Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Во интервју за NewsMax Balkans, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зборуваше за европската интеграција на државата, регионалните прашања, членството во НАТО, партнерството со ЕУ во сферата на безбедноста и одбраната, како и за странските инвестиции. „Подготвени сме да ги завршиме тешките реформи – и веќе тоа го правиме. Со тоа јасно го демонстрираме стратешкиот правец во кој се движиме. Но време е и Европската ...
Одговорноста и отчетноста пред граѓаните се врвен императив на ВМРО-ДПМНЕ и водилка во сите процеси на партијата, тврдат од оваа партија најавувајќи за викендов, како што го насловија, саем за отчет на нивните градоначалници. – Дадениот збор и проектот ставен во програма се обврска која секогаш ги исполнуваме. Затоа кога ќе заврши еден циклус секогаш даваме отчет за сработеното. Еден таков циклус од 4 години мандат на градоначалниците од ...
Стоматолошката комора на Македонија објави дека со задоволство ја примиле информацијата дека министерот за здравство, Азир Алиу, ги доставил до Државното обвинителство сите докази за нивните наводни прекршоци. Како што наведуваат од Комората, конечно ќе имаат можност нивните докази да бидат презентирани пред непристрасен орган, каде ќе можат да ги потврдат своите аргументи за законитоста во работењето на Комората. “Конечно ќе има можност и ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 45 468 денари и е повисока за 8.4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 проценти, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7 проценти и Рударство и вадење камен за 12.2 проценти. Намалување на просечната ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски, по денешното отворање на понудите од тендерот за нов мобилен оператор, а на кој единствен понудувач е „ОНЕ Македонија телекомуникации“, порача дека конкуренцијата е здрава работа и оти очекува пониски цени во мобилната телефонија. -Апсолутно, конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција. Јас во една прилика кажав, дали ќе влезе или не трет мобилен оператор во државава, еве ...
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска изјави дека имало уште еден напад врз нафтоводот „Дружба“, поради што е прекинат транспортот на нафта до Унгарија. Во текот на ноќта добивме вест дека нафтоводот „Дружба“ на руско-белоруската граница е повторно нападнат – по трет пат за краток временски период. Транспортот на нафта до Унгарија е повторно прекинат“, наведе Сијарто во објава на Фејсбук. Сијарто оцени дека станува збор за ...
Има ли СДС лидер на партијата или на непочнати избори „кормиларот“ го напушти бродот кој тоне? Каде испари Венко Филипче, се крие ли од македонската јавност или сфатил дека се наоѓа пред дебакл и нема што да понуди? Филипче јавноста не го видела цели 20 дена, последен пат во земјава е виден на 2 август за прославата за Илинден во Крушево, а ни претходно нешто не се појавуваше, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Додуша, за волја на вистината, во меѓувреме се ...
Од пристигнати 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за локалните избори за 2025 година, Државната изборна комисија (ДИК) регистрира 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. –Пристигна 352 барања за упис во регистерот, исто така до ДИК се доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Врз основа на целата ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани, како што рече, претставниците на „Студентите во блокада“ на дебата пред сите камери. „Предлагам разговор и дебата на сите наши телевизии и портали, со легитимни претставници што тие ќе ги изберат. Јас сум подготвен против… и не против, се извинувам, и тоа е она што ги потврдува моите грешки… Јас сум подготвен да влезам во дијалог, дебата јавно, со три или четири лица кои размислуваат поинаку. Тие ...
На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас. Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин. -Операцијата беше во два акта – во вториот имаше пластична ...
Партијата Левица денеска соопшти дека пратеникот Амар Мециновиќ ќе биде нивен кандидат за градоначалник на град Скопје. -На овие избори ќе ги актуелизираме оние прашања кои никој нема интерес да ги актуелизира. Оваа кандидатура меѓудругото произлегува и од два фактора – првиот што јас, иако сега пратеник во Собранието на Република Македонија имав тригодишен мандат како советник во скопскиот Совет за кој тврдам дека беше најдисфункционалниот ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато во општина Дојран. Ценам дека е добро што на лице место излеговме на самиот цевковод траса од хидросистемот Ѓавато, да лично се увериме и видиме што се случувало во рок од повеќе од две децении од откако е направен овој хидросистем и да можеме од личе место да направиме одредена дијагностика по која после ќе постапуваме – ...
Правилата за патување во Европската Унија се одложени за Македонија и треба да стартуваат следната година, доколку повторно нема некои одлагања, а во меѓувреме сме во постојан контакт со ЕУ за координација на целокупниот процес, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пред работна средба во Стопанска комора на покана на претседателот на СКСМ Бранко Азески. На средбата, како што беше најавено ќе се разговара за ...
Ѓубре кое се излева од контејнерите, непријатна миризба околу нив. Скопјани повторно коментираат за хигиената во метрополата. Фотографијата споделена на социјалната мрежа „X“ најдобро кажува за што станува збор! „Брао за Скопје, за градоначалничката на Шкуп, и за градоначалникот на Центар“ – гласи твитот со фотографијата од преполни контејнери! Брао за Скопје, за градоначалничката на Шкуп, и за градоначалникот на центар ...
Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен генерален секретар на парламентарната група на Нова демократија, почина ненадејно на 59-годишна возраст откако доживеа срцев удар на плажа на Халкидики. Според грчките медиуми, Везиропулос се разболел во саботата, и иако брзата помош пристигнала брзо и го пренела во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, лекарите не успеале да го спасат, објавува „Нова.рс“. ...
Откако Лидс потпишаа договор со играчот на Милан, Ноа Окафор, за 18 милиони фунти, вкупната потрошувачка на клубовите од англиската Премиер лига ова лето достигна рекордни 2,37 милијарди фунти, објави Би-би-си. Вкупната потрошувачка на клубовите од Премиер лигата го надмина рекордот од 2,36 милијарди фунти поставен во летото 2023 година. Шест клуба ги срушија сопствените рекорди, вклучувајќи ги: Брентфорд, кој плати до 42,5 милиони фунти за ...
Суспендираниот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, за МИА отворено зборува за причините за неговата суспензија, за притисоците и за обидите, како што тврди, да се дискредитира неговата работа преку хајка што трае со месеци, а со цел да се поништи неговата одлука во предметот поврзан со бонусите исплатени во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), кои како што беше пласирано во јавноста беа во висина ...
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон, му рекол на рускиот претседател Владимир Путин во 2000 година дека проширувањето на НАТО нема да претставува закана за Москва и ветил дека ќе ја разгледа можноста Русија да се приклучи на алијансата. Ова го покажуваат декласифицираните документи објавени од истражувачката организација „Архива на национална безбедност“ на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“. „Уште од самиот ...
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, имаше чест да го фрли првиот „пич“ непосредно пред големото бејзбол дерби помеѓу Њујорк Јенкис и Бостон Ред Сокс. Ривалството помеѓу Јенкис и Ред Сокс е едно од најголемите во сите американски спортови, и јасно е зошто Ѓоковиќ одлучи да биде на стадионот Јенки во своето слободно време. Новак имаше чест да го фрли првиот „пич“, нешто со што не можат да се пофалат многу луѓе. Новак ги сподели ...
Интернет-страницата TasteAtlas, која со оценување на традиционални јадења од целиот свет дава увид во гастрономските специјалитети, често објавува листи на најдобрите јадења. На последната се најде македонскиот зелник. Имено, објавена е листа на најдобрите печива во светот. И додека зелникот од Македонија е на високото 11 место, Србија и Босна се на првите позиции со Пазарските мантии и бурекот. На трето место е баницата со сирење од Бугарија. ...
„Ееееј, застани, диши гумава. Можеби е дупната. Ај ‘докај’ точкарот“. Оваа реченица, па и ситуација, многу добро им е позната на оние што речиси секој ден возат велосипед. Се откачил ланецот, не фаќа добро задната кочница, искривен е браникот или бандашот, „зеза“ светлото и уште куп „зафрканции“. Но, секогаш и буквално во секое време тука е чичко Реџеп Џахид. На Бит Пазар. Рацете постојано црни, со „уље“, замастени, а тој насмеан, расположен. ...
До пред неколку месеци блиските соработници Бојан Јовановски Боки 13 и инфлуенсерот Стефан Лазаров влегоа во јавна кавга.Откако Лазаров порача дека профил кој многу наликува на Боки 13 е крадец, Јовановски му порача дека му е подобро да молчи. Боки 13 го прогласи Лазаров за медиокритет и му се закани дека ако тој проговори за него, Лазаров ќе мора да се отсели од Македонија. Боки рече и дека тој го измислил Лазаров, кој, пак, ништо не разбира и ...
„Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската „Фор-ај-џи“, е единствената компанија која достави понуда на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации за доделување одобренија за нов мрежен оператор. Комисијата за спроведување на тендерот со јавно наддавање денеска на отворањето на понудите во АЕК констатираше дека понудувачот ги доставил сите документи. Постапката ќе продолжи согласно законот. Следува евалуација на ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги проверува податоците на повеќе од 55 милиони лица кои имаат важечки визи во САД, за да утврди дали постојат одредени прекршувања што би можеле да доведат до нивна депортација. Американските медиуми наведуваат дека овој чекор значи заострување на мерките против странците на кои им е дозволено да останат во САД. Стејт департментот соопшти дека сите иматели на американски визи, ...
Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчера вечер во Домот на поезијата во Струга почна 64-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата. Фестивалот за отворен го прогласи, покровителот на манифестацијата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а свои обраќања имаа и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали ќе се постигне мир во Украина, предупредувајќи дека ако не, тој „ќе заземе поинаков пристап“. Оваа изјава е последна во низата рокови што Трамп ги постави за завршување на војната, кои досега поминаа без конкретни акции, пишува The Kyiv Independent. Во рок од две недели ќе знаеме дали ќе има мир во Украина. После тоа, можеби ќе мора да ...
Алта Банка АД Белград ја објави својата намера за упатување на јавна понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Понудената цена по акција изнесува 3.777 денари, пишува „Бизнис инфо“. Алта Банка АД Белград заедно со поврзаните лица поседува 19.439 обични акции или 4,97% од вкупниот број на обични акции издадени од Стопанска Банка АД Битола. Како што е наведено во соопштението објавено на ...
Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија Столе Димитриевски ќе остане во Валенсија но ќе го смени клубот. Столе ќе го облече дресот на Леванте, клуб сезонава се врати во Примера. Столе Димитриевски минатото лето пристигна во Валенсија како слободен играч, требаше да биде прв голман, бидејќи Георги Мамардашвили оствари трансфер во Ливерпул. Сепак клубовите договорија грузискиот голман да остане на позајмица една сезона, поради што ...
Додека сојузниците на Украина разговараат како да ѝ обезбедат на земјата безбедносни гаранции, Киев напредува со свој начин на одвраќање на Русија – нова крстосувачка ракета способна да погоди цели низ европска Русија, која носи масивна боева глава со тежина од повеќе од еден тон, пишува „Политико“. Ракетата Фламинго ФП-5 e развиена од украинската одбранбена компанија „Фајер Поинт“, брзорастечки производител на борбени беспилотни летала што ...
Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да бидат отворени понудите од тендерот за доделување фреквенции за трет мобилен оператор. Предвиденото јавно наддавање ќе се изврши доколку за исто одобрение за користење радиофреквенции се квалификуваат најмалку двајца понудувачи. Доколку се заокружи постапката со која што покрај „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“ во државава ќе добиеме нов мрежен оператор, според оценката на ...