Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22) од Кочани. На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, ...
Соопштение на министерот Стефан Андоновски, Кабинет на Министерството за дигитална трансформација: Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека започнува процес на целосен редизајн и модернизација на Националниот електронски систем за управување со документи (еДМС), со цел воспоставување на стабилен, безбеден и целосно интегриран систем за граѓаните и институциите. Затекната состојба: • Во последните две години системот ...
Соопштение на Левица: Додека власта предводена од Мицкоски пропагира празни флоскули дека го расчистиле криминалот на ДУИ, реалноста е дека токму директорите поставени од ДПМНЕ продолжуваат да делат тендери на фирмите поврзани со ДУИ. Додека се води судска постапка против фирмата на синот на пратеникот од ДУИ – Асмир Јахоски, директорот на ЕСМ Лазо Узунчев пред само две недели доделил тендер од 2 милиони евра на ,, Пуцко Петрол” за набавка на ...
На 18.08.2025 во 06:00 часот во с.Казандол, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово и Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Е.А.(39) од с.Казандол. При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд Гевгелија, биле пронајдени и одземени 11 стебла од растението Канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од 7,9 мм, една рачна бомба постар модел, една торба и ...
Изминатиов викенд и дефинитивно стана јасно дека, во мугрите на одржувањето на локалните избори, предвремени парламентарни избори во нашата земја стануваат неопходност. Владејачкото мнозинсто е светлосни години далеку од потребното бадентеровото мнозинство, што само по себе е индикатор за постоење на политича криза и доказ дека големиот број на пратеници кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ не значи ништо ако не се поседува квалитет за менаџирање на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на централната свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата, што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Таа нагласи дека филозофијата на самоодржливост, наследена од Илиденците и партизаните, претставува темел на македонската воена доктрина. Сиљановска-Давкова потсети дека Армијата повеќе од три децении ја гради својата приказна како вистински чувар на татковината: од ...
Од тешките повреди во болницата починало и момче на 20 годишна возраст, по тешката сообраќајка која што се случила нешто по 13 часот на патниот правец Ресен – Охрид во близина на месноста “Макази”, каде на лице место загина 52 годишник од Битола, а повеќемина беа повредени. Во несреќата учествувале две возила, едното со странски таблички, а другото со охридски. Од тешките повреди во болницата починало и момчето на 20 годишна возраст кое според ...
Во последните години, рафтовите на македонските маркети сè почесто се преполни со увозни пива. Тие се продаваат по цена која најчесто е пониска или еднаква со домашните брендови, а потрошувачите сè повеќе ги избираат поради вкусот и перцепцијата за повисок квалитет. Повисок квалитет поради модерна технологија Голем дел од европските пиварници располагаат со современа технологија и долгогодишна традиција во производството. Тие користат проверени ...
Во последните неколку години, македонскиот пазар бележи забележителен тренд – растечка побарувачка за увозни пива. Иако домашните производители имаат своја традиција и лојална клиентела, сè повеќе граѓани посегнуваат по странските брендови кои доминираат на полиците во маркетите. Поубав вкус и поширока понуда Потрошувачите најчесто го наведуваат вкусот како главна причина за изборот на увозно пиво. Според нив, странските пива имаат порафиниран ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) подготви измини и дополнувања на Законот за енергетска ефикасност, со кој се прави суштински исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови и интеграција на обновливите извори на енергија (ОИЕ). Со предложеното законско решение се обезбедува усогласување со ЕУ стандардите, се поттикнуваат економски придобивки и се ...
Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сѐ, само никако да направи две работи: 1.Никако да ја разреши директорката на Националната агенција иако е потврдено дека била дел од истрага на ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами. 2.Никако да побара процесирање на случајот од ОЈО по извештајот на ОЛАФ. Има ли посилна потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е фатено живо во огромен скандал, со рацете во европските фондови? Нема. Со очајни напади врз ...
На 17.08.2025 во 10:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(39) од Скопје. Во несреќата со ...
Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18 Август – Денот на Армијата“. На свеченоста беа построени ешалони од сите првопотчинети команди и единици на Генералштабот на Армијата, ешалони составени од новопромовираните офицери и подофицери во Армијата, а беше изложено и вооружување и опрема од Армијата. На централната свеченост се обратија: ...
Денеска (18 август) во штипската касарна „Јане Сандански“ македонската Армија со свеченост одбележа 33 години постоење, развој и напредок. На свеченоста во присуство на претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски и останатиот државен врв, се обратија претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Министерот Мисајловски ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи најави дека партијата во текот на оваа недела ќе го соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје: „Скопјани, а бе не ви е доста од истите хоштаплерски и нехаризматични сурати од двете најголеми партии, кои сакаат да се докопаат до градската власт, за да после им шибаат бизнисите и тендерите!? Не мислите дека е дојдено времето за свежа крв во главниот град на ...
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 17.08.2025, во консултација со јавен обвинител, поднесе кривична пријава по брза постапка против Е.В. (28) за кривично дело „убиство во обид при вршење семејно насилство“ и таа е изнесена пред судија на претходна постапка, кој и одредил мерка притвор во траење од 30 дена. На 15.08.2025 во 14:00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници ја лишија од слобода Е.В. по ...
Прес-конференција, Јовица Јанковиќ – СДСМ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. диркторката не е разрешена кога е потврдено дека била дел од истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами? Наместо да ја разреши и да побара одговорност, Владата молчи и ја остава на функција со што директно ја штити. Ова значи само едно: власта е фатена жива, со рацете во европските ...
Во текот на вчерашниот ден (17.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 861 издадени платни налози повеќе од половината од платните налози, односно 596 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење. За разлика од тоа, според статистичкиот преглед од полициските активности, ...
На 17.08.2025 во 15.25 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода лице(46) од кичевското село Стрелци. При контрола во патниот сообраќај на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, при што констатирале дека таа го управува возилото со брзина од 107 километри на час на место каде со сообраќаен знак има ограничување на брзината од 50 ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нова одлука со која се намалуваат малопродажните цени на горивата. Според најновите пресметки, бензините поевтинуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се поевтинуваат за еден денар по литар. Нови цени на бензините Со оваа одлука, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 76,00 денари ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.08.2025 до 15.08.2025 зема 222 примероци за физичко-хемиска и 222 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Градот Скопје. ...
СДММ и Младината на Сириза ја потпишаа Заедничката декларација за соработка и солидарност. – Преспанскиот договор претставува темел за ново пријателство и соработка, отворајќи нови перспективи за младите од двете земји. Го истакнуваме Преспанскиот договор како историски исчекор кон мир, меѓусебно признавање и регионална стабилност. Договорот отвора нови можности за соработка помеѓу Грција и Северна Македонија, зајакнувајќи ги добрососедските ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Македонија испишува нова, позитивна и убава историја како за државата, така и за македонските земјоделци. Се вреднува и се исплаќа трудот и маката на земјоделците и со македонски производи се полнат државните резерви. За прв пат во историјата, државните стоковни резерви се полнат со пченица купена од земјоделците производители. Наместо од трговци, кои препродаваа српска пченица, на што ставаа дебели маржи, сега парите ...
Соопштение на Левица: По повеќе од една деценија конечно во јуни беше избран новиот Програмски совет на МРТ. Досегашниот совет, заедно со надзорниот одбор и нивниот генерален директор Марјан Цветковски, владееше со фараонски мандат, претворајќи ја јавната институција во лична банкомат-карта за коруптивно богатење и задушување на автентичната македонска продукција, култура и информирање на граѓаните. Согласно законите, со изборот на нов ...
Соопштение на ДУИ: Секој нов ден е нов пораз за ВРЕДИ. Членови, активисти и цели структури си заминуваат, оставајќи зад себе вештачка, празна и дискредитирана коалиција. Само во текот на овие денови, членови и структури од три општини јавно се оградија од оваа групација. Ова е јасен доказ дека Албанците не можат да се водат со лаги и дека политиката изградена врз лични интереси секогаш завршува со пораз. Меџити и неговиот тесен круг ја ...
Според најновите податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 07:00 часот на 18 август 2025 година, на територијата на државата се регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар сè уште е активен, еден е ставен под контрола, додека останатите 26 се целосно изгаснати. Активен пожар во Македонски Брод Во општина Македонски Брод, на просторот на Повеќенаменското подрачје Јасен, сè уште гори мешана шума. ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи увид во реконструкцијата што се одвива во ООУ „Димитар Миладинов“, каде во тек е целосно обновување на фискултурната сала, свечената сала и меѓупросторот меѓу нив. Во фискултурната сала се заменува целиот под со нов паркет, се обновуваат ѕидовите и плафонот, се поставуваат енергетски ефикасни светла и се оспособуваат прозорците, додека свечената сала добива целосно нова бина, нови ...
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата и ГП Богородица за излез е ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата “Славеј Планина”, од кои едно се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, едно за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик. До ...