Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Од 27.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар) ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција во Собранието, предупреди дека новото задолжување на Владата од 260 милиони евра, ќе чини многу поскапо земјаќи ја предвид високата камата, при што само за камати државата ќе плати 58 и 64 милиони евра. Битиќи посочи дека цената за ваквото скапо задолжување ќе ја платат граѓаните уште пред да се почувствува каков било економски ефект. „Според актуелниот шест-месечен ЕУРИБОР од ...
Армијата на Република Северна Македонија, на 28.05.2026 година (четврток) во период од 10:00 до 14:00 часот, на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. На настанот кој се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), граѓаните, според ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите шест квартали овозможи раст на економијата од над 3%, а паралелно платите растат со динамика близу 10%, расте бројот на нововработени лица, невработеноста е на историски најниско ниво, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го решава предизвикот со кој се соочивме, а тоа е истовремено да го финансира развојот на економијата и да ги сервисира старите долгови создадени токму ...
Општина Центар информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден, инспекциските служби на Општината, во координација со Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат и стручните служби од Секторот за урбанизам, постапуваа на терен по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на ...
Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден, по 14 часот. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото ...
Од Англија до Италија, делови од Европа се подготвуваат за уште еден невообичаено топол ден за мај во вторник, нарушувајќи ја рутината на Стариот континент, кој се затоплува побрзо од кој било друг дел од светот. Температурите растат веќе неколку дена, а во понеделникот достигнаа рекордни максимуми од над 30 степени Целзиусови во Велика Британија и Франција. Локални ограничувања за работа на отворено се воведени во Италија, француските плажи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде испратен во САД за уништување или уништен на друго место, додека продолжуваат разговорите за рамковен договор за завршување на војната со Иран. „Збогатениот ураниум или ќе биде веднаш предаден на САД и уништен таму, или ќе биде уништен на лице место или на друга прифатлива локација во координација со Техеран“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. ...
Преговорите за договорот со Иран се во застој поради несогласувања околу формулацијата на текстот, изјави американскиот државен секретар, Марко Рубио, во својот авион на индиски аеродром, објави CNN. „Ќе бидат потребни неколку дена за да се решат… несогласувањата околу еден збор, една реченица“, рече тој, повторувајќи ги претходните коментари на американските претставници. „Ќе мора да го решиме тоа“, додаде тој. Неговата изјава дојде само ...
Италијанските хуманитарни работници, кои беа хоспитализирани во Ломбардија поради симптоми слични на ебола, се негативни на вирусот. Тестовите спроведени во болницата Сако во Милано беа негативни и за маларија и за најчестите респираторни вируси. Се сомнева на бактериска инфекција, бидејќи присуството на бактеријата Шигела е потврдено во двата случаи. Пациентите се вратиле од Уганда, а веста предизвика загриженост поради епидемијата на ебола ...
За осум часа во Скопје се казнети 116 мотоциклисти и одземени се три мотоцикли. Вчера, во периодот од 10:00 до 18:00 часот од страна на полициски службеници беше спроведена засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли. Од МВР известија дека се казнети 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, три нерегистрирани мотоцикли и ...
Полицијата поднесе кривична пријава и им одреди притвор на насилниците од Турција кои нападнаа доставувач во Скопје. Според информациите од МВР, вчера во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24 мај, околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило ...
Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе ...
Соединетите Американски Држави го определуваат развојот на Коридор 8 – транспортната и енергетска врска меѓу Јадранското и Црното Море – како еден од клучните стратешки проекти во новата политика кон Западен Балкан. Ова се наведува во извештај на Стејт департментот до Конгресот, јавува БГНЕС. Според документот, Вашингтон го менува пристапот кон регионот, ставајќи акцент на стабилноста, економските интереси и стратешкото партнерство. Западен ...
Францускиот претседател Емануел Макрон го предупреди белорускиот лидер Александар Лукашенко да не го продлабочува вклучувањето на својата земја во руската војна против Украина, дознава АФП од извор близок до Макрон, објавува „Киев Индепендент“. Телефонскиот разговор, одржан на 24 мај, се случи во време на сè погласни шпекулации дека Белорусија би можела да се вклучи подиректно во војната на страната на Русија. Белоруските државни медиуми ...
Џелал Хоџиќ/Цивил медиа Во сабота во Куманово се одржа собир за поддршка на авторитарниот лидер Александар Вучиќ, додека во исто време во Белград стотици илјади луѓе протестираа против авторитарната власт во Србија. Пораката од собирот во Куманово е дека Србите и Македонците од Северна Македонија се за Александар Вучиќ, во неговата борба против стотиците илјади студенти, млади, граѓани на Србија кои ја сочинуваат тамошната демократската ...
Вчера во ОВР Неготино, било пријавено дека околу 14:00 часот на крстосница од улица „Климентова“ и улица „Дојранска“ во Неготино, 16-годишник од Неготино, управувајќи електричен тротинет паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 16-годишникот, констатирани во Општа болница Кавадарци. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино. ...
Во бугарскиот град Несебар има споменик на легендарниот војвода Апостол Петков-Ениџевардарското сонце. Бронзената фигура на војводата потсетува на една епоха кога имињата на револуционерите не му припаѓале само на еден крај, туку на цел еден народ. А малкумина од нив оставиле толку легенди зад себе колку што оставил Апостол Петков – Ениџевардарското сонце, пишува БГНЕС. Роден во 1869 година во гевгелиското село Бојмица, во Егејска Македонија, ...
На официјална церемонија во Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ беа одликувани победниците на Четвртиот национален ученички конкурс „Моите родови корени од Македонија и Одринска Тракија“, јавува БГНЕС. Настанот го отвори историчарот доц. д-р Наум Кајчев. „Многу сме радосни што можеме уште еднаш, во деновите поврзани со нашиот најсветол и најбугарски празник – 24 мај, да се фокусираме врз нашите корени и врз она што во голема мера нѐ ...
Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ, оценуваат во „Вреди“ Тие што сакаа да го претворат Тетово во пашалак на Дака Давидовиќ, човек на американската црна листа, и ја оставија општината со долг од 24.000.000 евра, не можат да сфатат како Билал Касами го трансформираше Тетово за само еден мандат, истовремено намалувајќи го долгот. Во времето на ДУИ, не можеше да се изгради Стадионот на Тетово ...
Вчера во 12:40 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А. (36) од истото село. Претходно, во 12:00 часот во просториите на Одделението за криминалистичка полиција Тетово, неговата 57- годишна мајка, пријавила дека во нивниот семеен дом, Ш.А. и се заканувал со нож. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок. Истиот ден во 02:10 часот во ...
Синоќа во 12:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во с.Зајас, кичевско, на локален пат за „Нова населба“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ. (32) од с.Горно Строгомиште, кичевско и електричен тротинет, управуван од 15-годишник од с.Зајас. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево. За настанот е известен ...
Жена од Штип настрадала од експлозија на бојлер во викендица во Пехчевско. Тешко е повредена. Имено, вчера во 18:35 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река“, атар на Пехчево, во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот ...
Утрово во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција. Полицијата постапила постапувајќи по пријава дека на 24.05.2026 околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го ...
Вчера во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител. Полицијата соопшти дека ...
Синоќа во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали. По интервенција на Територијалните противпожарни единици од Радовиш и Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и инспектор за пожари. Извршен е увид од екипа на ОВР Радовиш. ...
„Ние секоjдневно прашуваме, повеќе од месец дена зошто се уште не се испратени документите за екстрадиција на Груевски? Месец дена нема одговор. Поминаа две недели откако Петер Маѓар е веќе нов премиер на Унгарија. Што се случува со документите? Кога ќе бидат испратени“, прашуваат од СДСМ. Како што додаваат, повеќе од еден месец молк и избегнување одговори, јавноста конечно заслужува конечно да дознае: „Дали Христијан Мицкоски и Игор Филков ...
Полициски службеници во Струмица ноќеска лишиле од слобода Н.Џ. од село Двориште, беровско, откако кај него и во неговото возило биле пронајдени дрога, оружје и муниција. Инцидентот се случил околу 02:00 часот по полноќ, во близина на угостителски објект во Струмица, каде што полицијата извршила контрола врз лицето и возилото во кое се наоѓал. Според информациите, кај него била пронајдена бела прашкаста материја за која во разговор со ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно осум пријави за семејно насилство, а пет лица се лишени од слобода. Во Пробиштип, вчера во 19:45 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет. Синоќа во 23:35 часот ул.„11 Септември“ ...
Маж е осомничен дека физички нападнал дете во дворот на основно училиште во Илинден, откако претходно неговиот син влегол во расправија со соученик. Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, инцидентот се случил на 22 мај, кога момчето го повикало својот татко по недоразбирање со врсник во училишниот двор. Кога пристигнал во училиштето, осомничениот најпрво почнал да му упатува навреди, пцовки и погрдни зборови на детето, а ...