Дрога била пронајдена при претрес на велешкото подрачје, по што приведени биле двајца 19-годишници и еден малолетник, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 2:20 часот, полициски службеници од СВР – Велес ги лишиле од слобода М.А. од велешкото село Долно Каласлари и Ј.П. од Велес, а во 15:15 часот го лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген ...

Вчера во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Разлошка“ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје. Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а увид изврши екипа на СВР Скопје. Вчера во ...

Основното јавно обвинителство во Битола покрена постапка против 40-годишен маж од градот, кој се сомничи дека насилно држел затворена и ја повредил 18-годишна девојка со која бил во блиска врска. Според деталите од случајот, инцидентот се случил на 23 мај во раните утрински часови, откако девојката се враќала од матурантска прослава. Осомничениот ја пресретнал со автомобил, по што таа влегла во возилото. Наместо да ја однесе дома, почнал да ...

Железничката станица во Скопје, која со години беше оставена на работ на функционалноста и хигиената, конечно се чисти и уредува. Директорот на Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“, Синиша Ивановски, информираше дека е започната акција за враќање на репрезентативниот изглед на овој објект. Според Ивановски, децениската институционална и општествена негрижа ја претвориле станицата во нерепрезентативен објект „накитен“ ...

Повреден планинар успешно е спасен откако е добиена пријава преку Единствениот број за итни повици 112. По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово остварило координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен. Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцирале повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнало негово безбедно спуштање кон ...

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер – над 50 километри на час. Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне ...

Демократска унија за интеграција денеска објави нови информации поврзани со директорот на НОМАГАС, Недим Рама, оценувајќи дека случајот отвора сериозни прашања за потеклото на капиталот и имотот. Од ДУИ посочуваат дека компанијата ЛИНЕ ЛТД ДОО Скопје е во сопственост на Недим Рама и, како што наведуваат, партискиот донатор на ВЛЕН, Анид Шазивари. Според партијата, фирмата е регистрирана за изнајмување автомобили и се наоѓа на официјалната ...

Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков, се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Животите на Марко, Петар и Адам згаснаа на само 20 години, додека Ристе Велков загина на 51-годишна возраст. Од младите момчиња се простија и од гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале завршувајќи го ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со процесот на собирање податоци за изработка на Националниот инвентар на јавни згради. Досега се собрани податоци за 2000 јавни објекти, кои беа обработени низ призма на енергетска ефикасност. Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Француската развојна агенција, во рамки ...

Обвинителството предложи притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница во која загинаа четири лица, познатиот баритон Ристе Велков, неговиот 20 годишен син и уште две 20-годишни момчиња. – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во ...

Шефицата на бугарскатата дипломатија Велислава Петрова учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, што се одржа на 21 и 22 мај во Хелсингборг, Шведска. Главен акцент во дискусиите беа подготовките за самитот на НАТО во Анкара, зголемувањето на трошоците за одбрана, зајакнувањето на одбранбената индустрија и безбедноста во Украина и на Блискиот Исток. Во своето обраќање, Петрова го истакна значењето на засилувањето на ...

Во рамките на Средбата на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг, Шведска, министерката Велислава Петрова одржа разговор со својот колега од Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски. Фокусот беше ставен на подобрувањето на регионалната поврзаност, при што двајцата соговорници го потврдија стратешкото значење на забрзаната изградба на Коридорот VIII за благосостојбата, отпорноста и безбедноста на регионот и Европа. Особено, ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло. Со меморандумот се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на ...

Фото: Петар Костов Во пресрет на најсветлиот бугарски празник – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура, во Рим беше официјално отворена изложбата „Бугарското духовно богатство низ вековите“. Настанот е дел од обемниот мултижанров проект „Светлина низ вековите – Храмот во документи и слики“, јавува Actualno. Изложбата, која претставува единствени по својот вид вредности од колекцијата „Литургиски ...

Икона на бугарскиот небесен чувар Свети Иван Рилски и уникатен чипровски килим беа официјалните подароци што бугарската државна делегација му ги врачи на папата Лав XIV за време на традиционалната аудиенција во Ватикан по повод 24 Мај, јавува Актуално. Претседателката на бугарското Народно собрание Михаела Доцова изјави дека изборот на подароците носи длабока историска и дипломатска симболика. Чипровскиот килим бил избран поради историските ...

Министерството за транспорт информира дека Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донела решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи. Од mинистерството известуваат дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објават согласно законските прописи во најбрз можен рок. Министерството за транспорт информира дека Државната комисија по жалби за ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши предводи државно–црковна делегација во посетата на Ватикан по повод традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“. Делегацијата предводена од Гаши која присуствуваше на Аудиенција кај папата е во состав: координатори на пратеничките Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку; Зоран Љутков, министер за култура; Марина Димовска, генерална секретарка на ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им врачи награди на 12 вработени, воспитувачки, негувателки, стручни соработници и помошно-технички персонал од центарските градинки во Општина Центар, за нивната исклучителна посветеност, грижа и ангажман во воспитувањето и развојот на најмладите. „Вие сте темелот врз кој се гради секое детство. Во градинките се стекнуваат првите навики, првите другарства и првите вредности. Вашата улога ...

Бугарската академија на науките (БАН) на 22 мај со свечено собрание го одбележа 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просветата, културата и словенската писменост, јавува БГНЕС. Заменик-претседателот на БАН, проф. Емануел Мутафов, истакна дека создавањето на словенската писменост ги поставило Словените рамо до рамо со големите средновековни држави и дека делото на Кирил и Методиј денес е симбол не само на ...

„Пред неколку дена бев во Берлин и канцеларот Мерц ме пречека со „Бангаранга“, го извади телефонот и ми го пушти твојот настап на Евровизија“, ѝ се обрати Радев на пејачката, која го освои конкурсот. Дара, за доста краток период ти слушна многу работи за себе, за кои ни самата не си претпоставувала. Сакам да додадам уште едно – ти веќе си дел од европската политика. Со овие зборови премиерот Румен Радев ја пречека пејачката Дара во зградата ...

25-годишна скопјанка се обидела да внесе дрога во затворот Идризово додека била во посета на нејзиниот сопруг, соопшти обвинителството. „Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе ...

Во услови кога Центар секојдневно се соочува со огромен број возила, ограничен паркинг простор и зголемен сообраќаен метеж, одржувањето на редот во паркирањето станува едно од клучните прашања за нормално функционирање на градското јадро. Со илјадници возила кои секојдневно поминуваат низ неговите улици, прашањето „каде ќе се паркирам?“ често е првата мисла на секој граѓанин, посочуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. „Токму затоа, ЈП ...

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на биолошката разновидност под мотото „Делување локално за глобално влијание“, беше потпишан трипартитен Меморандум за соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и зоолошките градини во Скопје и Битола. Овој стратешки документ е клучниот чекор од денешниот настан, со кој се дефинира петгодишната рамка за воведување на европските стандарди, истакнуваат од Министерството ...

20-годишно лице е четвртата жртва во трагичната сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Имено според МВР, на 21.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него ...

Анализа: Клуб Z Фестивалот „Meeting Brno“ го покани Судетскогерманското здружение во Брно. Протераните и нивните потомци за првпат се собираат во Чешка – нивната некогашна татковина. Осумдесет и една година по нацистичкото владеење, војната и протерувањето, ова треба да биде уште еден чекор кон помирување. Фестивалот се одржува од 22 до 25 мај за време на католичката Педесетница. Но во Чешка емоциите зовриваат. Организаторите остануваат на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО што се одржува во Хелсингборг, Кралството Шведска. Пред почетокот на состанокот, Муцунски истакна дека средбата претставува важна можност, речиси една година по Самитот во Хаг, „да се види тоа што е постигнато од Хаг, но и во светло на претстојниот многу важен самит во Анкара“. Тој нагласи дека во фокусот на разговорите ...

Со Мицкоски на власт се случува економска катстрофа и финансиски крах. Буџетот е во криза, снемува пари – власта неконтролирано се задолжува и трупа нови долгови за своите криминални тендери, кажа на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Според неа, последното барање на Владата за ново задолжување од 260 милиони евра, е уште еден доказ за дилетантскиот однос на Мицкоски. „Побараа 300 милиони евра од банки, но ...

Петар Пламенов/Култура.бг За любимата песен на Гоце Делчев „Кукни, кукувице“ Айде, мори, кукни, кукни, синьо пиле кукувице, мори, кукни, дано кукнеш! Надеваш ли се, султане, пролет комити да дойдат, агите да ти изколат, анъми да ти заробат! Айде, море, я да дойдам, синьо пиле кукувице, мори, тая ранна пролет! Айде, море, да си сберам, синьо пиле кукувице, мори, се отбор юнаци. Айде, море, да си слегнам, синьо пиле кукувице, мори, у Солунско ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска. Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на Полска, Карол Навроцки, кого гордо го поддржував, и нашиот однос со него, со задоволство објавувам дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска“, напиша Трамп вчера на мрежата Truth Social, пренесуваат агенциите. Како што објави АП, ова предизвика конфузија по ...

Полскиот претседател Карол Навроцки му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата одлука да испрати дополнителни американски војници во Полска. Благодарноста дојде откако Трамп изјави дека САД ќе испратат уште 5.000 војници, наведувајќи го како причина неговиот однос со Навроцки. „Добрите сојузи се оние засновани на соработка, меѓусебно почитување и посветеност на заедничката безбедност“, напиша Навроцки во објава на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.1
52%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.43
70%
1017
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.15
81%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.1
78%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.79
71%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.4
91%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.34
55%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.64
47%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.67
41%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
72%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.34
53%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.42
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Бакар

12.22

Злато

129060.56

Калај

50.54

Родиум

249168.29

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Паладиум

38355.84

Кобалт

56.29

Платина

50476.67

Цинк

0.00

Алуминиум

3.11

Сребро

1862.96