Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар присуствуваше на доделувањето на клучевите за новите 47 социјални станови, со што беше означено пуштањето во употреба на новиот станбен објект наменет за повеќе семејства. Мицкоски им посака на корисниците на становите здравје, среќа и домовите да им бидат место за мир и сигурност, најавувајќи дека Владата ќе продолжи со инвестиции во вакви проекти. -За мене претставува посебна чест и задоволство ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека актуелната состојба со водата за пиење во Гостивар е последица на, како што велат, долгогодишна негрижа на локалната власт предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, тврдејќи дека со години постоеле официјални анализи кои укажувале на неисправност на водата. На прес-конференција, портпаролот на партијата Валентин Манасиевски изјави дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нема кредибилитет да ја критикува состојбата ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вила „Билјана“ во Охрид оствари средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. „ Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог“, пишува ...

Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните факти и современите технолошки решенија што денес се применуваат во рударството. “Во последниот период сме сведоци на организирани обиди од една мала група луѓе да се наруши кредибилитетот на луѓе кои целиот ...

Со почетокот на август и зголемениот број туристи кои патуваат кон грчките летувалишта, многумина се прашуваат кога е најдобро да тргнат за да ги избегнат долгите колони на граничниот премин Богородица – Евзони. Според анализата на AI, најголемиот метеж најчесто се создава во петок попладне, сабота наутро и недела попладне, кога најголем број туристи патуваат кон или се враќаат од Грција. Најдобар период за поаѓање е меѓу 03:00 и 05:00 ...

На првиот ден од август до 13:00 часот, регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, од кои четири се активни, нема пожари под контрола, а три пожари се изгаснати. Активни пожари има во општина Македонски Брод: помеѓу селата Слатина и Грешница (дабова шума); општина Струга: помеѓу селата Делогожда и Татеши (борова шума); општина Сарај: с. Буковиќ (ниска вегетација); општина Илинден: кај клучката Марино (ниска вегетација), ...

Сега веќе е јасно дека и дефинитивно Џани Инфантино капитулираа, доживеаја тежок дебакл. Неговиот таен план да го продаде Светското првенство на приватни инвеститори беше откриен во последен момент и континенталните асоцијации, предводени од УЕФА, успеаја да го соборат. Светското првенство останува во рацете на ФИФА, но многу е можно Инфантино, кој се „заигра“премногу, многу брзо да не биде во таа организација. По објавата на ФИФА, во која ...

Министерството за здравство денеска соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана. - Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и ...

Министерството за здравство информира дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информираат од МЗ. На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега ...

Најновата верзија на GM955, професионално возило за машинско чистење произведено во фабриката на ГРИН МАШИНС на БРАКО во Велес, заминува за Минхен, Германија, каде што следната недела ќе продолжи процесот на тестирање и хомологација директно во TÜV SÜD. Моделот GM 955 добива повеќе значајни технички унапредувања – нов Perkins мотор, редизајнирана кабина со подобрена ергономија и нови LED светла, нов систем за контрола на возилото развиен во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во вилата „Билјана“ во Охрид го примила српскиот премиер, Ѓуро Мацут. ,,Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог”, објави ...

Тројца нови пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје под сомнение дека се заразени со Западнонилска треска. Како што информираат од Министерството за здравство, за овие лица моментално се вршат лабораториски испитувања и се очекуваат конечните резултати кои треба да потврдат или демантираат присуство на вирусот. Во меѓувреме, од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) велат дека до овој момент нема новопријавени и ...

И дефинитивно почна војната за тронот во ФИФА. Претседателот на Конфедерацијата на фудбалски асоцијации на Северна, Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ), Виктор Монтаљани, размислува за кандидатура за претседател на ФИФА. Како што објавува „Англиш Ток Спорт“, тој би можел да стане сериозен противник на сегашниот прв човек на светската фудбалска куќа, Џани Инфантино. Монтаљани има амбиција да го преземе раководството на ФИФА, а ќе мора да ...

Економијата бележи позитивни преминувања со значително намалување на државниот и јавниот долг, како и силен раст на индустриското производство во вториот квартал, информираше премиерот Христијан Мицкоски. Според последните податоци, државниот долг е намален за околу 40 милиони евра, додека јавниот долг бележи пад од над 20 милиони евра, со што се спушта на најниското ниво регистрирано по пандемијата. Паралелно со ова, индустриското ...

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, официјално објави дека последното Светско првенство ги заврши репрезентативните кариери на тројца клучни играчи. Нејмар, Данило и Касемиро повеќе нема да го носат жолтиот дрес, но Анчелоти планира да ја изгради иднината на тимот околу личности како Маркињос. „Мојата авантура со репрезентацијата заврши. Напишав историја со неа и многу сум среќен поради тоа. Поминав низ толку многу. Дадов сè од себе, ...

Тројца жители на скопското село Блаце се лишени од слобода откако биле затекнати при товарање криумчарена стока нелегално внесена од Косово, соопшти Министерството за внатрешни работи. Акцијата била спроведена на 31 јули околу 23 часот од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, кои постапувале согласно Оперативниот план за спречување, откривање и фаќање лица што вршат криумчарење преку државната граница. На ...

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска изјави дека процесот за нормализирање на водоснабдувањето во Гостивар е во завршна фаза и изрази очекување дека уште денес граѓаните ќе добијат вода што ќе биде безбедна не само за техничка употреба, туку и за пиење и подготовка на храна. Одговарајќи на новинарски прашања за обвинувањата од опозицијата во врска со состојбата со водоснабдувањето и спроведувањето на ...

Претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Украина останала без пресретнувачки ракети за своите системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ по уште еден голем руски напад во текот на ноќта, истакнувајќи дека била соборена само една балистичка ракета. . Според украинските власти, најмалку девет лица загинале, а повеќе од 30 биле повредени само во Киев. „Службите за итни случаи сè уште гаснат повеќе пожари што избувнаа во главниот град и ...

Со почетокот на август и зголемениот број туристи кои патуваат кон грчките летувалишта, многумина се прашуваат кога е најдобро да тргнат за да ги избегнат долгите колони на граничниот премин Богородица – Евзони. Според анализата на AI, најголемиот метеж најчесто се создава во петок попладне, сабота наутро и недела попладне, кога најголем број туристи патуваат кон или се враќаат од Грција. Најдобар период за поаѓање е меѓу 03:00 и 05:00 ...

Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје на 29 јули годинава лишиле од слобода три лица од Скопје, осомничени за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Како што информира МВР, приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик. Според ...

Со ребалаансот на Буџетот за 2026 година се обезбедува дополнителна поддршка за граѓаните и се обезбедуваат повеќе средства за плати, здравство социјална заштита капитални инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Третиот столб на Ребалансот е економскиот развој, кој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Ова значи поголема поддршка за ...

Откако ја елиминираше Англија во полуфиналето на Светското првенство и го вееше транспарентот „Малвините се Аргентина“ по натпреварот, Кристијан Ромеро доби пораки дека не е добредојден назад во Лондон. И се чини дека дури и нема да се врати во Лондон бидејќи е договорен неговиот трансфер во Интер. Интер веќе го доведе Џон Стоунс, кој пристигнува како слободен агент откако му истече договорот со Манчестер Сити, а сега сè е договорено за ...

Највисоко ниво на опасност од пожар е прогласено за голем дел од Грција, а службите за цивилна заштита издадоа црвено ниво на предупредување за пошироката област на Атина. Најтешка е ситуацијата во близина на Атина, каде што силните ветрови го отежнуваат гаснењето и предизвикуваат повторно ширење на пожарот. Особено драматична ситуација е забележана во областа Порто Гермено, западно од Атина, каде што ноќеска дополнително се разгоре ...

Во шпанската ексклава Сеута во Северна Африка, големиот прилив на мигранти е ослабен, но последиците од кризата за Европа се далеку од завршени. Денес, експертите од земјите членки на ЕУ треба да разменат мислења за понатамошниот развој на ситуацијата на кризен состанок, соопшти портпаролот на ирското претседателство со Советот на ЕУ. „Ниту едно лице не ја преминало границата кон копното на Европската унија“, увери европскиот комесар за ...

Во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 закупи. Вкупниот број на закупи бележи пад од 17 проценти на квартално ниво. Вкупна месечна закупнина за овој квартал изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9 проценти. Најголем број од закупите од овој квартал, 935, припаѓаат на деловни простори (44 проценти) по што следуваат становите со 630, (29 проценти), куќите со 235 (11 ...

Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел, молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини? Во периодот кога Филипче беше министер, до институциите биле ...

Научниците од Руската академија на науките, Државниот универзитет во Санкт Петербург и Минералошкиот музеј „А. Е. Ферсман“ дојдоа до фасцинантно откритие во рудникот „Кировски“, лоциран на планинскиот масив Хибини. Во длабочините на полуостровот Кола е откриен претходно непознат кристал, кој го доби официјалното име „колски ашкрофтин“. Целиот Периоден систем собрана во еден кристал Новооткриениот минерал содржи итриум – исклучително ценет ...

Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го привлече вниманието на јавноста откако за време на своето обраќање со гестикулации и звучни ефекти го имитираше дејството на американската противвоздушна одбрана. Опишувајќи го пресретнувањето на иранските проектили, Трамп со движења на рацете изговори: „Бинг-бинг, бинг-бинг-бинг“. На тој начин тој го демонстрираше, како што посочи, моментот во кој американските системи за ...

Рекордно ниските нивоа на водата во најголемите европски реки го парализираа речниот транспорт, ја преполовија производството на електрична енергија и донесоа нови економски главоболки за Европа. Неподносливите жештини и сушата овојпат го погодија целиот континент од запад до исток. Од прометниот пристанишен град Ротердам, па сè до хидроелектраните на Балканот, пловните патишта повеќе не се доверлив канал за пренос на нафта и житарици, но ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
68%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.29
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
74%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
0.45
77%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Калај

46.54