Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека ќе биде намален бројот на војници во мировната мисија на Алијансата во Косово (КФОР) и ќе има од 3.000 до 3.500 војници. Тој наведе дека намалувањето на бројот на војници на КФОР е позитивно, бидејќи ситуацијата во Косово континуирано се подобрува. – Во моментов, КФОР има околу 4.700 војници. Она што ќе го направиме е да се вратиме на нивото од пред 2023 година. Секако, во зависност ...

Европската ракометна федерација ЕХФ објави список на десет сигурни екипи за новата сезона од Лигата на шампионите, а во групите ќе играат вкупно 24 репрезентации. Десет сигурни учесници според рангирањето на федерациите се: Магдебург, Барселона, ПСЖ, Алборг, Келце, Веспрем, Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон, Загреб и Колстад, како и шампионот на Европа лигата – Мелсунген. Македонскиот првак Вардар нема директно место во најсилното европско ...

Европската ракета „Аријана 6“ денеска е лансирана од европскиот вселенски центар Куру во Француска Гвајана. Ракетата има нови, силни помошни ракетни мотори и носи 36 сателити за Амазон. Досега „Аријана 6“ леташе со мотори П120Ц, но овој пат ракетата е опремена со мотор П160Ц и може да носи повеќе цврсто гориво. Според Европската вселенска агенција (ЕСА), ракетата „Аријана 6“ е наменета за носење сателити во вселената за комерцијални и јавни ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го прими младиот шампион Абдулазиз Азизи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во категоријата У15, оценувајќи го неговиот успех како достигнување што претставува гордост не само за спортот, туку и за целата заедница. За време на средбата беше истакната важноста од поддршката на младите таленти и создавањето подобри услови за развој на спортот како долгорочна инвестиција во иднината ...

Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани. Во повикот се нагласува дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во тој дел од градот, со цел непречено користење од ...

Коринтскиот канал, што го дели полуостровот Пелопонез од континентална Грција, од денеска е повторно отворен за пловидба во пресрет на туристичката сезона, а по речиси осум месеци работа за санација на косините и заштита од одрони. Коринтскиот канал најчесто во текот на зимскиот период е затворен за пловидба и се изведуваат работи на косините на каналот за да се избегнат одрони, а од надлежната компанија соопштија дека е постигнат значителен ...

На 16 јуни 2026 година, во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи, а под раководство на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамки на предистражната постапка поврзана со кривично дело „Терористичка организација” од член 394-а од Кривичниот законик, беа извршени претреси на повеќе локации на територија на Град Скопје при што се пронајдени и ...

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Ј.К.(30), Ј.М.(22), М.Т.(23), Р.К.(23) и против Г.М.(34), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „терористичка организација“ по член 394-а став 3 од Кривичниот законик. ...

Соопштение на Левица: Стефан Синадиновски, поранешен претседател на Унијата на млади сили (УМС) на ДПМНЕ во Аеродром, бивш советник во општина Аеродром, а сега “ухлебан” во Царинската управа се најде на платниот списокот на Државна лотарија за донации и спонзорства и тоа, ни помалку ни повеќе, туку со 45.000 евра народни пари? Имено, фирмата „Мобилен Бар”, која е во сопственост на друштвото „Ивент Сервис” заедно со здружението „Посветен ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, одржано во Скопје, постигнаа историски успех: машката кадетска селекција го освои златниот медал и се закити со титулата светски училишен шампион, а женската кадетска селекција освои сребрен медал и стана светски вицешампион. Честитајќи им за извонредниот успех, ...

Вооружените сили на Украина го погодија танкерот „ФИНА А“ во Црно Море, кој е во составот на руската „флота во сенка“, објави Генералштабот на украинската армија. Целта е успешно погодена, а во моментот се проценува обемот на штета, објави украинскиот Генералштаб на Телеграм. Во објавата се наведува и дека украинските сили погодиле мост преку Северниот Кримски канал во близина на селото Ставки, како и мост во близина на Војнка во окупираниот ...

На барање на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), судот ја изрече мерката „затворски притвор“ против десет албански државјани, кои се сметаат за меѓународна група шверцери на дрога кои во Европа носеле со тони кокаин. Групата ја предводел Шпетим, или Салвадор Алиу, додека важна улога одиграл и Дритан Ѓика, кој во последните години станал познат инвеститор. На списокот на осомничени, кои се сметаат за ...

Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај кого се развива срцево заболување или кој има сериозен кардиоваскуларен проблем претходно почувствувал најмалку еден од четирите ризик знаци – покачен крвен притисок, зголемен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и пушење. Кога овие фактори биле анализирани заедно, истражувачите утврдиле дека биле присутни кај 99 ...

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, ја посети јаболковата градина „Кантри мил фармс“ во Мичиген, од каде упати остар апел до Американците драстично да ја намалат преработената храна и да се свртат кон свежи, локално одгледани намирници како месо, овошје, зеленчук и цели зрна. Овој настан, организиран од иницијативата „Здрава Америка“ (Healthy America) на институтот „Америка фирст полиси“ (America ...

Американскиот глумец Том Холанд потврди дека е во брак со Зендеја по месеци исполнети со гласини дека тие двајца се венчале, поткрепени со лажни слики од вештачката интелигенција. Ѕвездите од новите филмови „Спајдермен“ се заедно речиси 10 години, а глумицата пред неколку месеци беше видена како носи „нешто што изгледа како златен венчален прстен“, пишуваа западни медиуми. Оттогаш, двојката – која и вообичаено ретко коментира за својата ...

Пишува: Проф. Д-р Иван Анастасовски Изјавата на Томас Вајц во Европскиот парламент дека по Црна Гора и Албанија, и Македонија “би можела“ да биде следната членка на Европската Унија, несомнено одекна позитивно во македонската јавност. Во време кога евроинтеграциите се наоѓаат во политички застој, секоја порака што носи надеж за придвижување на процесот привлекува внимание. Дилемата е, дали станува збор за реална политичка проценка или за уште ...

Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) ги објасни своите планови за промена на моторите во Формула 1. Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем, ја објави својата намера промените поврзани со погонските единици на болидите да бидат дел од следниот пакет прописи. – Веќе одлучивме да преминеме на V8. Одлуката е веќе донесена. Планирано е моторот да биде воведен во 2031 година, но имаме намера да го забрзаме процесот и да го воведеме ...

Американската агенција Блумберг денеска го објави целосниот нацрт-меморандум за разбирање меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, со што документот престана да биде предмет на неофицијални шпекулации. Според објавата, текстот од 14 точки е идентичен со нацртот што вчера ексклузивно го објави арапската телевизија „Ал Арабија“, што дополнително ја засилува неговата веродостојност. Според информациите на Блумберг, официјалното потпишување на ...

Камион истури стотици литри дизел-гориво на автопат во централна Германија, откако неговиот возач изгубил контрола врз возилото на влажен коловоз, соопшти германската полиција, а пренесува ДПА. Педесет и двегодишниот возач синоќа се движел со брзина несоодветна на условите на патот по автопатот А4 во близина на гратчето Бад Херсфелд во покраината Хесен, кога ја пробил заштитната ограда и го оштетил резервоарот во кој имало околу 600 литри ...

Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче потенцираше дека Преспанскиот договор затвори едно крупно, повеќедецениско прашање – спорот за името со Грција и отвори перспектива за државата, безбедноста и економскиот развој. „Преспанскиот договор затвори едно прашање, повеќедецениски спор за името со Грција. Ние ...

Кејот на реката Вардар добива поуреден и помодерен изглед со поставување нова урбана опрема, како дел од активностите за подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните. На една од најпосетуваните локации во Скопје поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со што се унапредува функционалноста на просторот и се создаваат подобри услови за сите посетители. Целта е кејот да биде почист, поуреден и попријатен за ...

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ во авторство на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска, објавена на феминистичката платформа meduza.mk е меѓу сториите наградени со „Гласник на невидливите“ што ја доделува Македонската платформа против сиромаштијата. -Наследувањето на имот од страна на жените во нашата држава е толку ретко, што низ времето се проткајува како народна пракса која речиси и да не се доведува под знак прашалник. Како и повеќето ...

„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД ‘Енергија Центар’ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,” рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста”, во организација на Finance Think. Тој нагласи ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders” („Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам”), кој се реализира во рамки на Програмата Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција. Домаќини на настанот беа директорот на НУ Завод за ...

Новото крило на ЈЗУ Општа болница – Струмица, чија изградба почна пред речиси четири децении, се очекува целосно да биде ставено во функција од почетокот на септември. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета, по повод комплетно реализирање на проектот за реконструкција и адаптација на оваа установа, до крајот на август треба да заврши последната фаза од доопремувањето на објектот. Мицкоски посочи дека завршувањето ...

Европскиот парламент денеска ги усвои годишните извештаи за пет земји од Западен Балкан – Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. За извештаите европратениците расправаа вчера на заедничка седница. Конкретно за извештајот за Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц, резултатот од денешното гласање помина со 411 гласа „за“, 120 „против“ и 120 „воздржани“. По гласањето, за денеска попладне се закажани и ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Даблин оствари средба со министерката за надворешни работи, трговија и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката заложба за натамошно унапредување на политичката, економската и трговската соработка меѓу двете земји. Посебен акцент во разговорите беше ставен на европската интеграција, во пресрет на ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во Босилово, имаше средба со земјоделци од струмичкиот регион, на која разговраа за моменталната состојба во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците. Филипче порача дека Владата на ВМРО наместо да биде потпора и да им даде поддршка земјоделците, тие го доведоа земјоделството до изумирање. „Едноставно наместо да се даде поддршка на луѓето кои што ја хранат земјата, наместо ...

На 16.06.2026 во Полициската станица Драчево е пријавено дека во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К.(72) од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор. Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не се вратил до 13:00 часот, неговиот брат отишол на нивата и го пронашол под мотокултиваторот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Предупредувавме за сѐ и сега сѐ се потврдува. Нацрт-извештајот на Европскиот парламент: -Нотира недостаток на напредок во реформите, особено во однос на владеењето на правото, на што алармиравме цело време. -Изразува загриженост дека судскиот систем, независноста на судовите и обвинителството, како и напорите за зајакнување на владеењето на правото и рамките за борба против корупцијата, не напредувале доволно. ...

МВР билтен

7 часа - МИА - +1
weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.82
80%
1013
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
3.13
84%
1017
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.53
66%
1019
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.21
48%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.04
63%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.58
87%
1021
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
0.89
68%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.45
59%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.9
79%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.02
89%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.34
59%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
2.4
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.2685

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.6879

Currency

0.33073

Currency

0.52407

Currency

1.14227

Currency

0.55961

Злато

130879.26

Сребро

1888.57

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Бакар

13.11

Родиум

263636.12

Калај

53.55

Платина

52052.06

Кобалт

56.29

Паладиум

40702.85

Алуминиум

3.17