Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Баритонот и првенец на Националната опера и балет Ристе Велков и неговиот син Адам загинаа во стравичната сообраќајна несреќа на скопската обиколница. Во несреќата настрадаа уште две лица, 20-годишник од Скопје и уште едно лице чиј идентитет засега е непознат. Сообраќајната несреќа се случи вчера вечер околу 23 часот на скопската обиколница, кога возач на камион изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во ...
Во сообраќајна несреќа на скопската обиколница загина оперскиот првенец и баритон, Ристе Велков. „Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската ...
Вчера во 15:00 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 20-годишниот С.М. од Шуто Оризари, Скопје, со привремен престој во Гостивар. Тој бил баран по потерница врз осноа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор во траење од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Исто така, тој се сомничи и за други кривични дела „тешка кражба“ ...
Филипче лажеше за мигранти, лажеше дека државата ќе банкротира, лажеше дека е празен Буџетот, лажеше за ИПАРД фондовите, лажеше за Реформската агенда и изјавите на Вајц, Филипче нема за што не излажа. И како за се, веднаш доаѓа демант од релевантните институции, посочи на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија, вели тој, е најнапредна во Реформската агенда, со најмногу средства доделени од ЕУ во висина од 65,7 ...
Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ оенува дека Македонија се наоѓа пред многу важен момент за нејзината иднина. Во период кога, како што вели, Европската Унија повторно го отвори процесот на проширување како врвен геостратешки приоритет, Македонија не смее да остане настрана. Според неа, доколку ја пропуштиме оваа шанса за полноправно членство во ЕУ, ризикуваме да станеме слепо црево на Балканот. „Замјите од регионот напредуваат. Формирана ...
После толку жртви, убиства, насилства и целосен распад на безбедносниот систем, се отвора едно прашање: што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка, кажа на денешната прес-конференција Каја Шукова од СДСМ. Според неа, дека нема морал, дека нема систем, граѓаните веќе одамна знаат. Но жртвите, како што вели, стануваат премногу. „Премногу човечки животи згаснаа, премногу семејства се ...
Синоќа 21 мај во клубот Saloon се одржа промоција на книгата збирка на колумни „Никогаш не расправај се со идиоти“ на проф. д-р Звонимир Јанкулоски. Во срдечна и пријателска атмосфера книгата беше претставена од главниот уредник на порталот Нетпрес Дејан Николовски и од уредникот на порталот МКД.мк Александар Дамовски. Збирката колумни на професорот Јанкулоски беше оценета како придонес кон оценките на политичкото милје на РС Македонија, ...
Притокот на директни странски инвестиции во Бугарија во првиот квартал од 2026 година е позитивен и достигнува 1,901 милијарди евра, што е за 1,490 милијарди евра (263%) повеќе во споредба со првите три месеци од минатата година (411,4 милиони евра), покажуваат прелиминарните податоци на Бугарската народна банка (БНБ), кои подлежат на ревизија во иднина, пренесува Инвестор.бг. Само во март директните странски инвестиции се на позитивна ...
Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, 76-годишниот Б.Б. од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од ...
„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја?“, пишува претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи. Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде ...
Екипите на Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција во Штип, во координација со специјализираниот Тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија, открија случај на кражба на електрична енергија во сервис за возила на улица Железничка во Штип, известија од Електродистрибуција. Нелегалното користење на електрична енергија е утврдено дека се одвивало во периодот од јануари до почеток на мај 2026 година. Како што ...
Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, вчера, во пријатна и конструктивна атмосфера, оствари средба со Грегоар Жислер, директор на Францускиот културен институт во Скопје. На средбата, Ѓоргова и Жислер ги потврдија досегашната одлична соработка и традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. Во фокус на разговорот беа идните ...
Претседателката на бугарското Народно собрание Михаела Доцова повика на зачувување и почеста употреба на бугарскиот јазик на прием во бугарската амбасада во Рим, во пресрет на 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, бугарската азбука, просвета и култура и словенската писменост, јавува БТА. „Да си го чуваме нашиот бугарски јазик, да користиме повеќе бугарски зборови“, порача Доцова. Таа истакна дека Бугарите се сочувале како народ ...
Бугарија и Велика Британија ќе ја продлабочуваат соработката во одбраната, индустриското партнерство и безбедноста во Црноморскиот регион. Ова бeше договорено на средбата меѓу министерот за одбрана Димитар Стојанов на Бугарија и британскиот министер за Европа, Северна Америка и прекуморските територии Стивен Даути, пренесе БГНЕС. „Обединетото Кралство е важен сојузник на Бугарија во НАТО и клучен партнер во Европа“, истакна Стојанов, ...
Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија Надежда Нејнски изјави дека македонските политичари го губат времето на сопствениот народ во процесот на евроинтеграција, пренесува БГНЕС. „Народот на РС Македонија се стреми да стане дел од ЕУ, а всушност политичките игри на елитата му го одземаат времето“, рече таа. Нејнски нагласи дека Бугарија има интерес Северна Македонија да стане членка на ЕУ, но само со исполнување на условите за ...
Новиот роман „Огнот“ на проф. Кирил Топалов го враќа читателот во Софија од XVI век и ја раскажува трагичната приказна за свети Георги Нови Софиски низ погледот на поп Пејо, духовник растргнат меѓу верата, вината и човечката должност. Во интервју за БГНЕС проф. Топалов сподели дека го носел заплетот во себе повеќе од шест децении и дури сега почувствувал дека има животна и политичка мудрост да го напише. „Оваа книга бара многу животна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денес, на северот од Украина, дека разговарал со локалните власти за заштитата на северната граница на земјата поради, како што изјави, заканите од рускиот Брјански регион и Белорусија. Во вечерното видео обраќање, Зеленски повтори дека заштитата на северната граница на Украина ќе биде зајакната поради, како што изјави, заканите од рускиот Брјански регион и Белорусија, објави „Укринформ“. ...
Темелно се реконструира патот кон Средно Водно, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Водно е душата на Скопје. Место каде генерации скопјани пораснале, место каде се бара мирот по напорниот ден, каде семејствата го поминуваат слободното време. Токму затоа, со сериозен пристап и силна динамика, започнавме темелна реконструкција на патот кој води кон Средно Водно. Овој пат е дел од секојдневието на илјадници ...
Директорот на ЈЗУ Клиничка болница Тетово, д-р спец. Ерзен Елези, на 20 мај одржа официјална работна средба со бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков и неговиот заменик Владимир Христов, на која беа разгледани можностите за воспоставување институционална соработка и реализација на заеднички проекти во областа на здравството, објави на својот Facebook профил д-р Елези. Фокусот на средбата беше иницијативата за отворање современ Центар за ...
Во врска со изнесените наводи од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека постапувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е целосно во согласност со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија и во рамки на неговите уставни и деловнички надлежности. „Имено, на 18 мај 2026 година, врз основа на член 126 став 2 од Деловникот, претседателката на Комисијата ...
Времето утре, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот ...
Еден месец јавноста чека одговор од Христијан Мицкоски и министерот за правда Филков зошто не се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски. Цел еден месец молчат и не прават ништо, велат од СДСМ. „Наместо постапување, одолговлекување. Наместо правда, заштита на бегалецот Груевски. Прашањето е многу едноставно: Дали Мицкоски и Филков намерно не ги испраќаат документите за екстрадиција за да му овозможат на Груевски повторно да ...
Првата дипломатка на Бугарија Велислава Петрова разговараше со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, соопштува МНР на Бугарија. Во рамки на средбата Петрова повторно нагласи дека Бугарија ја поддржува и останува посветена на координираните напори на Европската Унија и САД за постигнување праведен и траен мир во Украина, заснован на Повелбата на ОН и принципите на меѓународното право. Беа разгледани области за соработка од ...
Шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова се сретна со потсекретарката за политички прашања во Стејт департментот на САД, Алисон Хукер. Разговорот се одржа во рамки на Средбата на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг, Шведска, соопштува МНР на Бугарија. Петрова го акцентираше пристапувањето на Бугарија кон Програмата на САД за безвизно патување што е можно поскоро. Министерката го истакна исполнувањето на ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, претставник на СИГМА – заедничката иницијатива на OECD и Европската Унија, посветена на тековните активности и реформски процеси во областа на јавната администрација. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на системот за Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), подобрувањето на квалитетот на креирањето политики, јавните консултации и ...
Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP) адмиралот Џорџ М. Викоф, кој е во прва работна посета на Армијата, денес оствари одвоени средби со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата, министерот Мисајловски се заблагодари за поддршката од Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во ...
Центар за дневна грижа за деца и млади со попреченост до 26 години беше отворен во Скопје во присуство на претседателката на државата Гордана Сиљановска, донаторите – амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија Желјазко Радуков, претставници на Светската банка и фондацијата „Мехаџиски“, јавува БТА. Центарот е прв од таков вид во Северна Македонија. Изградбата на центарот, кој се наоѓа во скопската општина Ѓорче Петров, е поддржана со ...
Денес се одржа петтата седница на Работната група за реформи во Изборното законодавство, на која се разгледуваа повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираат од Министерството за правда. На седницата беа усвоени записникот од претходната седница и повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата беше отворена дополнителна дискусија со цел ...
Предлајќи „референдум за уставните промени“, „дипломатските кадри“ на СДСМ фрлаат гума за спасување на политиката на ВМРО-ДПМНЕ. И прекривање на аферата во „Вила Водно“ Ако уставните амандмани се обврска од Преговарачката рамка, референдум за нив значи референдум за Преговарачката рамка. А таа веќе со години е усвоена од Собранието. Оттука, доколку СДСМ јавно не се дистанцира од таквиот предлог, тоа ќе значи дека: – и неговото раководство не ...