Кинескиот танкер „Рич Стари“, кој е под санкции на САД, помина низ Ормутскиот теснец откако го напушти пристаништето во Обединетите Арапски Емирати, и покрај блокадата на САД, според податоците за поморскиот сообраќај на веб-страницата „Марин Трафик“. Податоците покажаа дека танкерот со кинески екипаж го натоварил својот товар во последното пристаниште, Хамрија, во Обединетите Арапски Емирати. „Рич Стари“ е првиот танкер што помина низ ...

„Секако знаевме дека постои голема веројатност Виктор да ги изгуби изборите. Го поддржавме затоа што е еден од ретките европски лидери кои се подготвени да се спротивстават на бирократијата во Брисел“, рече тој, осврнувајќи се на американската поддршка за Орбан. „Тоа е многу, многу лошо за Соединетите Американски Држави“, рече Венс во интервју за Фокс њуз. Тој го опиша Орбан како извонреден човек кој завршил многу добра работа, додавајќи ...

Претседателот на словенечкиот парламент и лидер на партијата „Правда“, Зоран Стевановиќ, изјави дека земјата подготвува референдум за излез од НАТО алијансата, а тој самиот планира да оди во Москва. „Категорично ќе се спротивставиме на мешањето во воените и дипломатските конфликти на другите, бидејќи тоа никогаш не е од корист за Словенија“, вели Стевановиќ во интервју за Радио и телевизија на Словенија. Тој вели дека на гласачите им бил ...

Македонската православна црква и нејзините верници го слават третиот ден Велигден, а според народното верување тој е најсреќниот ден во годината. Третиот ден на Велигден, Македонците го нарекуваат и светол вторник, а со него се поврзуваат голем број обичаи и верувања, објави 4news.mk Во Неделата на водата, како што се нарекува и првата недела по Велигден, водениот вторник и водената сабота особено се препознаваат и се одликуваат по својата ...

Венко Филипче, ако се одмори за продолжениот празничен викенд, посвети се на консолидирање на СДСМ и огради се од криминалите на Зоран Заев, не се троши со измислување приказни, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче и неговиот другар и ментор Зоран Заев очигледно овој продолежен празничен викенд поради кризата на Блискиот Исток беа спречени да заминат во Обединетите Арапски Емирати за да уживаат, но, Филипче очигледно нашол друга дестинација, ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствува и се обраЌА на одбележувањето на 34-годишнината од основањето на Царинската управа на Македонија. Како што соопштија од Царинската управа, на свеченоста што се одржува во Македонска филхармонија, најавено е видео обраќање на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска и на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ...

Неодамна во Банско, Бугарија се одржа финалето на изборот за Мис и модел на галаксијата за тинејџерки за 2026, на кој нашата држава имаше три претставнички. Тие направија фантастичен успех освојувајќи титули секоја во својата возрасна категорија. 14-годишнина Нина Црнокрак и 17-годишната Лина Настевска победија во конкуренција на модели, а 15-годишната Ангела Ваневска победи во конкуренција на мис. Финалето на изборот се одржа во ...

Според неименуваните претставници на Исламабад, одлуката за тоа каде би се одржале евентуалните следни разговори зависи од тоа дали Вашингтон или Техеран ќе побараат друга дестинација. Еден од функционерите кој инсистирал на анонимност изјавил дека независно што првата рунда разговори завршила без договор, тоа е дел од преговори како континуиран дипломатски процес, а не изолиран обид. САД и Иран постигнаа договор за двонеделно примирје што ...

Во време кога ретко се случува на едно место да се соберат најголемите имиња на македонската народна музика, публиката конечно ќе има можност да доживее вечер за паметење. Под мотото „Сега па којзнае кога пак“, во сабота на 18 април во „Македонско село“ ќе се одржи уникатна музичка вечер што ветува емоции, носталгија и вистинско уживање во безвременските македонски песни. На сцената ќе настапат легендите на домашната фолк сцена – Наум ...

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, беше многу лут на судиите по вчерашниот дуел против Лидс на „Олд Трафорд“ и пораз од 1:2. Поразот на неговиот тим беше предизвикан од лошите реакции во одбраната, а црвениот картон на Лисандро Мартинез исто така не им помогна. Сепак, откако Аргентинецот го напушти теренот, Јунајтед играше подобро, намали и можеше дури и да израмни, што не се случи. Мартинез „поцрвене“ во 56-тата минута откако го ...

Кревкиот прекин на огнот меѓу САД и Иран не успеа да ја врати довербата во клучниот поморски коридор, каде новите тензии и американската блокада на иранските пристаништа ги држат бродовите во место, а синџирите на снабдување под голем притисок. Хормушкиот Теснец, преку кој поминува огромен дел од светската енергија и земјоделски ресурси, е во застој од почетокот на воените дејствија на 28 февруари. Ова веќе го ограничува протокот на нафта, ...

Повеќе од јасно е дека вечерва на “Метрополитано“ во Мадрид играчите на Барселона ги чека пекол. И не само поради предноста на Атлетико Мадрид од 2:0 од првиот меч, туку и поради некои “ситни“ работи кои на стратегот на “јорганџиите“ Диего Симеоне, не му се непознати. Имено синоќа на стадионот „Метрополитано“, на тренингот на Барса, беа видени сцени кои предизвикаа големо внимание од фудбалската јавност. Имено, домашниот тим се одлучи за ...

Портпаролот на германската Влада, Штефан Корнелиус, соопшти дека Мерц во телефонскиот разговор ја истакнал потребата од деескалација и го охрабрил Нетанјаху да започне директен дијалог со либанските власти. Притоа Мерц ја нагласил и потребата од разоружување на милитантната група Хезболах. Во меѓувреме, германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, разговарал со неговиот либански колега, Јусеф Раџи. Од германското Министерство за ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека е „тажен“ поради поразот на унгарскиот премиер Виктор Орбан на изборите, притоа нагласувајќи дека САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник, конзервативецот Петер Маѓар. - Ме растажува што изгуби, но сигурен сум дека ќе соработуваме многу добро со следниот унгарски премиер – рече Венс во интервју за Фокс њуз. - Многу добро знаевме дека постои голема веројатност Виктор да ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД за неуспехот на неодамнешните мировни преговори во Исламабад, наведувајќи ги она што го опиша како прекумерни барања и недостиг на политичка волја кај високите американски функционери. Во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, Пезешкијан рече дека факторите го спречиле постигнувањето договор, објави вчера иранската државна телевизија на англиски јазик Прес ТВ. „И ...

„По недели уништување и страдање, јасно е дека нема воено решение за актуелниот конфликт“, напиша Гутереш на социјалната мрежа Икс, повикувајќи на продолжување на преговорите. Тој нагласи дека актуелното двонеделно примирје мора целосно да се почитува и додаде дека сите прекршувања треба веднаш да престанат. Гутереш истакна дека сите страни во конфликтот мора да ја почитуваат слободата на пловидба, вклучително и низ Ормускиот теснец, ...

Земјите-членки на Европската унија мора да се координираат за цените на енергијата, поради зголемувањето од 22 милијарди евра на сметките за фосилни горива од почетокот на војната во Иран, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Исто така, разгледуваме координација на полнењето на капацитетите за складирање гас на земјите-членки за да избегнеме многу земји-членки да влезат на пазарот истовремено. Ќе го ...

Десет години по заминувањето на легендарниот Дејвид Боуви, неговиот препознатлив сценски звук повторно ќе одекне, овојпат на специфична локација во Шкотска. Дводневниот хуманитарен проект насловен „Bowie: Live on the Loch“ ќе се одржи на 7 и 8 ноември во „Cameron House“, каде што неговите најблиски соработници ќе се обединат за да му оддадат почит на уметникот и да соберат средства за организацијата „Save the Children“. На сцената ќе се ...

Човештвото влегува во нова ера на вселенското истражување каде фокусот веќе не е само на посета, туку на долготрајно населување на Месечината. Програмата „Артемис“, по успехот на првите две фази на тестирање на системите за одржување живот и навигација, сега цели кон воспоставување трајна база, особено на лунарниот јужен пол. Со инвестиција од 20 милијарди долари, НАСА планира Месечината да стане клучна отскочна даска за идните летови кон ...

Потрошени милијарди, а градот наречен Форест Сити е речиси празен. Градот замислен како луксузна оаза и „град на иднината“ во Малезија требаше да привлече стотици илјади жители и да стане симбол на модерниот урбан живот. Наместо тоа, овој мегаломански проект се претвори во град на духови. Облакодерите се празни, додека на улиците и во трговските е тишина. Песочните плажи се долги и совршено уредени, но речиси никој не ги користи. Кога беше ...

Кинескиот танкер „Рич Стари“, кој е под санкции на САД, помина низ Ормутскиот теснец во понеделник откако го напушти пристаништето во Обединетите Арапски Емирати, и покрај блокадата на САД, според податоците за поморскиот сообраќај на веб-страницата „Марин Трафик“. Податоците покажаа дека танкерот со кинески екипаж го натоварил својот товар во последното пристаниште, Хамрија, во Обединетите Арапски Емирати. „РичПРКОС СРЕДЕ ТЕНЗИИ: Кинески ...

Претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп интерно разговараат за деталите за потенцијален втор, директен состанок со иранските претставници пред крајот на прекинот на огнот меѓу Вашингтон и Техеран следната недела, доколку се појави можност, изјави извор запознаен со ова прашање за Си-Ен-Ен. Изворот рече дека претставниците разгледуваат потенцијални датуми и локации доколку тековните разговори со Иран и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени. Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до ...

Во пресрет на вечерашниот реванш од 1/4 финалето во ЛШ на „Метрополитано“, младиот бисер на Барселона, Ламине Јамал, јавно ја критикуваше тактиката на Диего Симеоне, а овој и тоа како му врати, во негов стил. Имено Јамал се пожали на начинот на кој Атлетико се обидува да го запре, истакнувајќи дека Симеоне често користи повеќе играчи за да го неутрализира. „Ќе видиме дали Диего Симеоне ќе ми направи услуга и ќе ме остави еден на еден со еден ...

Анкета од 1999 г. спроведена на речиси 3.000 мажи и жени постари од 45 г., од страна на ААRP (Американско пензионерско здружение), покажува дека водењето љубов и понатаму игра улога во животот кај постарите парови. Околу 49% од испитаниците кои имаат стален партнер водат љубов барем еднаш неделно, а повеќето тврдат дека задоволителниот интимен живот директно влијае на квалитетот на животот. Спротивно на верувањето дека сексуалната страст ...

Голема, огромна победа за тимот на Лидс вечерва, кој што со конечни 1:2 на Олд Трафорд го совлада фаворизираниот Манчестер Јунајтед. Во одличен дуел со многу возбудувања, гостите успеаа да ги освојат трите бода со борбена, пожртвувана и максимална борба. Херојот секако е швајцарецот Ноа Окафор кој што погоди во петтата минута, па потоа и во 29. за шокантни 0:2. Потоа на Јунајтед му беше многу тешко да се врати во игра. По паузата домаќинот ...

Искусниот, 31. годишен германски интернационалец, Робин Госенс е стрелец на единствениот гол во победата од 1:0 на тимот на Фиорентина во дуелот против Лацио на затворањето на викенд колото во Серија А. Фиорентина мака мачи да извори опстанок сезонава, а овие три бода и тоа како ќе помогнат во таа насока. Госенс погоди во 28. минута, а потоа домаќинот се избори до крајот на мечот за трите бода. Тие пак велат сега дека Фиорентина има 35 поени ...

Утре со почеток во 21:00 часот, се играат реванш дуелите од елиминационата фаза во Лигата на Шампионите. Атлетико е домаќин и ќе го пречека тимот на Барселона во третиот меѓусебен дуел во само десетина дена. На првиот меч Атлетико победи со 2:0, и е на прагот да се пласира во следната фаза, но сепак, далеку од тоа дека е се готово. Тренерот на Барселона Ханси Флик на официјалната прес конференција пред утрешниот дуел изјави дека верува во ...

Тој беше повеќе од среќен што ѝ го предаде волшебното стапче на друга призната британска актерка: Тилда Свинтон. За време на гостувањето во „Шоуто на Клаудија Винклман“ во петокот вечерта, Фајнс одговори на прашања за претстојната серија на HBO „Хари Потер“ и гласините за тоа кој ќе ја преземе улогата на Темниот Господар, објави Вераети. Фајнс откри: „Се сеќавам дека ме прашаа, откако ја завршивме целата серија, дали би ја повторил улогата, ...

Искусниот 73. годишен фудбалски стратег, Карлос Квеирош е новиот селектор на репрезентацијата на Гана. Тој е назначен да го води африканскиот состав на претстојниот Мундијал, а основната цел ќе биде да се стигне до елиминационата фаза. Доколку се случи тоа Квеирош автоматски добива двегодишен договор. Тој го наследува неговиот претходник Ото Адо кој што беше сменет неодамна по поразот во пријателскиот меч против Германија. sportmedia.mk ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
7.2
47%
1009
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
4.63
56%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
65%
1011
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
6.69
61%
1011
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
11.05
46%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
68%
1010
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
5.66
44%
1007
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
37%
1008
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
37%
1007
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
7.72
56%
1005
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
7.72
44%
1009
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
64%
1006
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Платина

68063.13

Цинк

0.00

Родиум

320703.70

Паладиум

47776.01

Иридиум

253540.09

Бакар

13.33

Калај

55.66

Кобалт

45.39

Злато

151086.58

Сребро

2786.34

Алуминиум

3.61

Рутениум

51376.89