По повод јубилејот 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик – 5 мај, Министерството за образование и наука распиша Конкурс за есеј за учениците од основните и средните училишта. Во зависност од возраста и наставниот јазик, дадени се четири теми, а право на учество имаат сите ученици од четврто до деветто одделение од основните училишта и од прва до четврта година од средните училишта. Еден ученик може да конкурира ...

Објавен е конкурсот за доделување на наградата за необјавено поетско дело „Антево перо“. Наградата е востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски. Наградата „Антево перо“ за 2025 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). Покрај „Антево перо“, се доделуваат и придружни награди, „Антев златник“ и „Антев часовник“. Комисијата ...

Во центарот на градот Алжир, метропола на истоимената држава во четврток (8 мај) ќе биде откриена скулптурата „Последниот бастион“ од македонскиот скулптор Сашо Саздовски. На церемонијата ќе присуствува министерот за култура на Алжир, Зухиар Балалу. Саздовски „Последниот бастион“ ја посветува на неговиот татко, Александар Саздовски-Пацифист (1950-2023). Скулпторот Сашо Саздовски и визуелната уметница Пандора Апостолоска-Саздовска се дел од ...

Девет претстави во официјална и пет во независна програма се селектирани за програмата на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе се одржи од 6 до 13 јуни. Фестивалот ќе се одржи под мотото „Смеј се и осмели се“. Уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска денеска ја објави програмата за претстојниот фестивал. Собранието на фестивалот, на денешната средба ги избра и наградените за животно дело. Тоа се актерите Соња Михајлова, ...

Театар Комедија ја подготви новата премиера „Вистината“, во режија на истакнатиот словенечки режисер и актер Владимир Јурц. Костимографка е Маја Благович, а композитор – Васко Атанасовски. Преводот е на Офелија Ковилоска. Театар Комедија избра да ја постави оваа претстава со две актерски екипи, една приказна, и најмалку две вистини. „Вистината“ од Флоријан Зелер е комедија што поттикнува прашања кој кого лаже. Во едната поставка играат: ...

05/05/2025 02:07 - Умно

Според славистот и македонист Реџиналд де Бреј „како иронија на историјата, народот чии предци им го дале на Словените првиот литературен јазик, беа последни на кои им се призна јазикот како посебен словенски јазик, различен од соседните бугарски и српски“ Пишува: Владимир Трајановски Денот на македонскиот јазик е востановен пред шест години и се одбележува на 5 Мај, денот кога во 1945 година Народната влада на Демократска Федерална ...

Романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска е објавен во Хрватска во издание на издавачката куќа „Неолит“. Преводот на хрватски е на Ивица Баковиќ. Ова е трет превод во регионот на наградениот роман на Јованоска (Роман на годината за 2021 г.), по преводите на бугарски и на српски јазик. За романот „Денот на црвот“ хрватскиот издавач пишува: „Денот на црвот во тмурното расположение на доцната есен ги усложнува и испреплетува ликовите, ...

Во Музеј на град Скопје денеска во 14 часот ќе биде отворена изложбата „Слободата на медиумите низ фотографски објектив: моменти што зборуваат“. Ќе бидат претставени највпечатливите новинарски фотографии избрани преку јавниот конкурс објавен на веб-страницата на Здружението на новинарите на Македонија чија цел беше да се истакне моќта на фотографијата како сведоштво за влијателни моменти и објективно известување. На отворањето ќе бодат ...

Промоција на поетската книга „Скапо е сонцето“ од Јовица Ивановски ќе се одржи вечерва во 21 часот, во „Лабораториум“ во Скопје. Книгата ќе ја промовира проф. д-р. Лидија Капушевска-Дракулевска, а песни ќе чита поетот Андреј Ал-Асади. Јовица Ивановски (1961, Скопје) е автор на 19 книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ ...

На Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје денеска во 10 часот ќе почне одбележувањето на 5 Мај, Денот на македонскиот јазик и на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Присутните ќе ги поздрават Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот, Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик при ...

Во Македонскиот народен театар на 8 мај (18 часот) ќе се одржи премиерата на претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Изабела Јакимова, Нина Деан и Билјана Јовановска, која ја потпишува и режијата. Во претставата играат: Гоце Андонов, Нина Деан, Изабела Јакимова, Јана Вељановска и Билјана Јовановска – алтернација. Темата на претставата е досадата на децата во денешното време, каде што авторите ги охрабруваат како децата така и ...

Изложбата „Слика со песна“ ќе биде отворена на 7 мај (среда) во 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Станува збор за уникатен културен настан со значење на редок временски артефакт, кој ги обединува ликовната и поетската уметност во нова, трета форма – интермедијален и интертекстуален уметнички јазик. Таа создава креативен дијалог меѓу сликата и зборот, претставувајќи ја оваа симбиоза пред македонската културна, ...

Спомен-куќата на Гоце Делчев, некогаш сопственост на битолското семејство Ракиџиеви, ќе биде свечено отворена утревечер во 20 часот во Битола. Преуредувањето на музејската поставка во спомен-куќата се состои од три дела – историска соба и етнолошка соба, кои се наоѓаат на горниот кат и училница која се наоѓа на долниот кат од куќата. Проектот го работеше Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола. – Огромна работа ...

Од печат излезе „Целзиус 233: Ракописите, книгите и стриповите во Априлската војна“, најнова публикација на стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип. Станува збор за истражувачка студија во која е обработено уништувањето на библиотеките и на нивниот ракописен, книжен, весничен и стриповски фонд за време на првите денови на Втората светска војна на југословенска почва – од нападот на Белград на 6 април 1941 година, до капитулацијата на ...

Во рамките на Програмата за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на современиот македонски јазик, на 5 мај (понеделник) во Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, ќе се реализира проектот „Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“. Никола Маџиров и Петар Андоновски, македонски писатели кои се и лауреати на врвни европски книжевни награди, ќе разговараат со свои колеги писатели и преведувачи од Србија- со ...

Околу 200 библиотекари, истражувачи и културни дејци од регионот и пошироко учествуваа на 25. Меѓународна конференција за библиотекари„Библиотеки и културно наследство“ што се одржа во Требиње, Република Српска. Македонија ја претстави докторанд Елена Станкоска, виш библиотекар при Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид. Таа имаше свое излагање на тема „Културното наследство низ призмата на библиотеките“. Излагањето беше посветено на ...

Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус годинава ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани. На 25 мај, истовремено во 7 града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани. „Сите за Кочани – трчаме заедно!“ е хуманитарна иницијатива во која може да учествува секој, без ...

Неодамна од печат излезе книгата „Indicta causa (Осуден во отсуство)“ од Сашо Гигов-Гиш. Станува збор за најновата поетска збирка на Сашо Гигов-Гиш за која поетот Ѓоко Здравески вели: „Во поезијата на Сашо Гигов-Гиш најарно е да се влезе со предзнаење или ич да не се влегува за да не се почувствува човек во читањето како изгубен Германец. А можеби и поарно е да се влезе без никакво знаење, со отворен ум и без комплекс дека не се знае, како ...

Данскиот музички состав „Ефтеркланг“ денеска во 14 часот ќе одржи концерт на отворено во „Јавна соба“ во Скопје. Настанот е замислен како пикник-концерт. „Ефтеркланг“ е дански бенд составен од три пријатели од детство – Мадс Браусер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг. На 27 септември 2024 година го објавија нивниот седми студиски албум насловен Things We Have In Common со што ја започнаа својата светска турнеја. Документарниот филм, ...

Копродукциската претстава „Без крв“ на Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ и Драмскиот театар од Пловдив освои пет номинации за најпрестижните театарски награди во Бугарија „Аскер“. Меѓу номинираните се: Сашко Костов за најдобра театарска музика. Тој е номиниран заедно со својот колега од Драмскиот театар од Пловдив, Јавор Карагитлиев. Номинија имаат и Валентин Светозарев за сценографија, Раде Василев и Елена Вангеловска за ...

Издавачката куќа „Или-Или“ во едицијата ПРОаЗА го објави романот „Загубени во слободата“, најновата објава на реномираниот бугарски писател Владимир Зарев. Преводот од бугарски е на Бранислав Мирчевски, а објавувањето на книгата е поддржано од „Национален фонд-Култура“ на РепублБугарија. Во својот најнов роман, „Загубени во слободата“, големиот бугарски писател Владимир Зарев маестрално вплетува две временски линии – современата и ...

Под мотото „Корени и крилја – Европска диплома дома“, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, одбележа три дена полни со инспиративни настани, интеракции и нови идеи. Минатата недела универзитетските простории, Широк Сокак, СИЦ и други локации беа домаќини на бројни активности, работилници, изложби и средби со гости од земјава и Европа. Сè започна со Историски час посветен на Македонското научно друштво, по што следеше свечена ...

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по осми пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. На конкурсот можат ...

Денес е 29 април, Меѓународен ден на танцот. Ви ја споделуваме македонската порака на Адријана Данчевска-Ровчанин, кореограф, танчер, едукатор: „Денес, на денот на танцот, зборуваме за моќта на оваа уметност. Зборуваме за танцот кој е многу повеќе од физички акт – танцот е емоционален, социјален и интелектуален процес кој е длабоко вкоренет во нашето човечко постоење. Танцувам додека создавам живот кој има смисла. А нам тука ни е потребен ...

Научните здруженија кои ги организираат талентираните ученици за меѓународни натпревари ќе можат за аплицираат за парична поддршка од државата на конкурсот кој деновиве ќе го објави Министерството за образование и наука. Измените на Законот за средно образование предвидуваат научните друштва да аплицираат на конкурс кој ќе биде објавен во првите три месеци од тековната година. Умно.мк го праша МОН дали тоа значи дека и годинава државната ...

Златен медал освои Дамјан Давков, сребрен освои Алексиј Тасиќ, а бронзени – Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Бранко Јангеловски на 42. Балканска математичка олимпијада во Сараево која ќе заврши утре. На олимпијадата успешно се претстави и Андреј Тасиќ. Тимот ја претставуваше Македонија во организација на Сојузот на математичарите на Македонија, под раководство на Мирко Петрушевски, водач на тимот и Блаже Суклевски, заменик-водач. Нашите ...

Младинското здружение „Псалтер“ од Струмица го објави фанзинот „Ефимин“ или во превод од старогрчки јазик – од нас зависи. Ова е вториот број, по пилот-изданието објавено во декември минатата година. Фанзинот е двомесечник со 40 страници. Здружението функционира како културолошка иницијатива и еден од проектите е фанзинот, велат членовите на „Псалтер“. -Одлучивме да дејствуваме и во областа на издаваштвото, па така се формираше и тимот на ...

Во чест на 29 април, Меѓународниот ден на танцот, ви ја споделуваме светската порака за танцот што годинава ја напиша танчерот и кореограф Михаил Баришников од Латвија/САД. „Често се вели дека танцот може да го изрази неизговорливото. Радоста, тагата и очајот стануваат видливи; отелотворени изрази на нашата заедничка кршливост. Во ова, танцот може да разбуди емпатија, да инспирира љубезност и да предизвика желба за лекување, а не повреда. ...

Џијан Емин е мултиинструменталист, аранжер, оркестратор, композитор. Постојано немирен во својот музички дух да истражува нови форми, нови изрази, соработувајќи со колеги музичари од земјава, но и по светот. Заедно со Националниот џез оркестар е дел од создавањето на вредна музичка приказна, што расте со секој нов концерт на националната институција. Во новата епизода на „Умен поткаст“ со него разговараме за неговото весело детство со многу ...

Измените на Законот за средно образование пратениците во Собранието, по брза постапка, го усвоија на 8 април Талентираните средношколци добија системска поддршка од државата, со донесувањето на измените на Законот за средно образование кој пратениците во Собранието, по брза постапка, го усвоија на 8 април. Со тоа се реши проблемот кој повеќе од десет години им задаваше главоболки на менторите и на семејствата на талентираните ученици. Тие ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
6.69
83%
1013
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
90%
1008
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
71%
1020
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
0.66
95%
1022
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
95%
1008
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
85%
1019
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1014
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1015
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
3.09
79%
1022
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
96%
1012
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
93%
1023
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Родиум

339190.38

Платина

83354.78

Паладиум

56617.46

Иридиум

221848.72

Калај

49.78

Цинк

3.37

Алуминиум

3.06

Злато

159322.70

Бакар

12.10

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04