Претставата „Деца на светот“ од познатиот бугарски писател Стефан Цанев, во режија на Васил Михаил, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Станува збор за тажна комедија, чиј текст на македонски го преведе Коста Ангов. Улогите ги толкуваат: Оливера Аризанова-Мансбарт, Коста Ангов и Анкица Бенинова. Сценографијата и плакатот се на Никола Пијанманов, костимите на Ванчо Василев, музички ...

Најновиот роман на нашата авторка Ана Стојаноска „Неколку тишини подоцна“ ќе биде промовиран на 17 мај (сабота) во 19 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Промотори на романот ќе бидат: професорката Лидија Капушевска-Дракулевска и писателот Владимир Јанковски, а извадоци ќе читаат Верица Ацеска, Ангела Стојановска и Филип Трајковиќ. Станува збор за дистописки роман, структуриран/компониран како симфонија, што е за прв пат во ...

Македонскиот оркестар, дел од проектот Fame’s, настапи на гламурозната свеченост по повод официјалната најава за изградба на првиот „Дизни“ тематски парк на Блискиот Исток, кој ќе се наоѓа на островот Јас, Абу Даби. Настанот што го организираше „Волт дизни компани“ и „Мирал“, привлече големо внимание и бројни ѕвезди од светскиот шоу-бизнис. Меѓу присутните беа Тајрис Гибсон, Наоми Кембел, Ед Вествик и други познати личности. Публиката беше ...

Организирањето на „Еурогео конференцијата 2025“ е од исклучително значење за рејтингот на географијата како наука и образование, која овозможува широка културолошка и општествена вредност, вели проф. д-р Благоја Маркоски, раководител на Институтот за географија Еминентни географи од триесеттина држави од светот ќе учествуваат на меѓународната конференција „Хуманизирајќи ја географијата: Луѓе, места и простор во глобален свет“ која утре и ...

Во галеријата „Арт проџект спејс“ во Атина синоќа беше отворена изложбата „Скриеното трето“ на македонски, грчки, српски и кипарски уметнички. Изложбата ја подготвијата атинската и Националната галерија на Македонија. Кураторки се Ана Франговска и Ники Папаспиру. – Изложбата создава феминистички простор на соживот, отпор и прекомпонирање, истакнувајќи ја важноста на уметничкиот израз во постојано променливиот свет – велат од Националната ...

Иновативната и интерактивна танцова претстава Мyselves на француската група K. Danse вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар ќе гостува на „Танц фест“ во Скопје. Со тоа ќе биде спуштена завесата на 21. издание на овој фестивал. Оваа извонредна танцова претстава е дијалог помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, отелотворени во визуелно и звучно единство. Танцовата креација ги вкрстува современиот танц и дигиталната ...

Со какво искуство се вратија кураторите од Музејот на современата уметност во Скопје кои ја подготвуваа изложбата „Ткаење светови: Колекции во разговор“ што неодамна беше отворена во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана Професија куратор. Клучна за секоја изложба, за нејзиниот концепт, за идејата која раскажува силна приказна преку уметничките дела, без оглед дали се од еден или од група автори. Публиката ...

Поетско-музички перформанс на стихови од Тихомир Јанчовски со музика компонирана од Зоран Тортевски ќе биде изведен утревечер во 20 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Стиховите се од последните две поетски книги на Јанчовски – „Пристоен предлог“ и „Пеколот е мало место“, а композициите на Тортевски се правени како музички илустрации за песни од овие две збирки. Вовед ќе даде Тања Аждаја, а стихови ќе читаат авторите на музиката и стиховите. Пет ...

Четири нови драмски текстови на македонски автори ќе бидат поддржани да учествуваат на програмата „Драмолетање“, што ќе биде организирана за време на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Станува збор за: „Голи души“ од Иван Додовски, „Ложа“ од Марио Стојаноски, „Хитлер е жив“ од Ева Камчевска и „Чудесен лек“ од Коста Бојчески. За наградените текстови одлучи комисијата составена од: м-р Петар Антевски (продуцент), ...

Две бронзени медали освои македонскиот тим на најпрестижната и најтешката олимпијада по хемија – „Менделеев“ што се одржува во Бело Хоризонте, Бразил. Марио Ванчоски од штипската гимназија „Славчо Стојменски“ и Петар Мирчевски од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп освоија бронзени медали. Тимот го сочинуваат и Иван Костевски и Даниел Христов од „Славчо Стојменски“ од Штип и Теона Ана Георгиевска и Елена Живаљевиќ од „Јахја Кемал“ од Скопје. ...

Во Народен театар – Битола започнаа пробите за петтата премиера во овој театар за оваа година. Се работи за „Едмонд“ по текст на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски. Во претставата играат: Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Викторија Степановска Јанкуловска и Маја Андоновска Илијевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, ...

Македонскиот фолклорен ансамбл „Илинден“ од Мисисага, Канада го освои првото место на Интернационалниот уметнички фестивал од натпреварувачки карактер во Љорет де Мар, Каталонија, Шпанија. Овој триумф не е само победа за ансамблот, туку и историски момент за македонската култура oд дијаспората. „Илинден“ е првиот македонски фолклорен ансамбл од северноамериканскиот континент што постигнал вакво признание на интернационален натпреварувачки ...

На штандот на „Три“ денеска во 13 часот ќе биде промовирана книгата „Наспроти мојата животна филозофија“ од Патриша Марш-Стефановска. Таа е авторка на историска фикција и публицистика, како и преведувачка, меѓу другото и на драмите на Горан Стефановски на англиски јазик. „Наспроти мојата животна филозофија“ е нејзината прва книга објавена на македонски јазик. Секој човек во животот доживува работи што го надминуваат „познатото“ и „разумното“ ...

Во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп од синоќа е отворена изложбата „Булки” на фотографии од Милан Темелкоски. Авторот се претставува со фотографии на кои се овековечени неговите фотовпечатоци од булките, кои се наоѓаат по полјаните. Изложбата ја отвори Ивана Темелкоска, графички дизајнер, која посочи дека Темелкоски покажува дека фотографијата не е само технологија, не е само „убав кадар”, туку начин да се ...

Од 11 до 13 часот утре ќе бидат отворени вратите на новото Интернационално училиште и градинка WINGS – образовна заедница што се гради со јасна визија: каде што се внимава на целосниот раст и развој на децата. Во WINGS, учењето се одвива преку активна примена, истражување и поврзување со реалниот свет. Применуваме учење базирано на проекти (Project-Based Learning) – пристап во кој децата учат преку работа на автентични предизвици, со цел да ...

Во изложбениот простор Арсенале – Сале д’Арми (Sale d’Armi) во Венеција, денеска свечено ќе биде отворен Павилјонот на Република Северна Македонија во рамки на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – La Biennale di Venezia. Проектот Strada brutalissima, под кураторство на Благоја Бајковски, е авторско дело на кураторот и тимот составен од Ана Рафаиловска, Невенка Манчева Аџиевска, Марија Антиќ Николова, Теа Дамјановска и Михајло ...

„Другарка, Другарко и две маченца“ е насловот на новата сликовница, дело на Денис Јанкуловски и илустрации на Наташа Костовска, во издание на „Прозарт медиа“. Авторите денеска и утре од 17 часот ќе потпишуваат од новата сликовница на штандот 123 на издавалот „Прозарт медиа“ на Скопскиот саем. -Што се случува кога на Другарка ќе ѝ се придружат Другарко и двете мачиња, Рони и Бони? Па, одговорот е лесен: Заедно патуваат во нови светови. Полни ...

Со „Риголето“ на Верди, под диригентската палка на Џанлука Мартиненги од Италија вечерва во 20 часот во Националната опера и балет ќе бидат отворени 53. Мајски оперски вечери. Режисер е Пјер Франческо Маестрини од Италија, сценограф – Гилермо Нова (Шпанија), костимограф – Кристина Ачети (Италија), а кореограф е Саша Евтимова. Концерт–мајстор е Климент Тодороски. Насловната улога ја толкува Леон Ким од Јужна Кореја, а со оваа претстава, ...

Претставата „Гидионовиот јазол“ од Џона Адамс во режија на Драгана Милошевски Попова ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Драмскиот театар во Скопје. Ова е втора премиера за Драмски годинава. Претставата е работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург е Викторија Рангелова – Петровска, а улогите ги толкуваат: Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Ања Митиќ и децата од Студиото за актерска игра „Прва проба“: Саша ...

Победник на националниот натпревар на ученички компании за учебната 2024/2025 година организиран од Џуниор Ачивмент Македонија е ”Playful Pages “ од средното училиште ОСУ „Јовче Тесличков“ од Велес, кои со својата идеја сакаат да ги оживеат заборавените традиционални детски игри и да ги приближат кон денешните генерации на иновативен, инклузивен и едукативен начин. „Playful pages“ е првата инклузивна сликовница на македонски јазик која преку ...

Во преполната концертна сала на Бамбергската филхармонија минатата недела се одржа спектакуларен концерт под диригентската палка на македонскиот маестро Џијан Емин, во соработка со светски познатиот пијанист и композитор Франческо Тристано. Настанот претставуваше мост меѓу класичната музика и современиот електронски звук, обединувајќи симфониски израз со техно и авангардни елементи во едно несекојдневно музичко доживување. Под водство на ...

Документарно-играниот филм „Ветената земја“ во режија на Ќендрим Ријани ќе биде премиерно прикажан вечерва во 19 часот во киното „Фросина“ во Скопје. Станува збор за филм што обработува помалку познат аспект од депортацијата на Евреите од Скопје во март 1943 година, односно т.н „албанска врска“, каде со помош на Албанци од Македонија, Косово и Албанија се спасени голем број Евреи. Во Албанија, тие се прифатени од албански семејства, а поради ...

Во галеријата на македонскиот Културно – информативен центар во Истанбул вечерва во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Игри без граници“ на уметницата и графичарка Теута Хоџа Имери. Настанот е дел од редовната програмска активност на Центарот, посветена на промоција на современата македонска ликовна сцена пред турската публика. Во изложбата „Игри без граници“, се среќаваме со едно исклучително зрелo, истражувачко и апстрактно творештво. ...

Драмски театар од Скопје, Београдско драмско позориште, Местно гледалишче Љубљана и Будва Град театар од вчера во Скопје во просториите на домаќинот Драмски театар ја започнаа работата на претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна“ во режија на Иван Пеновиќ. Ова е прва копродукција помеѓу членките на Регионалната унија на театри. Улогите во претставата ќе ги толкуваат: Марјан Наумов, Јована Спасиќ, Лазар Христов, ...

Приклучувајќи се на прославата на 5 Мај, денот на македонскиот јазик, и пред сè одбележувајќи го јубилејот 80 години кодификација на стандардниот македонски јазик, утре напладне во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи разговор со новите членови на Друштвото на писателите на Македонија. Станува збор за: Искра Донева, Милчо Мисоски, Митко Гогов, Хана Корнети, Симона Јованоска, Атанас Бојаровски, Драгана Лукан Николоски и Лулзим ...

Во година во која слави 15 години постоење, издавачката куќа „Сакам книги“ во Скопје ќе го донесе Себастијан Фицек, еден од највлијателните и најчитани современи германски автори, господарот на психолошкиот трилер, чии книги ја освојуваат светската публика со бескомпромисна длабочина и незаборавна напнатост. Фицек ќе биде специјален гостин на Саемот на книга 2025, каде на 10 мај, ексклузивно ќе ги претстави своите две нови книги преведени на ...

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со поетесата Биљана Стојановска, чија стихозбирка „Додека спиеш“ е книга на месецот. Разговорот со Стојановска е дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“. Модератор ќе биде книжевната критичарка Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски. – Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови ...

Од утре до сабота ќе се одржи 7. издание на „Графити фест“. На годинашниот уметнички собир ќе учествуваат 14 артисти од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Германија и од Италија Куманово оваа недела ќе се претвори во ателје под отворено небо. Од утре до сабота ќе се одржи 7. издание на „Графити фест“. На годинашниот уметнички собир ќе учествуваат 14 артисти од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Германија и од ...

Шеесет научници, македонисти и слависти, од земјава и од странство, денес и утре заеднички ќе ја чествуваат 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик. Во организација на Катедрата за македонски јазик и Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – 80 години од кодификацијата“. ...

Во чест на 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик, ви го споделуваме обраќањето од Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Денес одбележуваме значаен јубилеј – 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик. Кодификацијата претставува крунски чин во историјата на секој јазик, како симбол на еден од највисоките акти на јазична, културна и идентитетска самосвест. ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
6.69
83%
1013
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
90%
1008
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
71%
1020
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
0.66
95%
1022
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
95%
1008
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
85%
1019
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1014
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1015
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
3.09
79%
1022
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
96%
1012
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
93%
1023
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.10

Алуминиум

3.06

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Паладиум

56617.46

Злато

159322.70

Кобалт

64.04

Калај

49.78

Сребро

3663.67

Цинк

3.37

Родиум

339190.38

Иридиум

221848.72