Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ќе пропушти неколкудневни тренинзи откако се здоби со полесна повреда на потколеницата, објави денеска бундеслигашот. Кејн се здоби со повреда која доведе до внатрешно крвавење пред дуелот од Лигата на шампионите во вторникот против Селтик (1-1). „Не сум сигурен дали ќе можам да играм против Ајнтрахт Франкфурт во недела“, изјави Кејн, додавајќи оти претрпел и мала повреда на вилицата при судар со противнички ...

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем е суспендиран на два натпревара поради директниот црвен картон што го доби во 24. коло од Примера против Осасуна (1:1). Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) го казни Англичанецот поради навреди упатени кон судијата Мунуера Монтеро. Фудбалерот ќе ги пропушти натпреварите против Жирона (23 февруари) и Бетис (2 март). Реал Мадрид планира да поднесе жалба на одлуката ...

Роден во 1962 година, кога Чарли Чаплин имал 73 години, Кристофер не се препушти на тежината на семејното име. Наместо тоа, тој се насочи кон музиката и уметничките експерименти, создавајќи уникатен звук што ги спојува електронските елементи со длабоки, емоционални теми. Иако се појави во неколку филмови, вклучувајќи ја и драмата „The Kid“ (2000) – наслов што потсетува на славниот филм на неговиот татко – Кристофер најмногу се истакна како ...

Според проценката која ја објавија Обединетите нации, Европската унија и Светска банка, повеќе од 50 милијарди долари (47,8 милијарди евра) ќе бидат потребни за обновата на Газа, која е во голем дел уништена во 15-месечниот конфликт помеѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. Според брзата проценка на штетите и потребите (IRDNA), за опоравување и реконструкција на Газа ќе бидат потребни 53,2 милијарди долари во следните десет години, а ...

По смрта на седумте Берберски овци, во скопската Зоолошка починал и мајмун од расата патас. Од Зоолошката соопштија дека инспектор од Агенција за храна и ветеринарство и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина ја отпочнале постапката за обдукција на угинатите единки. – Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и по добивање на резултатите од обдукцијата. Се сомневаме дека станува збор за труење од ...

Повеќе од 150 китови се насукани на оддалечена плажа во австралиската островска држава Тасманија, објави Одделот за природни ресурси и животна средина. Морски експерти, вклучително и ветеринари, ги посетија насуканите китови на местото во близина на реката Артур на северозападниот брег на Тасманија, а од 157-те насукани китови, 136 се чини дека се сè уште живи, се вели во соопштението пренесено од АП. Џоселин Флинт, која живее во близина на ...

Графичкиот дизајнер од Клек, Дарко Марчета, беше гостин во емисијата SAT, заедно со професорот доктор Александар Бјелиќ од Германија, по повод прикажувањето на првите цртежи на новиот Југо. Како што беше најавено во емисијата, се подготвува целосно нов автомобил и изработка на прототип на некогаш омилениот модел од нашите простори. Професор Бјелиќ, кој живее и работи во Германија и повеќе од три децении искуство во автоиндустријата, по ...

Во текот на изминатат ноќ и денес температурите ќе продолжат да опаѓаат поради ладниот воздух кој се спушта од североистокот на Европскиот Континент, поточно од Русија, најавуваат метеоролозите. Во ваква ситуација температурите денес насекаде ќе се спуштат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека на планинските места, како и на Скијачките центри тие ќе се спуштат и под -10 степени. „Локално ќе провејува и ...

Земјотрес со јачина од 5 степени беше регистриран кусо пред 19 часот по локално време во морскиот дел северозападно од грчкиот полуостров Пелопонез. Земјотресот бил почувствуван во поширокиот регион, односно во северозападниот дел на Пелопонез, како и на островите Лефкада и Закинтос, а засега нема информации за повредени или материјална штета. Грчкиот сеизмолог Герасимос Пападопоулос на социјалните мрежи коментираше дека конкретниот регион „има ...

Повеќе од еден милион луѓе, вклучувајќи 800.000 внатрешно раселени лица и 280.000 бегалци, се вратија дома во Сирија по падот на претседателот Башар ал Асад, соопштија денеска ОН. „Од падот на режимот во Сирија на 8 декември, околу 280.000 сириски бегалци и повеќе од 800.000 внатрешно раселени лица се вратиле дома“, напиша високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди на социјалната мрежа Х. „Сепак, првичните напори да и се помогне на Сирија ...

Рубен Дијаз, Нејтан Аке и Џек Грилиш, кои ја пропуштија победата над Њукасл викендот, ги продолжија тренинзите со Манчестер Сити пред утрешното клучно гостување кај Реал Мадрид во реваншот од плеј-офот во Лигата на шампионите. На денешната сесија се најде и најдобриот стрелец на тимот Ерлинг Халанд, кој во последните секунди од мечот против Њукасл се фати за колено и доби лекарска помош. Дијаз не беше целосно подготвен за мечот викендов и поради ...

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека Пјонгјанг ќе ги зајакне своите нуклеарни сили и ги критикуваше САД што се обидуваат да го спречат тоа, објавија севернокорејските државни медиуми. Министерството, одговарајќи на неодамнешната заедничка изјава на Јужна Кореја, САД и Јапонија дека нивната цел е Северна Кореја целосно да биде ослободена од нуклеарно оружје, нагласи дека Пјонгјанг „доследно ќе се придржува до новата ...

Илјадници туристи се собраа на вулканот Етна на Сицилија за да гледаат спектакуларни ерупции, но некои ги блокираат улиците и ги спречуваат итните служби да стигнат до оние на кои им е потребна помош, предупредија денеска локалните власти. Шефот на регионалната служба за цивилна заштита, Салво Кочина, изјави дека однесувањето на туристите во последните денови е многу опасно, предупредувајќи дека голем дел од нив паркираат по тесни улички, го ...

Поради магла намалена е видливоста до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка, соопшти вечерва Јавното претпријатие „Македонијапат“. Од ЈП „Македонијапат“ посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна ...

Повеќето филтри за вода во бокал го отстрануваат непријатниот мирис на хлор додаден во доводот за вода за дезинфекција, како и одредени пестициди и фармацевтски остатоци. Тие исто така можат да го намалат нивото на олово и бакар, а некои дури можат да помогнат во омекнување на тврдите води со намалување на содржината на калциум и магнезиум, пишува Science Focus. Сепак, тие не ги отстрануваат сите загадувачи. На пример, тие не ги отстрануваат ...

Трпението е доблест, но не го делат сите подеднакво. Ви го пренесуваме хороскопскиот знак кој има бескрајно трпение и оној на кој чекањето им е најлош кошмар. Најтрпелив знак: Бик Биковите се познати по својата стабилност, смиреност и непоколебливост. Тие разбираат дека добрите работи не се случуваат преку ноќ и дека немаат проблем да се потрудат и да чекаат резултати, без разлика колку време е потребно. Ако има некој што може да стои во ред со ...

Комедијата „Кокошка“ е претстава за која често се бара карта повеќе во Битолскиот театар. Оваа комедија на авторот Николај Кољада, е во режија на Марјан Ѓоргиевски. Во истата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Никола Пројчевски. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ, светло Игор Мицевски, тон Николче Терзиевски. ...

Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем, откри дека би сакал да види тим од Кина во Формула 1. „Последниве две години сонував големите земји да влезат во Формула 1. Сега ќе имаме тим од САД кој ќе се натпреварува со поддршка на Џенерал Моторс. Следниот чекор е да привлечеме кинески производител на автомобили. Отсекогаш сум велел дека ни требаат помалку трки и повеќе тимови. Многумина беа против оваа одлука, но се покажа дека е добро за нашиот ...

Селена Гомез тајно работела на својот нов албум „I Said I Love You First“, заедно со нејзиниот свршеник Бени Бланко, па датумот на издавање – 21 март е своевидно изненадување за обожавателите. Ова, всушност, е прв албум на Латиноамериканката по пет години. Речиси истовремено, таа објави и една од новите песни, со наслов „Scared of Loving You“. Нејзиниот последен, трети солоалбум „Rare“ беше објавен во 2020 година и дебитираше на број 1 на ...

Фудбалерот на Лос Анџелес, Оливие Жиру, бил ограбен во САД, пренесува „TMZ“. Сопругата на францускиот фудбалер го пријавила грабежот на 5 февруари откако открила скршен прозорец во куќата. Разбојниците упаднале во домот на 38-годишниот Французин. Штетата се проценува на околу 500 илјади долари. Наводно се украдени неколку вредни предмети, меѓу кои и десет часовници. Крадците не се откриени, а полицијата продолжува да го истражува случајот. Жиру ...

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс наскоро ќе ја заврши кариерата. „Не останува уште многу време. Едноставно тоа е реалноста и треба да се прифати. Наскоро ќе ставам крај на мојата професионална кариера“, изјави Џејмс за американските медиуми. Во тековната сезона, 40-годишниот Леброн Џејмс одигра 48 натпревари во регуларниот шампионат на НБА, на кои имаше просек од 24,3 поени, 7,7 скока и 9 асистенции. Големата НБА-ѕвезда во текот ...

Германските автопати без ограничувања на брзината често се доживуваат како рај за љубителите на брзината, но во реалноста, брзината не е толку екстремна како што би се очекувало. Просечната брзина на тие деоници е 113,5 км/ч, според податоците на Институтот за германската економија (IW) од Келн. Иако често се мисли дека тие делови од автопатите се место за возачи кои го притискаат гасот до крај, податоците покажуваат дека само мал процент од ...

Детали за пријавување: За изложбата: Изложбата „ПРОФЕСОРИ И СТУДЕНТИ“ претставува клучна платформа за поврзување на младите творци со нивните ментори, истакнувајќи ги сличностите, влијанијата и разликите во нивната уметничка продукција. Целта е да се презентира креативниот процес на студентите и нивните професори преку различни стилови и жанрови, како сликарство, графика, скулптура, фотографија и дизајн. Проектот ја отвора можноста за дебата и ...

Повеќе од 30 лица загина во сообраќајна автобуска несреќа, на планински пат во Боливија, соопшти полицијата. Возилото слетало во јаруга длабока скоро 800 метри во југозападниот округ Јокала, изјавил полицаец. Четиринаесет лица се повредени, вклучувајќи и четворица деца, изјавил претставник на локалната болница, пренесува Би-Би-Си. Сообраќајни несреќи се чести во Боливија поради многу опасни патишта, особено во планинските предели. Официјалните ...

Разговорите меѓу претставниците на Соединетите Американски Држави и Русија во Ријад, Саудиска Арабија, се завршени, а рускиот советник за надворешна политика, Јуриј Ушаков, ги оцени како успешни и сериозни. „Разговорите поминаа добро, беше тоа сериозна дискусија за сите прашања“, изјави Ушаков, пренесуваат руските агенции Интерфакс и ТАСС. Според неговите зборови, двете страни се договориле да ги продолжат преговорите за Украина, а исто така ...

На сајтот Tripadvisor, плажата Елафониси има 16.017 рецензии, од кои 10.641 оценка од 5 ѕвезди. Опишана е како позната по кристално чистата вода и розовиот песок. Често ја нарекуваат „грчките Малдиви“. „Оваа плажа е исто така опкружена со шуми од кедрови дрвја, што ја прави идеална и за прошетки“, се наведува во описот. Останатите топ 5 најдобри плажи на светот се: Најдобри плажи на Европа: Други прекрасни плажи на светот вклучуваат и Playa ...

Во студијата објавена во Journal of Vertebrate Paleontology, научниците опишале дека оваа ѕвер, големина на леопард, најверојатно ловела примати, рани нилски коњи, слонови и дамани во густите шуми Фајум, во Египет, кој денес е пустина, пишува Phys.org. Откритие во Египет Bastetodon припаѓа на редот Hyaenodonta, изумрен ред на месојадни сисари. Тие се развиле многу пред модерните месојадни животни како мачки, кучиња и хијени, а ловеле плен по ...

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, изјави денес при отворањето на нов круг преговори во кој не учествуваат Соединетите Американски Држави, дека е време за меѓународен договор за пандемии. „Ниту една земја нема да може сама да се носи со новата пандемија“, изјави Тедрос Гебрејесус, три дена по официјалната изјава на САД дека нема да учествуваат во преговорите. „Сега или никогаш, навистина. Уверен ...

Во Ријад денес се среќаваат американска и руска делегација. Состанокот започна нешто пред 9 часот по наше време. Американската страна истакна дека денешниот состанок не се однесува на започнување преговори, туку на утврдување дали Русија е сериозна во врска со завршувањето на војната во Украина. Русија вели дека нејзин приоритет е започнување на нормализацијата на односите со САД. Ако ова не е почеток на мировни преговори, тогаш тие се сосема ...

„Овој вид штрајк со прекин на наставата не е регулиран со закон. Доколку го следиме законот, наставниците кои се во прекин одамна би биле без работа, односно би биле покренати дисциплински постапки”, изјави Марков за денешен “Блиц”. Во однос на надоместокот на наставата, тој посочи дека поради нарушениот ритам на работа е невозможно целосно да се надомести наставата, но формално тоа според него сè уште е можно. Додаде и дека очекува да се ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.09
67%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
0.45
68%
1011
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.45
69%
1013
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
5.52
64%
1012
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
10.45
70%
1009
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 10ᴼ
1.05
76%
1015
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
5.36
53%
1010
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.41
67%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.91
56%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
2.68
87%
1005
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
70%
1009
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
8.35
76%
1008
Currency

61.53

Currency

55.1767

Currency

73.024

Currency

35.3694

Currency

39.4472

Currency

65.7987

Currency

7.64669

Currency

0.6798

Currency

0.3776

Currency

0.52479

Currency

1.41825

Currency

0.6438

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.49

Кобалт

42.99

Никел

15471.00

Рутениум

19869.16

Калај

33.08

Сребро

1035.04

Злато

102292.85

Бакар

9.30

Паладиум

30607.51

Платина

31331.12

Родиум

176025.34

Цинк

2.69