Премиерата на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија ќе се одржи на 9 октомври во 19 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Претставата, која ја носи „ЈEС Продукција“ од Скопје, ги обединува на сцената неповторливите актерки Олга Одановиќ, Дубравка Мијатовиќ, Анастасија Мандиќ и Сена Ѓоровиќ, под режија на Бојана Лазовиќ. Нивната изведба ветува вечер полна со смеа и забава. Претставата зборува за четири жени што се ...

Скопје по 20. пат вечерва ќе живее со културата и уметноста во рамките на манифестацијата „Бела ноќ 2024“. На повеќе ликации во градот ќе можете да уживате во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси. „Бела ноќ“ ќе почне со волшебен уличен спектакл, насловен „Сонот на Ербер“ на француската трупа „Кидам“ во 20 часот пред Музејот на град Скопје. Финалето на ...

Во „Лабораториум“ во Скопје денеска во 20 часот ќе гостува Зденко Башиќ, еден од најуспешните и најпознатите современи хрватски илустратори. Тој ќе ја претстави својата книга „Северозападниот ветер“. Разговорот со авторот ќе го водат Мерсиха Исмајлоска и Владимир Јанковски, кој ја преведе книгата на македонски. Настанот го организира „Артконект“ како дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ и од Министерството за култура и туризам. ...

Повеќе од 400 млади од осум земји ја наполнија салата на киното „Милениум“ синоќа, со што го започнаа 12. патешествие наречено „Џифони Македонија“. Проекцијата на филмот „Последниот пат кога бевме деца“ на Клаудио ја остави без зборови публиката на фестивалот, со својата топла, но и трогателна приказна, многумина ги разнежни, а неколку сцени од филмот добија и аплаузи. Директорот Дарко Башески им посака на учесниците да бидат редовни, да ...

Научната работа бара многу трпение, време и знаење, но сите тие напори се наградуваат со значајни резултати. Мојата посветеност ми донесе позиција како млад истражувач во меѓународен Институт за природни катастрофи во Белград, нови проекти и започнување докторски студии. Важно е да ги следат новите технологии, да се отворат кон мултидисциплинарен пристап и да останат љубопитни – вели Алексова. Последниве месеци работам на истражување на ...

Повеќе од 40 лингвисти од земјава и од светот ќе учествуваат на 12. Меѓународна македонско-полска научна конференција која денеска и утре ја организира Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје, а ќе се одржи во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Свеченото отворање е во 10 часот во Ректоратот каде ќе се одржат поздравните говори. Пленарните сесии ќе бидат на Филолошкиот факултет во салата за седници. Целата програма на ...

Во халата на „Лабораториум“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи перформанс на петмина актери од регионот под режисерската палка на Филип Петковски. Како да убиеш пет ликови во претстава? Перформансот е завршен дел од резиденцијата за пост-драмски театар, предводена од режисерот Филип Петковски. Проектен координатор е Стефан Момиќ, а играат: Фатлуме Буњаку (Косово), Виктор Лукиќ и Мира Јањетовиќ (Србија), Емилија Тончева (Бугарија), Пиа ...

Во Центарот за култура во Тетово, вечерва Музичкиот ансамбл од Тетово ќе ја изведе симфониска бајка за деца „Петар и волкот“. Концерт наменет за најмладата публика. Од 16 часот ќе биде изведена на албански јазик, а од 17 часот на македонски јазик. Камерниот оркестар ќе настапи под палката на диригентите Агона Чупи и Ангел Спироски. Заедно со нараторот Рахим Рамадани тие ќе ги поведат најмладите во прекрасниот свет на класичната музика на ...

Отворен е повикот за новата генерација млади европски амбасадори. Платформата „Млади европски амбасадори“ е енергична мрежа која ја сочинуваат млади активисти од нашата земја, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и од Србија. Младите европски амбасадори доаѓаат од различни средини, но ги обединува заедничката визија за Западен Балкан обединет со разноликост, меѓусебно разбирање и соработка со Европската Унија. – Мрежата на МЕА е ...

До 11 октомври е отворен уписот на втор циклус на студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Сите заинтересирани кандидати за магистерските програми може да се запишат на академската 2024/2025 година. Пријавувањето се врши електронски на: www.upisi.ukim.mk. Потребни се: пријавен лист за запишување, електронска пријава од iKnow системот, диплома или уверение за завршен прв циклус студии, куса биографија ...

„Инструментите на моите предци“ е насловен натпреварот по класични и народни традиционални македонски инструменти кој ќе се одржи утре во 9 часот во Детскиот културен центар „Карпош“ во Скопје. Ќе учествуваат деца и млади од 10 до 18 години кои преку звукот на гајда, хармоника, тамбура, кавал, кларинет, тапан ќе ги одведат учесниците во различни предели и региони и ќе раскажат приказни кои зборуваат за минатото во сегашноста и ја градат ...

Со настанот „Книжевната метафизика на Алесандро Барико: Метаморфоза на имагинацијата“, кој вклучува онлајн-разговор со авторот Алесандро Барико од Италија, вечерва во 18 часот, се затвора годинешното, јубилејно издание на фестивалот на европска литература „Букстар“. Ова воедно е прв каков било директен контакт на големиот италијански и светски автор со својата македонска публика, oткако се случи преводот на романот „Свила“ на македонски јазик ...

Германскиот професор и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашната интернационална награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Романот на германски јазик го објави издавачката куќа „Гуголц“ од Берлин Анастасија Ѓурчинова ја доби наградата за најдобар книжевен превод „Драги“, за преводот оа италијански на македонски јазик на „Интимен живот“ од Николо Аманити, издание на „Антолог“. Германскиот професор и ...

Третата конференција „Наука за деца“ ќе се одржи на 18 и 19 октомври во просториите на училиштето НОВА во Скопје. Конференцијата ја организира Фондацијата „Кантарот“ под мотото „Надгради ја твојата реалност“. Присутните ќе ги поздрави Драгана Стикова, директорка на „Кантарот“, Иван Новаковски, директор на НОВС и Иго Бештел, директор на Француски институт во Скопје. Конференцијата ќе почне со свечено отворање и пет кратки предавања од ...

„Effortless“ (Природно) е насловот на изложбата на дигитални слики од Јана Луловска што ќе биде отворена вечерва во Културно-информативниот центар во Скопје. Таа ќе се претстави со дигитални слики кои постојат во еден простор во којшто флуидноста и течението не се само естетски квалитети, туку се најважни за самата природа на уметничкото дело. Луловска употребува дигитални алатки за да ги надмине традиционалните ограничувања, создавајќи при ...

Во Домот за деца и млади „Благој Мучето“ во Струмица денеска во 12.30 часот ќе се одржи промоција на најновата книга на Киро Донев – романот за деца „Дневникот од штрковото гнездо“. Промотор ќе биде Ацо Ѓоргиев, кој е и автор на поговорот на книгата. Романот е илустриран со цртежи на Славица Купенкова. Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај своите баба и дедо доаѓаат две внучиња за ...

Одлична изведба на претставата „Не ме чекај“ на театар од Нант, Франција, насмеани дечиња, инспиративни говори го красеа отворањето на 3. Интернационален фестивал за детски театар „Игор Маџиров“ синоќа на сцената на Театарот за деца и младинци. Присутните ги поздрави претседателката Гордана Силјановска – Давкова, која е покровител на фестивалот. Мотото на фестивалот годинава е „Се’ e твое“. Фестивалската програма продолжува денеска. Во 19.30 ...

Актерот Игор Ангелов ја разбуди, разнежни, насмеа, замисли публиката, ја натера да подзастане, да подразмисли за најубавите нешта во животот! Секој од нас има своја мала или поголема листа на мали, но важни нешта што му значат во животот. Понекогаш ги забораваме колку се значајни токму малите работи што ни се случуваат, луѓето што ги имаме покрај нас, дозволувајќи да нè понесе чудна емоција или проблем. Погубно е кога таа листа ќе го изгуби ...

Одлична изведба на претставата „Не ме чекај“ на театар од Нант, Франција, насмеани дечиња, инспиративни говори го красеа отворањето на 3. Интернационален фестивал за детски театар „Игор Маџиров“ синоќа на сцената на Театарот за деца и младинци. Присутните ги поздрави претседателката Гордана Силјановска – Давкова, која е покровител на фестивалот. Мотото на фестивалот годинава е „Се’ e твое“. Фестивалската програма продолжува денеска. Во 19.30 ...

Чинот на превод ги вклучува сите предизвици што литературата се обидува да ги постигне: форма на комуникација што се труди да го изрази човечкото битие, неговата визија за постоењето во неговите многу форми. Обидувајќи се да ја постигне таа бескрајна задача, литературата ја покажува својата несовршеност – вели португалскиот писател Хозе Луиш Пејшото. Жозе Луиш Пејшото е португалски прозаист, поет и драматург. Досега има објавено тринаесет ...

Четврт уписен рок за запишување во прва година на прв циклус студии распиша Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола во академската 2024/2025 година. Овој уписен рок започнува со пријавување на кандидатите на 4 октомври, по што ќе следува објавување прелиминарна ранг- листа на 7 октомври. Решението за прием на кандидатите ќе биде објавено на 9 октомври, а ден подоцна, кандидатите ќе може да се запишат. Во претходните три уписни рокови ...

Во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 21.30 часот ќе се одржи премиера на проектот „Безвременски прикаски“ во кореографија и режија на Ирена Лозинска. Станува збор за музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка. Четирите учесници-актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски – авторот на музиката за претставата, ...

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Нова димензија во создавање 2“ од Александра Димитрова. Според Синиша Новески, самиот чин на создавање уметничко дело е трансформирање и создавање нова метафизичка димензија, чиј краен резултат е дело кое е поразлично од реалноста. – Затоа сликите на Александра Димитрова, и покрај тоа што мотивите се пејзажот и портретот, се оригинални ...

Претстави од Франција, Србија, Словенија, Турција, Македонија од вечерва до 5 октомври ќе бидат на програмата на 3. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што го организира Театарот за деца и младинци од Скопје. Мотото е „Сè е твое“, инспирирано од безвременото писмо на Горан Стефановски, до својата внука Калина. Во дел од пораката, тој вели: Сиот свет сега ти припаѓа тебе и сè во него е твое! Твои се земјата и луѓето И ...

Книгата „Бог на ба(к)терии“ од поетот Митко Гогов, во издание на „Макавеј“ ќе биде промовирана вечерва во 19.19 часот во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје. За делото ќе зборуваат Зоран Анчевски и Бранко Цветкоски. Митко Гогов пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено на „Твитер“. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку ...

„Сенки во облаците“ е насловот на изложбата на дела од Емил Шулајковски со која вечерва во 20 часот во Чифте амам тој ќе одбележи тридецениско творештво. Изложбата е составена од пет одвоени циклуси создадени во изминатите пет години, изведени во техниките масло и акрил на платно, како и акварел на хартија, што од своја страна претставува увид во еден опсежен творечки континуум, во кој на извесен начин се сублимирани „состојбите“ на емоциите ...

За улогата на Павле во претставата „Лагата“, актерот Јордан Симонов ја доби наградата за најдобар актер на 23. фестивал „Албански театар во Македонија“ во Дебар. Претставата е во продукција на Македонскиот народен театар, по текст на Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. По учеството на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Симонов за улогата на Павле го доби највисокото актерско остварување, ...

Полемиката отвори низа интересни прашања. Како науката да се избори за своето место и зошто широките народни маси одбираат повеќе да веруваат на тоа што не е потврдено со факти. Особено кога е поттикната од национални и етноцентрични побуди Археолошкиот локалитет Влахо кај селото Живојно во Пелагонија, едно од наоѓалиштата каде што научниците докажаа дека најрано се појавиле неолитските населби во Европа, деновиве стана интересен за ...

Драмски театар Скопје од 15 до 20 октомври ќе биде домаќин на 3. Меѓународен театарски фестивал РУТА. На сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје публиката ќе може да проследи шест претстави на театрите од регионот. Во фестивалската програма ќе играат претстави и копродукции од сите членки на Регионалната унија на театри – Београдско драмско позориште од Србија, Камерни театар 55 од Сараево, Босна и Херцеговина. Од Хрватска ...

Театарот Комедија на својот влез доби нова визуелна приказна. Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика Talavera de la Reina. Ова дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ израз. Проектот е остварен во соработка со Здружението за културно-уметнички дејности „Одоната“, под ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
7.2
51%
1010
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
58%
1011
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
74%
1011
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
66%
1014
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
11.35
48%
1008
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
61%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
53%
1007
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
37%
1008
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
37%
1007
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
8.94
58%
1003
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
7.2
43%
1009
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
77%
1005
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.61

Калај

55.66

Паладиум

47776.01

Бакар

13.33

Сребро

2786.34

Родиум

320703.70

Платина

68063.13

Злато

151086.58