Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопштија од ЈП Македонија пат. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, ...

Во емисијата беше објаснето и како позицијата на Месечината во различните куќи од наталната карта влијае врз животот на човекот. Во првата куќа носи чувствителност, харизма и поврзаност со луѓето, додека во втората може да донесе променлива финансиска состојба. Во третата куќа се поврзува со комуникацијата и интелектот, а во четвртата – со домот и семејството, каде се чувствува најсилно. Петтата куќа ја поврзува Месечината со љубовта и ...

Адвокатот Војо Димоски, кој во минатото бил правен застапник на убиениот Климе Митрески, остро реагираше по трагичниот настан во Охрид, предупредувајќи на сериозни слабости во системот и безбедноста во државата. Во својата јавна реакција, Димоски истакна дека Митрески му бил клиент уште од почетоците на неговата адвокатска кариера, нагласувајќи дека никој не заслужува да го загуби животот на таков начин. „Покојниот Климе Митрески ми беше ...

Мајка од Скопје пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка е бремена, откако претходно ја однела на лекарски преглед поради сомнежи за нејзината здравствена состојба. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 28.03.2026 година во 00:30 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријавила дека нејзината 14-годишна ќерка била однесена на преглед на Гинеколошко-акушерската клиника во рамки на Комплексот клиники „Мајка ...

По последните случувања што ја вознемирија јавноста, синот на лекарот кој е осомничен за убиство излезе со јавна реакција, апелирајќи до медиумите и граѓаните да се воздржат од предвремени осуди и да ја почитуваат презумпцијата на невиност. Во објава на социјалните мрежи, тој истакна дека неговото семејство поминува низ исклучително тежок период, нагласувајќи дека неговиот татко со години совесно и посветено ја извршувал лекарската професија. ...

Љубителите на чоколадо може да ги очекуваат лоши вести пред Велигден, бидејќи постои закана од недостиг на популарните чоколадни плочки КитКат. Причината е необичен грабеж во кој е украдена пратка тешка 12 тони, што го потврди и Нестле. Минатата недела, повеќе од 400.000 KitKat Crunch плочки исчезнаа откако крадци го украдоа камионот што ги транспортираше. Возилото било на пат помеѓу производствените и дистрибутивните центри во Европа кога ...

Јеменските бунтовници Хути по неколку најави, денеска се вклучија во конфликтот против Израел. По неколку последователни напади со беспилотни летала и балистички ракети насочени кон израелска територија, претставниците на оваа милитантна група потврдија дека нивните воени капацитети се ставени во целосна функција на поддршка на Палестинците во Газа. Овој потег означува проширување на фронтот далеку надвор од границите на Израел и ...

Вечерва во општина Радовиш се одржа четвртата трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро”. Дискутиравме за актуелната состојба и детално ја појаснивме Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. Во наредниот период ќе продолжиме со посетите по општините, за да ги сослушаме полјоделците, овоштарите, сточарите, тутунарите. Заедно да ја постигнеме заедничката цел, да се зголеми домашното ...

Во најновото издание на емисијата „Планетите зборуваат“, астрологијата повторно беше во фокусот како алатка за разбирање на човековата природа и внатрешниот свет. Во емисијата беше истакнато дека астрологијата, преку наталната карта, овозможува длабоко согледување на личноста, не само на свесно, туку и на несвесно ниво. Посебен акцент беше ставен на Месечината – една од двете „светла“ во астрологијата, заедно со Сонцето. Додека Сонцето го ...

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно го преиспитува повлекувањето на американските трупи од Германија, опција што неговата администрација ја разгледува откако ја презеде функцијата минатата година. Овој потег е дел од притисокот врз сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана, пишува агенцијата Анадолија . Извори блиски до администрацијата на Трамп изјавија дека „фрустрацијата што ја чувствуваме од Европејците е многу ...

Во време на жестока јавна дебата за влијанието на алкохолот врз здравјето, нова студија носи охрабрувачки вести за љубителите на вино. Прелиминарните податоци од големо истражување покажуваат дека умерената консумација на вино може да биде поврзана со помал ризик од смрт, особено од кардиоваскуларни болести, во споредба со пиењето пиво, жестоки пијалаци, па дури и целосна апстиненција. Истражувањата во последните години испраќаа ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја ѝ се потребни 700.000 тони дизел и бензин месечно за да ги задоволи сите потреби. „Засега, армијата е целосно снабдена. Армијата е наш приоритет. Имаме целосна контрола врз количините на гориво. Вкупните залихи на дизел и бензин за целата земја, вклучувајќи ја и армијата, изнесуваат приближно 700.000 тони месечно“, рече Зеленски на онлајн прес-конференција. Тој додаде ...

Семејствата и блиските на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска побараа враќање на обвинителката Ивана Алексова Трајчева на која Советот на јавни обвинители не и го продолжи мандатот. – Советот на јавни обвинители се повикува на правична застапеност за одредени членови на кои им го продолжува мандатот, додека на обвинителката Трајчева и се ускратува да продолжи со предметот кој сама го водеше. Ова отвора сериозно ...

И оваа сабота од 21:00 часот, на 4TV ве очекува ново издание на емисијата „Планетите зборуваат“ со астрологот Наташа Јанковска. Продолжуваме да ги отвораме темите од астрологијата кои се важни за секојдневието – љубовта, работата, здравјето и личниот развој. Преку астролошките анализи, ќе се обидеме подобро да ги разбереме влијанијата што ги имаат планетите врз нашите животи и одлуки. Астрологијата не е само предвидување – таа е алатка за ...

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, изјави дека бил „опседнат со неидентификувани летечки објекти (НЛО)“ и додаде дека верува оти „вонземјаните се всушност демони“, пренесоа денеска американските медиуми. Додека зборуваше за мистеријата што ги опкружува НЛО, потпретседателот Венс, кој е католик, рече дека верува оти суштествата што се сметаат за вонземјани се всушност демони, пренесува Фокс Њуз. На новинарско ...

САД уништија само околу една третина од арсеналот на ракети и беспилотни летала на Иран по едномесечната војна, чија цел беше ослабување на капацитетите на земјата за балистички ракети. Друга третина од ракетите веројатно се оштетени или скриени во подземни тунели и бункери, според извештај што се повикува на американски разузнавачки информации, а слична проценка важи и за арсеналот на беспилотни летала на Иран, објавува „Гардијан“ . ...

На сите им се случува да погрешат, но не сите подеднакво лесно го признаваат тоа. Кај некои луѓе, дури и кога ситуацијата е сосема јасна, потребата да останат доследни на својот став е посилна од подготвеноста да кажат дека згрешиле. Наместо признание, тие почесто се обидуваат да го одбранат својот став до крај или да ја насочат приказната во своја корист. Таквото однесување најчесто произлегува од гордост, потреба за контрола или страв од ...

Општина Аеродром и Град Скопје без никаква логика најавуваат воведување на зонско паркирање од 1-ви Април во Реонски Центар, спротивно на изборните ветувања дека оваа активност ќе се спроведува паралелно во Ново Лисиче и Реонски Центар, пишуваат револтирани жители од оваа скопска населба. Откако Град Скопје и Општина Аеродром го најави воведувањето на зонско паркирање во Реонски центар, жителите на Ново Лисиче, кое се наоѓа од дргата страна ...

Претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска, Синиша Хајдаш Дончиќ, на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласи дека европската интеграција е од клучно значење за продлабочување на односите меѓу Македонија и Хрватска. Тој порача дека не постои подобра асоцијација од Европската Унија за народи како македонскиот и хрватскиот. „ЕУ ќе нè зближи уште повеќе и ќе овозможи во депопулациските ...

Netflix повторно ги зголемува цените на сите свои претплатнички пакети, што влијае на милиони корисници во Соединетите Американски Држави. Обожавателите на документарци, ријалити серии и драми со голем буџет ќе мора да издвојат повеќе пари за да пристапат до својата омилена содржина, што предизвика бран незадоволство на социјалните медиуми. Нов ценовник за американскиот пазар Според новите цени објавени на официјалната веб-страница, ...

Илјадници протести „Без кралеви“ се очекуваат низ САД во сабота против политиките на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација. Организаторите најавуваат повеќе од 3.200 собири во сите 50 држави, очекувајќи дека тоа ќе бидат најголемите еднодневни демонстрации во историјата на САД. Два претходни слични настани привлекоа милиони учесници. Главните протести ќе се одржат во Њујорк, Лос Анџелес, Вашингтон и Минеаполис. Вистинското ...

На 27.03.2026 во 20:55 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода И.С.(48) од Крива Паланка затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата сопруга, синот и снаата. На 27.03.2026 година полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Ј. од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 35 годишна сестра. На 27.03.2026 во 15:10 часот во ОВР Прилеп, 21-годишник од Прилеп пријавил дека бил физички ...

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците во центарот на Лондон во саботата на протестот „Марш за запирање на крајната десница“, изразувајќи противење на крајно десничарската партија „Реформа Велика Британија“, предводена од активистот за Брегзит, Најџел Фараж. Партијата моментално води во анкетите на јавното мислење, објави Ројтерс . Се очекува протестот, организиран од алијансата „Заедно“ со поддршка на синдикатите и организациите на ...

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. На 25 март, осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница од користољубие лишил од живот едно лице. Делото го извршил во куќата на оштетениот во Охрид, со цел да го спречи сега починатиот Климе Митрески да го ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека најновата мерка за воведување „фингерпринт” како начин на мерење на работното време за докторите е понижувачка и несоодветна, а оваа оваа мерка доаѓа од министерот за здравство, кој нема никакво познавање на здравствениот сектор. „Ова е една страшно понижувачка мерка од еден човек којшто моментално е министер за здравство, а со здравството и медицината нема ...

Метео анализа на на Славчо Попоски: Променливото и релативно ладно време за самиот крај на месец март продолжува и викендов со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен а повремено и со умерен интензитет а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. На планините пак и на повисоките места со надморска височина од над 1000/1100 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец кој ќе ...

Помина еден месец откако САД и Израел започнаа воени операции во Иран, предизвикувајќи војна што го дестабилизираше регионот, ги наруши глобалните синџири на снабдување и предизвика меѓународна криза со цените на нафтата. Нападите врз енергетската инфраструктура продолжуваат, а поморскиот сообраќај низ стратешкиот Ормузски теснец останува суспендиран. Американскиот претседател Доналд Трамп постави пет цели што Вашингтон мора да ги постигне ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Г.(53) од тетовското село Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство” по член 123 од Кривичниот законик. Тој, на 25.03.2026 година околу 18.30 часот, во домот на К.М.(76) од Охрид, предизвикал вербална расправија по што, искористувајќи згодна прилика, физички го нападнал а потоа со раце предизвикал негово задушување. СВР Охрид, по преземени мерки и координација ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Социјалдемократската партија на Хрватска силно ја поддржува СДСМ и европската перспектива на Македонија, порача претседателот на СДП, Синиша Хајдаш Дончиќ, на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „СДП на Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Македонија, а силно ја поддржуваме и нашата партнерска партија во Македонија СДСМ. Треба да знаете дека Европската ...

Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изјави дека неговата земја ќе провери дали оружјето што го плаќаа земјите од НАТО за украинската армија навистина пристигнува на наменетата дестинација. Хаканен рече дека Хелсинки ќе провери дали Вашингтон ги почитува договорите потпишани со европските земји-членки на НАТО кои купиле оружје за Украина од американски изведувачи на одбраната. „Она што ѝ беше ветено на Украина, мора да ѝ оди на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
67%
1015
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
37%
1017
weather icon

Загреб

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
34%
1020
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
51%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.75
60%
1015
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
37%
1019
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
5.14
66%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
51%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
45%
1014
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
54%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
5.14
30%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
76%
1016
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Бакар

12.18

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Злато

153002.26

Платина

66584.20

Сребро

2508.22

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.62

Калај

51.07

Родиум

326330.08

Рутениум

53788.20

Паладиум

50026.56