Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се закани со одмазда против европските земји ако Европската Унија, во својот план за вооружување на континентот, ги фаворизира домашните производители на оружје пред американските. Министерството за одбрана на САД (Пентагон) остро се спротивстави на секој обид на ЕУ да го ограничи пристапот до европскиот пазар за американските производители на оружје, предупредувајќи дека таков потег ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанокот со гувернерите во Белата куќа изјави дека денешната одлука на Врховниот суд за укинување на царините е „срамна“, објави „Си-ен-ен“. Според еден учесник на состанокот, Трамп рекол дека имал резервен план на ум за да ги задржи царините на сила. Службениците во администрацијата на Трамп се подготвувале за пораз во Врховниот суд, уверувајќи го претседателот дека ако судот ги укине царините, ќе има ...

Полицијата денес продолжи да го претресува домот на Ендру Маунтбатен-Виндзор, еден ден откако беше уапсен и држен во притвор речиси 11 часа под сомнение за злоупотреба на јавна функција, во врска со неговото пријателство со починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин. По еден од најтурбулентните денови во модерната историја на британското кралско семејство, поранешниот принц Ендру се врати на имотот Сандрингам, каде што привремено ...

Во процесот на јавна набавка, компанијата „Балич Вондер Студио“ од Италија беше избрана за услугата за организирање и изведување на церемониите на отворање и затворање на изложбата „Експо 2027 Белград“. Објавено е дека вредноста на договорот е 2,3 милијарди динари, или околу 19,8 милиони евра. Оваа компанија беше организатор на неодамнешната церемонија на отворање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо, а исто така ја ...

Денеска (20.02.2026) од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ, соопшти МВР. Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со ...

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 53 годишната поранешна директорка на Јавна здравствена установа – Клиничка болница Битола од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц зборуваше денес, 20 февруари, на конгресот на неговата партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ), а поранешната германска канцеларка Ангела Меркел беше во публиката. Мерц зборуваше за „преобликуван светски поредок“, велејќи дека Германија мора да се наметне и да преземе поголема одговорност, оценувајќи дека меѓународниот поредок заснован на права повеќе не постои, објавува германскиот „Билд“. „Новиот свет ...

Врховниот суд на САД во Вашингтон денес пресуди дека широк спектар на глобални тарифи наметнати од претседателот Доналд Трамп се пречекорени. Судот пресуди дека Трамп ги пречекорил своите овластувања кога го искористил федералниот закон за вонредна состојба за да воведе реципрочни тарифи низ целиот свет, објави „Блумберг“. Одлуката се однесува и на целните увозни даноци што администрацијата ги оправда со борба против трговијата со фентанил. ...

Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против дваесетгодишен жител на Мала Речица, осомничен за кривично дело – тероризам. Според информациите од обвинителството, осомничениот на крајот на јануари годинава преку социјалната мрежа „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47, ...

Новата сезона во Формула 1 е пред врата, а последните претсезонски тестирања штотуку започнаа. Тимовите ги средуваат последните детали пред првата трка и официјалниот почеток на новата ера во 2026 година, но наместо вообичаениот оптимизам, расте загриженоста. Во текот на тестирањето, стана јасно дека кај новите болиди има необична, речиси бизарна постапка пред да тргнат. Возачите стојат во место 10-15 секунди и агресивно го турираат моторот ...

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, рече дека неговата земја е способна да води војна уште неколку години и го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека земјата ќе изгуби без брзо примирје. Тој нагласи дека задачата на Украина е да ја зачува својата територија и население, пишува Украинска правда. Во интервју за BBC News Ukrainian, Пивненко рече дека не се согласува со проценката на Трамп дека ...

Телата на седум лица се пронајдени на местото каде што теренското возило „УАЗ“ падна под мразот на Бајкалското Езеро во Иркутската област, во Русија, соопшти денес регионалната администрација на Министерството за вонредни ситуации. „Спасувачите извршија увид со употреба на подводна камера. Пронајдени се тела на седум лица. Планирани се нуркачки активности“, се вели во соопштението, пренесува Интерфакс. Според властите, за време на патувањето, ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена да разговара за мир врз основа на принципот „стоиме таму каде што стоиме“, односно разграничување по линијата на фронтот, но дека нема да прифати руски „ултиматуми“ што подразбираат понатамошна окупација на територијата. Во интервју за „Кјодо њуз“, Зеленски изјави дека компромисите се можни, но не по цена на независноста и суверенитетот на Украина. Тој истакна дека ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен, a по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе достигне над 60 километри на час. Како што информира УХМР, за викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури. Следната ...

Во моето творештво многу сакам да користам научна фантастика, киберпанк и магичен реализам. За мене нема ништо позабавно од мешањето на реалниот живот и документарноста и да ги раскажувам преку фантастиката, рече авторот Александар Русјаков на промоцијата на својата нова збирка раскази „Егосурфер“, додавајќи дека расказите имаат потенцијал за филм, серија или видеоигра. Еден од нив е веќе екранизиран – режисерот Игор Алексов го сними краткиот ...

Со завчерашното театарско шоу на актерката Надица Петрова во Охрид, започна одбележувањето на шестгодишното постоење на независниот театар „Златен Елец“, кој ќе одржи повеќе претстави за публиката, до крајот на февруари. Веќе на 23 февруари, во Младинскиот културен центар во Скопје, ќе биде одиграна најновата претстава „Сина сенка“ во режија на Тамара Стојаноска, од авторот Брајан Рејнолдс и во која играат актерите: Кристијан Танчевски, Мина ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при работната посета на Прилеп оствари средба со градоначалникот Дејан Проданоски, на која се разговараше за состојбите и развојните перспективи во рударскиот сектор, како и за придобивките што локалната самоуправа ги остварува од концесиските активности. На средбата беше истакнато дека Прилеп е меѓу општините со најголем број активни концесионери во државата, што ...

Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари и била повисока за 7,6 % во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: транспорт и складирање за 13,4 %, земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 % и трговија на големо и трговија на мало; ...

Кичево има сериозна можност да се позиционира како мултимодален транспортен јазол, благодарение на својата стратешка положба, како крајна точка на железничката линија во западниот дел од државата, истакна претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Тој говореше на седницата на Регионалната комора со седиште во Кичево, која се одржа во селото Добреноец, нагласувајќи дека актуелната соработка со Владата е историски најповолна и дека ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка. Синдикалната минимална кошничка за февруари изнесува 67.382 денари и во однос на синдикалната минимална кошничка во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати, вредноста на синдикалната ...

Податоците на Народната банка за јануари 2026 година покажуваат дека кредитната активност продолжува да расте со стабилно темпо, додека депозитите бележат солидна годишна динамика и покрај месечните намалувања. Паричната маса во јануари е намалена за 1,4% на месечно ниво, главно поради падот на краткорочните депозити и депозитните пари. Сепак, на годишно ниво таа е повисока за 10,7%. Вкупните депозити се намалени за 1,0% во однос на декември, ...

Граѓаните треба да бидат особено внимателни при купувањето прехранбени производи, особено оние што лесно и брзо се расипуваат. Несоодветното складирање и непочитувањето на роковите на траење може сериозно да го загрозат здравјето на потрошувачите. Затоа експертите апелираат внимателно да се проверуваат декларациите, рокот на употреба и условите во кои се чуваат производите пред да се стават во кошничката. Производи со поминат рок, ориз со ...

Околу 12.000 македонски пензионери што живеат во странство се најдоа во неизвесност поради најавените измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Според овие измени, на пензионерите надвор од Македонија нема да им биде исплатено покачувањето од 1.000 денари за март 2026 година. Пензионерите во државава ќе го добијат ова покачување, што го отвора прашањето за еднаквост и дискриминација. Поради тоа, Уставниот суд најави дека ќе ги ...

Пазарот на недвижности во втората половина од 2025 година покажува забележлива динамика, со раст на цените и со зголемена активност на трансакциите. Најголем скок е забележан во Куманово и во Тетово, додека во скопските општини растот е умерен, а Гостивар бележи благо намалување. Разликата во цената за квадратен метар е огромна – од само 317 евра во Чаир до 3.770 евра во Центар. Најактивни по бројот на трансакции се Аеродром и Центар, додека ...

Римските обвинители кои го истражуваат пожарот на новогодишната ноќ во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарското одморалиште Кран-Монтана изјавија дека сведочењето на италијанските преживеани е особено важно во однос на тврдењата дека излезите за итни случаи биле заклучени и дека ко-сопственичката Џесика Морети го напуштила местото на настанот, објави Анса. Во пожарот загинаа 41 лице, вклучувајќи шест италијански тинејџери, а 115 лица беа ...

Големо мнозинство Британци веруваат дека Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да биде отстранет од редот на наследници на тронот на Обединетото Кралство, откако против него беше отворена истрага поради сомнение за злоупотреба на јавна функција. Според анкетата на YouGov, 82 проценти од Британците сметаат дека Ендру треба да биде отстранет, шест проценти од нив се противат на тоа, а 12 проценти од нив не кажале ништо, објавува Sky News. ...

Вчера околу 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на фабрика, животот го загубил 23-годишен работник од Велес. Според информациите, врз Е.А. (23) паднал метален профил од висина, при што тој се здобил со тешки повреди и починал на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото ...

Оралното здравје е составен дел од општото здравје и има големо значење за правилниот раст и развој на детето. Затоа февруари, традиционално, се одбележува како месец на подигање на свеста за оралното здравје, со акцент на децата. Здравите заби и непца се важни за правилен раст и развој, за правилен говор и за самодоверба. За ова, за весникот ВЕЧЕР, разговараме со д-р Стојанче Димитриевски, стоматолог педадонт во Општата болница со проширена ...

Четириесет и шестгодишен гостиварец, кој работи во Швајцарија, пријавил во полиција дека неговите лични податоци биле злоупотребени, откако дознал дека против него се води извршна постапка за долг од над 5 милиони денари, иако никогаш не подигнал кредит. Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираат дека случајот бил пријавен вчера во 12:30 часот во ОВР Гостивар. Според пријавата, тој при разговор со извршител бил известен дека се води ...

Дали е на повидок уште еден сериски убиец во Македонија, ова е прашањето што најгласно си го поставуваат жителите на селото Челопек, Старо Негоричане, откако истражните органи го уапсија и притворија 25-годишниот Т. Б., жител на селото Малотино, осомничен за убиство на нивната соселанка, 78-годишната М. С . Според Обвинителството, во периодот од 27 јануари до 12 февруари годинава, осомничениот со умисла и на свиреп начин ја убил немоќната ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
54%
1014
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
8.23
37%
1019
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
7.72
43%
1019
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
5.14
49%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
6.61
49%
1019
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
6.69
54%
1020
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
6.71
77%
1010
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.04
86%
1011
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
36%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
9.26
49%
1021
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
5.66
31%
1021
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
9.77
79%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Злато

166450.52

Платина

66937.85

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Родиум

366518.51

Бакар

11.49

Цинк

3.19

Кобалт

66.14

Калај

47.03

Сребро

2840.84

Паладиум

50058.71

Алуминиум

3.36