
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Неодамна пристигна трејлерот за GTA VI, кој донесе зголемена популарност на песната што може да се слушне во клипот. Песната се вика „Love Is a Long Road“, во изведба на Том Пети. Како што објави IGN, од објавувањето на трејлерот, популарноста на песната едноставно „експлодира“ на платформата Spotify (публиката е зголемена за 36.979%, поточно). Оваа песна од 1989 година, според сегашните податоци, е преслушана повеќе од 11 милиони пати. Том ...
Во Калифорнија, родител неодамна поднел тужба против 2K Games, откако на малолетниот играч му била отстранета виртуелната валута од сметката. Имено, играчот имал непотрошени пари (VC) во постарите видеоигри NBA 2K, WEE 2K и PGA Tour 2K, а со прекинот на поддршката за истите тие пари пропаднале. Во тужбата се наведува дека 2K Games не нуди објаснување зошто не дозволува рефундирање и, при купување на виртуелна валута, не дава предупредување дека ...
Конзолата Nintendo Switch наскоро би можела да го добие својот наследник или наследници. Се ближи моментот кога навистина би можеле да добиеме повеќе детали за следната конзола Nintendo Switch, а соодветно на тоа имаме сè поголем број гласини за новиот модел. Сè уште нема конкретни детали за датумот на објавување, но различни извори укажуваат дека може да го очекуваме Switch некаде следната година (или за неколку месеци или во втората половина ...
The Elder Scrolls 5: Skyrim доби ново ажурирање за компјутер и конзоли, фокусирајќи се на редизајнирани режими. Skyrim: Special Edition сега има нов мод систем на компјутер, како и за PlayStation 4 и 5, Xbox One и Series X и S конзолите. Во соопштението од дивелоперот на Bethesda, официјализирана е нова функција наречена Bethesda Game Studios Creations, менувајќи го Creation Club во Skyrim: Special Edition Играчите со веќе инсталирани модови ...
Larian официјално објави големо ажурирање Patch 5 за Baldur’s Gate 3. Стандардите беа поставени високи со оглед на успехот на претходните ажурирања, а како што е соопштено од IGN, Larian Studios изгледа не ги изневеруваше очекувањата на играчите. Patch 5 носи нов епилог кој се опишува како „конечно збогум“, а од студиото велат дека е „една од најкомплицираните работи за пишување“ во целата игра. Покрај епилогот, додадени се и два нови начини на ...
Откако трејлерот за GTA VI предизвика големо внимание, природно почнаа да се развиваат разни теории за тоа како да се „исцеди“ што повеќе значење од него. Затоа, многу фанови почнаа да шпекулираат дека трејлерот всушност треба да се гледа наназад, бидејќи тоа е најдобриот начин да се разбере приказната за Лусија, еден од ликовите. Да потсетиме, клипот започнува така што еден од двата главни лика (најверојатно Лусија) ја прашуваат дали знае зошто ...
Rockstar Games покажува дека GTA (Grand Theft Auto) е толку популарна, што самата најава (поранешен твит) на GTA 6 и неговото објавување руши рекорди како твит со најмногу лајкови досега. Откако Rockstar Games објави дека трејлерот за Grand Theft Auto 6 ќе биде објавен на 5-ти декември, самата објава „експлодира“ на мрежата X и стана најлајкуваниот гејмерски твит досега. Најавата за трејлерот за GTA 6 моментално има повеќе од два милиони лајкови ...
Starfield имаше интересен пат, а сега е објавено дека играта достигна 12 милиони играчи. По долга и обемна маркетинг кампања, Starfield беше лансиран и веднаш предизвика голем интерес, привлекувајќи 10 милиони играчи во првиот месец. Оттогаш, сепак, растот значително забави, а во подоцнежните месеци играта привлече само околу два милиони повеќе играчи. За време на настанот CCXP23, извршниот директор на Xbox Gaming Фил Спенсер објави нова ...
Компанијата Sony се соочува со тужба во која би можела да загуби 7,9 милијарди долари. Адвокатите на компанијата се надеваат дека ќе можат да ја одбранат од обвинувањата дека PlayStation Store им наплаќала на корисниците на Sony повеќе отколку што би требало. Првично, тужбата започна од она што го кажува во условите што програмерите и издавачите треба да ги прифатат кога сакаат да продадат видео игра користејќи ја PlayStation Store. Со оглед на ...
Valve објави нов patch за видео играта Counter Strike, две децении по нејзиното објавување. Класиката меѓу игрите со пукање, Counter-Strike: Condition Zero, беше претставена на јавноста во 2004 година. Сега, малку неочекувано, доби ажурирање. Иако не е баш најпопуларната видео игра CS, сепак има што да им понуди на фановите. CS: Condition Zero на некој начин наведе што можеме да очекуваме од следните игри во франшизата. Станува збор за кампања ...
Компанијата Bethesda се одлучи на необичен потег, кој вообичаено не го гледаме од издавачот на AAA игрите, а тоа е да одговори на негативните критики за играта Starfield на Steam. Како што е забележано на оваа платформа, претставниците на компанијата во сопственост на Microsoft реагираат на негативните критики за играта на Steam од почетокот на ноември, по „мешаниот“ рејтинг на корисниците на Starfield од 69%. Многу од негативните критики го ...
Студиото GSC GameWorld потврди дека S.T.A.L.K.E.R. 2: Heart of Chernobyl е во последните фази на развој. Како што рекоа, тоа е „национален проект кој треба да го пренесе нескршливиот украински дух на светот“. Се уште нема информации кога S.T.A.L.K.E.R. 2 ќе излезе, студиото веќе спомна само дека „финалната фаза“ е во тек. Дополнително, објавено е и промотивно видео кое на играчите треба накратко да погледнат што ги чека. Во видеото се ...
Игрите GTA Trilogy се објавени на необична платформа – Netflix. Одделот за игри на Netflix соработува со издавачот Rockstar Games за објавување на игрите GTA Trilogy. BIG NEWS: GTA III, Vice City, and San Andreas from the Grand Theft Auto Series are coming to Netflix Games for mobile on December 14! pic.twitter.com/qe9DGOHXyO — Netflix (@netflix) November 29, 2023 Така, GTA Trilogy е достапна за претплатниците на Netflix преку Google Play, iOS ...
Google објави дека ќе започне со тестирање на нова функција на својот прелистувач Chrome како дел од планот за забрана на колачињата што ги користат огласувачите за следење на потрошувачите. На 4 јануари, Google треба да воведе функција наречена „Заштита од следење“ на еден процент од корисниците на Chrome на глобално ниво, што стандардно ќе го ограничи следењето меѓу страници. Google планира целосно да ја укине употребата на колачиња од трети ...
Брендот за електрични возила Zeekr на кинескиот производител Geely претстави литиум-железо-фосфатни батерии (LFP) кои поддржуваат брзо полнење, тврдејќи дека се полнат за 15 минути за до 500 километри возење. Во фабриката за батерии во сопственост на матичната група на Zeekr, Geely Holding во провинцијата Жеџијанг, компанијата во четвртокот објави дека нејзината лимузина 007 ќе биде првиот модел што ќе биде опремен со батерии кои можат да се ...
Некои корисници на услугата Google Drive пријавуваат загуба на податоци, кои се чуваат со месеци, а се чини дека ова не е единствената апликација на Google зафатена од проблемот. Кога станува збор за онлајн складирање податоци, Google Drive е меѓу најпопуларните решенија. Бесплатен е и нуди дополнителни надградби и повеќе простор за складирање за релативно ниска цена. Сепак, некои корисници известуваат дека изгубиле податоци од претходните ...
Корисниците на Google Bard сега можат да добијат детали за видеата на YouTube што ги гледаат благодарение на чат-ботот со вештачка интелигенција. Новото проширување што го доби Bard му овозможува да разбере каква е содржината на видеото и врз основа на тоа да одговори на барањата за информации направени од корисниците. „Ги преземаме првите чекори за да го подобриме разбирањето на видеата на YouTube од страна на Bard… слушнавме дека сакате да ...
И покрај сите докази, Австралија не постои – барем тоа е информацијата што можевте да ја добиете неодамна од популарен чет-бот. Тоа е Microsoft Bing, а некои корисници неодамна напишаа дека овој четбот „паднал“ во една од најлудите интернет теории на заговор, која го негира постоењето на цел континент. Неколку корисници од Австралија (која вистина постои) напишаа на социјалните мрежи дека кога го прашале Bing дали постои Австралија, го добиле ...
Новиот необврзувачки меѓународен договор претставува заеднички напор за обликување на одговорниот развој и примена на технологиите за вештачка интелигенција во светот. Соединетите држави, Велика Британија и повеќе од десетина други нации се договорија за сеопфатен меѓународен договор за заштита на вештачката интелигенција (AI) од злоупотреба. Вкупно 18 земји, вклучувајќи ги Германија, Италија и Сингапур, претставија документ од 20 страници во ...
Американскиот технолошки гигант Гугл ги објави податоците во кои е наведено што најмногу се гуглало во 2023 година, а корисниците барале се – од поп-култура до смрт на познати луѓе ширум светот, но кога станува збор за конфликти, најголем интерес бил изразен за војната меѓу Израел и Хамас. Подморницата што експлодираше во Атлантикот на пат кон Титаник, како и разорните земјотреси во Турција и Сирија во февруари, исто така беа широко пребарувани, ...
Компанијата „Тесла“ повлекува повеќе од два милиона возила за да го поправи неисправниот систем за предупредување на возачите кога го користат режимот за автоматска контрола на возилото (автопилот). Оваа информација денеска ја објави американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата, која додаде дека „Тесла“ ќе го ажурира софтверот за да го реши овој проблем, пренесува АП. По двегодишна истрага, американскиот регулатор ...
Албанската влада планира да го забрза својот пристап во Европската Унија со користење на ChatGPT за да преведе илјадници страници законски мерки и одредби на ЕУ на албански јазик и потоа да ги интегрира во постојните правни структури. Овој план ќе почне да се спроведува на почетокот на 2024 година по недамнешниот договор со извршната директорка на матичната компанија на ChatGPT, OpenAI, Мира Мурати, која е родена во Албанија, пренесува ...
И покрај периодот обележан со значителни предизвици во индустријата за паметни телефони, некои сепак успеаја да забележат раст на европскиот пазар. Меѓу нив е и Honor, која успеа да го постигне статусот на една од првите пет компании кои забележаа годишен раст во Европа, покажуваат податоците на аналитичката фирма Counterpoint Research. Според овие податоци, испораките на телефони во Европа во третиот квартал од оваа година бележат намалување од ...
Опцијата е достапна на паметните телефони со најновата верзија на iOS, како и на паметните часовници на Apple. Еднаш годишно, Apple претставува нови верзии на својот оперативен систем за мобилни уреди, кои обично носат големи или поголеми новитети и промени за сопствениците на iPhone и iPad, додека во текот на годината компанијата објавува помали ажурирања кои носат главно безбедносни закрпи. Најновата верзија на мобилниот оперативен систем за ...
Google, Microsoft и Meta формално се здружија за да формираат управен комитет за подобрување на безбедноста на апликациите преку реструктуираната алијанса за одбрана на апликации, која сега е дел од семејството на Фондацијата Linux. Технолошката тројка планира „да го прошири опсегот на Алијансата за да поттикне заедничко спроведување на индустриските стандарди за безбедност на апликациите“, се вели во соопштението за печатот. Алијансата за ...
Mozilla ја објави верзијата Firefox 120 на својот веб-прелистувач, која сега е достапна на сите поддржани платформи. Firefox 120 носи можност за копирање врски без параметри за следење. Покрај тоа, постојат глобални контроли за приватност кои ги известуваат сајтовите дека корисникот не сака да се споделуваат нивните податоци. Една од промените е блокатор на cookie банери за корисниците во Германија. Има и поддршка за подобрувања ...
Instagram ја отвора можноста за корисниците правилно да преземаат содржина на Reel, за да им овозможи на луѓето надвор од САД да го сторат тоа. Корисниците, кои до сега сакаа да зачуваат видео на Reel за подоцна, најчесто мораа да го сторат тоа со зачувување на Instagram. Освен ако не живеат во САД, каде што Reels може да се преземат од јуни. Сепак, тоа сега се менува, а Instagram почнува да им дозволува на корисниците ширум светот да преземаат ...
Пазарот на паметни телефони полека закрепнува по повеќе од две години пад и стагнација. Во октомври, продажбата на паметни телефони на глобално ниво се зголеми за пет проценти на годишно ниво, за прв пат во последните 27 месеци, објави агенцијата за истражување на пазарот Counterpoint од Хонг Конг. „Лидерите за раст се пазарите во развој на Блискиот Исток и Африка, а растот беше поддржан и од враќањето на Huawei во Кина и почетокот на сезоната ...
OpenAI, и покрај сите проблеми со кои се соочија неодамна, објави нова функција за оние кои користат бесплатен ChatGPT. ChatGPT with voice is now available to all free users. Download the app on your phone and tap the headphones icon to start a conversation. Sound on 🔊 pic.twitter.com/c5sCFDAWU6 — OpenAI (@OpenAI) November 21, 2023 Ова е опцијата „ChatGPT with voice“, која ви овозможува да активирате гласовен асистент во вашата апликација ...
Во последните неколку години се забележува зголемување на употребата на VPN технологијата, а нејзините апликации се широки. Ако сте го виделе овој термин, но не сте сигурни што значи или дали ви треба, еве објаснување. Акронимот VPN стои за Virtual Private Network (Виртуелна приватна мрежа). Во основа, се воспоставува врска помеѓу вашиот уред и оддалечен сервер, создавајќи „тунел“ кој ги шифрира вашите лични податоци, ја маскира вашата IP адреса ...