Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Рекација на Комисијата за култура на СДСМ на изјавата на министерот Љутков: Љутков со секое појавување во јавност потврдува дека културата во Македонија е заложник на човек кој ниту ја разбира, ниту ја чувствува. Неговото незнаење и немање одговори за реалните проблеми во културата се отсликува во неговите изјави од кои јасно се гледа дека културата е сведена на средби и разговори без исход и сликања од отворање и затворање настани. Неговиот ...
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје,постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело – „измама во службата“ при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од КЗ на РСМ. Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, г. Барнабас Биркланд, како и со економскиот советник во Амбасадата, г. Јордан Дамчевски. Целта на средбата беше меѓусебното запознавање и иницирање на разговори за можни облици на продлабочување и унапредување на економската соработка. Во ...
Кандидат за градоначалник или советник ќе може да биде секој, бидејќи за тоа ќе бидат потребни само 2 потписа. Па така се отвори и прашањето колку луѓе би се пријавувале за кандидати, на оваа тема коментираше и премиерот Христијан Мицкоски. „Сè е можно. Можно е гласачкото ливче да биде 7-8 метри, можно е гласачкото ливче да ги обесхрабри граѓаните да излезат на изборите и да се намали цензусот. Но, сакам да предупредам дека согласно Уставот и ...
Во периодот од 11.08.2025 – 17.08.2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 243 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарници и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани во повеќе градови низ државата, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со дел од раководството на министерството денеска во Полициското одделение во Ропотово, Општина Долнени прилепско, пушти во употреба нова канцеларија на Управни служби на МВР која ќе ги опслужува жителите во Општина Долнени и околните населени места. Министерот Тошковски потенцираше дека со овие седми по ред канцеларии за управни служби министерството за внатрешни работи ги доближува се ...
Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, втора година по ред, објавува конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата. Ќе бидат доделени две годишни награди во следните категории: А. Најдобар новинарски труд, односно стручен труд подготвен од граѓански организации и поединци кој може да се однесува на: Б. Едукативна ...
Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена ...
Соопштение на СДСМ: Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников и беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде командир во Ропотово. Прашањето е зошто? Денеска го гледаме командирот што пукаше како гордо позира токму со неговиот пулен, Панче Тошковски. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој секој ден држеше прес конфереции се јави ли? Зошто го нема да одржи некоја прес конференција, да го повика ...
Прес конференција на СДСМ, Јовица Јанковиќ: Додека Скопје се гуши во урбанистички хаос, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, отворено застана зад криминалните дивоградби во Чаир. Наместо да побара одговорност и да понуди решение, го гледаме Орце како гордо позира со своите коалициски партнери од ВЛЕН, со истите кои го создадоа урбанистичко дивеење во Чаир. Ова е јасна политичка порака на коалициските браќа од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН дека власта ...
– Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините секако се лошите економски политики на власта. Состојбата во економијата и во стопанството е алармантна, драстично е намалена ликвидноста во стопанството, фирмите едноставно немаат средства за исплата на плати и обврски а владата не им испорачува навремени средства, изјави Богданка Кузеска од СДСМ. Неисплатените обврски од страна на државата се огромни, за поврат на ДДВ и други договорни обврски ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ги потпиша договорите за кофинансирање на 7 проекти со вкупно 18 корисници – општини и организации од граѓанскиот сектор од Македонија. Овие проекти се реализираат во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, преку отворениот повик за инвестициски иницијативи по Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“. Вкупна вредност на јавниот повик ...
– Задоволството е огромно кога гледате како работите напредуваат, посебно кога станува збор за нашите најмлади, за дечињата. За неколку недели од денеска овој објект ќе биде целосно функционален и во годините коишто следат би требало да биде дом на отприлика 70-тина дечиња. И во таа насока ќе продолжиме и во периодот којшто следи, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кисела Вода. Изјавата во продолжение: Наследивме, би рекол, една ...
Македонски контингент од околу 280 војници со формациска опрема, вооружување и возила, меѓу кои и новите лесни оклопни возила JLTV денеска (21 август) во штипската касарна „Јане Сандански“ беше свечено испратен на воената вежба „Saber Junction 25“ која се реализира во Хохенфелс, Германија. Министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој присуствуваше на настанот, на војниците им порача да бидат горди што ја носат армиската униформа и што ја ...
Халкбанк, преку ХалкЕко платформата за грижа кон природата и заедницата, со исклучително креативен пристап потсетува на иницијативата за засадување на 1.000.000 садници низ државата. „Во Сенка“, краткиот филм со кој банката го поддржа овој проект, е одговор на прашањето што сѐ носи една сенка со себе? „Во Сенка“ преку низа кратки, автентични и искрени моменти опфатени под само едно дрво во текот на само еден сончев ден, ја доловува магијата на ...
Денеска (21.08.2025) околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода лице(65) и лице(67), двајцата од Тетово. При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал едно лице, биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, ...
Соопштение на СДСМ: И денес Трипуновски не собра храброст јавно да ја каже производната цена на двете најзастапени вински сорти “Вранец” и “Смедеревка” и пак продолжи да ги лаже земјоделците дека во договор со винарниците е постигната историски највисока цена. Пред три недели Владата далеку од очите на јавноста донела мерка на винарниците им исплати по два денари по литар произведено вино, од откупени количини на грозје од реколта 2024 година. ...
Денеска (21.08.2025) во 02:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг пред зграда на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Л.(32) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко моторно возило „тојота лендкрузер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. (68) од Скопје. Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а ...
Поднесена кривична пријава против скопјанец за сторено кривично дело „измама“. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.З.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Пријавениот А.З., во периодот од 15.07.2025 до 20.08.2025, со намера да се стекне со противправна имотна ...
Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија, одговарајќи на прашањето дали се планира набавка на медицински возила со оглед дека сегашните се застарени, посочи дека на последната седница е донесена одлука за отпочнување на набавка за купување на 100 нови модерно опремени амбулантни возила. Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е ...
На 20.08.2025 околу 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври“ со ул.„Филип Втори“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(64) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(53) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Измама, денеска ги разгледа наводите и прибавените докази, по што против осомничениот одлучи да поведе истрага за продолжено кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот, во периодот од 15.07.2025 до 28.07.2025, со намера да се ...
На 20.08.2025 во 12:40 часот во СВР Тетово, 83-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното лицето и се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка предзвикала сообраќајна несреќа во Скопје во која починал малолетник и доколку не сака таа да оди во затвор треба да донесе пари во Скопје. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна откако се ...
Општина Центар и годинава вложува во модернизација на училишната инфраструктура, за децата новата учебна година да ја започнат во современи и безбедни услови. Градоначалникот Горан Герасимовски, го посети Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, каде што треба да започнат тековните подготовки за поставување на фотоволтаични панели. Со нивното инсталирање, училиштето ќе направи значителен чекор кон користење на обновливи извори на ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка: Животниот стандард на граѓаните од месец во месец постојано се намалува. Најновите податоци покажуваат дека висината на синдикалната кошничка во месец август достигна 65.507 денари. Најголем дел од трошоците на граѓаните одат за храна и пијалоци, над 24.064 денари, додека трошоците за домување, комуналии и хигиена дополнително го оптоваруваат секое семејство. Во исто време платите ...
Општина Центар изутринава започна со интензивна акција за миење и чистење на просторот околу контејнерите во населбите Буњаковец и Дебар Маало, со цел подобрување на јавната хигиена и овозможување почиста и поздрава средина за центарци. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека чистите улици не се прашање само на изглед, туки и на здравје и квалитет на живот, а приоритет на општината е да биде место кадешто хигиената и редот се видливи ...
На 20.08.2025 16:40 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лилишиле од слобода Е.Т.(25) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возилото „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било приведено и задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Вчера во 21.20 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани лишиле од слобода лице (58) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле мотоцикл со кочански регистарски ознаки, кој го управувал лицето и по преземени мерки било констатирано дека го управувал мотоциклот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта. Лицето било задржано во ...
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ ПОРАДИ ПОЖАР: Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП “Табановце” времето на чекање ...
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам. Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – ...