
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Историчарот Васко Гичевски бесплатно ја отстапи книгата – прво дело од областа на социјалната историја во македонската историографија „Мојата цел како автор и како просветен работник не е да пишувам само за акдемската заедница. Мојата главна цел е народот. Книгите се пишуваат за да се читаат и за знаењето содржано во книгата да биде од полза на сите, а не само да стане затворено во библиотека и да служи на неколкумина професионално ориентирани ...
Документарниот игран филм „Градина“ на режисерот Бојан Тантуровски ќе биде премиерно прикажан вечерва во 20.30 часот пред Куршумли ан на Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“. Пред филмот, ќе биде прикажан хрватскиот „Попрво би била камен“. Проекцијата е во рамките на програмата „Нови автори“. Филмот кој е работен во изминатите пет години, ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари на периферијата на Скопје, ...
22 изданија на 14 издавачки куќи се пријавени за учество за наградата за најдобар книжевен превод „Драги“, што ја организира издаачката куќа „Антолог“ од Скопје. Пристигнати се дела преведени од 11 јазици, а во вториот круг продолжуваат: Жири комисијата во состав д-р Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник од семејството на Драги Михајловски), д-р Зорица Николовска (редовен професор на ...
Идниот месец ќе почнат систематските археолошки ископувања на локалитетот Градиште – Билазора кај селото Кнежје, Светиниколско. За ископувањата се обезбедени 304.000 денари. Во тек е непосредната заштита на пронајдените археолошки предмети, за што се издвоени 240.000 денари. Локалитетот вчера го посети министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Според него, ова е еден од најголемите и најзначајни раноантички градови во внатрешноста на ...
Работилница за креативно пишување ќе се организира денеска и утре во „Порта џез“ во Битола наречена „Македонските писатели за битолчани“. Настанот е во рамките на манифестацијата „Битфест“. Иницијатор на проектот е битолската писателка Јасмина Атанасова, а низ тајните на своето пишување, учесниците ги водат: Ана Јовковска, Дарко Лешоски, Фросина Пармаковска и Петар Андоновски. Денеска во 11 часот ќе настапат Пармаковска и Андоновски, а во 19 ...
„Историја во создавање’’ е мислата со која е поврзано 12. издание на изложбата „Со љубов од Битола“, која ќе го доживее своето свечено отворање вечерва во 19.30 часот во галерискиот простор на фоајето на Центарот за култура во Битола. Изложбата годинава се состои од 26 фотографии од 19 автори, а темата на конкурсот беше „Модерните архитектонски симболи на Битола“. Задачата за фотографите беше на креативен начин да се направи фотографско ...
Учесниците на Графичката работилница „Софија“ – Богданци ќе изработат плакат за претстава на Театар Комедија, најавија вчера организаторите на работилницата на отворањето на 17. Издание. Оваа соработка дојде по потпишувањето на меморандум за соработка помеѓу графичката работилница и Театар Комедија, што е одлична можност младите уметници да го покажат својот талент и во практична примена. Костадин Танчев-Динка Ова издание на работилницата ...
Под диригентско водство на маестро Џијан Емин, оркестарот непогрешливо ги везеше аранжманите на композициите на Васил Хаџиманов давајќи им нов живот и поинаква димензија на звукот Концертот на Националниот џез оркестар со џез пијанистот Васил Хаџиманов до последно место ја исполнија една од највпечатливите сцени во Охрид, Долни Сарај. Публиката не го криеше воодушевувањето, а честите спонтани аплаузи ги поздравија музичарите во неколку наврати. ...
Aктерката Мег Рајан ја доби наградата „Почесно срце на Сараево“ синоќа, а нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност. – Вие докажавте дека уметноста и културата е отпорот. Вие сте доказ дека разновидноста е сила, дека уметноста не прави да сме помалку осамени, дека уметноста ги поврзува луѓето над сите ограничувања и дека не постои поделба. Ова е уметност, не војна. Ви благодарам толку многу за ова Срце, вие го имате моето! – рече ...
Француските продуценти создаваат високобуџетни продукции, а буџетските можности на балканските продуценти се мали, и тоа се причините што тешко се потпишуваат договори Развој на стратегиски план за зголемување на копродукциите на документарни филмови меѓу балканските земји е главна цел на 6. издание на форумот МакеКоПроДокс што се одржува во рамките на Фестивалот „Македокс“. Форумот на едно место собира претставници од регионалните филмски ...
Мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts чии активности се спроведуваат во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, предвидува поддршка за снимање на 3 кратки филмa на млади режисери кои учествуваа на работилниците што изминативе месеци се спроведуваа со поддршка на British Council. Средношколецот Јон Будина од Албанија е првиот млад филмски автор што доби поддршка за снимање на краток филм, во рамките на ...
„Пливање за инклузија“ беше насловен хуманитарниот настан во чии рамки македонската пливачка легенда Томи Стефановски вчера пливаше 4 часа во Охридското Езеро за инклузија на децата со атипичен развој и инвалидизираните лица.Тој исплива 15 километри од хотелот „Десарет“ до црквата „Св. Јован Канео“ и назад до охридското пристаниште. Со ова Стефановски одбележа 15 години од препливување на каналот Ла Манш. – Оваа соработка ме мотивираше да го ...
Почина академик Бојан Шоптрајанов, редовен професор (во пензија) на Институот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1996 година. Имаше 87 години. Семејството, соработниците, неговите ученици денеска се простуваат од големиот човек и порачуваат своите енормни знаења да ги шири во некои други светови. Бојан Шоптрајанов е роден на 26 јануари 1937 година во Чачак. ...
Битола повторно ќе биде во бело на 12. издание на „Широк Сокак во бело” што ќе се одржи претстојниот викенд (на 23 и 24 август). Оваа година, настанот носи изменет концепт, нови локации и уште повеќе магија за сите посетители. Белата ноќ на Широк Сокак започнува во петок, на 23 август, на плоштадот Магнолија. Оваа локација ќе биде центарот на збиднувањата, каде што Битола ќе ја прослави својата култура, уметност и традиција под светлината на ...
Вкупно 35 дела се пријавени за годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија за 2023 година, велат од асоцијацијата. Во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување на годишните награди на ДПМ, секој од членовите на жири-комисиите до ДПМ доставува бодовник, со кој поддржува пет наслови, со бодови од 5 до 1, а верификациска комисија од Управниот одбор на ДПМ го пресметува збирот на бодови. За наградата „Стале ...
„Одблесоци“ е насловот на на изложбата од Слободан Милошески што ќе биде отворена в сабота (24 август) во 18 часот во галеријата „Friedrich7“ во Дортмунд, Германија. Тој ќе се претстави со 16 скулптури во галериски формат. – „Одблесоци“ е волшебна изложбена поставка на скулптури која ги поканува гледачите да ја истражат интеракцијата помеѓу формата, светлината и нивната перцепција. Ова визуелно доживување, преку својата прецизна изработка и ...
Заврши уште едно успешно издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ на кој настапија поети од Македонија, од Хрватска, од Ирска, од Србија и од Кина. Беше организиран и поетски портрет на Елизабета Баковска. Во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отворена и изложба на фотографии на Сашо Димоски со наслов „Паметници на заборавот“. Фестивалот беше отворен и затворен со музичките концерти на хрватската кантавторка Нина ...
Убеден сум дека професионална екипа со несебичен продуцент, добро сценарио и режисер со егото под контрола секогаш ќе сними барем пристоен филм, било тоа во САД или Македонија – вели режисерот Димитар Оровчанец во интервјуто за Умно.мк, по повод синоќешната премиера на Филмскиот фестивал во Сараево Идеите за приказни ми доаѓаат спонтано. Скоро секогаш се инспирирани од еден момент, слика, музика, муабет, сведоштво; било тоа да видам некоја млада ...
Главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по 17. пат ги обединува најталентираните млади графичари од Македонија и регионот, ќе започне денес во Богданци. 15 студенти од уметнички академии од регионот ќе учествуваат на оваа уникатна меѓународна работилница е единствена од ваков тип во земјава и регионот и претставува еден од најзначајните културни настани за графичката уметност на Балканот. Работилницата ќе трае до 27 август, кога ...
Од 1 септември 124 основни и средни училишта можат да започнат со настава во една смена. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека со дел од училиштата сѐ уште се разговара, а дел веќе самостојно одлучиле од септември да почнат со едносменска настава. Во тек е и анализата што ја прави Министерството за образование и наука, а ни помага и Светска банка, што точно ќе покаже кои училишта имаат можност да работат само во една ...
Во македонското општество има висока стапка на невработеност, голема економска неактивност, а жените особено имаат многу мало учество на пазарот на труд. Индустриите во коишто доминираат жените се најчесто со ниски плати и не соодветствуваат на високото образование и вештините што жените ги стекнуваат. Причините за оваа ситуација се во сооднос со нестабилните економски и општествени услови во земјата, неусогласеноста со достапните и потребните ...
„Музеј на заборавот“ од Сашо Димоски ја доби наградата „Антево перо“. Наградата се состои од печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори. Поради одличниот квалитет на поетските текстови од збирките кои се избрани во потесен избор, комисијата едногласно одлучи да додели три награди „Антев златник“, односно една повеќе од досегашната пракса. Добитници се: Ирена Бабамова Стојчева за збирката „Сивка: Геометрија на ...
Форумот ќе биде отворен со претставување на проектите и авторите кои учествуваат на работилницата за архивски практики во филмот „Замислување архиви“ на 15. „Македокс“, која ја модерираат Кумјана Новакова и Влад Петри Од денеска до 21 август во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи 6. издание на форумот МакеКоПроДокс во рамките на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“. Главна цел на форумот е развој на стратегиски план ...
Пишува: Марија Лукаревска „Кикс“ е документарен филм (вечерва на „Македокс“ во 23 часот во Куршумли ан) за созревањето, за последиците од отсуството на родителска грижа, за вечната борба што ја водат оние на работ на егзистенцијата, но и за надежта за подобро утро. Режисерите Давид Микулан и Балинт Ревез веројатно немале претстава што сѐ ќе посведочат кога решиле активно да го следат животот на 8-годишниот Сањи. Нивната случајна средба со група ...
На програмата на „Македокс“ денеска во 11 часот во „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи мастерклас со филмската режисерка Инеке Смитс и уредникот на радиосодржини Јероен Стаут со наслов „Звуци и слики од втора рака“. Смитс и Стаут со присутните ќе споделат како се запознале, нешто повеќе за својата заедничка љубов за луди земји, за својата соработка на филм и радио и за реупотребата на архивски звуци и слики. Во текот на предавањето ќе прикажат ...
Средношколецот Сердар Цветков од СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје, е меѓу петтемина најдобри ученици во светот и прв во Европа на глобалниот Microsoft Office Specialist натпревар, што се одржа во Анахајм, Калифорнија. Прекуокеанската авантура на македонските средношколци кои ја претставуваа нашата држава на светските првенства MOS и Adobe Certified Professional (ACP) заврши успешно. Тие се вратија дома со фантастични успеси. Во конкуренција од ...
Изложбата „Портрети и нивните луѓе” од Александра Гедеон од Смедеревска Паланка, Србија, која е поставена во уметничката галерија на Градскиот музеј Крива Паланка нуди нова перспектива на гледање портрети на уникатен и интерактивен начин. Изложбата беше отворена на необичен начин, а Гедеон ги повика присутните да бидат активни учесници во уметничкиот перформанс. „Ќе влезете внатре каде што се поставени портретите, ќе земете маски и вечерва ќе ...
Српските музичари Љубица Вранеш, мецосопран, Драгољуб Бајиќ, бас и Наталија Мијаиловиќ, пијано ќе одржат концерт вечерва во 21 часот во црквата Света Софија во Охрид. Настапот е во рамките на Охридско лето. Мецосопранот Љубица Вранеш, солистка на Народниот театар во Белград, дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Белград во класата на проф. Радмила Бакочевиќ во чија класа и магистрира. Добитник е на прва награда, како и награда за ...
Јубилејното 30. издание на најзначајниот регионален филмски фестивал во Сараево беше отворено синоќа со премиерата на новиот филм на Данис Тановиќ, комичната драма „После летото“. Станува збор за филмска приказна за млада жена што заминува на далечен остров за да го реши прашањето на семејното наследство. Низ непредвидени ситуации, Маја конечно ќе се соочи со прашањата од своето минато. Потрагата за наследството станува потрага за сопствениот ...
Континуираното повеќедецениско одржување на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е потврда за живиот научен интерес за македонскиот како словенски јазик и дел од Балканскиот јазичен сојуз, за преокупацијата не само на лингвистиката туку и на научната мисла воопшто, со неговите корени, историски, јазични и други аспекти, рече вчера министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на отворањето на 57. Летна ...