
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Неколкумесечната истрага за даночно затајување од страна на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција резултираше со апсење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, а опфатени се уште две лица. Според информациите од истрагата, станува збор за злоупотреба на околу 15 милиони евра. Во септември минатата година беше спроведена акција за даночно затајување во фирми во Струмица, Скопје и во Гостивар, тогаш беа приведени четири ...
„Убиството на дете не е само суровост, тоа е напад врз човечноста. Чин што не може да се оправда. Морбидните дела ја потресоа јавноста. Манев, Боре, Кешишев и Палевски сковале филмско сценарио. Ја убиле веднаш. Ни грам совест, ни човечност. Родители се и тие. Убија невино дете”, тешки беа завршните зборови на обвинителката на судењето за двојното убиство на велешанецот Панче Жежовски и младата Вања Ѓорчевска. „Го убиле девојчето брзо, ...
Да не беа аероклупските воздухопловни ентузијасти и професионални кадри, ќе беше потребен многу подолг период за заживување и етаблирање на македонското цивилно и воено воздухопловство. А токму овие клупски кадри, на место да бидат чествувани и одликувани, влегоа во „ќор-сокак“ на историскиот заборав, вели доајенот на македонското воздухопловство, Ѓорѓи Чачкиров, за весникот ВЕЧЕР. Тој сподели сеќавања за тој многу сложен и морничав период кога ...
Германскиот гигант, Баерн (М), зад себе има успешна сезона откако ја освоија Бундеслигата по една година пауза и се чини дека се враќа на добро познатата патека. Стандардите во баварскиот клуб се уште се на многу високо ниво, па покрај домашните успеси треба да постигнат и успеси во Лигата на шампионите. Оваа сезона Баерн (М) беше елиминиран во четврт-финалето на Лигата на шампионите од Интер, кој на крајот стигна до финалето. Наскоро ќе започне ...
Карлос Алкараз блескаше повеќе од Трофејот на мускетарите, по најтешката можна одбрана на минатогодишниот успех на грен-слем турнирот Ролан Гарос, но на неговото лице сè уште можеше да се види голем замор. – Највозбудлив натпревар во мојата кариера, без сомнение. Овој меч имаше свои добри и лоши моменти и горд сум на тоа како се справив со сè денес. Ова е моја прва победа по негативата од 2:0 во сетови и не можеше да биде подобра можност за ...
Второнаградената на „Валандово фолк-фест 2025“ умее да ужива! Велат дека времето на пејачката Василија Петрова допрва доаѓа. Родена е во Бугарија, каде што живее, но во однос на националноста се изјаснува како Македонка. Бугарите одат дури дотаму што строго ѝ забележуваат дека би требало да го пишува своето име Василија без буквата „ј“. Сепак, таа нема да го направи тоа, затоа што името ѝ е македонско, а не бугарско. Згодната Василија, сепак, не ...
Општина Ѓорче Петров доделува субвенции за купување нови велосипеди за годинава. За таа цел, објави јавен повик. Од Општината соопштија дека вредноста на субвенцијата изнесува 50 % од вкупната цена на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари за лице, вклучително и данок на личниот доход. – Право на користење на средствата имаат жителите на Општина Ѓорче Петров што ќе купат нов велосипед на територијата на Република Македонија, во периодот од ...
Од 3 до 8 јули годинава со поддршка на Општина Гази Баба ќе се одржи 15. по ред меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба 2025“. Освен од Македонија, на фолклорниот фестивал ќе настапат културно уметнички друштва и ансамбли од Босна и Херцеговина, Австралија, Словачка, Турција и Полска. Предвидени се три фестивалски вечери. На 04.07.2025, со почетокот во 20.30 часот, на плоштадот „Филип 2“ во Автокоманда, на 05.07.2025 година, исто така во 20.30 ...
Општина Бутел ги поканува граѓаните на сите настани кои ќе се одржат по повод 20 години од нејзиното основање. Одбележувањето на роденденот, Општината го започна во саботата со најпопуларниот 3×3 баскет турнир во Република Македонија на добро познатата локација на кошаркарското игралиште во ООУ „Ацо Шопов”, а големото финале беше во недела. Утре, првпат ќе се организира и детска трка на 300 метри за најмалите жители на која сите ќе бидат ...
Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, од утре до четврток, во Македонскиот народен театар ќе се одржи фестивалот за класичен балет и за модерен танц. – Овој фестивал е единствен од ваков вид кај нас, кој е референтна точка за сите вљубеници во балетската уметност и во современиот танц – вели директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска-Серафимовска. Наградата за животно дело оваа година постхумно ќе му биде доделена на Ѓорѓи ...
„Збогум Матија“! Вака накусо гласат тажните пораки кога сите би можеле да се соберат на едно место. А, се однесуваат на музичарот Матија Дедиќ син на големите музички имиња Габи Новак и Арсен Дедиќ. Почина вчера на својата 52-годишна возраст. Инаку, роден во Загреб а, уште од најраната возраст чекореше по патеките на музиката. Средното музичко училиште „Ватрослав Лисински“ го заврши во родниот град, по што се изгради како еден од највлијателни ...
– Човечките приказни не треба да се оддалечуваат од луѓето и од непосредноста. Посебно актерските човечки приказни, имајќи ја предвид ситуацијата со сите предизвици на театарските сцени во Прилеп, важно ми беше да го покажам она што сите ние го знаеме: Прилеп имал, има и ќе има театарски уметници. Театарот за разлика од другите медиуми не може да биде зачуван на ниту еден адекватен начин освен преку пишаните, снимените, фотографираните и ...
Во духот на заедничката определба за поттикнување на економскиот развој и за зајакнување на институционалната соработка, во Народната банка денес се одржа средба меѓу гувернерот Трајко Славески и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески. На средбата беше нагласена важноста на постојаниот дијалог помеѓу носителите на економската политика и бизнис-заедницата, особено во контекст на актуелните светски и регионални ...
Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Цените на бензините останува непроменета, додека ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 1 денар. Така ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе се продава по цена од 66 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 74,5 денари, и на ЕУРОСУПЕР 98+ останува 76,5 денари. Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар, и од утре ќе се продава по цена од 68,5 денари. Цената на мазутот исто така се ...
Објавен е повикот од Оперативниот план за вработување за 2025 година што се однесува на две мерки, едната за лица над 29 години која предвидува 430.500 денари (7.000 евра) грант за основање сопствен бизнис како и дополнителни до 250.000 денари за лица со попреченост, и втората за лица до 29 години што предвидува до 615.000 денари (10.000 евра) за почнување бизнис. Како што соопшти министерот за економија Бесар Дурмиши, на повикот може да ...
Министерот за економија, Бесар Дурмиши денеска изјави дека нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи. Дурмиши за ова бил усно информиран од директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, но утре, како што изјави, Владата ќе го добие и официјалниот извештај за спроведените инспекциски контроли во текот на мај. Според министерот, поскапувања има само кај сезонски производи кои не спаѓаат во делот на ...
Претходната ноќ украинските одбранбени сили го нападнаа аеродромот Саваслејка во Нижни Новгородската област на Руската Федерација, објавија денес украинските медиуми, повикувајќи се на објава на Фејсбук од Генералштабот на украинските вооружени сили. Во соопштението се наведува дека ноќта на 9 јуни, единици на украинските сили за специјални операции, во соработка со припадници на други родови на украинската армија, го нападнале аеродромот ...
Со децении се зборува за независноста на судството, со децении се зборува за реформи кој никој не ги спроведува едноставно се останува само на гол збор, лажно предизборно ветување. Постојаните критики на правосудството, пред сè на судството и обвинителството, од домашната и меѓународната стручна јавност ниту допираат до судиите и обвинителите, а особено не допираат до функционерите кои раководат со судовите и обвинителствата, ниту до другите ...
Со одржување на спортски натпревари во фудбал и кошарка пуштени се во употреба спортските игралишта за фудбал, ракомет и кошарка во основното училиште „Гоце Делчев“, во Илинден, кои во изминатиот период беа целосно реконструирани. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека учениците од ова училиште сега имаат комплетно реконструиран и убаво уреден спортски простор, наменет за квалитетно и безбедно одржување на ...
Косовското собрание повторно не успеа да се конституира, по 29-тиот обид, поради што следната седница е закажана за среда, 11 јуни, јавуваат приштинските медиуми. Како што објави порталот „Репортери“, од 102 присутни пратеници, 53 гласаа за промена на методот на гласање, на што инсистира движењето Самоопределување. Партии како Демократската партија, Демократскиот сојуз, Сојузот за иднината и Српската листа не ја поддржуваат идејата на ...
Вчера во 17.43 часот на автопат Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода В.М.(24) од с.Пирок, тетовско. При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина ...
Седумдесет и осумгодишниот активен планинар, Стојанче Костовски, од Крива Паланка, долгогодишен планинарски водич, викендов се искачи на врвот „Митикас“, на надморска височина од 2 917 метри, на „планината на боговите”, Олимп. Искачувањето се реализирше во соработка со планинарскиот клуб „Хајкинг” од Скопје, заедно со 36-члена екипа планинари. – Задоволен сум што со успех го искачивме врвот „Митикас“, поминувајќи 21 километар од стартот до ...
Со децении се зборува за независноста на судството, со децении се зборува за реформи кој никој не ги спроведува едноставно се останува само на гол збор, лажно предизборно ветување. Постојаните критики на правосудството, пред сè на судството и обвинителството, од домашната и меѓународната стручна јавност ниту допираат до судиите и обвинителите, а особено не допираат до функционерите кои раководат со судовите и обвинителствата, ниту до другите ...
Во организација на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес, годинава по 25. пат ќе се одржи уникатната Вардарска регата – шестдневно авантуристичко патување по реката Вардар, кое ги спојува природната убавина, историјата и пријателствата низ границите. Лани учесниците запловија на 19. јуни од Македонија, а на 24. јуни пристигнаа во Солун, преминувајќи вкупно 280 километри од кои 80 километри низ територијата на Грција. Оваа регата не е само ...
Реката со кристално чиста вода и недопрената природа околу нејзиниот тек се под закана од предложената изградба на две мали хидроелектрани „Баров дол“ и „Папрад“, со вкупна моќност од 2 мегавати. – Иако обновливата енергија е важна, таа не треба да доаѓа по цена на уништување на уникатните живеалишта. Изградбата на овие хидроелектрани ќе го наруши природниот тек на реката, ќе го загрози опстанокот на нејзините ендемски видови и ќе го промени ...
Точно дека станува збор за неатрактивен противник и аутсајдер на хартија, но фудбалската репрезентација на Македонија денеска (16:00 ч.) го игра еден од најважните натпревари кога е во прашање квалификацискиот циклус за пласман на СП 2026. Охрабрени од освоениот бод во дуелот против најголемиот фаворт за првата позиција во групата „Ј“, селекцијата на Белгија, избраниците на Благоја Милевски немаат друга опција освен да слават на гостувањето во ...
Кристијано Роналдо пред неколку дена ја шокираше фудбалската јавност со објавата која ја постираше веднаш по последниот натпревар на Ал Наср сезонава. Неговиот клуб беше поразен од Ал Фатех со 3:2 во разочарувачка сезона, а Португалецот остави интересна објава на социјалните мрежи. “Ова поглавје заврши. Приказната? Продолжуваме да ја пишуваме. Благодарен сум на сите”, напиша Роналдо. Веднаш се појавија информации дека Роналдо има две конкретни ...
Работник со 45 години стаж во Германија може да очекува околу 1.620 евра нето пензија, но повеќето пензионери добиваат значително помалку. Колку е пензијата во Германија по 45 години плаќање придонеси? Новите официјални пресметки покажуваат дека работник со целосен стаж и просечна плата може да очекува пензија од малку повеќе од 1.600 евра нето. Сепак, повеќето пензионери не го достигнуваат овој износ во пракса, а разликите меѓу нив се големи, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата нареди распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес, по судирите во калифорнискиот град за време на протестите против масовните апсења на илегални имигранти. – Претседателот Трамп потпиша претседателски меморандум кој предвидува распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда за справување со беззаконието на кое му е дозволено да цвета – наведоа од Белата куќа. ...
Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција, во периодот од 02.06. до 08.06.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 101 непрописно паркирано возило кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само ...