Претставата „Дон Жуан“ на бугарскиот режисер Васил Василев, во продукција на Народно позориште од Ниш, Србија ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Албанскиот театар во Скопје. Гостувањето е во рамките на Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“. Премиерата беше во јануари годинава. Главната улога во претставата ја игра Дејан Лилиќ, првенец во Драмскиот театар во Скопје. Играат и: Драгиша Вељковиќ, Маја Вукојевиќ Цветковиќ, ...
Две претстави од театри од Софија вечер ќе бидат одиграни во Албанскиот театар – Скопје, соопштија денеска од „Скупифестивал“. Според програмата на Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“, од 19 часот ќе почне перформнасот „Х“ од независниот театар Јалта Арт Рум од Софија, автор и режија – Бојан Крачалов, во интерпретација на Васил Дуев – Туиг. Еден час подоцна, од 20 часот, ќе се изведе претставата „Медеа“ од Еврипид од Народен театар ...


 
            