
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Театар Комедија покажа вистински гест и од својата сметка ќе одвои 150.000 денари финансиска поддршка за Доброволното противпожарно друштво Кочани. – Помошта во борбата со огнената стихија во овие тешки моменти е нужна. Ги бодриме сите тимови низ Македонија. Пожарникари, не сте сами. Благодариме за вашата сила, имате благородна задача – велат од Театар Комедија. Во моментов во Македонија се активни 12 пожари, главно во источниот дел на државата. ...
Пишува: Атанас Наумов, софтверски инженер Хоби по дефиниција е рекреативна активност што некој ја прави доброволно и редовно за свое задоволство или релаксација. Тоа придонесува за сопствената слика за себе и претставува дел од нечиј идентитет. Мислам дека на секој човек во ова време, полно со предизвици, притисоци, изместени вредности, му треба некој издувен вентил, каде што може да се опушти и за миг да заборави на сите мисли, одлуки, ...
Девет краткометражни филмови од автори од повеќе земји, ќе бидат прикажани утревечер во 20.15 часот на отворањето на 5. Галичмник филм фестивал. Организаторите најавуваат вистинска магија на големиот екран, каде природата ги буди сите сетила. Вкупно 28 краткометражни филмови, кои доаѓаат директно од престижните филмски фестивали како што се тие во Кан, Венеција, Торонто, Локарно, на Санденс…. По свеченото отворање, ќе настапи „Скопје брас ...
Во чест на 121-годишнината од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ – темелникот на македонската државност, во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва во 19.30 часот ќе биде поставена изложбата „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески“. Во рамките на изложбата, пред јавноста ќе бидат претставени 24 скици и цртежи изработени од познатиот уметник, коишто послужиле како план за монументалната фреска ...
Авторскиот филм и годинава ќе биде во фокусот на 19. Интернационален филмски фестивал „Астерфест“ што ќе биде отворен на 1 август (20:30 часот), во Амфитеатарот во Струмица. Фестивалот ќе го отвори хрватскиот филм „Човекот кој не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ. Овој 13-минутен хрватски филм, со Горан Богдан во главната улога, неодамна освои „Златна палма“ за краток филм на Канскиот филмски фестивал. Дејствието на филмот се ...
Два настани вечерва ќе може да проследи публиката на Охридско лето со почеток во 21 часот. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се случи премиерата на „Рацин“, според Кочо Рацин, во режија на Дејан Пројковски, а продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. Драматург е Сашо Димоски, улогите ги толкуваат: Васил Зафирчев, Исидор Јованоски, Кети Борисовска, Весна Димитровска-Бобевски, Јордан Витанов, Слободанка Чичевска, ...
Наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“ за 2024 година ја добива Илија Прокопиев, одлучи комисија на Здружението на ликовните критичари АИКА Македонија. Прокопиев ја доби наградата за предлог-истражувачкиот проект „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“. За наградата одлучија: д-р Мелентие Пандиловски (историчар на уметноста и куратор), Маја Чанкуловска (историчарка на уметноста и кураторка) и м-р Јованка Попова (историчарка на ...
Пишува: Љубица Ангелкова “Who is it that can tell me who I am?” ова прашaње на Лир е можеби едно од најфундаменталните прашања за идентитетот поставени во кое било дело на големиот драмски писател — Шекспир во ново светло на светската премиера на „Крал Лир“ во Македонија. Завчеравечер, во топлата охридска јулска вечер, се бараше билет повеќе за „Крал Лир“ на Охридско лето. Се случи светската премиера, но се случи и извонредна реинтерпретација на ...
Македонците се љубезни луѓе кои знаат да бидат дарежливи и отворени кон другите, вели Алексис Корон, студент во втора година од Франција, кој престојуваше на Факултетот за биотехнички науки во Битола Една од најважните придобивки на Еразмус+ програмата низ цела Европа е токму можноста младите да се запознаат со нова култура, да споделат искуства, знаења, да се спријателат. Едно такво патување имаше и младиот Французин Алексис Корон, студент во ...
Сребрен медал освои Петар Мирчевски од прилепската гимназија „Мирче Ацев“, а бронзен – Марио Ванчоски од гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип на 56. Меѓународна олимпијада по хемија од која утре завршува во Ријад, Саудиска Арабија. Успешно се претставија и средношколците Иван Костевски од „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ од гимназијата „Јахја Кемал“ од Скопје. Ова е прво сребро за Македонија на светскиот натпревар. Ментори на ...
Амбасадори на културата од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и од Србија, учествуваат на Филмскиот фестивал „Духовен викенд Маглај“ (Maglaj Spirit Weekend), што се одржува во босанскиот град Маглај. Фестивалот е дел од кампањата „Културата поврзува“, како дел од проект на WeBalkans, поддржан од Европската Унија. На настанот од Македонија учествуваше Гоце Наневски, визуелен уметник, познат по својата работа во областите на скулптурата, ...
Сликовницата „Тино – бездомното полжавче“ ќе биде промовирана утревечер во 21 часот во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип. Текстот на сликовницата е на Сузана Мицева, а илустрациите – на Сара Каурин. Сликовницата зборува за растењето, созревањето, домот, детството, другарството. Рецензент е Трајче Кацаров, а промотор – Ана Витанова-Рингачева. Станува збор за двојазична сликовница – на македонски и на хрватски јазик. Сликовницата ја ...
Уметницата Маја Кировска ја прими наградата A Design Award што и’ беше врачена во Комо, Италија. Оваа награда Кировска ја доби за делото Skin, во конкуренција на категоријата Fine Arts and Art Installation Design за периодот 2023-2024. Оваа престижна награда ја добија уште двајца уметници од Македонија – Гордана Вренцоска, која ја доби наградата „A’ Design Award“ во категоријата „Graphic Design“ и Никола Евтимов, кој ја освои наградата „A’ ...
Јан Стојановски, за прв пат на Македонија ù донесе сребрен медал од оваа олимпијада, само една недела по освојувањето на златниот медал на 8. Европска oлимпијада по физика Сребрен медал и два бронзени медали и една пофалница освоија нашите средношколци што ја претставуваа Македонија на престижната 54. Меѓународна олимпијада по физика, што денеска завршува во Исфахан, Иран. Јан Стојановски, ученик во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје за ...
„Крал Лир“, од Вилијам Шекспир, според адаптација на текст и режија на Џон Блондел е светска премиерна изведба направена специјално за фестивалот „Охридско лето“, во продукција на Македонија, Ерменија, Финска и САД. Претставата е режирана по импресии од сцената на предворјето на црквата Света Софија, а премиерата е вечерва во 21 часот Претставата испреплетува приказни за две семејства. Во едното, Лир го дели своето кралство меѓу двете ќерки кои ...
Во чест на 50-годишната од уметничката кариера на Тим Бартон, визуелниот раскажувач на приказни, во Прага е отворена изложба на цртежи, скици, сторибордс од неговите култни филмови. Бартон е режисер, продуцент, писател, поет, уметник, илустратор, кој секогаш успева да ги осветли своите темни приказни со своите претерувања и хумор, што му се заштитен знак. Ви споделуваме фотографии од наша читателка од изложбата, која по 10 години се враќа во ...
Ждребето имало кожа, непроменета ДНК и крв во течна состојба, што е речиси невидено кај ниту еден толку стар примерок Ловци на мамути што во 2018 година го ископувале кратерот Батагаика во Сибир, Русија, наишле на револуционерно откритие – под 30 метри вечен мраз пронашле совршено сочувано тело на ждребе. Иако приказната не е ново откритие, поради уникатноста заслужува да ја пренесеме на Умно.мк. Кратерот Батагајка, кој често се нарекува „Порта ...
Во Центарот за култура во Крива Паланка отворена е изложбата „Кога ќе се разбуди заспиеното“ на уметницата Верче Цветановска. Таа се претставува со 34 дела, работени во акрил, во хиперреалистичен правец. Тие се резултат на долгогодишната творечка работа на Цветановска преку која ја канализира енергијата од секојдневната рутина. Изложбата ја организира Центарот за култура во рамките на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка ...
Со дефиле по Широк Сокак и со традиционалната изведба на Комитското на КУД „Илинден“, по 54. пат вчера светскиот фолклор се славеше на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“ во Битола. Повеќе од пет децении овој фестивал е културна екстраваганција на народите и обичаите која ја прикажува убавината и богатството на народните традиции од целиот свет. Над 1.300 гости од Македонија, Романија, Боливија, Јужна Кореја, Северен Кипар, Мексико, ...
Бесплатна храна и активности ќе добијат туристите во Копенхаген ако учествуваат во еколошките задачи при посетата на градот. Пилот-проектот почнува на 15 јули. Туристите ќе може да собираат отпадоци, да патуваат со јавен превоз или да возат велосипед низ градот и слично. За награда, ќе можат да изберат бесплатен оброк, кафе, чаша вино или изнајмување кајак. – Проектот ‘CopenPay‘ е дизајнирана да го надомести еколошкиот товар на туризмот. Кога ...
Најмладиот олимписки медалист по математика во Европа доби финансиска поддршка од Cosmic Development, што ќе му овозможи да ги оствари своите амбициозни планови. Тој викендов патува за Бат, Велика Британија, каде што ќе биде дел од тимот што ќе ја претставува Македонија на Меѓународната олимпијада по математика. Оваа поддршка ќе му овозможи на Дамјан да додаде повеќе медали во неговата импресивна колекција. На прашањето што му значи ...
Стопанската комора се одзвала на барањето на министерката за образование и наука Весна Јаневска за спонзорирање на дел од учениците од Македонија кои годинава учествуваа на меѓународни научни олимпијади, во услови кога ресорното министерство сè уште нема законска основа да исплаќа средства за оваа намена на средношколци. Јаневска вчера му се заблагодари на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, на кусиот состанок кој обајцата го ...
Прв добитник на наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот е актерскиот маг Владо Јовановски. Наградата ја доделува Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ што ќе се одржи во Дојран од 7 до 11 август. Фестивалот се одржува во соработка со Кинотеката. Во чест на Мето Јовановски, вчера беше промовиран мурал на Кинотеката, што го изработија уметниците Евгенија Трајковска и Драган ...
Поетски портрет на Елизабета Баковска, гости од шест земји се дел од програмата на 36. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ кога ќе се одржи од 16 до 18 август на локации во Велестово и Охрид. Ќе гостуваат поети од Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и од Македонија. ‒ Од годинава, за наредниот 4-годишен циклус имаме неколку концепциски промени. Наместо преку беседа, творештвото не поетот во фокус ќе биде ...
На плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка, Културно-уметничкото здружение „Фолклористи“ ќе одржи целовечерен концерт На концертот ќе настапат бројните фолкорни играчи и инструменталисти од ансамблот, кои се достојни репрезенти на кривопаланечката и македонска традиција и народно творештво во земјава и во светот. Концертот на КУЗ „Фолклористи“ е поддржан од Општина Крива Паланка во рамките на Кривопаланечко културно лето и ...
Од печат книгата „Патот накај дома“ од Ацо Гогов, во издание на Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица. Книгата содржи 25 есеи и записи на книжевни и театарски теми и тоа првенствено за творци од Струмица и Струмичко: Антон Панов, Видое Подгорец, Митко Маџунков, Бранко Ставрев, Мите Грозданов, Киро Донев и др. Но и за творци кои, во одреден момент, патот ги донел накај Струмица: Коле Чашуле, Луан Старова и др. Книгата е еден вид мала ...
„Уметност и музика“ е насловот на мултимедијалниот настан што ќе се одржи вечерва во 20 часот во уметничката галерија на Градскиот музеј во Крива Паланка. Настанот опфаќа изложба на дела од млади уметници создадени на уметничките работилници за графика, сликарство и скулптура, реализирани под менторство на академските автори и творци Нела Јанковска, Анета Стојчевска, Роберт Цветковски и Стефан Младеновски. Сите создадени дела ќе останат во ...
Бронза освоија Јована Трифуноска од Тетово и Атина Рувинова од Охрид, а достоен резултат постигнаа и Сара Стефановска од Крива Паланка и Антонела Владева од Свети Николе. Медал освои и Софија Велковска, која 2 години по ред освојуваше медали за Македонија, а годинава како ученичка во Хрватска, медалот го освои за таа земја Два бронзени медала за Македонија освоија средношколките-информатичарки на 4. Европска олимпијада по информатика за девојки ...
Златен медал освои Aна Котевска на Интернационалната oлимпијада по германски јазик „ИДО 2024“ што се одржа минатата недела во Гетинген, Германија. Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка при скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“ е апсолутна победничка во категоријата на натпреварувачи на Б2 Ниво. Првото место (јазични нива Б2,А2 и Б3) таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од Узбекистан. На Интернационалната ...
Под падините на Беласица во амбиент на камениот амфитеатар на ресторанот „Атлантис“ во близина на Смоларски водопад денеска во 17 часот ќе почне 17. издание на „Роднокрајни поетски средби“. Ќе бидат промовирани две нови поетски збирки: „Смоларе во срце те носам“ од Марјан Христов Смоларски и „Размена меѓу световите“ од Елизабета Дончевка-Лушин. Ќе присуствуваат и дваесетина роднокрајни поети од Струмица и околината. Промотор на „Смоларе во срце ...