Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Средношколците Дамјан Давков и Алексиј Тасиќ освоија златни медали на 32. Македонска математичка олимпијада што се одржа викендов на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а го организираше Сојузот на математичарите на Македонија. На натпреварот учествуваа 39 ученици од цела Македонија. Оние што освоија од 11 поени нагоре имаат право да учествуваат на тестот за избор на македонската екипа за Балканската математичка олимпијада 2025. Тестот ...
„Сувенир“ е насловот на изложбата од Милко Нестороски отворена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Тој се претстави со 15 дела изработени од природни материјали. – Делата ги нареков сувенири бидејќи претставуваат спомени од природата. Раскажуваат за изобилството на форми на природата и убавината која може да биде пронајдена во нив, од која се повеќе денешното општество е оддалечено, а ја консумира естетиката на масовно ...
Од печат излезе поетска книга „Црни букви на црвено“ од Димитар Башевски, издание на издавачката куќа „Слово“ од Скопје. „Црни букви на црвено“ е поетска книга која доаѓа во зрелата творечка фаза на Башевски и ги изразува главно оние поетски својства за кои еден број критичари пишуваа и за досегашните негови поетски книги. Како генерална оценка за неговата поезија, која во голема мера може да важи и за „Црни букви на црвено“, може добро да ...
Австралиската музичка легенда Ник Кејв прв пат ќе одржи концерт во Македонија. Неговиот настап е најавен како дел од неговата европска турнеја, на 22 август на стадионот АРМ во рамките на фестивалот „Скопје колинг“. Тој нема да настапи со бендот „Бед сидс“, туку со басистот на „Рејдиохед“, Колин Гринвуд. Влезниците ќе почнат да се продаваат на 4 април, најавено е на неговата официјална веб-страница. Повеќе од четири децении, Кејв е еден од ...
Во Театар Комедија во Скопје започнаа пробите за новата премиера „Вистината“ од Флоријан Зелер. Режисерот Владимир Јурц (Словенија) и актерите од ансамблот на Театар Комедија со овој процес осмислуваат предизвик – метод на работа во кој два тима на актери/ки креираат не една, туку две „Вистини“. Истата пиеса „Вистината“ наизменично на репертоарот ќе ја играат: Тања Мицков, Ева Скендеровска, Столе Мицов и Виктор Арсов; како и Кристина ...
Хрватскиот филм „Хотел Пула“ во режија на Андреј Коровљев ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во киното „Киноверзум“ при Домот на културата „Билјана Беличанец“ во скопската населба Кисела Вода. Проекцијата е во рамките на ревијата што меѓународниот фестивал „Киненова“ ја организира со цел да се помогне на семејствата на настраданите во Кочани. Сите приходи од продадените влезници ќе бидат наменети за оваа помош. „Хотел Пула“ е драмски филм ...
Пишува: Гоце Смилевски (Кон „Простување“ од Кица Колбе, издание на „Или-Или“, Скопје, 2024) Најновиот роман „Простување“, на еминентната македонска и германска прозаистка, филозофина и сликарка Кица Колбе, проникнат е од темите кои се доминантни во целиот нејзин раскажувачки опус: идентитетот, дислокацијата, меморијата, јазикот, создавањето и восприемањето на уметноста, суштинското промислување на човековата егзистенција, етичноста како еден ...
Американскиот актер Ричард Чемберлен почина на 90 години на Хаваи, од мозочен удар, два дена пред да наполни 91 година. Седум децении Чемберлен имаше богата актерска кариера. Прво се докажал во театар во „Хамлет“ и други драми на Шекспир, но тоа не му било доволно за да се пробие во Холивуд. Иако играше во филмови како „Тројца мускетари“, „Последниот бран“ и „Пеколната кула“, Чемберлен најмногу остана запаметен по водечки улоги во ТВ-проекти, ...
Со филмот „Мажите не плачат“ во режија на Ален Дрљевиќ вечерва во 20 часот во „Киноверзум“ во Кисела Вода, Скопке, почнува ревијата филмови од минатите изданија на фестивалот „Киненова“. Приходот од влезниците е наменет за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани. Босанско-херцеговскиот филм е снимен во 2017 година, а улогите ги толкуваат: Борис Исаковиќ, Леон Лучев, Емир Хаџихафизбеговиќ. Ревијата филмови ќе се организира до 3 ...
Со премиерата на претставата „Госпоѓа министерка“, на Светскиот ден на театарот, 27 март беше отворен 4. Фестивал „5РЕ“ во Велес. Пред претставата, беше врачена наградата за животно дело на актерката Слободанка Чичевска, која примајќи го признанието, отворено кажа дека има трема. Награда за животно дело не значи и крај на актерската кариера, истакна таа. – Еден постар колега ми рече еднаш дека наградите не се важни, туку важно е да направиш ...
Централен настан и официјална прослава на 45-годишниот јубилеј е ретроспективната изложба на 3 април во Музејот на современа уметност – Скопје Факултетот за ликовни уметности – Скопје одбележува значаен јубилеј – 45 години постоење. ФЛУ е реномирана високообразовна институција, центар на креативност, уметничко истражување и развој, а клучната улога во оваа приказна ја имаат студентите – младите уметници кои со своите идеи, труд и талент ја ...
Конкурс за награда за најдобар студентски превод и студентска резиденција за книжевен превод „Вавилон – Нова генерација“ објавија Делегацијата на Европската Унија во земјава и Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Може да се пријават сите универзитетски студенти (не постари од 27 години) кои во моментот на конкурирање се запишани најмалку на трета година студии на кој било од факултетите во земјава. Кандидатите треба да се пријават на ...
Донација од 3.800.000 денари плати Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) на Црвен крст, наменети за финансиска помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани. – Трагичниот настан што одзеде голем број животи предизвика огромна болка во целото наше општество, која никогаш нема да биде надмината. Во овие тешки моменти, кога голем број семејства изгубија синови и ќерки и кога огромен број млади луѓе закрепнуваат од тешките ...
Платформата Cinesquare продолжува да ги носи најдобрите европски детски филмови до младата публика! Повеќе од 25 внимателно селектирани филмови за деца од 6 до 12 години сега се достапни за гледање во земјава преку каталогот Kidsquare – и тоа по промотивна цена од само 1 евро! Каталогот опфаќа врвни европски детски филмови, меѓу кои: „Кариран нинџа“, „Смрдушковци“, „Луси гангстерката“, „Младиот Винету и изгубените биволи“, „Летни бунтовници“, ...
На Саемот на книгата во Лајпциг, кој се одржува од 27 до 30 март, писателката Билјана С. Црвенковска ќе се претстави со германското издание на нејзиниот роман „Девет приказни за госпоѓица Сит“ (Die neun Monde der Miss Sith). Романот, кој излезе годинава во издание на германската издавачка куќа Мителдојчер ферлаг (Mitteldeutscher Verlag) од Хале, е во превод на Корнелија Маркс, славистка и македонистка која зад себе има сериозен број преводи ...
„Ден на франкофонските култури“ се насловени низа училишните активности што ќе се одржат денеска во 11 часот во скопското основно училиште „Киро Глигоров“. Целта на интерактивните штандови е да се доближи културната разновидност на франкофонските земји до домашната публика. Настанот ќе го отворат италијанскиот амбасадор во земјава, Кристоф ле Риголер и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Настанот го организираат Амбасадата ...
Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на наградата „Златен венец на поезијата“, што Струшките вечери на поезијата ќе му ја доделат годинава. Иван Штрпка е роден на 30 јуни 1944 година во Хлоховец, Словачка. Две години работел како истражувач во областа на геодезијата. Завршил студии по шпански со словачки јазик и книжевност на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Комениус“ во Братислава. Во шеесеттите години на минатиот век заедно со ...
Со премиера на претставата „Госпоѓа министерка“ во режија на Синиша Евтимов, вечерва во 20 часот во Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе започне 4. издание на Театарскиот фестивал „5РЕ“, посветен и во чест на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко родум од Велес. Воедно, со изведбата на претставата „Госпоѓа министерка“, каде што улогата на госпоѓа министерка ја игра актерката Зорица Панчиќ која годинава одбележува 30 години ...
Со солзи во очите колегите, соработниците, студентите на Сара Пројковска вчера се простија од неа, на комеморацијата на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде таа беше вонреден професор. Пројковска е една од жртвите во стравотниот пожар што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани. – И покрај тешкиот крст што ù беше даден за овој живот, таа никогаш не потклекна – рече проф. м-р Дарија Андовска, деканка на ФМУ и долгогодишна ...
Светскиот ден на театарот на 27 март годинава Драмски ќе го обележи со почит кон настраданите и повредените во националната трагедија во Кочани. Во 19 часот во фоајето на Драмски ќе се отвори изложба на фотографии со наслов „Ред XV … “ на авторот Драган Гајиќ (1967). Приходот од продажбата на фотографиите ќе биде уплатен на хуманитарната сметка за донации. Изборот на фотографии на изложбата е направен од претставите што Гајиќ ги фотографирал ...
Се будам, приоѓам до прозорецот, погледнувам – часовникот сè уште не работи. Поставен е на висок столб кај влезот во Паркот на улицата со историско име Булевар Илинден. Никој не го поправа, не го покренува еве веќе трета година. Дали стои и чека да стане главен протагонист во некоја театарска претстава, па да раскажува за луѓето кои секојдневно се движат под него по Булеварот Илинден и влезот на Градскиот парк. Одам низ паркот и ги ...
Јас сум од Прилеп и навистина ме погоди веста за ситуацијата на театарот „Војдан Чернодрински“, во кој првпат влегов во 2003 година и останав во истата магија, и ме држи до ден-денес. Но, секое „зло“ за добро е, велат. Посакувам нов Прилепски театар „Војдан Чернодрински“, што поскоро! Прашањата зошто сум актер и зошто се занимавам со оваа професија, што мислам и сакам за театарот воопшто – се најчести размислувања кои секојдневно имаат ...
Монографијата „80 години Народен театар Битола“ од д-р Иван Додовски ќе биде промовирана задутре (29 март) во 12 часот во Битолскиот театар. Промотори ќе бидат д-р Мишел Павловски и д-р Даниела Андоновска-Трајковска. Монографијата е црно-бела, отпечатена на 310 страници, издание на „Графопром“ од Битола. Рецензенти се проф. д-р Сузана Киранџиска и Павловски. Монографијата ја подготви стручниот тим: Стеванка Вељановска, Билјана Вржовска, Сашо ...
Донација од 15 милиони денари уплати компанијата „Алкалоид“ во Црвен крст за настраданите во стравотната трагедија во Кочани и нивните семејства. „Алкалоид“ се заблагодари на Црвен крст и на нивните 165 ангажирани волонтери, кои безрезервно помагаа во бројни ситуации. – Им благодариме на сите здравствени системи и здравствени професионалци во земјава, во регионот и низ Европа, кои несебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во ...
Тие се идните инженери, иноватори, визионери. Ако не им дадеме шанса – губи секој. Но ако ги поддржиме – добиваме сите – вели м-р Васка Медиќ Деветмина ученици талентирани за роботика и инженерство во јуни треба да заминат во Флорида, Соединетите Американски Држави за да ја претстават Македонија на светскиот натпревар во лего. Тимот The Noobs од Young Engineers Skopje Macedonia го освоија првото место на националниот натпревар по едукативна ...
Со громогласни аплаузи и искрени честитки утрово матурантот Јован Костадинов беше пречекан од неговите врсници и професори од гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница, кои покажаа почит за неговата храброст – да спаси 21 дете од ужасниот пожар во кочанската дискотека. Јован е добар, се врати меѓу своите врсници од болничко лекување на Клиникаата за токсикологија. Тој е пример за млад несебичен и храбар човек, кој не мислеше само на себеси, туку го ...
Театарската претстава „Олд Сејбрук“ според Вуди Ален, во режија на Нина Николиќ ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија во Скопје. Претставата е дел од меѓународниот проект „Проспер“ и е инспирирана од уметничката резиденција одржана во Охрид, го отвора прашањето за односот на поединецот кон природата. Двата пара елегантни њујорчани оддаваат впечаток на совршенство и складност, но под таа фасада, под ...
Слободанка Чичевска, актерка на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес е добитничка на театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2025 година. Признанието ќе и’ биде врачено во рамките на програмата на 4. Теaтарски фестивал „5 РЕ“, кој што почнув утревечер, на Светскиот ден на театарот, 27 Март. За наградата одлучи жирито во состав: Александар Ѓорѓиев, пензиониран актер, како и Зорица Панчиќ и Тони Михајловски. ...
Малата сцена во Македонскиот народен театар завчера беше претворена во трансфузиолошки центар. Крв донираа актерите Владо Јовановски, Сашко Коцев, Софија Нацевска-Трифуновска, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорот на МНТ Никола Кимовски, директорот на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Кирил Лазов и други. Крводарителската акција ја организираше Институтот за трансфузиона медицина на Македонија. Оттаму неколку пати ...
Светскиот ден на театарот на 27 март, Народниот театар од Битола ќе го одбележи со изведба на претставата „Ѓоре Магаревски“, со која беше одбележан и 80-годишниот јубилеј на театарот. Претставата е во режија на Благој Мицевски, Софија Ристевска Петрушева и Јован Ристовски. Играат актерки и актери од сите генерации, вклучувајќи ги и пензионираните. Во три кратки едночинки улогата на Ѓоре ја играат Марјан Ѓоргиевски, Александар Димитровски и ...