Водата во Крушево е исправна за пиење, a Агенцијата за храна и ветеринарство штотуку ја повлече забраната и водата од крушевскиот водовод може да се употребува за пиење. Од прилепскиот Центар за јавно здравје ги добија резултатите и од третиот, последен последователен примерок за испитување со што е потврдена исправноста на водата во Крушево која сега ги исполнува условите од Правилникот за безбедна вода за пиење. Во водата има законски ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува следната недела да има поголемо намалување на цената на дизелот и на бензините, откако вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за покапувањето, но и за тоа дали се планира некакво намалување на акзиците или на ДДВ-то, истакна дека ...

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното Срце на Сараево. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим. Учеството во Сараево има посебна симболика за ...

На 27.07.2026 во 13:35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на с.Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(76) од Прилеп, патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(41) од Скопје и патничко возило „цитроен” со кичевски регистарски ознаки, управувано од ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката” вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата? Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода”, сè уште без официјален ...

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека бројката на новопријавени случаи од епидемијата во Гостивар изнесува 109, како и дека е одреден засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата со која ќе се следат заразните болести што може да се јават. -Со денешниот ден во Гостивар има 109 нови први контакти, бројката се движи од 80 до 125 во последните четири дена, со тоа што во овој момент не можеме да кажеме колку е тоа редовна ...

Македонскиот народен театар на 9 септември ќе биде домаќин на наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград, во режија на еден од најзначајните македонски режисери Дејан Пројковски, со маестралниот Никола Ристановски во главната улога. Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, „Уна“ е современа и длабоко емотивна приказна за љубовта, сеќавањата, минливоста и изборите коишто ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на туристичката сезона која е во полн ек и резултатите од истата, изјави: „Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носи резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch” во последната едиција од овој извештај, објавено ...

Прес конференција на Кети Штерјова, СДСМ Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија. Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија. СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка. Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување. Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму ...

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson) понуди да исплати отштета од 5,5 милијарди долари на десетици илјада тужителите, кои тврдат дека детската пудра и другите производи со пудра предизвикуваат рак на јајници. Предложената спогодба има за цел да стави крај на долготрајната правна битка. Компанијата со седиште во Њу Џерси ги негира обвинувањата дека нејзините производи со пудра се канцерогени и оттогаш ја промени ...

Лидерот на партијата ” Можност” и пратеник во албанскиот парламент, Агрон Шехај, пред вчерашната пленарна седница го украл тајниот документ за договорот со САД за кредит од 302 милиони долари, од канцеларијата на Парламентот и „избегал“ трчајќи. Снимката од безбедносните камери, која ја пренесуваат медиумите, покажува како Шехај бега, додека вработената, од која насилно го земал документот, брзајќи по него паѓа. Вработените во обезбедувањето ...

На 27.07.2026 во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.М.(19) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 27.07.2026 од 22:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Р.С.(45) и 42-годишната Д.В. од ...

Соопштение на Левица: Во Собранието, по скратена постапка, е доставен Предлог на закон за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година” со кој се предлага и основање на Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028″. Но, наместо закон што ќе воспостави највисоки стандарди на транспарентност и отчетност за проект финансиран речиси целосно со јавни средства, пред пратениците се наоѓа текст што ...

За првпат, сите ученици во прва година од средните училишта во Скопје ќе добијат бесплатни униформи. „Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ. Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и ...

Резултатите од најновата анкета на Ројтерс и Ипсос покажуваат дека еден од тројца Американци ја поддржуваат војна со Иран, што е најниско ниво откако пред пет месеци почна конфликтот. За поголемиот број испитаници претседателот на САД, Доналд Трамп не успеал јасно да ги објасни своите цели. Анкетата покажа дека 69 проценти од Американците, од кои четворица од 10 републиканци, веруваат дека Трамп „не ги објаснил целите на американското воено ...

Во врска со носењето на новиот Кривичен законик, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, повика на правда и изјави дека ставовите на ЛДП се конзистентни во недавањето поддршка на измените на Кривичниот закон, затоа што сѐ уште сведочиме на застарување на случаите со корупција во највисоките ешалони во власта. „Но најтрагично е што во политиката кога некој ги критикува грешките на ...

Промотивниот филм „So Turkish, Go Turkish“ и мини-сериите „Antalya Gambit“ и „İstanbul My Love“, реализирани во рамки на платформата GoTürkiye, освоија престижни признанија на US International Awards 2026, еден од водечките светски натпревари за најдобри достигнувања во областа на креативните комуникации, корпоративната видео-продукција, онлајн медиумите, документарниот и независниот филм. Наградите се значајно меѓународно признание за ...

Веќе пет и пол децении наназад, Фестивалот „Илинденски денови“ претставува вистински простор за промоција на културното наследство во сите појавни форми – музиката, танцот, игрите, обредите, обичаите, традиционалните носии и сите останати формати на уметничкиот израз, стои во денешното соопштение на собраниската прес-служба од обраќање на потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, на отворање на Фестивалот „Илинденски денови“. Секоја ...

Изборниот совет на Хаити соопшти дека претседателски избори ќе се одржат на 13 декември, а вториот круг е закажан на 21 февруари следната година. Претходно беше планирано претседателските избори да се одржат во август со втор круг во декември, но беа одложени поради безбедносни причини. На Хаити последните претседателски избори се одржаа во 2016 година. Последниот претседател Жовенел Моиз беше убиен во 2021 година по одложувањето на ...

Романија се соочува со потенцијално сериозна криза во воздушниот сообраќај, откако можната суспензија на активностите на РОМАТСА стигна до Врховниот совет за национална одбрана (CSAT). Романските власти предупредуваат дека прекин на работата на единствениот давател на услуги за воздушна навигација во земјата би можел да предизвика сериозни последици не само за цивилното воздухопловство, туку и за националната безбедност и мисиите на НАТО на ...

Вчера (27.07.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Кочани и Виница, насочена кон санкционирање на возачи на мотоцикли и лесни електрични возила (тротинети) кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во контролата биле изречени вкупно 59 санкции, од кои една за возач на лесно електрично ...

Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој се обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење. Со камионот пријавен за транзит од Грција ...

Соопштение на Левица: Во 2022 година, Мицкоски тврдеше дека поскапувањето на парното е пљачка на граѓаните, дека е последица на лоповлук и дека семејствата ќе плаќаат и до 120 евра повеќе годишно. Денес, кога Мицкоски е премиер, за само осум месеци им приреди на скопјани две последователни поскапувања – 5,9% од декември 2025 година и нови 5,96% од август 2026 година, односно кумулативно зголемување од приближно 12,2%. Додека беше во ...

Мицкоски синоќа цело интервју зборуваше за принципи. За какви принципи зборува човек кој лаже цело време? Човек чиј принцип беше никогаш „Северна Македонија”. Човек кој принципиелно ветуваше дека прво ќе го укине Преспанскиот договор. Човек кој до вчера ја заговараше теоријата на Вучиќ за членство без право на глас а денес вели дека е само за решение кое води кон полноправно членство. Тоа ли се тие принципи? Додека СДСМ од почеток зборуваше ...

Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесуваат „Вијести“, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ...

Непознато лице вчера отвори оган врз Конзулатот на САД во Торонто. Во инцидентот никој не е повреден, а полицијата трага по сторителот. На фасадата на Конзулатот има дупка од куршум, а пред дипломатската мисија пронајдена е чаура. Во истрагата вклучена е и канадската единицата за борба против тероризмот. Тоа е втор таков инцидент за четири месеци. Врз Конзулатот на САД во Торонто беше пукано и на 10 март, по што е зголемена безбедноста на ...

Пишува: проф. д-р Иван Анастасовски Во секое современо општество растот на цените претставува повеќе од економски индикатор, тоа е показател за капацитетот на државата да го заштити животниот стандард на своите граѓани. Во Македонија, последните бранови на поскапувања одамна престанаа да бидат привремена последица на глобалните кризи и прераснаа во секојдневен предизвик што директно ја намалува куповната моќ, ја продлабочува сиромаштијата и ...

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Доктор Никола Пановски со остра реакција на социјалните мрежи посочи на, како што оценува, неверојатен бирократски пропуст поврзан со водоснабдувањето во Гостивар. Според неговиот Фејсбук-статус, проект вреден седум милиони евра, финансиран со швајцарски грант, бил закочен поради неплатена фактура од 16.500 денари. Пановски се повикува на информации објавени во телевизиските вести, според кои ЈП „Комуналец“ – Гостивар соопштило дека грантот ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32