На 28 мај, по повод 150 години од Априлското востание и од смртта на Георги Измирлиев – Македончето, во Експозицијата „Роден дом на Георги Измирлиев – Македончето“ во Благоевград се одржа свеченост организирана од д-р Елена Чалг’нова од Регионалниот историски музеј – Благоевград, со поддршка од наставничката по историја Севда Иванова, јавува Пиринско. Во центарот на програмата беше историската реконструкција „Генијот и вечно младиот. ...

Последните 5 г. на политичка нестабилност и предизвици во управувањето и владеењето на правото, не ни дозволуваа да го развиеме нашиот потенцијал, но сега работите се менуваат, изјави Радев. Нашата унија има потреба од стабилност и сигурност, заедно со силна политика на кохезија и заедничка земјоделска политика за гарантирање на сигурноста на нашите граѓани. Мојата земја има клучна улога за стабилноста, сигурноста и диверзификацијата на ...

Никица Корубин “Јавниот линч” во злоупотребата на правото на слободен говор кој го овозможува (само) демократијата; како да стана редовна “забава” во јавниот дискурс. И иако тој знае да биде резултат на чувството на немоќ, што неретко се случува во ситуација на латентна партизација, партократија и заробено општество; тригерот и платформата е сепак резултат на организирана “хајка”, која е невозможна за било кое индивидуално мислење. Но, ...

Градскиот совет на Софија ја прифати иницијативата со која изведувачката Дарина Јотова – Дара да биде удостоена со звањето „Почесен граѓанин на Софија“, пренесува БТА. Предлогот е образложен со нејзиниот исклучителен придонес кон современата бугарска култура, збогатувањето на музичкиот живот во земјата и значајната улога во подигнувањето на меѓународниот престиж на Бугарија и главниот град. Во предлогот се наведува и дека низ годините Дара се ...

Бугарија е почесен гост на Меѓународниот саем на книгата „Букфест“ (Bookfest), кој ќе се одржи во Букурешт од 3 до 7 јуни. Делегација од 14 писатели, поети и автори на книги за деца, кои претставуваат едни од најважните гласови на современата бугарска литература, се очекува да пристигне за настанот, пренесува БНР. Публиката ќе може да се сретне со нив како на настаните организирани во најголемиот изложбен центар во градот – Ромекспо, така и ...

Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да ги задржат работните места, и покрај тоа што бројот на ученици значително е намален во изминатите години, а лани во 147 подрачни училишта воопшто и не се запишале ученици. Меѓудругото, затоа и воведуваме едносменска настава и продолжен престој во училиштата, со цел наставниците да имаат дополнителни активности, полн фонд на часови и да добиваат целосна плата. Во ова ...

Во чест на значајниот јубилеј – 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност – Скопје, во рамките на концертната серија „ФМУ – 60 години“, ќе се одржи свечен концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност. Овој значаен културен настан се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и под покровителство на Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, потврдувајќи ја ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека РС Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде пред фронтранерите, додека во однос на испораката на правда очекува побрза и поробусна испорака на правда од таа претходно, затоа што и граѓаните не се задоволни од спора правда и затоа дополнителни примања нема да има без јасни резултати. „Се разбира дека не само јас и граѓаните, ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен зафат, информираат од општината. Согласно ...

Георги Пашкулев/БГНЕС Во политиката, наметнувањето на националистички наратив значи стремеж кон меѓународна конфронтација или има внатрешнополитичка насоченост, насочена кон прикривање на странски влијанија и поврзаности. За голем број европски дипломати, агресивната реторика на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кон Бугарија и Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година претставува главен инструмент за ...

Додека јавно зборува за ниски примања, сиромаштија и потреба од повисоки плати за работниците, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, организирал четиридневни спортски игри во луксузен туристички комплекс во Чањ, Црна Гора, трошејќи повеќе од 60.000 евра од синдикалните членарини, кажа на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо настанот да се организира во некој од домашните туристички центри Деаноски, ...

Политиката на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, се движи „по директива и по долгата рака на Кремљ“. Ова го изјави во емисијата „Бугарија, Европа и светот во фокус“ на Радио ФОКУС, со водителката Цонја С’бчева, новинарот и публицист од Скопје Владимир Перев. Според него, влијание врз управувањето во Скопје имаат српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Конците на Мицкоски, а пред тоа и на ...

Утрово во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во текот на денот ќе биде извршен увид, соопшти полицијата. Утрово во 01:48 часот во СВР ...

Во СВР Скопје ноќеска во 00:05 било пријавено дека околу 23:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, во двор од куќа на Д.А.(47) од Скопје настанал пожар, при што гореле картони кои ги собирал за продавање за стара хартија. Сопственикот со соседите Џ.А.(23) и Р.А.(23) почнале да го гасат пожарот. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат, а поради вдишување на чад Џ.А. и Р.А. биле пренесени во Комплексот ...

„Вие помагате да го заштитиме источниот фланг на НАТО. Кога станува збор за Црното Море, кое е од клучно значење за линиите на НАТО, Бугарија игра клучна улога. Во Бугарија примате копнени сили, кои имав можност да ги посетам, и тоа е многу импресивно.“ Така генералниот секретар на НАТО Марк Руте го пречека бугарскиот премиер Румен Радев во Брисел, јавува БГНЕС. Бугарија е активна и надвор од границите на НАТО, додаде Руте и нагласи дека ...

Жена за која постои сомнение дека е заразена со ебола е хоспитализирана во Горна Австрија откако била примена во болница со симптоми карактеристични за оваа опасна болест. Пациентката се вратила од Уганда само два дена претходно, каде што неодамна се регистрирани случаи на инфекција, поради што австриските здравствени власти веднаш реагирале и ја ставиле во строга изолација, објавува австрискиот „Хојте“. Првиот примерок од крв покажал ...

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати повик до Владата за распишување референдум. Како што изјави Кузеска, Владата на Мицкоски признала дека нема пари ниту за организирање референдум, обвинувајќи дека пари има само за, како што рече, криминалната група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните тендери, додека нема за повисоки плати, минимална плата од 600 евра, мерки и субвенции за ...

Здравствените власти ќе ги зајакнат услугите за откажување од пушење, најави денес министерот за здравство Азир Алиу во рамки на одбележување на Светскиот ден без тутун 2026 година. Министерот најави дека ќе почнат координирани активности на сите институции кои можат да придонесат за откажување од пушењето. „Во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Центрите за јавно здравје, локалната ...

Зголемувањето на глобалните температури би можело да ги прошири областите погодни за живеење на комарците и да го зголеми ризикот од ширење на вирусот „чикунгуња“ низ целиот свет, според нова студија објавена во научното списание „Frontiers in Cellular and Infection Microbiology“. „Бидејќи овој комарец е потолерантен на постудени услови, затоплувањето би можело да му овозможи да колонизира области кои претходно биле премногу ладни“, објасни ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(60) од Делчево. Тој се сомничи за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“. Имено, на 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во с.Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во с.Бигла, соопшти полицијата. Надворешната канцеларија ...

Полицијата од Дебар синоќа во 22:10 часот ја приведе 40-годишната С.Р. од дебарско село поради лажно пријавување кривично дело. Таа претходно во полициската станица лажно пријавила дека била жртва на семејно насилство, тврдејќи дека била физички нападната од нејзиниот сопруг. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека приведената се товари по член 366 од Кривичниот законик за лажно пријавување на кривично дело. По целосно ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 36-годишниот Р.Б. од Струга под сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот се товари дека на 28 декември минатата година неовластено присвоил патничко моторно возило. Автомобилот бил во сопственост на струшки автосервис каде што Р.Б. бил вработен. Тој претходно имал полномошно од сопственикот на сервисот за привремено користење на ...

На 4 јуни, со почеток во 20:00 часот, во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар, со кој ќе биде отворено првото издание на JAZZ STReam Festival. Публиката ќе има можност да ужива во моќниот звук на биг бенд оркестарот во живо, под диригентство на маестро Џијан Емин. Ова ќе биде прво гостување на Националниот џез оркестар во Струмица и почеток на JAZZ STReam Festival – ...

Владата на Мицкоски признава дека нема пари за организирање референдум, на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина, истакнуваат од СДСМ. Прашуваат, кога буџетот е во „одлична форма“? Ова, според нив, е уште една потврда дека во буџетот нема пари. „Ова го зборуваме со месеци, бидејќи се задолжуваат секојдневно. Има пари само за криминалната група ВМРО. Има пари за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, има пари за 93 тендери ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, предупреди дека САД мора да спречат какви било случаи на ебола да влезат во земјата од Демократска Република Конго, каде што веќе се пријавени 220 сомнителни смртни случаи и 900 заразени. „Не можеме и нема да дозволиме ниту еден случај на ебола да влезе во САД. Стејт департментот и другите агенции претставени овде, Центрите за контрола на болести, HHS и други, работат многу, многу напорно за да ја ...

Родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ги повикуваат сограѓаните во сабота да им се придружат на 44-тиот „Марш на ангелите“, што ќе се одржи на денот на Задушница. Маршот ќе започне на 30 мај 2026 година (сабота), со почеток во 19:05 часот, на спортското игралиште во село Ратавица, Пробиштипско. „На денот на Задушница, со тишина, молитва и болка што не поминува — ќе чекориме за нашите Ангели. За оние чии ...

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека дипломатските мисии на земјите од ЕУ остануваат во Киев, додека, според неа, американската амбасада го напуштила украинскиот главен град, според западните медиуми. Калас го изјави ова по пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува на Кипар. „Од она што го слушнавме од Украина вчера, сите ...

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, ќе биде променливо облачно со ...

Делегација на Демократската унија за интеграција, предводена од претседателот Али Ахмети, вчера оствари средба со Конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Конгресот на Соединетите Американски Држави. На средбата се разговараше за политичките случувања во Северна Македонија, значењето од зачувувањето на Охридскиот мировен договор, како и за сериозните загрижености околу неговата ерозија во државните институции. ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.43
54%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.0
69%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.78
81%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.55
80%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.12
69%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.71
90%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
47%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.72
45%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.78
40%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
4.92
67%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
2.68
47%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.25
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Платина

50476.67

Родиум

249168.29

Злато

129060.56

Сребро

1862.96

Рутениум

49029.89

Бакар

12.22

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Иридиум

233896.68

Алуминиум

3.11

Паладиум

38355.84

Калај

50.54