ДПМНЕ да го праша Тошковски зошто го ...
Денеска (15 август) пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски по повод Денот на Армијата се обратија пред вработените при што ја истакнаа нивната професионалност и посветеност на службата. Министерот Мисајловски изрази почит и благодарност до сите жени и мажи во Министерството за одбрана и Армијата кои, како што рече, посветено ...
Реакција на СДСМ: На секојдневните јавни настапи „отворајќи“ чешми и други „мега-проекти“ Мицкоски се фали со имагинарни успеси во недостиг на реални резултати кои би го подобриле животот на македонскиот граѓанин. СДСМ јавно го прашува премиерот каде се инвестициите со кои се фали? Доколку навистина постојат наредниот пат нека се потруди нека ги научи на памет и нека ги посочи со име и онака не се премногу за да ги запамети. Изјавите како ...
Денеска (15.08.2025) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претрес на две локации кај П.Ѓ. од Гевгелија, спортски директор на ФК „Кожуф“ од Гевгелија и по спроведена предистражна постапка, а по насоки на ОЈО Гевгелија, ОКП поднесе кривична пријава против Б.Х., претседател на ФК „Башкими“ од Куманово за кривични дела „измама“ по чл.247 ст.6 од КЗ, ...
Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул.”Маршал Тито” во Тетово. Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе ...
„Ќе бидам прецизен за да не бидам погрешно разбран, зборувавме дека сме четврта економија во Европа. За жал се уште постојат такви кои на брутален начин лешинарски се обидуваат да дефокусираат, многу јасно и прецизно рековме тогаш дека станува збор за четврти најголем раст на БДП во Европа. Така и ова ние сме шеста држава по бројот, обемот и волуменот на странски инвестиции во светот според БДП, значи да бидеме прецизни, да не оставиме на овој ...
Синоќа во скопско Дебар Маало се одржа свеченото отворање на Dioptra Optics Urban Concept – модерен, урбан и единствен простор сместен во градското јадро веднаш наспроти Универзална сала. Dioptra Optics, која е лидер во оптичката индустрија со повеќе од 32 години искуство, со овој проект за прв пат во Македонија воведува store-in-store модел, со ексклузивни зони на два светски реномирани брендови: Etnia Barcelona – позната по своите автентични ...
Трикратно е зголемен бројот на заплени од мобилните царински тимови, при Одделението за оперативни работи на Секторот за контрола и истраги, во првите седум месеци од годинава. Вкупно од први јануари заклучно со 31 јули, спроведени се над пет илјади контроли, при што откриени се 199 прекршочни и кривични дела. Во овој период мобилните царински тимови запленија околу 100 илјади евра девизи, 455 штеки цигари, a откриени се и 27 случаи на повреда ...
Министерството за внатрешни работи продолжува со дигитализацијата на процесите и услугите за граѓаните кои треба да резултираат со побрзи и поефикасни услуги и заштеда на времето на граѓаните кога имаат потреба од услугите на МВР. Во таа насока со цел зголемување на ефикасноста и брзата размена на податоци меѓу институциите, Секторот за информатичка технологија при МВР изработи веб решение за размена на податоци за објавување на изгубени или ...
Интегрална изјава на премиерот Христијан Мицкоски: Почитувани претставници на медиумите, Почитувана амбасадорка на САД, Почитуван министер, Почитуван началник на Генералштабот на македонската Армија, Почитувани припадници на македонската Армија, Драги гости, пријатели, За мене претставува голема чест и задоволство што можам да бидам денеска во ова друштво. Зошто? Затоа што кога инвестирате и ја јакнете армијата тоа значи дека инвестирате во ...
„Ние во првите 6 месеци имаме некаде околу 13,5 проценти раст споредено со претходниот 6 месеци минатата година, а во делот на странски туристи скоро 20 проценти раст“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски истакна дека со организиран пристап и посветеност се постигнуваат резултати во делот на туризмот. „Знам што сработивме изминатите 6 месеци за ...
На својата последна седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки насочени кон зајакнување на системот за заштита на потрошувачите, коишто треба да обезбедат поголема транспарентност, фер практики и ефикасно постапување по поплаките на граѓаните од страна на банките и штедилниците, како и соодветни контролни механизми од страна на Народната банка во оваа област. Со Одлуката за обезбедување јасни, релевантни и навремени ...
Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. „Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ...
Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е фатена во еден од најголемите скандали со европски пари, соопшти СДСМ. „На чело на Националната агенција за европски образовни програми, институција која управува со милионски фондови од Европската унија, Владата ја назначи Ана Михајлов. Иако во Извештај на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) се наведени сериозни сомнежи за злоупотреба на над 2 милиони евра каде таа е меѓу ...
Интегрален текст од денешното соопштение на ДУИ: Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вчера пред спортистите и спортските работници во Чаир ја претстави својота сеопфатна програма за развој на спортот, изготвена врз основа на детални анализи и препораки од домашни и меѓународни експерти. Анализата откри сериозни недостатоци во спортот во Чаир: недостиг на развојна стратегија, нефункционални сали и спортски игралишта, ...
Во текот на изминатите два дена (13./14.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1455 издадени платни налози дури 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 20 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 179 возачи на ...
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со заменик-претседателката на партијата Фани Каранфилова Пановска, кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба Влатко Митовски и кандидатот за општина Ѓорче Петров Костадин Ацевски, одржа работен состанок посветен на системските решенија за управување со отпадот во главниот град и општините. Шукова потенцираше дека ситуацијата е критична: „Четири години гледаме како ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Тетово одржа работна средба со директорот на Клиничка болница Тетово, Ерзен Елези и неговиот тим, како и со претставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами. На работната средба се разговараше за приоритетите на Клиничката болница Тетово за инфраструктурно унапредување со предвидените два нови објектa, како и за реконструкција на постојните ...
Министерството за образование и наука информира дека од утре започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5.9.2025 година. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот ...
Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, открија царинска измама во висина од седум милиони денари. Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка. Против сторителите е поднесена кривична ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), каде што доби целосна поддршка за кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”. „Денеска остварив важна средба со претседателот на СКСЗМ, каде ја презентирав кампањата која ја започна нашето министерство. Презентацијата опфати сé што е постигнато досега во ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се гради колекторскиот систем во Трпејца во Општина Охрид, рече дека во втората половина на август започнува фирмата изведувач со работа, а целиот процес ќе се одвива во две фази. „Да ќе се гради. Тој е поделен во две фази колку што јас располагам со информации. Првата фаза е пречистителната станица и двата дела од цевководи, потисниот и одводниот. Па ...
„Да преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство е распишан јавен повик кои што можат да аплицираат оние семејства кои што ги исполнуваат условите за субвенционирање на сметките за електрична енергија. Повеќе од 40 милиони денари се предвидени.“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата одговарајќи на новинарско прашање дали владата ќе ги субвенционира ранливите граѓани во покривање на трошоците за електрична ...
– Би сакал само можеби да напоменам дека оние делови од оваа делница на автопатот Кичево – Охрид каде што има свлечишта се работат, при тоа се работат и проекти за стабилизирање на земјиштето бидејќи е тоа многу важно за да може целата траса да биде пуштена и завршена. Оние неколку километри кај селото Ботун, но и оние практично километри кои што го поврзуваат тунелот кај Врбљани со Кичево, практично од излезот на тунелот до Кичево, таму имаме ...