Претставата „Ќелавата пејачка“ во режија и адаптација на Јагош Марковиќ, ќе гостува вечерва во 20 часот во Драмски театар во Скопје, на Фестивалот на регионални театри РУТА, што беше отворен синоќа. Претставата е според текстот на Ежен Јонеско, а ликовите ги толкуваат регионалните актерски ѕвезди: Олга Одановиќ, Бранко Видаковиќ, Дубравка Дракиќ, Момчило Оташевиќ, Сандра Бугарски и Бранимир Поповиќ. Продукцијата е на Центарот за култура Тиват. ...
Претставата „Мајки“ на Колектив Игралке и Рајна Рац, во продукција на Казалиште Улисис од Загреб, ќе биде изведена вечерва во 20 часот, на сцената на Драмскиот театар во Скопје. Гостувањето е во рамките на фестивалот РУТА, што ќе трае до 31 октомври. Ова не е претстава за мајчинството. Ова е претстава за одлуката за мајчинството. Авторките, сите во т.н средни триесетти години, насетуваат дека времето за мајчинството речиси им истекува. ...
„Повеќе од игра“ е претстава со која вечерва гостува Београдско драмско позориште. Претставата е адаптација на сценариото на Слободан Стојановиќ работено за истоимената култна телевизиска серија во бившата држава. Режисер е Иван Вуковиќ. Адаптацијата ја направил Ѓорѓе Косиќ, сценографијата Марија Калабиќ. Костимограф на претставата е Драгица Лаушевиќ. Композитор на музиката е Ирена Поповиќ-Драговиќ, а на сценските движења работеше Маја ...
Београдско драмско позориште ќе гостува на Фестивалот на регионални театри РУТА, вечерва во 20 часот на сцената на Драмскиот театар, со претставата „Повеќе од игра“, што претставува адаптација на текстот на култната српска серија. Режисер е Иван Вуковиќ. Претставата ќе трае четири часа, со една пауза. „Повеќе од игра“ е особен драматуршки предизвик, имајќи го предвид и нејзиниот длабок траг во филмската и во популарната култура на нашиот ...


 
            