Полицијата уапси двајца криумчари на мигранти од Косово, а Судот им определи мерка притвор од 30 дена. Според информациите на МВР, вчера во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници ги уапсија А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово. Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со ...

Со изведбата на грандиозната опера „Набуко“ од Џузепе Верди, на 31 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет свечено ќе биде затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на гостинот од Аргентина, Јерухам Шаровски, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси (Италија), кореограф е ...

Градот Скопје и Министерството за култура и туризам денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град. „Меморандумот, потпишан од градоначалникот на Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставува важен чекор во подготовките за ‘Скопје 2028 – Европска престолнина на културата’ и има за цел посилна институционална координација во развојот и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието, Африм Гаши, упатија честитки до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам. Сиљановска-Давкова упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и до сите верници, посакувајќи им празникот да го поминат во ...

Бугарскиот премиер Румен Радев, ќе ги посети Париз и Брисел во периодот 27 – 28 мај 2026 година, јавува БГНЕС. Во Париз премиерот Радев ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. Нивниот разговор ќе се одржи во среда, 27 мај, во Елисејската палата, каде што бугарскиот премиер ќе биде пречекан со почесен шпалир од гардисти. Премиерот Радев и претседателот Макрон ќе разговараат за теми од областа на билатералната соработка и од ...

Вашингтон ги извести сојузниците дека постепено ќе го намали бројот на стратешки бомбардери, борбени авиони, беспилотни летала, подморници и воени бродови наменети за НАТО. Со овој потег продолжува притисокот врз Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана. Одлуката била соопштена минатиот петок на состанок зад затворени врати од страна на советникот во Пентагон, Александар Велез-Грин, потврдуваат двајца анонимни дипломати ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац соопштија дека израелската војска извршила воздушен напад во Појасот Газа, во кој е убиен Мохамед Одех, новоименуваниот командант на бригадата Ал Касам, военото крило на Хамас. Во заедничкото соопштение се наведува дека нападот бил извршен по нивна наредба. Израелските власти тврдат дека Одех бил еден од организаторите на нападите од 7 октомври 2023 година, а во тој ...

Американската вселенска агенција НАСА објави детали за роботи-лендери, „скокачки“ дронови и возила што планира да ги испрати на Месечината во рамки на изградба на постојана месечева база. Меѓу компаниите кои ќе учествуваат во развојот на опремата е и „Blue Origin“ на основачот на Amazon, Џеф Безос, јавува BBC News. САД имаат цел да ги вратат астронаутите на Месечината пред крајот на мандатот на претседателот Доналд Трамп во 2028 година, но ...

Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, Општина Чаир во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“ реализира проширена акција за чистење и одржување на јавните површини во различни населби на општината. „Населба по населба и улица по улица, сезонските работници на општината заедно со теренските екипи се ангажирани во чистење на улиците, тротоарите и јавните простори, со цел создавање почиста и поуредена средина за граѓаните за време на празникот. Во ...

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови ...

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска најпрвин нè повика на средба „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш одговори позитивно и ја прифати поканата. Вчера пратениците ја повикаа во Собранието. Неа ја нема, велат од Социјалдемократиот сојуз на Македонија. Во соопштението СДСМ посочува дека инсистирале состанокот да биде јавен и отворен за медиумите, со цел, како што велат, пред граѓаните да се објаснат податоци поврзани со ...

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова, категорично го истакна ставот дека секоја земја кандидат за член на ЕУ треба да ги исполни сите критериуми за членство. Тоа се случи на средбата со раководителите на дипломатските мисии на државите членки во рамките на кипарското претседателство со Советот на ЕУ, јавува БНТ. ,, Скопје треба да ја исполни општоевропската позиција од 2022 година за приклучувањето на РС Македонија кон ЕУ “, подвлече ...

Културно-информативниот центар – КИЦ „Босилеград“ и Градот Софија свечено го одбележаа Денот на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската писменост, пред црквата „Св. Троица“ во с. Извор, Босилеградско, јавува Радио Бугарија. Вокалната формација „Бугарските гласови“ и актерот Здравко Димитров изведоа духовни и преродбенски песни кои звучеа особено впечатливо поради акустиката на Изворската црква. ...

Бугарските шахистки запишаа пет победи, едно реми и еден пораз во второто коло на Европското индивидуално првенство во шах за жени во Батуми, Грузија, јавува БНР. Најуспешна засега е Габриела Антова, која ја оствари и втората победа и со максимални 2 поени е меѓу водечките шахистки на табелата. Белослава Крстева ремизираше против Адара Родригес и има 1,5 поени. Со по 1,5 поени се и Нурѓул Салимова, Надја Тончева и Викторија Радева, кои ...

Регионалниот историски музеј во Благоевград ќе започне повторно да прима посетители на почетокот на октомври, откако ќе завршат финалните активности од двегодишниот ремонт на зградата, насочен кон подобрување на енергетската ефикасност, јавува БНР. Подробностите за реализацијата на проектот беа презентирани на брифинг од раководството на институцијата. За ремонтните активности се искористени нешто повеќе од 1,5 милиони евра, при што 98 ...

Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Италија оствари средба со италијанскиот амбасадор, Н.Е. Паоло Палминтери во земјава. На сребата покрај претседателот на Пратеничката група, Елми Азири, беа присутни и членовите: Благица Ласовска, Димитар Ковачевски и Мевмед Џафери. Претседателот Азири изрази благодарност за иницијативата за оваа средба, истакнувајќи дека билатералните односи меѓу двете земји се традиционално добри ...

Велислав Илиев/БГНЕС Членството во Европската Унија носи неспорни економски придобивки за секоја држава што ќе го постигне тоа. Бугарите можат да го потврдат тоа од сопствено искуство – во 2007 година (кога станавме дел од ЕУ) БДП по глава на жител изнесуваше околу 3800 евра, а во изминатата 2025 година надмина 18.000 евра. Политичарите во Северна Македонија постојано изјавуваат дека членството во ЕУ е нивна стратешка цел, а нејзиното ...

Бизнис-климата во Бугарија останува стабилна со позитивни перспективи, покажува истражувањето на Германско-бугарската индустриско-трговска комора (ГБИТК) за 2026 година, спроведено меѓу 83 компании, јавува БГНЕС. Според резултатите, 91% од анкетираните ја оценуваат деловната средина како најмалку задоволителна, а 36% како добра. Дури 80% очекуваат стабилност или подобрување на економската состојба во следните 12 месеци, додека 40% ...

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница, нагласи дека Владата премиерот Мицкоски и министерката за финансии Кочоска ја туркаат државата во опасна должничка спирала, со постојани нови кредити со високи камати кои ќе ги плаќаат граѓаните и без реален економски ефект. Талески посочи дека наместо економски развој, Владата создава политика на постојани задолжувања и финансиска зависност. „Денес не зборуваме само за ...

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови. „Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата ...

Дипломати од бугарската амбасада во Република Северна Македонија, претставници на Бугарскиот културно-информативен центар и на бугарската заедница во земјата положија цвеќе на гробот на полковник Борис Дрангов на градските гробишта „Бутел“ во Скопје по повод 109-годишнината од неговата смрт, јавува БТА. „Ако има човек што ја олицетворува идеалната претстава за бугарскиот офицер, ако има маж што е пример за совршен светоглед, за совршено ...

Во СВР Скопје синоќа во 20:55 часот било пријавено дека на патот с.Батинци -с.Маркова Сушица, општина Студеничани, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И., удрило во пешакот И.М.(65) двајцата од с.Цветово, општина Студеничани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Во СВР Скопје ...

Вчера околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло. Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Христо Смирненски“, а паднала и бандера која оштетила ...

Синоќа во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт. Извршен ...

Добре Митрев МИНАХА ГОДИНИ БЕЗ ДА ТЕ ЗАБРАВАМ АС, ЧАКАМ ТЕ ДА ДОИДЕШ, ЧАКАМ ТЕ С БУИНА СТРАСТ……,,Песна што со векови се пеела и се пее од двете страни на Осогово.. Постои нешто пострашно од војна — моментот кога еден народ ќе биде убеден да се срами од сопствените корени. Денес во Македонија слободно маршираат туѓи влијанија, се слават туѓи идеологии и се веат знамиња под кои со децении бил кршен духот на овој народ. И никој не реагира. Никој ...

Денес на дневен ред, по скратена постапка, имаме закон за задолжување на државата во износ од 260 милиони евра кај комерцијални банки. И уште на самиот почеток би сакал да истакнам дека најодговорниот човек во државата, кој треба денеска да биде тука во Собранието и да објасни не само пред народните избраници, туку и пред македонските граѓани по однос на овој заем – денеска го нема тука во Собранието, рече Митко Трајчулевски од СДСМ. „Тоа е ...

Дванаесетгодишно дете е повредено во бизарна несреќа во Драчево. Сопатник на мотоцикл го фатило детето за рака, тоа паднало и било влечено по улица. Според информациите на МВР, вчера околу 14:00 часот, Б.С.(71) од Скопје пријавил во полиција дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал. Потоа А.Х. го ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови. Лукаревска потенцираше дека ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас, на која беше потврдена одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на реформите и унапредување на институционалните капацитети. Тошковски изрази благодарност за досегашната поддршка од Европската Унија, ...

Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека денес добива конкретна форма како значајна инвестиција за спортот, младите и заедницата. ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.43
54%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.0
69%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.78
81%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.55
80%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.12
69%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.71
90%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
47%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.72
45%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.78
40%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
4.92
67%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
2.68
47%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.25
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Калај

50.54

Платина

50476.67

Кобалт

56.29

Сребро

1862.96

Паладиум

38355.84

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.11

Цинк

0.00

Иридиум

233896.68

Злато

129060.56

Бакар

12.22

Родиум

249168.29