На 23.08.2025 во Полициската станица Гевгелија, од ЈЗУ „Здравствен дом“ – Гевгелија било пријавил дека кај нив со повреди и за укажување на лекарска помош бил донесен српскиот државјанин С.Д.(49). Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи во објект на правно лице од Гевгелија. Увид на местото извршиле инспектор од Државен инспекторат за труд и екипа на ОВР Гевгелија. Се преземаат мерки за целосно ...

Премиерот Христијан Мицковски повторно покажува целосна неспособност и менаџирање на државата. И денеска и една година наназад за политичкиот неуспех на Мицковски криви се СДСМ и ДУИ, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во изјава за Телма телевизија. Филипче обвинувањата на премиерот Мицковски дека СДСМ и ДУИ имаат тајни планови за хаос и политички малверзации за изборите ја оценува како резултат на немањето капацитет да се води државата. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава за Телма посочи дека власта свесно ги отвора вратите за изборни неправилности, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ губи голем број гласови. „Сметам дека тоа е намерно. Сметам дека во услови кога е сѐ поочигледно и повеќе извори, повеќе анкети, повеќе анализи ни покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ губи огромен број на гласови, над 100 илјади, некаде околу 120 илјади гласови, посегаат по инструменти коишто сериозно можат да ...

На 23.08.2025 во 17:05 часот во ОВР Свети Николе, било пријавено дека на регионалниот пат Р-1204 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фоксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.С.(30) од с.Ерџелија, светиниколско и патничко возило „Шкода“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(38) од с.Мустафино, светиниколско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатничката од патничкото ...

Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на општина Аеродром Александар Трајановски: Четирите години на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески и Тимчо Муцунски во Аеродром – се години на разочарувања, незаинтересираност и нула исполнети ветувања. И Тимчо Муцунски кој наследи полна општинска каса, и сегашниот градоначалник Дејан Митески пред 4 години ветуваа сѐ и сѐшто – од „хумана урбанизација“ на Аеродром до 100.000 метри квадратни ново зеленило, ...

Интегрален текст од денешната прес-конференција на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова: Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Граѓаните точно знаат од кого беше доведено Скопје до оваа состојба и кој е виновникот за катастрофата со која се соочува градот. Последниве четири години со ВМРО-ДПМНЕ на власт во Скопје видовме што значи хаос, неодговорност и целосно игнорирање на интересите на граѓаните. ...

Во среда, 27 август, во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи концерт на еден од најпопуларните македонски млади изведувачи Јанг Дади. Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите скопјани во среда вечер да дојдат на добра музика и забава под отворено небо. „Летото е најубаво кога го поминуваме заедно. На 27 август во Паркот на Франкофонија ќе уживаме во музика што носи енергија и радост. Настанот ќе почне во 19 часот со Стела и Сани за ...

Интегрален текст од денешното соопштение на ДУИ: Ставовите на ВРЕДИ и изјавата на претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, дека намалувањето на бројот на советниците „нема етничка основа“ и дека „општините со мнозинско македонско население изгубиле повеќе советници од општините каде што Албанците се мнозинство“, претставуваат намерен обид за минимизирање и релативизирање на една одлука која е флагрантно дискриминаторска против Албанците. ...

Синоќа со Свечена церемонија на градскиот плоштад во Кавадарци беше одбележан 23.август – Денот на Единицата за брзо распоредување и 24 години од формирањето на оваа елитна единица при Министерството за внатрешни работи, во присуство на граѓаните на Кавадарци, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, највисокото раководство на МВР, министри, пратеници, претставници на државни институции и локалната самоуправа, претставници на полициските ...

Во Скопје е пронајдена малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид, следува соодветна кривична пријава. На 22.08.2025 во 16:50 часот во СВР Охрид, Е.А.(45) од Струмица пријавил дека од домот во кој привремено престојуваат во Охрид од пред два дена се оддалечила неговата ќерка Ј.А.(14) од Струмица. Според пријавеното, на 21.08.2025 на социјална мрежа Фејсбук тој добил порака од женско лице од Скопје, кое му кажало дека ...

За секој еден збор што го кажувам подготвен сум да зборам со дела, одговорно и со бројки, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе осврнувајќи се на се она што е направено за еден мандат локална власт. Мицкоски информираше дека во изминативе 4 години изградивме и реконструиравме улици и патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу ...

Прес конференција на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Неготино, Петар Мантев: 4 години локална власт на Горан Стојанов и ВМРО-ДПМНЕ се години на разочарувања. ВМРО-ДПМНЕ за 4 години ја претвори општина Неготино во сервис за лични и партиски интереси а граѓаните целосно ги заборави. Преку тендерски шеми и фирми блиски до власта, милионски суми завршуваат во нечии џебови, а граѓаните плаќаат повисоки сметки за вода, смет и комуналии. Во ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе рече дека на овие избори на површина ќе излезат се уште живите непринципиелни коалиции на криминалот, корупцијата и личните интереси. „Еден човек ми вели го готвите ДУИ да ви биде партнер во владата. Мојот директен одговор е ДУИ уште долго ќе биде во опозиција, затоа што досега не научи ниту една лекција. Не ги ставивме во опозиција за ...

Став на ДУИ во врска со изјавата на Мицкоски: Денешните изјави на премиерот Мицкоски не се само чисти клевети и неуспешен обид да се сокрие кризата на легитимитет на неговата моноетничка влада, туку и опасни, бидејќи претставуваат поттик за етнички судири. ДУИ отсекогаш била гаранција за слободни и демократски избори и нема никаква причина да се вклучи во „тајни планови“ или „хаос“, како што тврди Мицкоски. Наместо да измислува имагинарни ...

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, заедно со кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош, Маја Мојсова, одржаа средба со жителите на скопската населба Карпош, на која што се разговараше за нивните предлози за подобрување на условите за живот во оваа општина, а воедно и за кејот на Вардар во делот на општината Карпош. Граѓаните реагираа дека овој дел од кејот на Вардар денес е комплетно ...

Прес конференција на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово Мартин Костовски: Куманово веќе со години наназад функционира како личен, криминален вилает на Максим Димитриевски. Куманово стана алатка за задоволување лични и бизнис интереси. Наместо развој, проекти, резултати, граѓаните добија лаги. Бројните скандали во изминатиот период го потврдуваат тоа: -Кумовски шеми со парцели. Земјиште од семејството продадено на кумот, па ...

Прес конференција на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, Павел Иванов: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и Иван Јорданов се четири години разочарувања за штипјани, неисполнети ветувања и бројни корупциски скандали. Резултатот е поразителен. Иванов има бројни нереализирани проекти, целата негова изборна програма е мртво слово на хартија! Обиколница кон Ново Село, градинка во Три Чешми, детски центар, огромен парк со езера, ...

Ние ќе се менуваме и надоградуваме и усовршуваме врз основа на потребите и барањата на граѓаните. Тие што добро ме познаваат знаат дека ниту една функција не е загарантирана ниту вечна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан, по повод отчет за четиригодишната работа на градоначалниците. Посочи дека токму затоа, веднаш после локалните избори ќе има промени во партијата, како и реконструкција и подобрување на ...

„Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години разочарувања за граѓаните. Четири години кои наместо развој и проекти за граѓаните, донесоа само разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос, поскапи цени за граѓаните и бројни скандали со тендери,“ порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција. Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претвори во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе испрати и пораки и за претстојните локални избори. Мицкоски укажа дека на овие избори е сосема извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и овие избори во најголемиот дел ќе се решат работите уште првиот круг. „И тоа го говорат анкетите, но и нашето чувство кое го имаме изградено врз нашето искуство од комуникацијата со граѓаните. Но, ...

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска одржа средба со младите од општината, претставувајќи ја својата визија за „Новиот Чаир“. Тој потенцираше дека младите се столб на развојот и клучен ресурс на општината, бидејќи над 43% од жителите на Чаир се под 30 години. „Не можете да дизајнирате визија за „Новиот Чаир“ без вклучување на тие кои сочинуваат 50% од населението на Чаир. Тоа е нашата најголема сила и највреден капитал,“ ...

Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Охрид, Асен Шајн: Во Охрид, четири години поминаа како да не постоеле локална власт. Нема ниту еден нов крупен проект, нема урбанистички ред, нема туристички развој. Градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ пред четири години им ветија на охриѓани низа проекти кои денес се само празни зборови на хартија. Останаа само разочарувањата. Времето покажа дека ниту еден од тие проекти не е ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михаилис Рокас. Разговорот беше посветен на реформските процеси во енергетскиот сектор, со посебен осврт на ажурирањето на законодавната рамка и подготовката на нови стратешки документи. Министерството информираше за реализираните и планираните активности во рамки на Реформската ...

Прес конференција на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола, Методија Куновски: После 4 години разочарувања, доаѓа крајот на работењето на Тони Коњановски за тебе-мене, за мала група луѓе, за ВМРО-ДПМНЕ! Битола ќе избере градоначачник што го става Човекот пред сѐ! Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност, лицемерие. Раскопани, небезбедни, калливи и нефункционални улици. Денес се асфалтира, утре се прекопува, пак се ...

На 22.08.2025 околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје -Граничен премин Долно Блаце, на околу 200 метри од преминот, патничко возило „фолксваген голф“ германски национални ознаки, управувано од Б.С.(22) од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрило во пешакот К.М.(53) од Украина. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош од Косово бил ...

На 22.08.2025 во 09:50 часот во Скопје, на различни локации, полициски службеници ги лишиле од слобода лице(20) од с.Нов Караорман, штипско и маж(37) од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. На 22.08.2025 во 10:15 часот и на 23.08.2025 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле ...

На 22.08.2025 во СВР Скопје, Ц.С.(54) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје пронашол заталкано зрно од огнено оружје кое му го оштетило кровот неговото патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот. На 22.08.2025 во 12:20 часот во СВР Скопје, С.М.(28) од с.Семениште, ...

Дали линеарното зголемување на пензиите од 1000 денари во септември ќе го изеде инфлацијата и скапотијата? Во септември пензионерите ќе добијат ново зголемување на пензиите – линеарно, во износ од 1.000 денари. Владата го претставува овој потег како олеснување за најранливата група граѓани, но реалното прашање е: дали ова зголемување е доволно за да се справи со инфлацијата и континуираниот раст на трошоците за живот?, пишува Centar.mk. ...

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ ПОРАДИ ПОЖАР: Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 09:45 часот на 23.08.2025 затворен за секаков вид на сообраќај ќе биде регионалниот пат Р-1306 Крушево-Kривогаштани,како и низ улиците во град Крушево заради одржување на деветиот меѓународен натпревар во ФИС ролер ски натпревар-Тодор Проески . СОСТОЈБА: ...

На 22.08.2025 во 18:35 часот на автопат „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишиле од слобода маж (36) од Штип. При сообраќајна контрола полициски службеници констатирале дека Г.Ј. управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 252 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час. За настанот бил запознаен јавен ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1032
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1032
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.17
73%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
99%
1029
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
0.45
77%
1030
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1030
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1030
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
93%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
0.45
96%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
76%
1030
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Сребро

2128.87

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Паладиум

52470.02

Платина

61733.50

Иридиум

145787.60

Бакар

10.93

Алуминиум

2.90

Цинк

3.03

Калај

42.35

Родиум

258009.74

Злато

139470.53