Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Пријавените, кои се полициски службеници во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 19.04.2026 година околу 03:00 часот ...

Европската комисија соопшти дека става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи. Тој вели дека ова е јасна потврда за силната посветеност на Владата кон реформите, ...

Двајца тинејџери нападнале 18-годишно момче во Аеродром. Според пријавата на неговиот татко, тој подолго време бил вознемируван додека биле во училиште, а случајот го пријавиле и во надлежните служби на училиштето. Според информациите на МВР, вчера Д.Т.(66) од Скопје пријавил во полиција дека на 14 мај, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот син К.Т.(18) бил физички нападнат од Р.А.(18) од село Трубарево, скопско и 17-годишник. ...

Полицијата уапси жител на Старо Нагоричане осомничен дека со тврд предмет усмртил куче во неговиот кокошарник. Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од село Макреш, општина Старо Нагоричане, затоа што во неговиот кокошарник со тврд предмет усмртил куче. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ...

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.Ц. (37) од Крива Паланка, поради насилство. Инцидентот се случил на 12 април годинава во угостителски објект во Крива Паланка. Пријавениот најпрвин почнал да ги попречува членовите на музичката група која била ангажирана во објектот, по што и физички нападнал еден од музичарите. Во текот на инцидентот, Б.Ц. оштетил и дел од музичката опрема. Полицијата поднесе кривична пријава против Б.Ц. (37) од ...

Во една ваква сериозна состојба, додека институциите, пожарникарите и јавното претпријатие деноноќно се борат со пожарот на депонијата, за што граѓаните се редовно информирани и се сведоци на активностите, СДС Радовиш наместо конструктивен пристап, се обидува да ја претвори состојбата во инструмент за дневнополитички напади и собирање ситни политички поени, изјави Марија Иванова, од ОК Радовиш ВМРО-ДПМНЕ. „Иако Општината континуирано, преку ...

Скопје повторно е затрупано во ѓубре и претворено во еколошка депонија, изјави Александар Давчевски од СДСМ. „Да одиме по ред со реалноста надвор од скапите ПР кампањи на Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски: Прво лагата: „72 часа чисто Скопје“. Памтите кога со Мицкоски се сликаа со камиони и лопати пред „Борис Трајковски“? Тоа беше само ефтин популизам и ПР театар за на социјалните мрежи. Поминаа над 172 дена од таа нивна наводна „нова ера“, а ...

Полицијата вчера го приведе 36-годишниот И.Р. од Скопје. Приведувањето уследило по претходна пријава дека истиот ден, околу 06:25 часот наутро, во казино на подрачјето на општина Карпош, настанала кратка расправија. По неа, И.Р. физички и со употреба на остар предмет го нападнал М.В. (35) од скопско, кој бил вработен како обезбедување во објектот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека предметот со кој е извршен нападот е ...

Скопјанец пријавил дека бил нападнат и добил закани со пиштол на сточниот пазар во Гази Баба. Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје, Д.Г.(46) од Скопје пријави дека околу 08:45 часот на сточниот пазар на подрачјето на Гази Баба, поради наводно нерасчистени должничко-доверителски односи, лицето Н.А. му се заканило со пиштол, по што ги нападнало Д.Г. и неговиот татко и им нанел повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...

Поранешниот полски заменик-министер за правда Марчин Романовски, обвинет во Полска за проневера на јавни средства, веројатно ја напуштил Унгарија преку Србија, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар за полскиот приватен канал TVN24, пренесе БГНЕС. Прашањето како поранешниот полски министер за правда Збигњев Зјобро и неговиот заменик Романовски, кои се барани од полското обвинителство, успеале да ја напуштат Унгарија пред Маѓар да ја преземе ...

Социјалдемократскиот сојуз на РСМакедонија (СДСМ) обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за правда Игор Филков, намерно го кочат процесот за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија. Од партијата прават паралела со актуелните случувања во Будимпешта, каде што новиот унгарски премиер Петер Маѓар открива детали за бегството на полски министер кој имаше заштита од Виктор Орбан, а сега преку Србија пребегал ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на проектот Градски воз кој од 1 септември започнува со изградбата на првата линија и што тоа ќе значи тоа за Скопје, изјави: „Тоа ќе значи нов еколошки транспорт за голем дел граѓани коишто имаат дневна рутина да се движат кон центарот на градот на потегот од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Аеродром до Транспортен центар. Бидејќи во текот на зимските месеци, ...

Град Скопје денеска го одбележа Денот на пожарникарството и 190 години од формирањето на првата противпожарна единица во РС Македонија. „Пожарникарите се херои на секојдневието – луѓе кои секогаш се први таму каде што опасноста е најголема и кои секојдневно ги ризикуваат сопствените животи за да спасат човечки животи, домови и имоти. Пожарникарството не е само професија, туку повик што бара исклучителна дисциплина, човечност и посветеност. ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, даде краток коментар во врска со аферата за шпионажа во кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова. Тој кусо рече дека станува збор за „глодари“ и за „шпионски талог во општеството“. Мицкоски го спомена и шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, за кој рече дека шири паника во јавноста. „Тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото коишто се ...

Советот на јавни обвинители предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот функционер на ДУИ и поранешен министер за финансии, Фатмир Бесими, се стави во одбрана на обвинителите Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут’’ вреден 167 милиони евра, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. „Советот на јавни обвинители не смогна сили да излезе од политичкото мочуриште со кое владее ДУИ, односно Али Ахмети и неговите партнери. Наместо да ...

Предвидено е Бугарија да добие 2 милијарди евра повеќе од средствата предвидени од финансиската рамка за кохезија на Европската Унија. Средствата се зголемени во споредба со претходниот период на рамката. Веста ја соопшти европратеникот од ЕНП/ГЕРБ, Андреј Новаков, известувач на Европскиот парламент за реформирање на политиката на кохезија. За првпат безбедноста и одбраната стануваат цел на новата политика за кохезија на Европската Унија, а ...

Европската унија денеска постигна договор за примена на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави. Преговарачите од Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија договорија компромисно решение по повеќе од пет часа интензивни разговори за законодавството со кое се спроведува договорот постигнат минатото лето. Според одредбите на овој договор, Унијата се согласи да ги укине царините за американските индустриски и за ...

„Од општина која некогаш беше пример за спортот и здравиот развој на младите, Аеродром денес е пример за негрижа и целосно запоставување на условите за спортување во општината. Негрижата на градоначалниците од ВМРО-ОКГ во Аеродром, која трае веќе со години, придонесе сликата денес за спортските игралишта да биде очајна“, кажа Маријан Јовановски од СДСМ. „Кошеви без обрачи, голови без стативи, руинирани и неосветлени терени се само дел од ...

Општина Чаир го претставува „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите генерации. Од 1 до 30 јуни, Чаршијата и повеќе локации на територијата на општината ќе се претворат во центри на културата, традицијата, музиката и креативноста, преку низа активности кои имаат за цел збогатување на јавниот живот и промоција на културните вредности. „Културно лето на Чаир 2026“ ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна информација од Министерството за внатрешни работи во врска со сомнежите за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова. Како што се наведува, обвинителството ја започнало постапката на 18 декември 2025 година, веднаш по добивањето на известувањето од Секторот за ...

Бугарија располага со значителен капацитет за развој на европската одбранбена индустриска база, изјави началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел, соопшти бугарското Министерство за одбрана. Ефтимов нагласи дека влошената безбедносна средина претставува сериозен предизвик за сојузниците, но преку координирани активности, развој на нови способности и зајакнување на одбранбената индустрија, ...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени утрово ја погоди источна Турција, по што превентивно беа евакуирани училиштата, а жителите излегоа на улиците. Според првичните информации, епицентарот бил во округот Баталгази во покраината Малатија, на длабочина од седум километри. Засега нема извештаи за поголема штета или жртви, пренесува „Еј-би-си њуз“. Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD) соопшти дека тлото се ...

Бугарскиот тенисер Иван Иванов е финалист на 14-тото издание на наградите „Пјотр Нуровски“ за најдобар млад европски спортист. Ова е нов голем успех за бугарскиот спорт, откако Малена Замфирова го освои зимското издание на наградите, јавува БГНЕС. Поради големата конкуренција, во финалето се пласираат шест, наместо пет млади спортисти од цела Европа, официјално соопштуваат од Европските олимписки комитети. Меѓу нив, за првпат во летното ...

Вчера во 18:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“. Имено, тој се сомничи дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии, а последен пат во џамија на улица „176“ во Тетово, каде што со употреба на сила ја разбил металната каса за донации и од неа одзел ...

Премиерот Румен Радев побарал од американскиот претседател Доналд Трамп укинување на визите за Бугарите, јавува БГНЕС. „Во таа врска, вчера одржав телефонски разговор со министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, а потоа и со претседателот Трамп“, вели Радев. За време на телефонскиот разговор со американскиот претседател, Радев настојчиво го поставил прашањето за укинување на визите за САД за бугарските граѓани. „Очекувам ова прашање да биде ...

Министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова го прими во Министерството за надворешни работи амбасадорот на Република Грција во Бугарија, Алексиос Мариос Либеропулос, јавува МНР на Бугарија. Во рамките на разговорот беа разгледани различните димензии на стратешките односи меѓу Бугарија и Грција и заедничкиот стремеж за нивно понатамошно надградување. Министерката Петрова ја истакна Грција како сојузник со кој споделуваме ...

Здружението „Потомци на бегалци и преселеници од територијата на Северна Македонија и пријатели“ од Бугарија испрати писмо до Наташа Пирц Мусар, претседателка на Република Словенија, како реакција на нејзина изјава дадена за време на средбата со нејзината колешка претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова (18.05.2026 г.). Во својата изјава Пирц Мусар ја претстави Бугарија како држава „што ја држи Македонија ...

Намалувањето на военото присуство на САД на европско тло нема да го ослаби одвраќањето на НАТО на неговото источно крило, но Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. „Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана“, изјави Калас на дебата во Европскиот парламент. Таа рече дека намалувањето на бројот на американски војници во Европа е ...

САД запленија танкер поврзан со Иран во Индискиот Океан, објави „Волстрит журнал“, додека Вашингтон продолжува да го зголемува воениот и економскиот притисок врз Техеран и покрај тековните разговори. Танкерот, наречен „Skywave“, беше ставен под санкции на САД во март поради неговата улога во транспортот на иранска нафта и веројатно превезувал повеќе од еден милион барели сурова нафта што биле натоварени на иранскиот остров Харг во февруари, ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс им изјави на новинарите дека распоредувањето на американските сили во Полска е одложено, додавајќи дека не е точно да се каже дека војниците се повлекуваат од европска територија. Ванс на брифингот во Белата куќа изјави дека САД сакаат да ја охрабрат Европа да „преземе поголема одговорност“ за својата заедничка одбрана. „Не зборуваме за повлекување на сите американски војници од Европа. Зборуваме за ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.1
52%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.43
70%
1017
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.15
81%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.1
78%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.79
71%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.4
91%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.34
55%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.64
47%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.67
41%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
72%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.34
53%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.42
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Цинк

0.00

Родиум

249168.29

Кобалт

56.29

Иридиум

233896.68

Платина

50476.67

Рутениум

49029.89

Сребро

1862.96

Паладиум

38355.84

Алуминиум

3.11

Злато

129060.56

Бакар

12.22

Калај

50.54