
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Покрај протестите, низ државата се одржале и 94 граѓански збора во 71 населено место, каде што жителите дискутирале за актуелните предизвици и барале решенија за своите заедници. Според достапните информации, во наредните денови се најавени уште најмалку 53 собири, што укажува на континуираната граѓанска ангажираност во Србија. Растечкиот број на протести и собири сведочи за зголемената свест кај граѓаните и нивната подготвеност активно да се ...
Клучни информации: Мјанмар во очекување на уште една катастрофа Хуманитарните организации предупредуваат дека земјата се наоѓа пред нова опасност – монсунската сезона. Минатата година поплавите предизвикаа огромна штета, а сега, илјадници луѓе кои останаа без домови по земјотресот се дополнително загрозени од силните дождови и ветрови. Во Бангкок, спасувачките тимови работат без престан за да ги пронајдат исчезнатите под урнатините на ...
Најголем дел од богатството на Маск, кое се проценува на 340 милијарди долари, се наоѓа во акциите на Tesla, компанија со која тој сè уште раководи. Неговата соработка со поранешниот американски претседател Доналд Трамп дополнително го зголеми незадоволството кај дел од јавноста, јавува AP. Протести во САД и Европа Протестите започнаа во Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат, Њујорк, Мериленд, Минесота и Тексас, а подоцна се проширија во Вашингтон, ...
Јован Костадинов, 19-годишното момче од Виница, кое спасуваше повеќе лица од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, пред неколку дена излезе од болница. Тој беше примен од премиерот на Владата, Христијан Мицковски, а од компанијата Алкалод доби признание во вид на стипендија. Младиот Јован првпат јавно проговори за неговиот херојски подвиг и раскажа како изгледал неговиот спасувачки поход. Како што вели, и тој сам паднал на колена, му се ...
Потрошувачите во Германија треба да бидат особено внимателни, бидејќи Maggi повлекува две супи од брокули, бидејќи некои пакувања можат да содржат метални делови. Производот не смее да се консумира, бидејќи металните делови можат да предизвикаат повреди на устата, хранопроводот или гастроинтестиналниот тракт. Производите кои се погодени со повлекувањето од пазарот: Име на производот: Maggi “5-минутна терина” брокули (нем. Maggi “5 Minuten ...
Пред насобраните, тој го цитираше рускиот поет Николај Тихонов со зборови што одекнаа силно: „Нашиот век ќе помине, ќе се отворат архивите и сè што беше скриено од нас, сè што во историјата живее од лаги, ќе му ја покаже на светот и славата и ужасот. Ликовите на разни богови ќе избледат, ќе се открие колку беда криел овој век, но само оној што бил навистина голем – ќе остане голем засекогаш. Како Никола Тесла. И затоа, младост наша, пумпај!“ ...
Овој протест, познат како „Бојкот во 12. недела“, доби огромна поддршка преку социјалните мрежи и стана главна тема во земјата. Причината? Трошоците за исхрана на едно просечно шведско семејство се зголемиле за 2.740 евра од 2022 година! Особено загрижувачки се цените на основните производи – пакување кафе чини дури 8,5 евра, а слично е и со другите намирници. Граѓаните ги обвинуваат супермаркетите и големите компании дека намерно ги ...
Бетмен, ликот кој носи правда во Готам, борејќи се против корумпирани политичари, расипаниот судски систем и организираниот криминал, денес беше меѓу граѓаните што се собраа во Истанбул барајќи ослободување на Екрем Имамоглу. Со своето присуство, тој испрати јасна порака: слободата на говор во Турција на Ердоган очајно бара помош. „Секој треба слободно да го искаже своето мислење“ Граѓанинот облечен како Бетмен даде изјава за турската агенција ...
Вториот кат целосно изгорен Според германскиот медиум Bild, пожарот бил забележан попладне од медицинскиот персонал во една од собите. Пожарникарите успеале да спречат ширење на огнот во другите делови на објектот, но тие сепак биле зафатени од густ чад. Според полицијата, горниот кат веќе не е погоден за живеење, а станарите ќе бидат преместени во други делови на старечкиот дом. Во моментот на пожарот, во домот престојувале околу 100 лица. ...
Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од СЗО, обвинувајќи ја организацијата за погрешно постапување за време на пандемијата со Ковид-19 и други меѓународни здравствени кризи. САД досега беа најголемиот финансиер на СЗО, обезбедувајќи околу 18% од вкупното финансирање. Поради ова повлекување, финансиската криза во СЗО дополнително се влоши, бидејќи и другите земји-членки ги намалија своите придонеси. ...
Американскиот Конгрес, во време на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден, донесе одлука според која компанијата ByteDance мора или да ја продаде платформата TikTok, или да престане да работи во САД. Сега, милијардерот од Вајоминг, Рид Разнер, нуди 47,45 милијарди долари за оваа социјална мрежа, пренесуваат американските медиуми. Како што се приближува рокот за решавање на статусот на платформата TikTok, личноста која ...
Данската премиерка Мете Фредериксен ќе престојува на Гренланд од среда до петок со цел зајакнување на единството со оваа автономна покраина на Арктикот, која американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја присоеднини, соопшти нејзиниот кабинет. Посетата следува откако Гренланд формираше нова коалициска влада, а ден по тоа, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изрече критики кон Данска за наводната неактивност во врска со оваа автономна ...
Европа треба да формира сопствени преговарачки тим како дел од мирното решение на украинскиот конфликт и да именува специјален пратеник за Украина, изјави финскиот претседател Александар Стуб. „Нам ни се потребни две работи. Прво, тоа е преговарачки тим, каков што имаат Американците, Украинците и Русите. А тие ги имаат во Ријад, во Саудиска Арабија. Потоа, можеби, со време ќе ни биде потребен специјален пратеник кој ќе биде одговорен и ќе го ...
Конзервативната Австриска народна партија (ÖVP) на конференцијата одржана во Виена му даде голема поддршка на канцеларот Кристијан Стокер за функцијата лидер на партијата. Со околу 98% од гласовите, 65-годишниот адвокат нагласи дека се дистанцира од екстремно десно ориентираната Слободарска партија на Австрија (FPÖ), која победи на парламентарните избори во есента, а според Стокер, е наклонета кон Доналд Трамп. Тој изјави дека лидерот на FPÖ, ...
Ако по вечерата ви се јави глад, но не сакате да го прекршите режимот на исхрана, еве пет здрави намирници кои ќе ве заситат и ќе му дадат дополнителен поттик на вашиот метаболизам. Кога се зборува за исхрана и метаболизам, повеќето луѓе веднаш помислуваат на тоа што се јаде во текот на денот. Се смета дека по одредено време метаболизмот неизбежно се забавува, поради што е важно да се внимава на тоа што не треба да се јаде по 18:00 часот. ...
Google Maps наскоро ќе има нова функционалност која ќе овозможи препознавање локации од вашите снимања на екранот и додавање на овие локации на вашата листа, што ќе го олесни планирањето на вашите патувања. Оваа функционалност користи технологија наречена Gemini, развиена од страна на Google, која ги идентификува текстовите и деталите за локацијата на снимањата на екранот. Google Maps потоа ги обработува овие информации за да извлече релевантни ...
– Италија секогаш стои покрај Европа и нејзината улога е да го брани единството на Западот, изјави денес италијанската премиерка Џорџа Мелони. Мелони ја критикуваше интерпретацијата на интервјуто што го даде за Фајненшл Тајмс, во кое, според неа, се тврди дека таа се ставила на страната на претседателот на САД против Европа. „Реков дека секогаш сум покрај Италија, дека Италија е во Европа и нејзината улога е и да го брани единството на Западот“, ...
Во знак на сеќавање на жртвите на трагедијата во Кочани, вечерва ќе биде одржан хуманитарен концерт во белградската установа за култура Пароброд. Ова ќе биде уште една прилика за солидарност со жртвите на трагедијата, нивните семејства, но и со граѓаните на Северна Македонија, пренедуваат медиумите во Србија. На концертот ќе настапат музичари кои го носат уметничкиот концепт „Мевлем“. Еден од нив, Марко Виденовиќ во изјава за N1 им се ...
На денешниот протест пред Собранието на Република Македонија, иницијативата „Кој е следен“ изнесе низа предлози и барања во делот на безбедност на граѓаните со кои побараа побезбедни градови, трансформација на јавниот сообраќај и зони за пешаци. -Во рамки на иницијативата формиравме и барања кои ги адресираат урбаните проблеми во нашите градови и бараме надлежните да се позанимаваат со обезбедување на функционален јавен превоз. Ја подржуваме ...
Бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера го погоди Мјанмар се искачи на повеќе од 1600, додека спасувачките екипи очајнички пребаруваат урнатините на срушените згради во потрага по преживеани. Повеќе од 3400 лица се повредени. Раководителот на војската на Мјанмар објави вонредна состојба и побара сите кои можат да помогнат да дојдат. ОН веќе е во контакт со властите. Според податоците на USGS, епицентарот бил на околу 17.2 километри од ...
Четири пациенти кои се лекуваат по пожарот во Кочани се критични, а кај двајца повторно е влошена состојбата. Сè уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и во животно загрижувачка состојба, изјави денес министерот за здравство Арбен Таравари. Надвор од државата се лекуваат 89 пациенти, од кои двајца ќе се вратат од Литванија и од Шведска. Тие најпрво ќе бидат примени и прегледани во домашните болници од каде биле и испретени, според ...
Британските автомобилски компании бараат поддршка од Владата бидејќи се намалуваат очекувањата дека ќе може да се постигне договор со американскиот претседател Доналд Трамп за царините што тој сака да ги наметне на европските земји, пренесува Би-Би-Си. Претставниците на овие компании денес се сретнаа со британската министерка за индустрија Сара Џонс за да разговараат за одговорот на планот на Трамп за воведување царини од 25 отсто на автомобили ...
Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025 во организација на „Литература.мк“. Оваа година, со 15 уникатни настани во „Литература.мк“ во Дајмонд мол, фестивалот нуди спој на литература, музика, театар, дизајн и филм. Средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат донирани за настраданите во несреќата во Кочани. Присуството на музичките и на театарските ...
Нешто пред 12 часот пред Собранието на Република Македонија започна собирот органзиран од страна на иницијативата “Кој е следен“. Настанот е поделен во два дела. Во првиот дел, „Кој е следен“ ги презентираше нивните барања. Барањата велат се глас на граѓаните, глас на разумот, глас на сите оние кои со години бараат институциите да бидат сервис на граѓанинот, а не инструмент во рацете на партиите. Во вториот дел, микрофонот го отвраат за ...
Словенија планира да им забрани на големите трговци да фрлаат храна. Храната која е пред истекот на рокот на траење, ќе мора да биде донирана на хуманитарни организации. По примерот на Франција, Словенија планира да стане втора европска земја која ќе забрани фрлање храна од трговските ланци. Сите супермаркети ќе мора да донираат храната која е пред истекот на рокот на траење или која е сè уште добра за употреба. Ова е предвидено со новиот закон ...
Американската сојузна држава Јута е прва во Соединетите Американски Држави (САД) која забрани истакнување и носење на LGBTQ+ знамиња во школите и државните згради. Од 7 мај, државните или локалните власти ќе бидат казнети со 500 долари дневно ако истакнат било кое знаме освен знамето на САД, државното знаме на Јута, воените знамиња и неколку други кои се одобрени од пратениците. Не се дозволени ни политички знамиња кои поддржуваат некој кандидат ...
Студенти и млади дипломирани уметници при Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ) – Скопје одлучија да отстапат за продажба по едно нивно дело, со цел да се помогне на настраданите од Кочани. „Болката за Кочани која ја носи секој од нас овие дена, полесно се прифаќа доколку секој од ќе може барем на некаков начин да помогне на директно погодените“, велат младите уметници, чии дела се објавени вчера и денес преку Инстаграм. „Да покажеме дека ...
Уставниот совет на Франција денес донесе одлука дека локалните политичари можат да бидат лишени од јавни функции ако бидат осудени за криминално дело, поради што постои можност лидерката на крајната десница, Марин Ле Пен, да биде спречена да се кандидира за претседател на изборите во 2027 година. Советот ја донел оваа одлука во случај кој не ја вклучувал Ле Пен, но оваа одлука значи дека таа можеби нема да може да се кандидира за претседател во ...
По нападот на четворица студенти, во центарот на Нови Сад беше одржан протест кој заврши 10 минути по полноќ. Во знак на солидарност, студенти и граѓани протестираа и во Белград и во Крагуевац. Студентите во Белград прошетаа до зградата на РТС и „Политика“. Студентите најавија и дека со велосипеди ќе патуваат од Нови Сад до Стразбур, „за да се обратат до Европскиот парламент и судовите“. Протестите кои започнаа по падот на надстрешницата во ...
За денеска во 11 часо пред македонскиот Парламент е закажан собир од страна на иницијативата “Кој е следен“. Организаторите повикуваат на масовно присуство, нагласувајќи дека граѓаните ќе имаат можност јавно да ги изнесат своите ставови, критики и барања преку отворен микрофон. – „Кога заминуваат тие на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Демократијата не оди на пауза. Не затоа што немаме што да правиме туку затоа што имаме што да кажеме. ...