„Под исто небо“ е слоганот на 7. издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кое ќе се одржи од 23 до 25 април во Сули Ан, Скопје. Фестивалот годинава ќе ја прослави моќта на литературата и илустрацијата како универзален јазик што ги поврзува децата од различни култури и општества. Во рамки на „Литера 2025“ ќе се организираат интерактивни работилници, средби со автори и илустратори, како и специјални ...

Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: Наташа Димова, претседателка, „Мрежа Стела“ Кога првпат се најдов во улогата на менторирана личност, чувствував голема несигурност. Имав многу прашања и не знаев од каде да почнам. Во тој момент, мојата менторка ми кажа реченица што ја паметам и денес: „Не си сама. И јас бев ...

Професорката д-р Светлана Мојсов, родена скопјанка, која со години работи на Универзитетот „Рокфелер“ во Соединетите Американски Држави и нејзините колеги ја добија престижната награда Breakthrough Prizes за 2025 година, во пошироката јавност позната и како „Оскар за наука“. Ова е последна од низата светски награди кои во последната година ги добива тимот кој го спроведе истражувањето GLP-1 за дијабетес и дебелина. Наградата ја добија и ...

Книгата „На врв од острицата“ од Сузана В. Спасовска ќе биде промовирана утревечер во 19 часот во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија. Промотори на изданието ќе бидат Соња Стојменска-Елзесер и Владимир Мартиновски, а изданието е на „Макавеј“. Во својот осврт кон книгата, Соња Стојменска-Елзесер истакнува: „На врв од острицата“ е критичко-есеистичка книга во која се собрани текстови што ја отсликуваат критичарската ...

Со претставата „Народен пратеник“ во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар утревечер ќе ја започне својата турнеја во регионот, дел од одбележувањето на јубилејот 80 години од основањето. На истата сцена, на 9 април, ќе биде изведена претставата „12“ на Синиша Евтимов. Предвидени се два блока на гостувања, надвор од границите како и во нашата земја. По Црна Гора, следува настапите во Сараево, Босна и Херцеговина, на 11 и 12 април. ...

Детскиот културен центар ,,Карпош’’ денеска во 11 часот она тартан патеката во Градскиот парк во Скопје организира крос трка по повод Меѓународната недела на здравјето. Во оваа спортска манифестација учествуваат дечиња од градинките од градот и околината. Трката ќе се трча на 250 м. во мешана категорија, момчиња и девојчиња. Исто така ќе се трча и штафетно трчање 200 метри 4×50 метри. Целта на оваа манифестација е да го одбележиме ...

Од 25 до 27 април ќе се одржи 30. издание на скопскиот моден викенд (Fashion Weekend Skopje – FWSK 30). Публиката нема да биде само љубител на модата, туку и оние што ја чувствуваат како социјален и културен феномен. Оние што знаат дека во модата стилот е личен, но промената е колективна. Манифестацијата го помести датумот на одржување поради трагедијата во Кочани што ја потресе целата јавност. Повеќе информации и целата програма ќе ја ...

Издавачката куќа „Прозарт медиа“, организатор на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ и на „Скопје Фелоушип програмата“, присуствува на најзначајниот Саем на книга за деца во светот, во Болоња, Италија. „Прозарт медиа“ е поканета од Саемот, во рамки на престижната „Invitation program“, заедно со четириесетина други одбрани издавачи од целиот свет. Во рамки на оваа програма, Саемот обезбедува и штанд за „Прозарт медиа“, на ...

Во Салон 19.19 при Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 18 часот ќе почне 7. Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест“. Фестивалот ќе биде отворен со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во земјава. Фестивалот ќе се состои од семинари и концерти за кларинет, а гости годинава се реномирани професори и интернационални солисти на кларинет, Николаи Пфефер од Германија и Габор Варга од Унгарија. Тие ќе ...

„Славит природата“ е насловот на изложбата од Емилија и Стојче Тоциновски отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Тие се претставуваат со 30-тина слики работени во техниката акрил на платно. Според историчарот на уметноста Роберт Цветковски, редок феномен е двајца уметници да работат на едно платно и во една симбиоза го креираат финалниот продукт. – Уникатниот пристап, изборот на теми како и нивната интерпретација – ...

Матурантот Алексиј Тасиќ од Скопје освои златен медал на Иранската геометриска олимпијада за 2024 година. Олимпијадата се одржа во октомври минатата година, но неодамна беа сумирани резултатите од сите 42 држави. На натпреварот учествуваа 171 учесник. Секој во својата држава ги решаваше задачите. На неодамна одржаната 32. Македонска математичка олимпијада, Тасиќ исто така освои златен медал. Алексиј е ученик во приватното средно училиште ...

Не паметам – барем во текот на последните триесетина години – дека некоја од пиесите на Вуди Ален ги имам гледано и кај нас, во Македонија. Можеби и заради неговиот специфичен хумор, несомнено горчлив, „индиректен“ и саркастичен/циничен до балчак… Пишува: Јелена Лужина „Олд Сејбрук“, најновата премиера на скопскиот Театар Комедија, само е една од многуте „вешто скроени пиеси“ (piece bien faite) на планетарно славниот Вуди Ален: режисер, ...

Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, престојува во Атина, на Генералното собрание на Европската театарска конвенција (ETC), во која членуваат најголемите театри од Европа. Кимовски вчера имаше официјално обраќање на собранието на кое го претстави МНТ и неговата работа и мисија. Потоа со едногласна одлука од сите членки Македонскиот народен театар беше примен за член на најважната театарска мрежа во Европа. Меѓународната ...

Kнигата на италијански и на македонски јазик „Изреченото нѐ прогонува“ на Никола Маџиров беше промовирана вчера во рамките на престижниот Литературен фестивал во Венеција Inroci di Civilta. Издавач на делото кое содржи избор од неговото поетско творештво, е „Крочети едиторе“. Изреченото нѐ прогонува“ е дел од поетската едиција на овој издавач, заедно со поезијата на Волт Витман. Во рамките на овој фестивал почесен гостин е Ханиф Курејши. ...

Таа е симбол на женската сила, мотивацијата и заедништво, а не само спортски настан… Заклучно со среда (9 април) трае пријавувањето на 13. издание на „Авицена женска трка 2025“. Трката ќе се одржи на 13 април (недела) во 10 часот. Пријавувањето е едноставно и се врши онлајн преку официјалната веб-страница на линкот. – На денот на трката не е возможно пријавување, па сите кои сакаат да учествуваат треба да го сторат тоа најдоцна до 9 април. Ги ...

Претставата „Ифигенија за ништо“ во режија на Филип Петковски, ќе ја има својата премиера утревечер во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје. Станува збор за современа адаптација на античката трагедија на Еврипид, базирана на „Ифигенија во Авлида” – жртвувањето на Ифигенија во име на „високи цели” поради воените амбиции на нејзиниот татко Агамемнон. Иако темелена на античка трагедија, претставата обработува актуелна тема, се случува во ...

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со писателот и преведувач Владимир Јанковски, чиј роман „Ехото на акробатите“ е книга за месец април во сите библиотеки од мрежата на ГБСК. Разговорот со Јанковски, книгата на месецот и клубот на читатели се препознатливите елементи на големата кампања „Читаме современи македонски автори“. Модератор на разговорот ќе биде Александра Јуруковска, а ...

„Неми филмови“ на Крсте Господиновски премиерно ќе биде прикажан во официјалната селекција на годинашното издание на најпрестижниот и најстар фестивал за анимирани филмови во Анеси, Франција Краткометражниот анимиран филм „Неми филмови“ на македонскиот автор Крсте Господиновски премиерно ќе биде прикажан во официјалната селекција на годинашното издание на најпрестижниот и најстар фестивал за анимирани филмови во Анеси, Франција. Филмот е во ...

Наградата за најдобар млад џез-музичар „Гоце Димитровски“ за 2024 година ја доби Теодор Јаневски, дипломиран џез-тапанар на Џез одделот на Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Наградата ќе му бие врачена на 8. издание на фестивалот „Џез фактори“ што ќе се одржи од 17 до 19 април во Народниот театар и Центарот за култура во Битола. На фестивалот ќе настапат повеќе реномирани џез-музичари од Македонија и од странство. ...

Македонскиот народен театар денеска одбележува 80 години постоење. Три претстави вечерва ќе се играат со бесплатен влез, а денот ќе започне со две изведби на детската претстава „Распеана турлитава“ (10 и 12 часот). Во 18 часот ќе биде изведена „Бели ноќи“ во режија на Звездана Ангеловска. Играат Дамјан Цветановски и Ана Јовановски. Еден час подоцна следува „Мој термин“ на Синиша Евтимов, а играат: Симонов, Николина Кујача, Александар ...

Македонскиот народен театар денеска одбележува 80 години постоење! Три претстави вечерва ќе се играат со бесплатен влез, а денот ќе започне со две изведби на детската претстава „Распеана турлитава“ (10 и 12 часот). Во 18 часот ќе биде изведена „Бели ноќи“ во режија на Звездана Ангеловска. Играат Дамјан Цветановски и Ана Јовановски. Еден час подоцна следува „Мој термин“ на Јордан Симонов, а играат: Симонов, Николина Кујача, Александар ...

Во просториите на „Нетавил“ во Скопје, денеска во 10 часот, ќе се одржи меѓународната конференција „Дигитализација на креативните сектори во високото образование (DIGITCRESHE)“. Оваа конференција има за цел да ги презентира резултатите од проектот DIGITCRESHE и да поттикне дискусија за трансформацијата на високото образование во согласност со потребите на креативните индустрии. Конференцијата ќе собере повеќе од 20 странски учесници, како и ...

Изложба „45 години ФЛУ“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Музејот на современата уметност во Скопје Со ревијална изложба Факултетот за ликовни уметности во Скопје, вечерва во 19 часот во Музејот на современата уметност ќе одбележи 45 години од основањето. Иако факултетот го одбележува јубилејот со повеќе различни настани, ова е централен настан и официјална прослава на годишнината. Ќе бидат изложени 45 дела од 45 автори од колекцијата ...

Меѓународниот ден на лицата со аутизам, 2 Април, Националната галерија на Македонија традиционално го одбележа со инклузивни креативни работилници. Децата од повеќе училишта, „Невена Георгиева-Дуња“, „Св. Климент Охридски“, ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ и студентите од Машинскиот факултет, отсек индустриски дизајн заедно работеа на изработка на „хотели за инсекти“. Изработените творби треба да бидат подарени на ...

Од печат излезе новиот ракопис од Максим Ристески, збирката раскази „Нешто трето“. Книгата е 236 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“. – Расказите на Ристески кријат комплексни светови и длабоки пораки за промените кои се случуваат во духовната стварност, а кои без сомнение ќе бидат предизвикувачки за македонската читателска јавност. Обликувани во јасен, богат и сликовит израз, со обмислени и динамични ...

Со промоција на новиот роман за возрасни од писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, во издание на „Арс Ламина“, вечерва во 19 часот во книжарницата Литература.мк во „Дајмонд мол“, ќе започне второто издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“. Промоторка на книгата ќе биде Илина Јакимовска, а извадоци ќе читаат актерките Катерина Коцевска, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Симона Димковска. Второто издание на „Видик“ ќе ...

Во време кога градовите често се репродуцираат според туѓи матрици, Битола останува својствена – тивка, но гласна на свој начин. Градот со свој ритам, енергија и творечки набој конечно добива звучна слика што може да се допре – на плоча. We Pretend It’s a City – Bitola е првиот компилациски винил албум што ја документира независната музичка сцена на Битола. Овој проект не нуди гламурозен фасаден звук, туку го бележи она што навистина се ...

Македонскиот народен театар на 3 април (четврток) организира маратон со свои претстави, во чест на 80 години постоење. Поради несреќата во Кочани, МНТ одлучи премиерата на закажаниот спектакл „Сонцето, колку е блиску Сонцето! Made in MNT“ да ја одложи за наесен. Претставите на 3 април ќе се играат со бесплатен влез, а публиката може да ги подигне на билетарницата на МНТ. Во 10 и во 12 часот ќе бидат одиграни две изведби на детската претстава ...

Пишува: Мери Костуранова Adolescence воопшто не нуди лесни одговори. Не ни ги покажува виновниците со прст, ниту ни дава лажна надеж дека на крајот сè ќе биде во ред. Наместо тоа, ни поставува непријатни, но неопходни прашања: Дали навистина гледаме или одбираме да го видиме само она што ни одговара? Дали слушаме кога децата зборуваат или само кога викаат? Дали нашите неразрешени трауми оставаат последици на нашите деца што не ги разбираме, ...

„Трето колено“ е состав од искусни музичари – Дејан Петровиќ-Чапс, вокал и гитара, Дејан Марковски-Деки, вокал и гитара и Пеце Трајковски-Брада, перкусии и хармоника. Тие ќе изведат 20 композиции, а публиката ќе има несекојдневна можност да проследи една поинаква концертна сценографија Нова авторска музика од тројца уметници кои се препознале како сродни души и се обединиле во групата „Трето колено“ ќе биде изведена задутревечер (3 април) во ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
9.26
81%
1011
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
92%
1007
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
71%
1020
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
0.66
93%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
95%
1007
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
86%
1018
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
66%
1013
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
100%
1014
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -4ᴼ
2.24
78%
1021
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
96%
1011
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
93%
1022
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Паладиум

56617.46

Кобалт

64.04

Цинк

3.37

Злато

159322.70

Сребро

3663.67

Бакар

12.10

Алуминиум

3.06

Иридиум

221848.72

Калај

49.78