Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година. Паркинзите ќе бидат, пред се, наменети ...

Иран негира дека целосно го затворил на Ормускиот теснец, витална глобална рута за извоз на сурова нафта, јави ДПА. Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, синоќа на државната телевизија изјави дека Ормускиот теснец не е блокиран. Сите бродови имаат дозвола да поминат, освен американските и израелските бродови. Тие немаат работа таму, рече Шекарчи. Сепак, тој призна дека во време на војна е невозможно да се гарантира дека ...

Неколку експлозии одекнаа утрово во близина на меѓународниот аеродром Мехераб во Техеран, објави иранската новинска агенција Тасним. Инфраструктурата на аеродромот веќе беше погодена во американско-израелските напади во изминатите денови. Израелската војска најави „нов бран големи воздушни напади“ врз владини цели во Техеран, каде што голем број луѓе се собраа во петокот на првата молитва по смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави нов голем работнички протест кој ќе се одржи на 14 март во Скопје, со барање за зголемување на минималната и на останатите работнички плати. На прес-конференција во Работничкиот дом, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, информираше дека протестот ќе започне во 12:05 часот и ќе се движи од пред Работничкиот дом кон Собранието, Стопанската комора и Владата. ССМ бара минималната плата да ...

По пет месеци пад, светските цени на храната се зголемија во февруари – објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, која ги следи месечните промени во кошничката на меѓународно тргувани прехранбени производи, во просек изнесува 125,3 поени во февруари, што е зголемување од 124,2 поени во јануари. За 1,1 процент е зголемен индексот на цените на житарките во однос на јануари ...

Доколку војната на Блискиот Исток продолжи, многу светски економии би можеле да пропаднат, а сите извозници на енергија во регионот погоден од војна би можеле да бидат принудени целосно да го запрат производството во следните неколку недели, што би можело да ја зголеми цената на барел нафта на вртоглави 150 долари во истиот период. Катар е втор најголем производител на течен природен гас во светот, а по иранскиот напад врз постројките во Рас ...

Унгарија ќе ги протера сите седум украински државјани кои беа приведени во земјата додека превезувале готовина и злато од Австрија кон Украина, соопшти денеска унгарскиот владин портпарол Золтан Ковач. Тој додаде дека тимот што го пренесувал товарот бил „предводен од поранешен генерал на украинската служба за безбедност“, со поранешен мајор од украинските воздухопловни сили како негов заменик, а бил поддржан и од лица со воено искуство. ...

Апсолутно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните дека нема да има нафта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања по панелот за растот на економијата во Владата, Димитриеска-Кочоска информира дека вчера во Министерството се одржал состанок со нафтените компании и ниту една од нив не кажала, како што рече, дека има ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека сака целосна промена на иранската владејачка структура и дека веќе има неколку имиња на ум за „добар лидер“ што ќе ја преземе земјата. Коментарите на Трамп доаѓаат во услови на зголемени тензии и воени акции, а следеа по смртта на врховниот лидер на Иран, Хамнеи, минатиот викенд, објави Ен-Би-Си Њуз. Во телефонско интервју за Ен-Би-Си Њуз, Трамп беше директен. „Сакаме да влеземе и да ...

Цените на нафтата денес нагло пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 91 долар за барел, што е резултат на растечките стравувања меѓу инвеститорите дека војната меѓу САД, Израел и Иран може да се одолговлечи, додека снабдувањето со енергенси од Блискиот Исток е загрозено поради блокадата на Ормускиот Теснец. На лондонскиот пазар, барел нафта попладне се тргуваше по цена повисока за 5,45 долари во однос на вчерашното затворање и ...

Согласно законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за издавање нова возачка дозвола со впишана забрана, со ист рок на ...

Неизвесно е одржувањето на трките во формула 1 во Бахреин и во Саудиска Арабија поради војната на Блискиот исток меѓу Израел и САД против Иран. Трката во Бахреин треба да се одржи викендот од 10-12.април, а во Саудиска Арабија една седмица подоцна. Бахреин и Саудиска Арабија со почетокот на војната се на мета на иранските проектили и напади. Во главниот град на Бахреин, Манама беше погодена и оштетена американската база. При овој напад ...

Оние што работат во креативни или раководни области особено ќе го почувствуваат просперитетот. Пред лавовите е период од соништата. Ова е време кога Лавот се збогатува во бранови на среќа и просперитет, носејќи пари, признание и можности што не се пропуштаат. До лето, тие ќе почувствуваат како животот конечно се движи во нивна насока, а секој труд и вложување од претходните месеци сега носи резултати. Лав – избраник на Бога Лавовите природно ...

Речиси 70 отсто од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто се соочиле со проблеми во спиењето во последниве три месеци. Повеќе од 63 отсто од испитаниците се изјасниле дека спијат од 5-7 часа во текот на ноќта, 11,6 отсто спијат помалку од 5 часа, додека 22,8 отсто спијат од 7 до 9 часа. Ова се дел од резултатите од анонимната онлајн анкета спроведена од ЈЗУ Универзитетска клиника за ...

Медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат дигитално, а хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации, како привремено решение при прекин на системот. Ова се предвидува со измените и дополнувањата на Законот за евиденциите од областа на здравството, кои денеска на прес-конференција ги соопшти министерот за здравство Азир Алиу, а со кои се прави значаен чекор кон целосна ...

„Сериозни скандали ја потресуваат државата, а власта очајно се обидува да дефокусира со нови спинови за името“, реагираат од СДСМ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека екс-премиерот Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче го смениле името на државата во возврат за пари. Од СДСМ потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски ветуваа дека ќе го вратат името. -Цела кампања ја базираа на ова ветување. Денес се на власт – што чекаат? ...

Со промената на власта се подобри и економијата – во првите два квартала од 2024 просечниот раст на БДП беше 2,3 отсто, а во следните два кваратала 3,6 проценти. Не случајно го кажувам ова. Ние во последниот квартал имавме раст од 3,8 отсто, односно два квартала по ред 3,8 отсто, што покажува дека со промената на власта економијата очекува позитивни сигнали од Владата. Тоа се потврдува во овие повеќе од година и половина со фактот дека ...

Еден од најголемите проблеми во случаите на семејно насилство е кога жртвата ја повлекува изјавата дадена пред полицијата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред почетокот на тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“. – Можам да претпоставам дека најголемиот дел се под притисок на насилникот и не можеме во никој случај да ја ...

Министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ е префрлен од интензивната нега во Петтото одделение на Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Србија, јавува „Блиц“. Медиумот објавува дека вчера Дачиќ е префрлен на одделението каде што лекарите продолжуваат да се грижат за неговото здравје. Дачиќ е во болница од 25 февруари, кога беше хоспитализиран поради ...

Уставни измени па сѐ друго. Известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц, го повтори познатиот став на сите претставници на ЕУ дека уставните измени се неопходни за да продолжи процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ. Вајц овојпат тоа го кажа во интервју за бугарски Бгнес Тој уште додаде дека уставните измени не се предмет за некакво одново преговарање. Вајц вели: „Уставните промени се услов за започнување на вистински преговори за ...

Ова е навистина едно значајно прашање кое отвора прашање и за друг случај, а тоа е следното. Ако Киро Глигоров, како поранешен претседател, одбил 100 милиони долари за промена на името, колку Заев и Филипче имаат земено за промената на името Македонија? Тоа е прашањето кое што се наметнува по овој случај, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков одговарајќи на новирарско прашање во однос на информацијата која што излезе во јавноста ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани. – Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток. Разменивме мислења и за актуелните регионални и глобални предизвици, при што ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и соработката. Заеднички ја истакнавме заложбата за натамошно ...

Ништо од брзиот прием на Украина во ЕУ а со тоа и на земјите од Западниот Балкан. Како што пишува „Киев Пост“ ,ЕУ нема во план на брза лента да ја прими Украина како дел од мировниот договор со Русија. Со ова пропаѓаат и на надежите на Македонија, но и на Црна Гора и Албанија дека во пакет уште следната година ќе бидат примени во т.н втора лига на ЕУ без право на комесар, глас и вето. Со ова за Македонија ќе остане главниот услов за почеток ...

Иран настапува на континенталниот турнир во време кога воениот конфликт ескалира во земјата, откако САД и Израел почнаа воздушни напади за време на викендот во кои беше убиен врховниот лидер на Исламската Република, Али Хамнеи. Фудбалерките на Иран стоеја молчешкум кога беше интонирана иранската национална химна против Јужна Кореја во понеделникот, иако ја пееја химната пред поразот од 4-0 од домаќинот Австралија три денови подоцна. Водителот ...

Ако Kиро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата како што стои во документите на ЦИА, тогаш се поставува прашањето колку пари земале Зоран Заев и неговиот ученик и другар Венко Филипче за промената на името, поточно за завршување на таа работа, прашува ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето следи логично по последните објави на документи на ЦИА.Дополнително, има ситуација кога говори дека Зоран Заев и Венко Филипче по седумте години ...

НАТО и КФОР ги отфрлија тврдењата што се шират на социјалните мрежи дека ракети кон Иран биле лансирани од базата Бондстил во Косово.Оттаму тврдат дека Алијансата не е вклучена во тековната воздушна кампања против Иран. „Ова тврдење е лажно и ние целосно го отфрламе“, изјави претставникот на НАТО во соопштението. Кампот Бондстил е оперативен штаб на КФОР и се наоѓа во близина на Урошевац, на југоистокот од Косово. Источната регионална команда ...

Членството на Македонија во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста и стабилноста на државата и на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Филипче посочи дека сега во светот има кризи како што е на Блискиот Исток, се покажува колку значат државничките одлуки што ги носеше владата на СДСМ, а ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) рано утринава објавија дека започнале со нови напади врз инфраструктурата во Иран. „ИДФ започна широк бран напади врз инфраструктурата на иранскиот терористички режим во Техеран“, соопшти војската во објава на Телеграм. Израел, кој го напаѓа Иран од саботата, соопшти дека преминува во следната фаза од вооружениот конфликт. „Во оваа фаза, дополнително ќе го демонтираме режимот и неговите воени капацитети“, ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на вчерашната прес-конференција изјави дека САД имаат јасна воена предност во војната против Иран и се подготвени за продолжена кампања. – Немаме недостиг на муниција. Нашите резерви на одбранбено и офанзивно оружје ни овозможуваат да ја одржиме оваа кампања колку што ни е потребно, посочи Хегсет. Според него судирот со Иран е во почетна фаза. – Само што почнавме борба и одлучно ќе се бориме, ...

Актуелниот фудбалски првак на Македонија тетовска Шкендија го совлада лидерот на табелата на шампионатот Вардар со 1:0. Ова беше прв пораз на „вардарци“ во шампионатот, а тетовчани со новите бодови ја намалија разликата на табелата. Шкендија единствениот гол го постигна во 66.минута, а стрелец беше Лиридон Љатифи, на асистенција на Бесарт Ибраими. До крајот на натпреварот Вардар имаше неколку удари, но гостинската мрежа не се затресе. На ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
54%
1013
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
60%
1015
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
57%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
55%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.46
88%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
56%
1015
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
74%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
41%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
78%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
89%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Иридиум

258288.78

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Сребро

2179.44

Цинк

0.00

Родиум

358480.82

Злато

144593.23

Калај

43.91

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.19

Бакар

10.65

Кобалт

3.86