Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Бугарски портали објавија текстови во кои се анализира откривањето на споменикот од страна на премиерот Христијан Мицкоски во албанското село Туминец, оценувајќи дека станува збор за потег кој може да предизвика нови тензии во регионот. Според објавите, на споменикот посветен на македонски херои од регионот може да се забележи Сонцето од Вергина — симбол кој Грција го смета за дел од хеленистичкото културно наследство и кој беше предмет на ...
Познатиот јапонски производител на автомобили и мотоцикли „Хонда“, откако минатата година доживеа огромна загуба од речиси 16 милијарди долари и објави затворање на две фабрики во Кина, продолжува да се лизга надолу – компанијата практично се откажува од изградбата на две фабрики во Канада и се повлекува од јужнокорејскиот пазар. Јапонските медиуми деновиве објавуваат дека корпорацијата Хонда, која до неодамна беше втора по производство и ...
Повеќе од 100 патници и членови на екипажот се заразиле со норовирус на крузерот „Карипска принцеза“, но и покрај ширењето на вирусот, патниците велат дека атмосферата на бродот останува речиси нормална. Според американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC), заразени се 102 од вкупно 3.116 патници, како и 13 членови на екипажот. Најчести симптоми биле повраќање и дијареја, а здравствените власти потврдиле дека станува збор за ...
Министерот за туризам и спорт на Хрватска, Тончи Главина, денес изјави дека туристичката сезона годинава ќе биде специфична поради прекините во сообраќајот и патувањата предизвикани од војната на Блискиот Исток, и апелираше до целиот туристички сектор да ги намали цените на понудите за 10 до 20 проценти. „Упатен е апел до сите засегнати страни во туристичкиот сектор дека сега е време да покажат добри промотивни акции и да ги намалат ...
Унгарски портали објавија дека компанијата „Икарус“ добила договор за испорака на 150 електрични автобуси за Северна Македонија, што според нив претставува најголема набавка на електрични автобуси досега во земјава. Според информациите, тендерската постапка била започната во февруари 2026 година, а како победнички понудувач е избрана компанијата „Electrobus Europe Ltd“, членка на групацијата „Икарус“, формирана преку партнерство со кинескиот ...
Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, поднесе оставка од таа позиција по речиси пет години на чело на Канцеларијата на високиот претставник, потврди N1 Sarajevo. Германскиот дипломат веќе го информирал Управниот одбор на Советот за имплементација на мирот (PIC) за својата намера, барајќи да ја започне постапката за избор на нов висок претставник. Шмит ќе продолжи да ги извршува сите редовни должности со полн капацитет ...
Летонскиот министер за одбрана Андрис Спрудс поднесе оставка денес откако два украински беспилотни летала долетаа од Русија и погодија складишта за нафта во четврток. Претходно денес, премиерката Евика Силина побара негова оставка, велејќи дека системите против беспилотни летала не биле распоредени доволно брзо. Таа го назначи полковникот на латвиската армија Раивис Мелнис за нов министер за одбрана. Летонија и Литванија во четврток го ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да се сретне со лидерот на Кремљ, Владимир Путин. Фицо во објава на Фејсбук напиша дека Зеленски, за време на личен разговор, наводно изразил подготвеност да се сретне со Путин во кој било формат. „Му ја пренесов пораката на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на претседателот на Русија. За време на нашата лична средба во Ерменија, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната со Иран не е завршена бидејќи Иран сè уште поседува збогатен ураниум кој „мора да се отстрани“ од земјата, како и други воени капацитети за кои вели дека сè уште треба да се неутрализираат. „Мислам дека војната постигна многу, но не е завршена бидејќи Иран сè уште има нуклеарен материјал, збогатен ураниум кој мора да се изнесе од Иран“, рече Нетанјаху за време на гостувањето во ...
Вчера попладне на скопската обиколница, кај клучката во населбата Радишани, целосно изгоре автомобил марка „порше“. На местото интервенирала Противпожарната бригада на Скопје, додека полицијата го регулирала сообраќајот, кој во тој период се одвивал забавено. Според информациите од терен, возилото се запалило додека било во движење. Жената која управувала со автомобилот не е повредена. Полицијата работи на утврдување на причините за пожарот. ...
Идентификуван е нулта пациентот кој се разболел од хантавирус на крузерот „MV Hondius“, а станува збор за 70-годишен Холанѓанец кој бил орнитолог, како и неговата сопруга, со која патувал во неколку јужноамерикански земји, објави телевизијата BFM. Холандски орнитолог и неговата сопруга починаа, а парот наводно посетил аргентинска депонија за да набљудува ретка птица. Холанѓанецот Лео Шилперорд, кој прв покажа симптоми на хантавирус, беше ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со македонското малцинство во соседна Албанија, посетувајќи ги Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа. Преку објава на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук, тој упати силни пораки за национално обединување и континуирана поддршка од матичната држава. Во своето обраќање, Мицкоски нагласи дека на Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување околу вистинските ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран се закани по можно распоредување на британски и француски воени бродови во Ормутскиот теснец. „Секое распоредување и стационирање на разурнувачи околу Ормутскиот теснец, под изговор „заштита на поморскиот сообраќај“, не е ништо друго освен ескалација на кризата“, објави тој на социјалните мрежи. Тој додаде дека „присуството на француски и британски воени бродови во Ормутскиот теснец, кои би ...
Четири тела се пронајдени во реките во областа на Карловачката жупанија во Хрватска, соопшти денес, 10 мај, Полициската управа во Карловац. Реките за кои станува збор се Купа и Мрежница, објави Индекс. Како што е објавено, првата пријава дошла вчера околу пладне, кога граѓанин пријавил во полиција дека забележал мртво тело во Купа во близина на населбата Срачак. Полициските службеници излегле на терен, а припадници на Планинската спасувачка ...
Во Музејот на македонската борба за самостојност, утре (11 мај 2026 г.) со почеток во 10:00 часот ќе се одржи јавна расправа по нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030 година со Акциски план. Во воведниот дел пред присутните ќе се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Во Музејот на македонската борба за самостојност, утре (11 мај 2026 г.) со почеток во 10:00 часот ќе се ...
Птичјиот измет на бојата на автомобилот не е само естетски проблем. Агресивните состојки во него можат да ја оштетат бојата за многу кратко време, поради што е клучно да се реагира што е можно поскоро. Многу возачи потценуваат колку се штетни овие остатоци, но тие содржат киселини, остатоци од протеини и честопати мали честички песок. Оваа мешавина ги кородира модерните бои, а нејзиното дејство е дополнително забрзано на високи температури, ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Денес Филипче пак излезе на прес-конференција да објаснува како уставните измени се во интерес на Македонија , и пак се обиде да го релативизира македонскиот идентитет и националните интереси. Филипче јасно кажа дека за него националниот идентитет е застарен концепт, па сега секојдневно го повторува ставот и се врти околу својата замислена оска и си фантазира за премиерска фотелја. Откако распродадоа, ...
Иран го испрати својот одговор на американскиот предлог, насочен кон прекин на повеќе од двомесечната војна, до медијаторот Пакистан, соопшти во недела иранската новинска агенција ИРНА. Според предлогот на Иран , сегашната фаза од преговорите ќе се фокусира исклучиво на прекинување на непријателствата во регионот, изјавил извор запознаен со ситуацијата за ИРНА. Извори од двете страни изјавија за Ројтерс дека најновите мировни напори биле ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без дозвола (тројца малолетници), а по двајца со активна забрана и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје (еден малолетник), и по еден во Тетово (малолетник), Гостивар, Велес (малолетник) и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Делчево учествувал ...
Градот Скопје наскоро ќе добие нов лунапарк, проект вреден околу 10 милиони евра кој треба да донесе современ забавен парк во Градскиот парк. Според објавите од Бирото за јавни набавки, договорот за проектирање, набавка и монтажа на реквизити е склучен со компанијата Мастеф ДООЕЛ Скопје. Новиот забавен парк ќе се гради на проширена површина во однос на стариот лунапарк, вклучувајќи и дел од просторот каде што претходно беа летните дискотеки ...
На 09.05.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско-косовска бригада” и ул.„Аугуст Цезарец” во Скопје, патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(51) од Скопје, удрило во двајца пешаци – 57-годишната Ф.С. и А.Т.(27), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.С., а со телесни повреди А.Т., констатирани во Ургентен центар при комплекс ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан испрати порака до новата унгарска влада. „Новите луѓе мора многу јасно да разберат едно: ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат. Откажувањето од нашиот патриотски став и откажувањето од националниот суверенитет за пари или политичко одобрување би било историска грешка. Не смееме да дозволиме странските елити да одлучуваат за нашата иднина“, напиша Орбан на ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека верува оти конфликтот во Украина е близу до крајот. На прашањето дали е подготвен да се вклучи во разговори со Европејците, Путин одговори дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е попосакувана фигура за него. Путин, исто така, рече дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само кога ќе се постигне траен мировен договор. Војната меѓу Русија и Украина трае повеќе ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: На 9 мај, датум со посебна симболика за европската иднина, албанската политичка сцена во Северна Македонија одбележа значаен момент. Идејата што некогаш беше доведена во прашање, патот што беше оспоруван и обединувањето што беше попречувано од многумина, доби целосна форма и стана политичка реалност. ВЛЕН, од соработка меѓу пет субјекти, се трансформираше во едно единствено политичко тело. Ова не беше само ...
Под мотото „Фолклорот како живо наследство”, Општина Центар организираше културно-едукативен настан во Паркот на Франкофонија, со настапи на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов” и фолклорните групи од Детскиот културен центар – Карпош. Играорците, пред публиката, се претставија со богат репертоар од разновидни ора, народна музика и раскошни македонски носии, создавајќи атмосфера на поврзаност и заедништво. Градоначалникот Горан ...
Соопштение за јавност на Левица: Лаекенски индикатори за сиромаштија покажуваат дека 21,9% од граѓаните во Македонија живеат под прагот на сиромаштија, со највисок ризик кај самохраните родители и децата. Овие податоци не се само социјален аларм туку и јасен показател за неуспехот на економските политики во државата. Кога секој петти граѓанин не може да обезбеди основен животен стандард, а кај семејствата со три и повеќе деца сиромаштијата ...
Миле Цеков, кој како носител во ИЕ 4 беше избран за пратеник, ја напушти пратеничката група на партијата и парламентарното мнозинство, најавувајќи дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник. Во изјава за „Фокус“, тој демантира дека неговата одлука е поврзана со поранешниот премиер Зоран Заев и тврди дека станува збор за лична политичка одлука. Цеков вели дека нема контакт со Заев и дека во јавноста се создаваат конструкции за да се ...
На 10.05.2026, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад во ноќен клуб на булевар „Железничка” во Охрид ги приведоа А.Г.(28), М.Р.(26), А.Б.(29), А.С.(28), државјанки на Русија, П.П.(31) од Бугарија, А.Л.(31) од Казахстан и А.Р.(42) од Србија. При извршена контрола во ноќниот клуб, странските државјанки биле затекнати како нелегално работат како танчерки, по што се приведени. По целосно документирање на настанот, ...
На 09.05.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков” во Скопје, електричен тротинет удрило во пешак – 61-годишната Љ.М. од Скопје, по што возачот со тротинетот го напуштило местото на настанот. Во несреќата, Љ.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот На 09.05.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје е ...
Изборот е јасен – Европска Македонија или криминална изолација со Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека власта предводена од Мицкоски свесно го блокира европскиот пат на државата за да ги заштити сопствените криминални интереси и да продолжи злоупотребата на народните пари. „Мицкокски и неговата група свестно ја блокираат Европската иднина на Македонија, за да ја ...