Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка: Животниот стандард на граѓаните од месец во месец постојано се намалува. Најновите податоци покажуваат дека висината на синдикалната кошничка во месец август достигна 65.507 денари. Најголем дел од трошоците на граѓаните одат за храна и пијалоци, над 24.064 денари, додека трошоците за домување, комуналии и хигиена дополнително го оптоваруваат секое семејство. Во исто време платите ...
Општина Центар изутринава започна со интензивна акција за миење и чистење на просторот околу контејнерите во населбите Буњаковец и Дебар Маало, со цел подобрување на јавната хигиена и овозможување почиста и поздрава средина за центарци. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека чистите улици не се прашање само на изглед, туки и на здравје и квалитет на живот, а приоритет на општината е да биде место кадешто хигиената и редот се видливи ...
На 20.08.2025 16:40 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лилишиле од слобода Е.Т.(25) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возилото „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било приведено и задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Вчера во 21.20 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани лишиле од слобода лице (58) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле мотоцикл со кочански регистарски ознаки, кој го управувал лицето и по преземени мерки било констатирано дека го управувал мотоциклот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта. Лицето било задржано во ...
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ ПОРАДИ ПОЖАР: Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП “Табановце” времето на чекање ...
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам. Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР – Сектор за борба против тероризам, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава по брза постапка против С.А.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394 – б од Кривичниот законик. По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.08.2025 во 02.41 часот ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против шест полициски службеници и две други лица. Од обезбедените докази произлезе дека првообвинетиот заедно со уште две лица, за кои истражната постапка е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на посетата на Унгарија, денеска оствари средба со министерот за национална економија на Унгарија, Мартон Наѓ. На средбата се разговараше за движечките проекти на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, планираниот економски раст, нови инвестиции и актуелни политики. Исто така се разговараше и за економските политики на Владата на Унгарија и нивниот план за раст како и можностите за ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 22.08.2025 и на 23.08.2025 година (петок и сабота), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал ...
Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија. Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП “Табановце” времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути. На ГП “Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични ...
Соопштение на СДСМ: Изјавите на Мицкоски за „успешна влада“ и „реформи“ не се ништо друго освен обид да се прикрие растечкиот страв од падот на рејтингот и гневот кој се акумулира кај граѓаните поради неспособноста и хаосот што оваа власт го создаде. Смета ли Мицкоски навистина дека граѓаните не гледаат што се случува? Дека ќе поверуваат дека нема корупција, додека институциите се претвораат во партиски испостави? Дека ќе поверуваат во реформи, ...
Очекувам за четири години да имаме целосно реконструирана и модернизирана пруга од Скопје до Кичево, истакна во интервју за ТВ АЛФА, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, потенцирајќи дека за овој инфраструктурен проект државата доби грант од Европската Унија со кој наскоро ќе започне изработката на физибилити студии. -Ние вчера на седница на Влада прифативме грант од 5,3 милиони евра, кој што е доделен од страна на ...
Соопштение на ДУИ: Изјавата на носителот на листата на ВРЕДИ во Чаир за „хаотичната состојба на инфраструктурата и населените места“ не е ново откритие, тоа е само потврда на она што ДУИ постојано го истакнува. Чаир не станал ваков сам од себе. Постоји само еден виновник: Изет Меџити. Од 2005 година, Меџити управува со Чаир и го претвори во симбол на дивоградбите – со над 150 документирани случаи. Тој е авторот на урбанистичкиот хаос и ...
Министерот за европски прашања и национален координатор за Инструментот за реформи и раст, Орхан Муртезани, денеска во Министерството за европски прашања го одржа првиот состанок на Националното координативно тело за Инструментот за реформи и раст. На состанокот, согласно владината одлука, беше официјално конституирано телото и утврден неговиот состав. Во рамките на дискусијата, министрите од надлежните институции разгледаа важни информации и ...
Ова е втора арбитража која што оваа влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот кој што следи, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што подразбира одлуката за Казандол. Премиерот Мицкоски посочи дека треба да се истражи како минатите арбитражни постапки се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет, а сега истите тие се добиваат. Вистинското ...
– Како што слушнавте и од директорот, станува збор за инвестиција којашто е трудо-интензивна близу 3.200 вработени, со план за нови 500 вработувања, во две фази. Кога ќе биде завршен објектот позади нас, практично, ќе имаме нови 300 вработени, догодина се планира нови 200 вработени, така што ќе се заокружи една бројка од 3.700 вработени, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешното отворање на нова хала во компанијата “Амефенол” во Кочани. – ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари конструктивен работен состанок со Рита Колумбија, Постојана координаторка на Обединетите нации во Македонија. На средбата беше разговарано за можностите за продлабочување на соработката во областа на обновливи извори на енергија, енергетската ефикасност, поддршка на ранливите категории и развој на иницијативи за климатски промени и животна средина. Една од ...
„Цената со која земјоделците го продаваат земјоделскиот производ е зголемена за 30% или 10 пати повеќе отколку импутот“, изјави денес претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. „Во рамките на земјоделството се случува еден параметар кој што е многу значаен за економијата, за граѓаните, но и за земјоделците бидејќи трошоците при импутот, односно оние трошоци кои што им се ...
Соопштение на СДСМ: Додека премиерот Мицкоски се обидува да ја изврти вистината и да зборува за арбитражите кои СДСМ ги доби, вистинското прашање на кое што треба да одговори е: зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за „Казандол“ во 2015 година? Дали заради тоа што бизнис интерсите им беа поважни од граѓаните? Зошто ВМРО-ДПМНЕ застана против граѓаните од југоисточниот регион кои беа против оворањето на рудниците? Тоа се прашањата на кои Мицкоски ...
Став на Министерство за здравство врз основа на тврдења за наводни непотребни медицински интервенции: Во јавноста се појавија сериозни тврдења за можни непотребни медицински интервенции. Во здравството постојат јасно утврдени професионални стандарди, протоколи и законски постапки, како и компетентни тела надлежни за нивна примена. Почитувањето на професионалниот интегритет на здравствените работници е задолжително, исто како и почитта кон ...
Ссоопштение на СДСМ: Бадијала се сите лаги пласирани од партиската говорница во Белата палата кога милионските злоупотреби во Еразмус+ водат право до ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотребите во период на ВМРО-ДПМНЕ од 2016 година се потврдени со извештајот на ОЛАФ, кој содржи основано сомнение за злоупотреба на над 2 милиони евра европски пари, со повеќе од 50 физички и правни лица инволвирани во Македонија и уште пет земји-членки на ЕУ. Дополнително, ...
„ДПИ е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како е задоволен од акцијата за намалување на училишниот прибор. „Владата на седница донесе одлука со која обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15% на маржата, во зависност дали е на ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2025 год. која изнесува 65.328,00 денари е зголемена за 179,00 денари, соопшти ССМ. Според ССМ кошничката со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 80.882,00 денари. Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги ...
На 19.08.2025 во 19.21 часот во с.Сопотница, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар лишиле од слобода лице од с.Дебреше, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал возило „ауди” со гостиварски регистарски ознаки во населено место со брзина од 108 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Тој бил задржан во полициска станица ...
Соопштение на Левица: Волонтерите од „Support Kocani“ објавија дека е реализирана и третата пратка на компресивна облека, во вредност од над 2 милиони денари – повторно целосно обезбедена од донации на граѓаните. Со ова, вкупната вредност на трите испораки надмина 3,4 милиони денари – средства собрани исклучиво преку солидарноста на граѓаните. Иако Владата ветуваше дека сето тоа ќе биде институционално покриено, од државната поддршка засега нема ...
-На денешната прес-конференција сакам да ја информирам јавноста за повеќе детали за арбитражните постапки кои се покренати, нивната фаза во која се наоѓаат и што успеавме досега како Влада да направиме за овие прашања. По вчерашната информација дека Македонија го доби случајот познат како Казандол и заштеди 115 милиони евра, пари на граѓаните, цениме дека јавноста има потреба да ги знае работите кои согласно класификацијата на доверливост можат ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка: Скандалот во МВР со милионскиот тендер за организирање возачки испити мириса, смрди на корупција и мора да биде целосно расчистен. Новооснована фирма, зад која стои советник на ВМРО-ДПМНЕ доби милионски бизнис од МВР. Практично сите полагања на возачки испити во Битола, Прилеп и Ресен беа доверени токму на оваа фирма блиска до власта, со монопол од пет години. На крајно сомнителен начин ...