Од нив, пет се активни, а пет се под контрола Активни пожари има во: Oпштина Василево во сечо Нивичино (нискостеблеста шума); Општина Аеродром: ул. Гаврил Константиновиќ (ниска вегетација); Општина Гази баба: Стрелиште Камник (ниска вегетација); Општина Прилеп : помеѓу селата Царевиќ и Смолани(мешана шума и ниска вегетација; Општина Прилеп – Кавадарци: помеѓу селата Никодин, Ракле и Фариш (ниска вегетација и ретка шума); Под контрола се пожарите ...

Газирани и овошни сокови од продавница Дури и кога на пакувањето пишува „100% природно“, овошните сокови најчесто содржат големи количини природни и додадени шеќери, а речиси воопшто немаат растителни влакна. Кога се пијат на празен стомак, може да предизвикаат нагло покачување на шеќерот во крвта, што дополнително го оптоварува организмот во период кога е најчувствителен на гликоза. Редовното консумирање на вакви сокови може да доведе и до ...

Несреќата се случила во летувалиштето Порто Сант’Елпидио, каде што Баумгартнер летал со параглајдер. Според италијанскиот весник La Repubblica, тој изгубил контрола над леталото – најверојатно поради ненадејно чувство на слабост или срцев удар – и паднал во хотелски базен. При падот повредил жена која се наоѓала во базенот, но нејзините повреди не се сериозни и таа е во стабилна состојба. Феликс Баумгартнер влезе во историјата во 2012 година, ...

Минималната возраст за гласање од 16 години веќе важи за изборите за локални совети и парламентот во Шкотска и Велс, но не и за општите избори за Парламентот на Обединетото Кралство, изборите во Англија или оние во Северна Ирска, каде досега гласањето беше дозволено само од 18 години. Оваа промена би била најголема во изборниот систем од 1969 година наваму, кога старосната граница за гласање беше намалена од 21 на 18 години, пренесува Би-би-си. ...

Најтрагичниот случај се случил во населбата Отопени, Романија каде 49-годишна жена загинала откако дел од покрив од соседна зграда се урнал и паднал во нејзиниот стан. Според раководителот на Одделението за итни случаи, Раед Арафат, жената била на последниот кат кога покривниот елемент провалил низ прозорецот и ја погодил. Уште две лица се полесно повредени во населбата Сектор 1, откако врз нив паднале гранки. Во окрузите Илфов и Ѓурѓу, ...

Според неофицијални информации на РТС, на возачот на автомобилот му се слошило додека управувал со возилото, по што изгубил контрола и се случил судир, при што директно удрил во градски автобус. „Три екипи за итна медицинска помош интервенираа по највисок приоритет. Возачот на автомобилот, маж на возраст од 64 години, е пренесен на Одделението за хирургија при Ургентниот центар со повеќе тешки повреди, но во свесна состојба“, изјави Зоран Круљ, ...

На 3 август, на Стадион ,,Петар Милошевски” во Битола, АРМИН ВАН БУРЕН ќе одржи не само спектакл, туку и музичка, сценска и продукциска лекција. Со целовечерна програма, која ги вклучува и LAURA VAN DAM, CYRILLIC и SEMPRE, Битола, Македонија и регионот ќе бидат сведоци на вистински звучен и визуелен спектакл на Стадионот ,,Петар Милошевски”! За оваа цел, Авалон и познатиот комичар Стефан Николовски снимија оригинална видео реклама која може да ...

Зеленски во ексклузивно интервју за Њујорк пост рече дека според договорот, САД би купиле украински дронови што се тестирани на бојното поле, додека Украина би се обврзала да купи поголеми количини американско оружје. Како што објасни, договорот би овозможил меѓусебно зајакнување на воздухопловната технологија на двете земји, а Киев би го споделил со Вашингтон целото знаење за модерното војување стекнато за време на повеќе од три години од ...

Мета не беше присутен на рочиштето, но беше застапуван од неговиот адвокат Кујтим Чакрани. На рочиштето двајцата специјални обвинители, Арбен Краја и Сотир Клапи, побараа продолжување на веќе изречената мерка на Мета, кој е во притвор од февруари оваа година, што беше и прифатено. Ова не е првпат Мета да бара поблаги мерки, но сите судски инстанци, вклучително и Врховниот суд, ги отфрлија барањата. Тој поднесе жалба и до Уставниот суд за поблага ...

Поради силниот ветер пожарот е проширен кон селото Бујковци и кон индустриската зона, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. – Според информациите кои ги имам, за жал, од пожарот делумно е зафатен покривот на црквата кај селото Мршевци, а други штети се уште не се пријавени, изјави Ангелов. Тој посочи дека од густиот чад на автопатот Скопје-Куманово имаше намалена видливост, поради што дојде и до ...

Според проекциите, до 2030 година во државните градинки и основни училишта ќе има 4.205.117 ученици, што е за 300.000 помалку од 2025 година. Во средните училишта се очекуваат 3.135.086 ученици, или 97.000 помалку од сега. Поради намалениот број ученици, некои основни училишта, особено во Лондон, размислуваат за затворање поради финансиски притисоци. Финансирањето на училиштата, кое се базира на бројот на ученици, создава дополнителни предизвици ...

Неофицијално, се претпоставува дека пожарот би можел да е поврзан со низа други пожари кои денеска избувнаа низ Скопско и Кумановско, предизвикани од искрење на електрични жици под дејство на силниот ветер. Ветрот го отежнува гаснењето, а пожарникарите се распоредени на неколку локации каде што пламените јазици брзо се шират. Засега нема официјална потврда дали пожарот во Мршевци е директно поврзан со другите активни жаришта, ниту пак информации ...

Во извештајот се тврди дека нападот врз иранскиот нуклеарен објект Фордоу бил успешен во забавувањето на напорите за збогатување на ураниум за речиси две години. Другите два објекти не биле толку оштетени и збогатувањето би можело да продолжи во нив во следните неколку месеци, доколку Иран одлучи да го стори тоа. Бела куќа: Иран не успеа да го премести збогатениот ураниум Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, изјави за NBC дека, „како што ...

„Со ваквата измена се укинува единствената правна одредба која директно упатува на почитување на принципот на еднаквост и инклузивност во рамки на полициската структура“, соопштува Платформата. Тие додаваат дека ваквиот потег е во спротивност не само со постоечкото национално законодавство, туку и со меѓународните обврски на државата, вклучително и Истанбулската конвенција. Од Платформата оценуваат дека предложената измена испраќа „опасна порака ...

Ова ќе биде најголемиот мултиспортски настан во историјата на Северна Македонија, кој ќе обедини над 4.000 спортисти од 50 делегации. Наменет за талентирани спортисти на возраст од 14 до 18 години, EYOF 2025 ќе понуди натпревари во 15 спортови. Главниот дел од програмата ќе се одвива во Скопје, каде што се закажани церемониите на отворање и затворање, додека Куманово ќе биде домаќин на кошарка, друмски и планински велосипедизам. Осиек, пак, ќе ...

Во дипломатска нота, Литванија изразила „остар протест поради незаконско влегување“ на беспилотното летало во нејзиниот воздушен простор, соопшти денеска литванското Министерство за надворешни работи. Инцидентот се случил на 10 јули, кога руски дрон од белоруско производство од типот „Гербера“ се урнал во близина на границата со Белорусија. Дронот наликува на борбените дронови „Шахед“, кои Русија ги користи во војната против Украина. Според ...

Во Скопскиот регион пожари се пријавени помеѓу Индустриска Зона Бунарџик и рафинерија Окта. Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац. Од ЦУК информираа дека денеска до 13:30 часот, регистрирани се вкупно 4 пожари на отворен простор, и сите се активни. АКТИВНИ ПОЖАРИ: Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, со два крака: ...

Владата на Велика Британија денес објави дека планира да овозможи право на глас на 16-годишна возраст на сите избори во земјата, како дел од сеопфатна реформа на демократскиот систем. Според нацртот на предложените измени, кои мора да бидат одобрени од парламентот, на помладите гласачи би им било дадено право на глас на национално ниво, што би го усогласило изборниот стандард со Шкотска и Велс, каде што младите луѓе веќе учествуваат на локалните ...

Вечерва од 20:00 часот во рамки на манифестацијата „Скопско лето“, во Сули ан ќе се одржи музички перформанс на белгиската танцова група „Инкар“. „Incar Dansspektakel“ е полупрофесионална танцова група од Лебеке, Источна Фландрија. Постои повеќе од 60 години и се профилираше како постојан белег на фламанскиот културен пејзаж. Во 2023 одбележа 65 години постоење со претставата „IC65“. Билетите се во продажба на karti.com.mk, а ќе се продавааат и ...

Вулкан повторно еруптираше во југозападен Исланд, објави Исландската метеоролошка служба. Оваа северноатлантска островска нација, честопати наречена земја на мразот и огнот поради бројните глечери и вулкани, веќе доживеа дванаесет ерупции откако геолошките системи на полуостровот Рејкјанес се реактивираа во 2021 година. Овие таканаречени пукнатински ерупции се карактеризираат со лавински текови што излегуваат од долги пукнатини во Земјината ...

Во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“, вечерва од 21 часот на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена театарската претстава „12“. Претставата е во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) и е работена според мотиви од култниот текст „12 Гневни мажи“ на Реџиналд Роуз, а во режија на Синиша Евтимов. Претставата сруши рекорд по гледаност во Скопје, каде билетите се купуваа и за три месеци однапред, а ...

Денес, украинскиот парламент ја потврди Јулија Свириденко за нова премиерка на земјата, објавија украинските медиуми. За назначувањето на Свириденко гласаа 262 од 450 пратеници на Врховната рада. Таа ќе го замени Денис Шмихал, кој ја извршуваше таа функција пет години и кој треба да стане нов министер за одбрана. Пред три дена, како дел од реконструкцијата на владата, Зеленски го предложи Свириденко, претходниот прв вицепремиер, за премиер и го ...

Не стивнуваат реакциите по веста за изборот на нов директот на Националната галерија на Северна Македонија. По вчерашниот став на вработени во галеријата кој беше пренесен од Трн, денес со реакција излезе и Синдикатот на култура во кој се бара почитување на законите и зачувување на интегритетот на културните работници. Интегрално ја пренесуваме целата реакција: КУЛТУРАТА НЕ Е КВОТА Уште на 7 март 2025 година, СКРМ со допис реагираше до ...

Во сабота, на 19 јули во ,,Ла Кања” гостува еден од најважните алтернативни бендови во овој регион – бендот The Milk Snachers. Доаѓаат од Косово, а звучат како бенд кој Morrissey би го основал кога би слушал модерен пост-панк и прог. Грандиозни, емотивни, но и во точни моменти брутални, не смеат да се пропуштат. Препорачаната донација за влез е 200 денари. Настанот е во организација на Гола планина Колектив кои се посветени на свежата и ...

На 21 јули во 18.30, во Аудиокултура ќе се одржи книжевно-ликовен настан на кој уметниците Дијана Томиќ, Јана Јакимовска, Петар Петков, Стефан Младеновски и Кристијан Јованоски ќе цртаат во живо инспирирани од шпанската литература. Настанот ќе се одржи во соработка со Амбасадата на Шпанија и Аудиокултура. На настанот ќе се читаат извaдоци од дела од Антонио Мачадо, Федерико Лорка, Мигуел Делибес, Жауме Кабре и Кармен Доминго. За резевација ...

Најмалку 50 лица загинаа во пожар во хипермаркет во градот Кут во источен Ирак, објави Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција ИНА. Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот, а гувернерот на покраината Васит, каде што се наоѓа градот Кут, истакна дека првите резултати од истрагата ќе бидат познати во следните 48 часа. Пожарот ја зафати петкатната зграда во која се наоѓа трговскиот центар, а видеата на социјалните мрежи покажаа ...

Од 29 јули до 4 август во Домот на културата во Демир Капија ќе се одржи меѓународниот театарски фестивал ,,Без рамка”. Фестивалот ќе обедини театарски групи од земјата и странство, и ќе донесе седум вечери исполнети со емоции, уметност и инспирација. Покрај театарската програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на вино од локалните винарии и посета на новоотворени вински барови и нивниот амбиент. Демир Капија како град ...

Се очекува министрите на партијата да поднесат оставка од своите функции утре наутро. Шас објави дека се повлекува од коалицијата во знак на протест поради неуспехот на пратениците да гарантираат идни ослободувања од воена служба за учениците во верските училишта. „Претставниците на Шас со тешко срце открија дека не можат да останат во владата и да бидат дел од неа“, се вели во соопштението на партијата. Ултраортодоксната партија Обединетиот ...

Како што информираат од Општина Чашка, прскањето ќе се изврши со широкопојасен инсектицид, кој е одобрен од Бирото за лекови, а ќе бидат опфатени населени места долж речните корита на реките Бабуна, Тополка, Мелничка, Изворчица и Војничка. Авионскиот третман вклучува повеќе села, меѓу кои Чашка, Мелница, Лисиче, Голозинци, Еловец, Раковец, Отиштино, Бањица, Богомила, Согле, Теово, Оморани, Мартолци, Извор, Владиловци, Смиловци, Стари Град, ...

Семејното насилство во Македонија зема замав во последната година, а тоа го вклучи алармот кај граѓанските здруженија и јавноста. Тоа придонесе и за институционална реакција. Со најновите предлог измени на Кривичниот законик, насилникот ќе може да се гони по службена должност, дури и без жртвата да поднесе пријава. Доволно ќе биде сведокот, сосед, роднина, пријател, случаен минувач да пријави семејно насилство, а институциите ќе бидат должни да ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
85%
1018
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
6.17
58%
1017
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.77
89%
1019
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1018
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.12
71%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1014
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
76%
1015
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
7.72
88%
1020
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
87%
1020
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
88%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793