Папата Лав Четиринаесетти денеска го почна вториот ден од престојот во Турција со посета на Сината џамија во Истанбул. Ватикан соопшти дека папата ќе одржи „кратка тивка молитва“ за време на посетата на Сината џамија. Тој за време на посетата е придружуван од раководителот на Дирекцијата за верски прашања на Турција, Дијанет, кој му ја покажа високата купола на објектот со сини плочки, пренесуваат светските ахгенции. Папата Лав Четиринаесетти ...

Во Киргистан утре ќе се одржат вонредни парламентарни избори, на кои се очекува мнозинство гласови да освојат партиите лојални на актуелниот претседател на земјата, Садир Џапаров. Тој од 2020 година воспостави цврста контрола врз Киргистан, кој традиционално е најдемократската земја во Централна Азија, а победата на неговите сојузници би ја поставила основата за претседателските избори закажани за 2027 година, на кои се очекува да се ...

Поголемиот дел од трансакциите биле направени преку лаптопи и мобилни телефони, наместо во физичките продавници. „Adobe Analytics“ регистрирал повеќе од еден билион посети на американските малопродажни веб-страници за време на денот на големи попусти. Компанијата наведува дека сумата од 8,6 милијарди долари е привремена и дека конечните податоци ќе покажат вкупна потрошувачка меѓу 11,7 и 11,9 милијарди долари. Онлајн купувањето значително го ...

Од мострите не се утврдени присуство на тешки метали. Од институцијата нагласуваат дека дежурните и приправни екипи продолжуваат да работат и за време на викендот, анализирајќи ги добиените мостри од училиштата, како и биолошки материјали доставени претходните денови, со цел навремено и ефикасно справување со ситуацијата. Покрај водата, ИЈЗ потсети дека претходните резултати од анализите на храна и работни површини од истото училиште откриле ...

Група студенти од Универзитетот во Ниш ќе организираат протест в понеделник, 1 декември, под наслов „13 месеци, 16 жртви, 0 одговорни“. Протестот ќе започне во 11:30 часот на раскрсницата пред зградата на Основниот суд. Во повикот за протест објавен на социјалните мрежи, студентите потсетија дека поминале 13 месеци од падот на надстрешницата во Нови Сад, кога загинаа 16 луѓе поради, како што велат, „туѓа неодговорност и системска корупција ...

Во Битола, денеска ќе биде отриен мурал во рамки на активностите на Австралиската амбасада за одбележување на 30 години од билатералните односи со Република Северна Македонија. Според Амбасадата на Австралија за Северна Македонија, муралот е дело на австралискиот уметник Финтан Скот Меги, и претствува симбол на долгогодишното пријателство меѓу двете земји. За прославата на 30 години билатерални односи Австралиската амбасада организираше и ...

Сигурно ви се случило телефонот да ви се исклучи токму кога ви е најпотребен – во автобус, на патување или за време на важен повик. Вместо да се грижите секој пат кога индикаторот за батерија ќе падне во црвено, доволно е да активирате неколку опции што веќе постојат на секој модерен телефон. Овие едноставни чекори можат значително да ја продолжат автономијата на уредот, дури и до двапати, без потреба од дополнителни апликации. Како да ја ...

Поранешниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, според пишувањето на „Њујорк пост“, за прв пат по неговата контроверзна оставка проговорил за западните медиуми и тоа во порака во која, како што се опишува, ги споил огорчувањето, разочарувањето и најавата за заминување на фронтот. Јермак се нарекол себеси чесен и пристоен човек, нагласувајќи дека е подготвен да издржи каква било репресија. „Бев навреден, а моето ...

Една од тие земји е Северна Кореја. За нив, Америка дури и не е вистинска земја. Тие ја нарекуваат непријателска империја и одбиваат да го прифатат нејзиното постоење. Од Исламската револуција од 1979 година, Иран целосно ги прекина врските со Соединетите Американски Држави. Нема амбасада, нема дипломатија, само децении санкции и непријателство. А третата земја што не ги признава САД е кралство скриено во Хималаите. Повеќе од 60 години, таа ...

Во клучниот дуел од 36. коло на бразилското првенство, Сантос убедливо го совлада Спорт Ресифе со 3:0, а капитенот имаше директен удел во два гола – постигна еден и асистираше за друг. И покрај тоа што неговиот настап беше неизвесен до последен момент, Нејмар одби да мирува. Цела недела тренирал во полн интензитет, игнорирајќи ги препораките на медицинскиот тим, а одлучноста му се исплатеше – беше стартер и најдобар играч на теренот. Првиот ...

Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија (ЗПРМ) денеска ќе одбележи 15 години постоење и работа во унапредувањето на преведувачката и толкувачката професија во земјава. Во рамките на свеченоста ќе бидат презентирани почетоците на Здружението, најзначајните постигнувања во изминатата деценија и пол и ќе бидат доделени признанија и благодарници за придонесот на неговите основачи и минати претседатели. „Со овој значаен јубилеј и 15 ...

Швајцарската инвестициска банка UBS ја зголеми својата прогноза за раст на цената на бакарот во 2026 година. Банката објави дека ценатна на овој метал ќе се зголеми поради честите прекини во производството во рудниците и силната долгорочна побарувачка поттикната од инвестициите во електрификација и енергетска транзиција. Според сегашните проекции, UBS ја зголеми целната цена на бакарот за март 2026 година за 750 долари, на 11.500 долари по ...

Центарот за управување со катастрофи на Шри Ланка денес објави дека најмалку 123 лица загинале во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од обилните дождови, додека десетици илјади луѓе се раселени. Во соопштението се наведува дека 130 лица се пријавени како исчезнати, пренесува „Фигаро“. Генералниот директор на Центарот за управување со катастрофи, Сампат Котвегода, изјави дека спасувачките операции се во тек и дека речиси 44.000 луѓе ...

Во сабота се очекува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, најизразени во претпладневните часови. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе достигнат од 6 до 10 степени. По котлините е можно формирање магла и ниска облачност, кои локално може да се задржат и подолго во денот. Во недела ќе продолжи сличната синоптичка состојба. Денот ќе започне студено, со утрински мраз, додека преку ден ќе ...

Денес, 29 ноември, студентите во блокадата на факултетот во Белград одбележуваат една година од поднесувањето на своите барања до властите. Тие ќе се соберат пред зградата на Ректоратот на Универзитетот во Белград во 11:52 часот и ќе им оддадат 16-минутна почит на жртвите од падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Потоа ќе започне седницата на студентскиот пленум. „Помина една година откако беа поднесени студентските ...

Како што соопшти, украинската делегација на преговорите ќе ја предводат началникот на Генералштабот на Армијата на Украина, Андреј Гнатов, и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров. Во своето вечерно видео-обраќање, Зеленски изјави дека дел од делегацијата ќе бидат и претставници од Министерството за надворешни работи и украинската разузнавачка служба, пренесе агенцијата УНИАН. „Преговорите ќе започнат наскоро, ...

Метеоролозите за денеска прогнозираат облачно време, со врнежи кои ќе бидат сконцентриани во крајниот западен регион во сабота и тоа повеќе во втората половина од денот. Од УХМР велат, дека врнежи ќе бидат слаби и дека во најголем дел од котлините ќе имаат појава на магла и ниска облачност наутро, но со тенденција тие да се задржат во поголем дел од претпладнето. Позачестени врнежи се очекуваат во недела, и тоа повторно повеќе во западниот ...

Институтот за јавно здравје информира дека во примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae. Фекални бактерии исто така се пронајдени и на три од чешмите во училиштето. „После одржаната прес конференција, добивме нов резултат од земениот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се ...

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – ЈП „Македонијапат“ спроведува голема акција за есенско расчистување на вегетацијата на патните правци и клучките на влезот во главниот град Скопје, соопшти попладнево Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Акцијата по налог на ЈПДП се спроведува согласно со Годишната програма за оддржување на државните патишта. „Бујната вегетација не е присутна само ...

Една жена е убиена во напад со украински дрон во рускиот регион Белгород, соопштија денеска локалните власти. Петгодишно дете исто така е повредено кога била погодена приватна куќа во селото Драгунское, напиша гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм. Имало неколку пожари, додаде тој. Украина се брани од руска инвазија повеќе од три и пол години. Како дел од својата одбранбена борба, таа напаѓа цели во Русија. Бројот на жртви и штетата што ...

Поради обилни врнежи од дожд и повторно надојдена Калковска Река, во 17:45 часот пренасочен е сообраќајот кај местото викано Калковска Река, на регионалниот пат Р1105 делница село Јосифово – село Пирава кон магистралниот пат А1 од село Удово кон село Марвинци, соопшти АМСМ. Во вечерниот извештај за состојбата на патиштата АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на ...

Утрово, украинските антикорупциски органи извршиле претрес во домот на Јермак. Тој на платформата Телеграм потврдил дека претресот е во тек и дека целосно соработува со надлежните институции. Во заедничко соопштение, Националното биро за борба против корупцијата (NABU) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (SAPO) соопштија дека претресите биле „одобрени“ и се поврзани со истрага чијшто детали засега не се откриваат. NABU и SAPO ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука од понеделник (1 декември) да се зголеми цената на парното во Скопје за 5,9 проценти. Како што соопшти претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски, семејство кое плаќало досега 2200 денари сега ќе плаќа за 130 денари повеќе. Корисниците на парното од ЕСМ енергетика (познато како Железарско парно) ќе имаат за 8% повисоки сметки од следниот месец. Како што објаснуваат ...

Новоизграден пат се урна во близина на Центарот за извонредност во населбата Бубањ во Крагуевац, објвија српските медиуми. За среќа, овој дел од патот сè уште не е официјално отворен и не е пуштен во употреба, па освен материјална штета нема човечки жртви. Дел од свлечиштето завришло во соседната парцела каде се гради станбена зграда Проблемите со уривањето на потпорните ѕидови и дел од пристапниот пат во близина на Центарот на извршниот ...

Државната компанија ЕСМ на последниот тендер понуди цена од 65 евра за мегават-час базна енергија, што директно влијае врз крајната цена што ќе ја плаќаат граѓаните од декември. Според надлежните институции, корекцијата е резултат на зголемени производствени трошоци, повисоки цени на енергенсите и потребата да се обезбеди стабилност на електроенергетскиот систем. Дел од потребните количини струја ќе се обезбедуваат од домашни капацитети, со ...

Планинските предели ќе добијат нов слој снежна покривка, а на повисоките места е можен мешан дожд и снег. Температурите низ земјата ќе се движат во широк распон, со минимални утрински вредности од –1°C до 6°C, а дневните максимални од 1°C до 9°C, зависно од регионот. Очекуван е умерен, а на моменти и засилен северозападен ветер, особено изразен долж Повардарието. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека на ...

Овaa природна хемиска состојка, создадена како заштита на растението, кај луѓето предизвикува необична и контрадикторна реакција: болка што многумина ја доживуваат како задоволство. Годишно, во светски рамки се консумираат неверојатни 57,3 милиони тони лути пиперки, бројка што сведочи за нивниот глобален културен и гастрономски подем. Научниците нудат повеќе одговори – од еволуциона биологија, преку невронаука и психологија, до археологија – ...

Руски системи за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 12 украински беспилотни летала над руските региони во рок од четири часа, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува TASS. „Меѓу 16 и 20 часот по московско време, дежурните системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 12 украински беспилотни летала“, се наведува во соопштението. Според Министерството, осум дронови биле уништени над територијата на Белгородска ...

Поранешниот левичарски претседател на Перу, Педро Кастиљо, е осуден денес на 11,5 години затвор за бунт и заговор против државата крајот на 2022 година, кога тој безуспешно се обидел да го распушти Конгресот и да преземе овластувања надвор од претседателските, пренесува Ројтерс. Кастиљо е осуден само еден ден по пресудата за друг поранешен претседател, Мартин Вискара, кој доби 14 години затвор за примање мито во период пред да стапи на ...

Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица започна со пробите за новата постановка на „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски. Како што се наведува информацијата, ова дело е длабоко врежано во театарската историја, бидејќи на 1 мај 1949 година Струмичкиот театар е отворен со премиерата на „Бегалка“ во режија на Димитар Колчаков, а на 18 јануари 1970 година претставата е поставена по втор пат во режија на Александар Думов, а ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
68%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
72%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.98
87%
1018
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
4.63
83%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
73%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
74%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
47%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
90%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Паладиум

44753.84

Сребро

2179.44

Родиум

358480.82

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Калај

43.91

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Алуминиум

3.19