Шест лица се под истрага за организирана продажба и за транспорт на дрога, а јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка. Станува збор за сомневања за кривично дело неовластено изработување и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори. Истрагата се темели на докази обезбедени од Министерството за внатрешни работи, но и на документација добиена ...

Откако премиерот Христијан Мицкоски јавно ја дискфалификува кадидатката за државен јавен обвинител Ленче Ристоска од изборот кој треба допрва да следи во Владата, обвинителката во писмена реакција вели „Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат“. – Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на ...

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, има дилема дали само таа и нејзината Комисија за помилување треба да бидат исклучиво надлежни за одлуката за помилување на осудениците што ќе го побараат тоа. Вакво размислување изнесе шефицата на државата на денешната дебата одржана на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на која се разгледуваа предложените решенија во новиот закон за помилување, предложени од Министерството ...

Премиерот Христијан Мицкоски отвори можност што до скоро звучеше како научна фантастика – Македонија веќе идната година да стане членка на Европска Унија. Според сценарио што, како што вели, сè погласно се разгледува во Брисел во рамки на мировниот план за Украина, земјата би можела да седне на европската маса заедно со неколку други држави од регионот, но без право на глас. Иако станува збор за условно и комплексно решение поврзано со ...

Во полицијата во Неготино, 81-годишна жена пријавла дека била измамена за 3000 евра. Според пријавата, непознато лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ рекло дека нејзината ќерка наводно е во болница со скршеница и дека треба итно да се изврши оперативен зафат, за што треба да плати. Жената ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека станува збор за измама. Се преземаат мерки за расчистување на ...

Компанијата Мета објави дека во април годинава ќе го затвори својот самостоен сајт за размена на пораки „Месинџер“ (Messenger). Оваа одлука претставува нов удар за корисниците кои ја користат услугата на десктоп компјутери, особено откако компанијата минатата година ги прекина и одделните апликации на Messenger за Mac и Windows. Според официјалното соопштение, од април 2026 година, messenger.com повеќе нема да биде достапен за пораки, додека ...

Во прекрасниот славенички кавадаречки амбиент, момците од бендот (притоа и трендовски облечени), ги пречекуваа гостите со голема почит. Така треба! Барем ние имавме такво чувство при самото влегување. Со радост која извираше од секој нивен поглед!Градот Кавадарци, попознат по својот тиквешки гроздобер и по најдобрите македонски вина, од пред некоја вечер стана уште повеќе познато место, откако во градот се случи една незаборавна прослава. ...

Новото вино е резултат на директната соработка на италијанскиот новинар и вински експерт, Марко Поцали, со Милчо Манчевски и е дел од концептот „Јажето на 41. паралела“, симболична линија што поврзува различни култури и простори, Истокот и Западот, меѓу кои и Скопје и јужна Италија. Станува збор за ограничено производство на вино 100 % од сортата аглијанико, создадено на падините на Везув, во регионот околу Неапол, на вулканска почва и од ...

Кинотеката на Македонија соопшти дека поради зголемен интерес на публиката за документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, воведува дополнителни термини кога тој ќе може да се погледне. Новите термини на проекциите се на 23, 25 и 26 февруари од 18:00 часот. Филмот, инспириран од познатата македонска бајка „Силјан штркот“, ја следи судбината на Никола, земјоделец, кој по тешка криза останува сам и на депонија ...

Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, воведе бесплатна „вај-фај“ зона во Дебар Маало, на улицата „Боемска“ и на скверот пред Општината, со цел граѓаните и посетителите да имаат лесен и безбеден пристап до интернет и дигитални услуги. Според најавите, наскоро слободни интернет-зони ќе бидат поставени и во Капиштец, за уште полесен пристап до информации на отворено. Користењето на „вај-фај“ зоните е 24/7, бесплатно и без лозинка, со ...

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, во отчетот за првите 100 дена од својот мандат ги претстави големите проекти што ќе го модернизираат градот. – Ќе следува изградба на булеварот „Љубљанска“, реализација на втората фаза од булеварот „Македонија“, изградба на кружниот тек во Ѓорче Петров, како и изградба на булеварот „Македонско-косовска бригада“. Конечно, по години застој, постигнавме договор за доградување на булеварот „Борис ...

Истражувањата на „Градиме иднина“ ја откриваат ширината на проблемот со детското питање и со сексуалната експлоатација во Македонија. Освен што илјадници деца живеат на улица, лишени од образование и здравствена заштита, голем дел се и предмет на насилство, злоупотреба на дрога и принудена проституција, додека организаторите заработуваат илјадници денари дневно Истражувањата на здружението „Градиме иднина“ покажуваат дека во голем број ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај. – Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми – изјави Хоџа. Инвестицијата во Ласкарце за изградба на водоводната мрежа и атмосферската канализација ...

Најголемиот носач на авиони во светот, американскиот „УСС Џералд Р. Форд“, влезе во Средоземното Море, според податоците од системот за следење на поморскиот сообраќај. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, минатата недела нареди ударна група на носачи на авиони да се упати кон Блискиот Исток, бидејќи ја разгледува можноста за преземање воена акција против Иран, објави „Тајмс оф Израел“. Веб-страниците за следење на ...

Телото кое управува со имотот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин се согласи да плати 35 милиони долари за да ја реши групната тужба во која се обвинети и двајца негови поранешни советници за помагање во трговијата со млади жени и тинејџерки за сексуална експлоатација. Тужбата од 2024 година е поднесена против поранешниот личен адвокат Дарен Индајк и поранешниот сметководител Ричард Кан, за кои обвинителите тврдат дека му помогнале ...

Планината Беласица над селото Банско е изложена на сериозен притисок од нелегалната сеча, алармираат надлежните институции, посочувајќи дека штетите што се нанесуваат врз шумскиот фонд се огромни и долгорочни. Завчера била спроведена координирана заедничка акција во која учествуваа вработените во подружницата „Беласица“ при ЈП „Македонски шуми“, како и шумските полицајци од шумските полициски станици во Струмица и во Валандово. Акцијата се ...

Со доаѓањето на февруари, во повеќе македонски градови повторно се актуализира празникот Прочка – традиционален православен обичај што ги најавува велигденскиот пост и времето на меѓусебно простување. Овој ден, кој секогаш се празнува во недела, пред Чист понеделник, има богата симболика и низа обичаи, кои одат од духовно барање прошка до живописни маскирани карневали. Прочка или Велики поклади е знак за почеток на седумнеделниот велигденски ...

Холандската сензација во брзо лизгање, Јута Лирдам, стана една од главните ѕвезди на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Лирдам го освои својот прв златен олимписки медал на 1000 метри, а потоа освои сребрен медал на 500 метри. Холанѓанката нема да присуствува на церемонијата на затворање на Игрите, но ужива со својот свршеник, Џејк Пол. Во видеото, Пол ја носи на рамена, додека Јута има два олимписки медали околу вратот. View this ...

Ерик Дејн, актерот најпознат по своите улоги во сериите „Вовед во анатомија“ и „Еуфорија“, почина помалку од една година откако откри дека има амиотрофична латерална склероза (АЛС). Имаше 53 години. Амиотрофичната латерална склероза (АЛС), позната и како Лу Геригова болест, е прогресивна невродегенеративна болест која ги уништува моторните неврони, предизвикувајќи слабост, мускулна атрофија и парализа. Најчесто ги погодува луѓето на возраст ...

Во поширокото подрачје на Марибор, прогласени се вонредни мерки поради обилниот, екстремно силен и влажен снег и обемните прекини на електричната енергија. Околу 40.000 корисници на Електро Марибор останаа без електрична енергија утрово. Како резултат на тоа, беше нарушена и испораката на вода за пиење во целата област на водоснабдителниот систем на Марибор. Поради обилниот, екстремно силен и влажен снег, како и обемните прекини на ...

Министерот Тимчо Муцунски телефонски разговарал со новата шефица на бугарската дипломатија Телефонски разговор утрово имале македонскиот министер за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка, новоименуваната шефица на бугарската дипломатија, Надежда Нејнски. – Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. На точно неутврден датум во периодот од 27.01 до 12.02.2026 година, осомничениот 25-годишник во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот ...

На 19.02.2026 во 12:30 часот во ОВР Неготино, 76-годишен неготинец пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 4000 евра. Според пријавеното, лицето побарало од оштетениот да му даде 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, кое го претставил како странски државјанин, а за да му докаже дека еврото е валидна валута во земјава. Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а лицето му дало чанта со катaнец да ја чува како доказ дека ќе се ...

ЕСПН и новинарот Брајан Виндхорст најавуваат враќање на Леброн Џејмс во Кливленд, но, исто така, споменуваат и дека ќе има намалување на платата во овој тим. Во поткаст на Радио Кливленд, Виндхорст изјави дека има 99 % шанси Леброн повторно да го носи дресот на Кавалирс ако ја приспособи својата плата и изјави дека шансите да остане во Лејкерс се многу мали. Веќе некое време јавно се зборува дека Леброн ќе мора да прифати значително ...

Познатата австралиска новинарка, Даница Мејсон, се најде во центарот на вниманието на јавноста, бидејќи се појави пред камерите во пијана состојба. Нејзиното известување за Зимските олимписки игри во Милано и Кортина стана вирален хит. Расположената Даника зборуваше во живо од Италија за австралискиот „Канал 9“ и ги шокираше гледачите. Се поигра со јазикот, зборуваше за цената на кафето, игуаните, а потоа се тркалаше во снегот. „Цената на ...

Најдобриот ракометен клуб во светот во моментов, германски Магдебург, официјално го објави доаѓањето на хрватскиот голман Доминик Кузмановиќ. Голманот на Гумерсбах ќе го носи дресот на клубот од „ГЕТЕК Арената“ од лето, а договорот е на пет години. Тој во Масгдебург ќе дели минутажа на голот со неговиот соиграч од репрезентацијата на Хрватска, Матеј Мандиќ. Хрватските голмани ќе стават голем товар на својот грб да ја замени двојката Ернандез ...

Британските медиуми се убедени дека Саудиска Арабија ќе биде следната дестинација на египетскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Мохамед Салах. Истите извори додаваат дека челниците на Ливерпул веќе преговараат со раководните лица на Ал Итихад кои се убедени дека Салах ќе биде идеален наследник на францускиот интернационалец Карим Бензема. ИЗДВОЕНИ Истрага за серија убиства: Сомнежите водат до 25 годишникот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за ограничен воен удар врз Иран за да изврши притисок врз Техеран да ги прифати барањата на Вашингтон во врска со нуклеарниот договор, но нагласи дека сè уште претпочита дипломатско решение, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори. Според извори запознаени со ова прашање, потенцијалниот почетен удар би бил насочен кон неколку воени или владини објекти и би можел да биде извршен во ...

Возач на трамвајот кој вчера бил вклучен во сообраќајна несреќа во Сараево возел под дејство на дрога и со истечена возачка дозвола. Во судирот меѓу трамвај и автомобил во близина на Царевскиот мост, двајцата возачи се полесно повредени, пишува Klix.ba. По несреќата, полицијата го тестирала возачот на трамвајот за присуство на алкохол и дрога. Алкотестот бил негативен, но тестот за дрога покажал дека возачот бил позитивен на недозволени ...

Вчера биле лишени од слобода четворица возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и поради управување нерегистрирано возило. Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода четворица возачи, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија, а едно лице затоа што управувало ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
54%
1014
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
8.23
37%
1019
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
7.72
43%
1019
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
5.14
49%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
6.61
49%
1019
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
6.69
54%
1020
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
6.71
77%
1010
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.04
86%
1011
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
36%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
9.26
49%
1021
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
5.66
31%
1021
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
9.77
79%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Алуминиум

3.36

Злато

166450.52

Рутениум

56199.51

Кобалт

66.14

Бакар

11.49

Родиум

366518.51

Иридиум

258288.78

Калај

47.03

Сребро

2840.84

Паладиум

50058.71

Цинк

3.19

Платина

66937.85