Според него, нападнати биле повеќе региони низ целата земја како дел од „намерна стратегија“ за заплашување на цивилите и уништување на инфраструктурата. Во Днипро е регистриран директен погодок со ракета со касетна муниција врз станбена зграда. Украинската армија соопшти дека Москва истрелала 619 дронови и ракети, додека руското Министерство за одбрана тврдеше дека се користеле „прецизни оружја“ насочени кон воено-индустриски објекти. Во исто ...

Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ по кратко истражување одбраа 30 жени новинарки, уреднички, репортерки, монтажерки, камерманки и фоторепортерки кои во изминатите 80 години оставиле значаен печат во македонските медиуми. Преку нивните фотографии јавноста беше потсетена на имиња кои стоеле зад првите уреднички позиции, почетоците на македонското радио и телевизиско пренесување, како и на жени ...

Особена магија на вечерта ќе внесат трите уметници – Сихана Бадивуку на виолина, Мерсиха Шукри на харфа и на мандолина Жана Актурк од Турција. „Нивниот настап ветува длабока музичка емоција, техничка прецизност и сценска харизма која инспирира. Музички пејзаж со Вивалди, Хачатуриан, Хумел, Корет, Буалдие, Петровиќ и други – со премиерна изведба на неколку дела што за првпат ќе бидат изведени пред македонската публика“, велат организаторите. ...

Во соопштението на Град Скопје се наведува дека изложбата е поддржана од Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје и Град Скопје, како дел од годишната програма која има за цел афирмација на аматерското творештво во рамки на циклусот „Претставуваме наградувани автори“. „Добитничка е на награда и на повеќе признанија во рамките на учеството на неколку групни изложби. Слика во повеќе техники, портрети, карикатури, но и мурали во повеќе јавни објекти, ...

Обуката за користење на системот ќе биде организирана со помош на Украина, а треба да почне веќе следната недела. Полска и Романија, кои неодамна се соочија со зголемување на упадите на руски беспилотни летала во нивниот воздушен простор, ќе бидат опремени со турскиот систем за воздушен надзор MEROPS. Системот може да се монтира на хеликоптери и беспилотни летала и е способен да открива непријателски цели и низ облаци и прашина. Системот првпат ...

За справување со пожарот од ЦУК информираа дека беа активирани сите расположливи државни ресурси: два авиони-ератрактори, еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, како и единиците на пожарникарите од Скопје, кои со висока професионалност успеаја да ја локализираат жариштето. Екипите остануваат на терен за следење на ситуацијата до целосно гаснење на пожарот и за спречување на евентуално повторно активирање. Претходно денеска ...

„Време е ние како земја ефикасно да го контролираме нашиот воздушен простор“, рече министерот за одбрана Валтер Астудиљо, прецизирајќи дека авионите ќе бидат првенствено наменети за „борба против трговијата со дрога“. Министерот не го прецизираше производителот на авионите ниту цената на купување, но посочи дека се очекува првиот од овие авиони да биде испорачан во јули 2026 година. Перу првенствено користи хеликоптери „Блек Хок“ произведени во ...

Гувернерот на Самара, Вјачеслав Федоришчев, изјави дека четири лица загинале, а едно е повредено. Гувернерот на регионот Саратов, Роман Бусаргин, пак, напиша на Телеграм дека една жена е повредена во нападите со украински беспилотни летала и дека прозорците во два станбени блока и неколку автомобили се оштетени. Украинската војска соопшти дека повторно цел на нападите биле рафинериите за нафта во регионите Саратов и Самара, длабоко на руска ...

Најмалку 31 Палестинец се убиени денеска во градот Газа, соопштија локални медицински извори, додека Израел ја засилува својата воена офанзива во главниот град на истоимената палестинска енклава и покрај меѓународните критики, јави ДПА. Во целиот Појас Газа, пак, денеска се убиени вкупно 47 лица. Израелските вооружени сили засега не ги коментираат овие наводи. Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ објави масовно бомбардирање во неколку делови од ...

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, огнот зафати ниска трева, грмушки и мешана шума, а поради силниот ветер пожарот брзо се шири. На терен се екипи на Бригадата за противпожарната на Скопје (БППЗ), а во гаснењето ќе се приклучат и два пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер на МВР, како и два ер трактори на ДЗС кои ќе полетаат нешто подоцна. На лице место е и директорот на Центарот ...

Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, пак, изнесува 80 452 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23 394 денари или 35,9 отсто, за облека и обувки 5 725 денари или 8,8 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6 096 денари или 9,4 отсто. За лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2 ...

„Израелската влада постојано напредува со мерки за целосно уништување на Појасот Газа и спроведување на подмолната анексија на Западниот Брег“, изјави Гутереш. Со признавањето на палестинска држава, планирано за понеделник на самитот на ОН од страна на Франција и неколку други земји, израелските претставници отворено му се заканија на Париз со дипломатски мерки, како и со анексија на Западниот Брег, кој Израел го окупира од 1967 година. Но, за ...

Поради „екстремно високите ризици поврзани со нејзиното отстранување“, околу 1.900 домаќинства, составени од 6.000 луѓе, беа „повикани веднаш да се евакуираат“, изјави полициски службеник за новинарите. Операцијата за деактивирање на бомбата започна доцна синоќа и продолжи до денеска. Никој не е повреден. Бомбата, која е американска, ја откриле работници на градилиште во Квори Беј, прометен станбен и деловен округ на западниот брег на островот. ...

Како што информираат од авторскиот тим на „Ноксиа“, проектот интегрира транс-медиуми кои со поврзување на алатките на генеративната вештачка интелигенција прикажува комуникациски можности и дисфункционалности – Дигиталнaта комуникација со виртуелните соговорници е функционално истражување на аудио-визуелната инсталација која поврзува уметничко видео, звучен дизајн, актерска игра и поезија. Инсталацијата интегрира експериментално прикажување на ...

По хакерските напади врз системите за пријавување и качување, одложени и откажани се летовите на неколку европски аеродроми. Колинс Аероспејс, која обезбедува услуги за неколку авиокомпании низ целиот свет, наводно „има технички проблем што може да предизвика доцнења за патниците што заминуваат“. Аеродромите Хитроу во Лондон, Брисел и Берлин се нападнати, а на патниците им се советува пред да пристигнат на аеродромот, да ја проверат состојбата ...

Естонија обвини дека три руски ловци МиГ-31 во петокот навлегле во нејзиниот воздушен простор над Финскиот Залив, каде останале околу 12 минути без дозвола. Авионите летале без план за лет, со исклучени транспондери и без контакт со цивилната контрола на летање. НАТО реагираше со итно полетување на авионите F-35 од мисијата Baltic Air Policing, а Естонија побара консултации според Член 4 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува разговори ...

Португалија официјално ќе ја признае палестинската држава во недела, објави португалското Министерство за надворешни работи. „Министерството за надворешни работи потврдува дека Португалија ќе ја признае Државата Палестина… официјалната декларација за признавање ќе биде дадена во недела, 21 септември“, стои во соопштението на министерството. Португалскиот министер за надворешни работи Пауло Рангел изјави претходно оваа недела дека земјата ...

Малта официјално го информираше палестинскиот претседател Махмуд Абас за одлуката за признавање на државата Палестина за време на конференција на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Постојаниот секретар во Министерството за надворешни работи на Малта, Кристофер Кутахар, му го предаде официјалното писмо на премиерот Роберт Абела на палестинскиот амбасадор во Малта, Фади Хананија, во кое се потврдува одлуката на неговата земја да ...

Договорот вклучува продажба на 30 хеликоптери AH-64 Apache во вредност од 3,8 милијарди долари, што е речиси двојно зголемување на сегашните залихи на Израел, и втора продажба на 3.200 оклопни возила за пешадијата на израелската армија за 1,9 милијарди долари, изјави американски функционер и друго лице запознаено со предлогот. Оружјето нема да биде испорачано две до три години или подолго. Масовната продажба доаѓа во време кога плановите на САД ...

„Во Република Македонија во моментов се лекуваат околу 160 деца со нарушувања на растот со хормон за раст. Овој Светски ден го посветуваме на онаа група на деца кои сѐ уште немаат почнато да се лекуваат со хормонот за раст, поради касно поставена дијагноза и поради што стигнуваат до возраст кога веќе не може да се лекуваат, бидејќи растот е завршен“, стои во соопштението од „РАСТ“. Според нив, проблемот е во тоа што децата касно се препратени ...

Со доделување посебни фестивалски награди и признанија, и со проекција на македонскиот филм „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска и кинематограферката Виржини Сен Мартан, вечер во Битола почнува ИФФК „Браќа Манаки“. Новото 46-то издание на фестивалот на кинематограферите од светот и годинава нуди конкурентни филмови за наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, богата документарна и студентска програма, а се враќа и програмата ...

И додека често зборуваме за правилна исхрана, физичка активност и избегнување на стрес, кардиолозите нè потсетуваат дека постои еден едноставен пијалок кој може значително да придонесе за здравјето на срцето и долговечноста. Пијалок што треба да го вклучите во вашата дневна рутина: кардиолозите сега уште посилно ја нагласуваат важноста на хидратацијата. Според новите препораки, редовното внесување течности може значително да му помогне на срцето ...

Тројца работници ги загубија животите, а неколку се повредени по многу сериозна експлозија што се случи денес во компанијата „Екопартенопе“ во Марцијанизе, наводно за време на работи за одржување. Експлозијата се случила во фабрика во покраината Казерта, северно од Неапол. Според информациите од пожарникарите, несреќата се случила за време на работи за одржување на објектот за управување со отпад. Две лица се полесно повредени. „Неприфатлива ...

Според извештаите, авионите немале планови за лет, а нивните транспондери биле исклучени. Во моментот на прекршувањето, авионите немале и двонасочна радио комуникација со естонските служби за воздушен сообраќај. Министерството за надворешни работи на Естонија го покани вршителот на должноста амбасадор на Руската Федерација во Талин за да изрази протест и да достави нота во врска со прекршувањето на воздушниот простор на земјата. -Русија годинава ...

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд постави нов рекорд во Лигата на шампионите на синоќешниот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Наполи на „Итихад“. Синоќа, Халанд стана играчот на кој му беа потребни најмалку натпревари за да постигне 50 голови во Лигата на шампионите, соборувајќи го рекордот што Руд ван Нистелрој го држеше 18 години и кој се чинеше дека никој никогаш нема да го сруши. Халанд го постигна својот 50-ти гол во Лигата на шампионите ...

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека е вознемирен од некои од настаните што се случуваат во Соединетите Држави, објавија италијанските медиуми. „Немам планови да се вклучувам во партиска политика. Тоа не е целта на Црквата“, рече папата роден во САД. „Но, не се плашам да поставам прашања за кои мислам дека се навистина евангелистички прашања за кои се надевам дека луѓето од двете страни на политичкиот спектар, како што велат, можат да ги ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази загриженост поради продолжувањето на војната во Појасот Газа, обвинувајќи го Израел дека одржува “траен конфликт” во регионот. Во изјавата дадена синоќа, Макрон најави дека Франција ќе започне дебата за можноста за економски санкции против Израел ако земјата не го прекине воениот конфликт во Газа. Макрон истакна дека Израел нанесува штета на својот имиџ во светот, иако го оправдува нападот на Хамас ...

Предупредувањето за цунами за Курилските острови исто така беше повлечено, пренесува Интерфакс. Земјотресот со магнитуда од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната обала на Камчатка на 19 септември во 6:58 часот по камчатско време (21:58 часот по московско време во четвртокот), соопшти агенцијата. По почетниот земјотрес, во следните 70 минути беа регистрирани уште седум потреси со интензитет од 5,8 до 4,7 степени според ...

Истражувањето, спроведено меѓу 1.920 лица од 30 европски земји кои се идентификуваат како интерсексуални – термин кој ги опфаќа и лицата кои се транс, небинарни или родово различни – покажува дека насилството и вознемирувањето значително се зголемиле од 2019 година. Според резултатите, 34% од анкетираните изјавиле дека биле физички или сексуално нападнати во последните пет години, во споредба со 22% во 2019 година. Степенот на вознемирување ...

Во Берлин е прогласена масовна евакуација откако се пронајдени две бомби од Втората светска војна, соопштија германските власти. Полицијата објави дека во центарот на Берлин, во близина на областа Фишеринзел (Fischerinsel), е откриена воздушна бомба, според првите проценки на криминалистичко-техничкиот институт. Од безбедносни причини е воспоставен заштитен појас со радиус од 500 метри околу местото на пронајдокот. Во тек се подготовки за ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
73%
1019
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
1.03
79%
1018
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
81%
1019
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.02
83%
1021
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
89%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
80%
1015
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
82%
1014
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
91%
1021
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
77%
1020
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
82%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60463

Currency

1.26793